Pogled Br.53 Avgust 2013

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 53 Август 2013 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.5 стр.7 стр.4 Пензионерите на екскурзија во Бугарија Клетвите, луѓе, клетвите Им заврши одморот на советниците „И јас и советниците имаме морална и политичка одговорност за Општина Богданци“ Посетени Роженскиот манастир, винариите во Мелник и Рилскиот манастир Интервју со Анастасија Олумчева, градоначалничка на Опшптина Богданци Стартуваше Главната сесија на Графичката работилница„СОФИЈА“ за 2013 година На 23 август, официјално, почна со работа Главната сесија на Графичката работилница „СОФИЈА“. Ова е нејзиното шесто издание. Се почна во 2008 година кога Печатницата „СОФИЈА“ одлучи да организира еден вид работилница каде што, млади ликовни уметници би можеле да доаѓаат, да престојуваат и, преку размена на знаења и искуства, да ги усовршуваат своите вештини. Бидејќи печатарството практично е применетост на графичката уметност се одлучи работилницата да биде наменета за графичарите. Така се роди идејата за Графичката работилница „СОФИЈА“. За да биде се како што треба и за да може идејата квалитетно да се реализира се формира Уметнички совет на Графичката работилница. Во Уметничкиот совет, покрај Драги Семенпеев Цапе кој е основач и сопственик на Печатницата „СОФИЈА“, влегоа познатиот графичар и универзитетски професор Костадин Танчев Динка, академскиот сликар Данчо Кал’чев, доктор Јанко Темелков, еден своевиден вљубеник во ликовните уметности и Виктор Семенпеев. На Виктор Семенпеев, графичар по образование, му беше доверено да раководи со Графичката работилница. Уметничкиот совет заклучи дека Работилницата ќе име смисла само ако добие интернационален карактер. Веднаш се воспоставија контакти со ликовните академии од земјите во опкружувањето. Академиите прифатија соработка и денес „СОФИЈА“ бележи список од стотина графичари од факултетите за ликовни уметности од Љубљана во Словенија, од Софија во Бугарија, од Загреб во Хрватска, од Белрад, Нови Сад и Нови Пазар во Србија, од Сараево и Мостар во Босна и Херцеговија, и од Скопје кои поминале низ Графичката работилница. Многу од нив денес се асистенти, предавачи и професори на нивните матични академии. Графичката работилница е отворена во текот на цела година. Од 23 август до 3 септември се одржува нејзината Главна сесија . Учесниците на Главната сесија ги предлагаат факултетите за ликовни уметности од редовите на нивните најталентирани студенти по графика и дипломирани графичари. Имаше случаи, како учесници на Графичката работилница, да се јават магистри и докторанти. Како координатори на работата за време на Главната сесија, се ангажираат познати универзитетски професори. Така како ментори на Главната сесија досега биле професорите Костадин Танчев Динка и Трајко Блажевски од Академијата во Скопје, професорот Радомир Јандриќ Академија во Нови Сад, професорката Инес Красиќ од Факултетот за ликовни уметности во Загреб. Годинава ментор е професорот Звонко Тилиќ, шеф на Катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности во Нови Сад. Учесниците, шеснаесетина на број, доаѓаат од факултетите во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево, Љубљана, Софија и Нови Пазар. Графичката работилница располага со апартмани и ресторан со кој на учесниците и менторите им се обезбедува целодневен престој. Тој сместувачки простор, заедно со просторот за работа во Графичката работилница, вклучително и галерискиот простор, се во состав на објектот на Печатницата „СОФИЈА“. На Графичката работилница се работи во сите класични графички техники, но се практикуваат и некои понови техники. За да може да се прави тоа Работилницата располага со сета потребна опрема и