FACT SHEET SECOND WORKSHOP

2
Втората работилница: Развој на комуникациски вештини во рамките на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство, се одржа од 17.06 - 19.06.2016 година во хотел „Сириус“ во Струмица. Учество зедоа претставници на 14 граѓански организации од кои 10 со еко предзнак и 4 со заштита на маргиналните групи и претставници на 16 различни медиуми во нашата земја. Проект: „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ Проектот е финансиран од Европската Унија ОБРАБОТЕНИ ТЕМИ: 1. Вовед во односи со јавноста и комуникација со медиумите; 2. Како да комуницираме со јавноста (медиумски план); 3. Запознавање со алатките за комуникација : - Кога и како се подготвува соопштение?; - Карактеристики на добро интервју и говор на тело; - Кога и како даваме изјава? 4. Запознавање со алатките за комуникација - Што е брифинг и зошто е различен од прес конференцијата?; - Како и кога организираме прес конференција?; - Што е прес тура и кога е најдобро неа да ја организираме? 5. Различноста на медиумите и како таа да се искористи (како говориме, како се облекуваме, како се однесуваме). Втора работилница: Развој на комуникациски вештини 17 - 19.06.2016 година Хотел „Сириус“ - Струмица ОБУЧУВАЧ: Д-р Јасмина Миронски

description

In line with implementation of the project: Development of the environmental investigative journalism, second workshop was held in hotel "Sirius" - Strumica. Thus are the facts and conclusions from the workshop

Transcript of FACT SHEET SECOND WORKSHOP

Втората работилница: Развој на

комуникациски вештини во рамките на

п р о е к тот „ Раз во ј н а е к ол о ш к о

истражувачко новинарство, се одржа

од 17.06 - 19.06.2016 година во хотел

„Сириус“ во Струмица.

Учество зедоа претставници на

14 граѓански организации од кои 10 со

еко предзнак и 4 со заштита на

маргиналните групи и претставници на

16 различни медиуми во нашата земја.

Проект: „Развој на еколошко истражувачко новинарство“

Проектот е финансиран од Европската Унија

ОБРАБОТЕНИ ТЕМИ:

1. Вовед во односи со јавноста и комуникација со медиумите;

2. Како да комуницираме со јавноста (медиумски план);

3. Запознавање со алатките за комуникација : - Кога и како се подготвува

соопштение?;- Карактеристики на добро интервју и

говор на тело;- Кога и како даваме изјава?

4. Запознавање со алатките за комуникација - Што е брифинг и зошто е различен од

прес конференцијата?;- Како и кога организираме прес

конференција?;- Што е прес тура и кога е најдобро неа

да ја организираме?

5. Различноста на медиумите и како таа да се искористи (како говориме, како се облекуваме, како се однесуваме).

Втора работилница: Развој на комуникациски вештини17 - 19.06.2016 година

Хотел „Сириус“ - Струмица

ОБУЧУВАЧ: Д-р Јасмина Миронски

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ

1. Граѓанските организации за да бидат успешни во реализација на својата мисија и визија, неопходно е да имаат стратегија за комуникација со јавноста и медиумите. Особено е важна комуникацијата со медиумите преку кои информациите на точен, јасен и концизен начин се пренесуваат до пошироката јавност;

2. Новинарите, кога обработуваат теми од областа на заштитата на животната средина и природата, во комуникација со граѓанските организации да ги користат консултативните механизми и мостови на соработка кои проектот ги генерира за правилна презентација на податоците, бројките и фактите пред пошироката јавност, што е од заеднички интерес.

3. Неопходна е постојана надградба на капацитетите и на новинарите и на граѓанските организации со оглед на брзиот развој на алатките за комуникација и размена на информации, проверка на изворите и веродостојноста на големата количина на информации, избор на најрелевантните информации и нивна правилна презентација.

4. Граѓанските организации при планирање и проектирање на активности насочени кон јавноста преку медиумите, уште во фазата на планирање да вклучат професионални новинари и ПР агенции со соодветни буџетски алокации за поефикасно и поефективно остварување на поставените цели;

5. Граѓанските организации постојано да се грижат и да ги негуваат односите со новинарите преку различните алатки и форми на комуникација..

Фотографии: Јован Лесански

Оваа публикација е дел од проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ финансиран од Европската Унија. Наведената содржина е единствена одговорност на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ и Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“' кои го спроведуваат проектот. Наведената содржина и ставови на никaков начин не може да се смета дека ги одразуваaт гледиштата на Европската Унија.