материјали. На 2 септември традиционално се организира завршна изложба на која графичарите-учесници на Главната сесија од Графичката работилница пред граѓаните на Богданци ги изложуваат своите графики. Поставката од завршната изложба потоа ќе гостува и во други градови низ Македонија. Триенално, годинава паѓа второто триенале, избор од графики од Графичката работилница „Софија“ ќе се изложат во Скопје. Учесници на Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ 2013 г. Покрај имињата на учесниците стои градот и државата од каде што е академијата од каде што се дојдени учесниците. Стојат, од лево: Ертунч Сали, Скопје, Македонија;Ирена Цериќ, Сараево, Босна и Херцеговина; Јелена Јефтиќ, Белград,Србија; Дејан Мачуков, гост-учесник Богданци, Македонија; Виктор Семенпеев, раководител на Графичката работилница, Богданци, Македонија; Антонио Арангеловиќ, Скопје, Македонија;Асмир Хусовиќ, Нови Пазар, Србија.Седат, прв ред , горе, од лево: Ана Кинчиќ, Загреб, Хрватска; Анке Клајн, Скопје, Македонија; Славина К’нчева, Софија, Бугарија; Дорис Милешевиќ, Нови Сад, Србија; Јелена Прлевиќ, Нови Сад, Србија. Седат, втор ред, од лево: Далиа Финек, Загреб, Хрватска; Марија Ловриќ, Загреб, Хрватска; Јасмина Грудник, Љубљана, Словенија; Седат, трет ред , долу, од лево: Јована Ѓорѓевиќ, Белград, Србија; професор Звонко Тилиќ, ментор, Нови Сад, Србија. Советот на Општина Богданци ја одржа Петтата седница стр 2 и 3 тел. 034/ 222-766 СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk [email protected] тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected] После завршниот концерт на КУД„ Бранд Петрушев“ со кој практично беа затворени „Богданските средби“, како што на плакатот во поднаслов е именувана манифестацијата „Културно лето 2913“, може да се подвлече линија и да се направи резиме. Што имаше на програмата на Средбите? Прво, на 19 јули, концерт имаше Ансамблот за народни песни и ора „Мегдан“, од Богданци со кој беше отворена манифестацијата. На 26 јули „Филип Стефановски Бенд“ од Штип се претстави со свои композиции и со преработка на светски познати музички парчиња. Терминиот на 3 август беше отстапен на Оркестарот на народни иструменти и ора „Етно“ од Струмица.На 8 август Рок-бендот “Pixel” од Богданци им ги разгали срцата на вљубениците во рок- музиката.Пајачката група „Распени Валандовчани“ од Валандово и Пејачката група „Весела тајфа“ на Здружението на пензионери од Богданци, со заеднички настап, реализираа концерт на староградски песни.Младиот театар од Струмица на 14 август ја изведе драмската претстава „Стаклена менажерија“ работена по текст на Тенеси Вилијамс.Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви од Богданци, својот концерт насловен „Две пијана“, потпомогнати од гостите Васко Прочков и Наталија Данаилова, го одработија на 17 август. Драмското студио за модерен балет „Sweet dance“ од Богданци на 24 август пред богданчани се претстави со репертоар составен од разновидни балетско-танцувачки точки. Со концертот на Здружението КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, на 29 август, беше затворено „Културмно лето 2013“. Општа е согласноста дека годинешново издание на Богданските средби е најдоброто досега. Застапеноста на разновидни културно-уметниччки и забавни содржини само по себе го подигна нивото на манифестацијата. Значаен придонес за квалитетот на Средбите имаше и организираноста на настапите. Единствена послаба страна беше несоодветноста на сценскиот простор кај некои настапи, но тоа е веќе во доменот на располагање со инфраструктура за манифестацијата што не е во надлежност на организаторот. И оваа година организатор на „Културно лето 2013“ беше Домот на културата „Бранд Петрушев“. Заврши „Културно лето 2013 “

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.53 Avgust 2013

Page 1: Pogled Br.53 Avgust 2013

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 53 Август 2013

Поглед од мојот агол

Пишува: Илија Тумбов стр.5

стр.7стр.4

Пензионерите на екскурзија во Бугарија

Клетвите, луѓе, клетвите

Им заврши одморот на советниците

„И јас и советниците имаме морална и политичка одговорност за Општина Богданци“

Посетени Роженскиот манастир, винариите во Мелник и Рилскиот манастир

Интервју со Анастасија Олумчева, градоначалничка на Опшптина Богданци

Стартуваше Главната сесија на Графичката работилница„СОФИЈА“ за

2013 годинаНа 23 август, официјално,

почна со работа Главната сесија на Графичката работилница „СОФИЈА“.

Ова е нејзиното шесто издание.

Се почна во 2008 година кога Печатницата „СОФИЈА“ одлучи да организира еден вид работилница каде што, млади ликовни уметници би можеле да доаѓаат, да престојуваат и, преку размена на знаења и искуства, да ги усовршуваат своите вештини.

Бидејќи печатарството практично е применетост на графичката уметност се одлучи работилницата да биде наменета за графичарите.

Така се роди идејата за Графичката работилница „СОФИЈА“.

За да биде се како што треба и за да може идејата квалитетно да се реализира се формира Уметнички совет на Графичката работилница.

Во Уметничкиот совет, покрај Драги Семенпеев Цапе кој е основач и сопственик на Печатницата „СОФИЈА“, влегоа познатиот графичар и универзитетски професор Костадин Танчев Динка, академскиот сликар Данчо Кал’чев, доктор Јанко Темелков, еден своевиден вљубеник во ликовните уметности и Виктор Семенпеев.

На Виктор Семенпеев, графичар по образование, му беше доверено да раководи со Графичката работилница.

Уметничкиот совет заклучи дека Работилницата ќе име смисла само ако добие интернационален карактер.

Веднаш се воспоставија контакти со ликовните академии од земјите во опкружувањето.

Академиите прифатија соработка и денес „СОФИЈА“ бележи список од стотина графичари од факултетите за ликовни уметности од Љубљана во Словенија, од Софија во Бугарија, од Загреб во Хрватска, од Белрад, Нови Сад и Нови Пазар во Србија, од Сараево и Мостар во Босна и Херцеговија, и од Скопје кои поминале низ Графичката работилница.

Многу од нив денес се асистенти, предавачи и професори на нивните матични академии.

Графичката работилница е отворена во текот на цела година.

Од 23 август до 3 септември се одржува нејзината Главна сесија .

Учесниците на Главната сесија

ги предлагаат факултетите за ликовни уметности од редовите на нивните најталентирани студенти по графика и дипломирани графичари.

Имаше случаи, како учесници на Графичката работилница, да се јават магистри и докторанти.

Како координатори на работата за време на Главната сесија, се ангажираат познати универзитетски професори.

Така како ментори на Главната сесија досега биле професорите Костадин Танчев Динка и Трајко Блажевски од Академијата во Скопје, професорот Радомир Јандриќ Академија во Нови Сад, професорката Инес Красиќ од Факултетот за ликовни уметности во Загреб.

Годинава ментор е професорот

Звонко Тилиќ, шеф на Катедрата за графика на Факултетот за ликовни уметности во Нови Сад. Учесниците, шеснаесетина на број, доаѓаат од факултетите во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево, Љубљана, Софија и Нови Пазар.

Графичката работилница располага со апартмани и ресторан со кој на учесниците и менторите им се обезбедува целодневен престој.

Тој сместувачки простор, заедно со просторот за работа во Графичката работилница, вклучително и галерискиот простор, се во состав на објектот на Печатницата „СОФИЈА“.

На Графичката работилница се работи во сите класични графички техники, но се практикуваат и некои понови техники.

За да може да се прави тоа Работилницата располага со сета потребна опрема и материјали.

На 2 септември традиционално се организира завршна изложба на која графичарите-учесници на Главната сесија од Графичката работилница пред граѓаните на Богданци ги изложуваат своите графики.

Поставката од завршната изложба потоа ќе гостува и во други градови низ Македонија.

Триенално, годинава паѓа второто триенале, избор од графики од Графичката работилница „Софија“ ќе се изложат во Скопје.

Учесници на Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ 2013 г. Покрај имињата на учесниците стои градот и државата од каде што е академијата од каде што се дојдени учесниците.

Стојат, од лево: Ертунч Сали, Скопје, Македонија;Ирена Цериќ, Сараево, Босна и Херцеговина; Јелена Јефтиќ, Белград,Србија; Дејан Мачуков, гост-учесник Богданци, Македонија; Виктор Семенпеев, раководител на Графичката работилница, Богданци, Македонија; Антонио Арангеловиќ, Скопје, Македонија;Асмир Хусовиќ, Нови Пазар, Србија.Седат, прв ред , горе, од лево: Ана Кинчиќ, Загреб, Хрватска; Анке Клајн, Скопје, Македонија; Славина К’нчева, Софија, Бугарија; Дорис Милешевиќ, Нови Сад, Србија; Јелена Прлевиќ, Нови Сад, Србија. Седат, втор ред, од лево: Далиа Финек, Загреб, Хрватска; Марија Ловриќ, Загреб, Хрватска; Јасмина Грудник, Љубљана, Словенија; Седат, трет ред , долу, од лево: Јована Ѓорѓевиќ, Белград, Србија; професор Звонко Тилиќ, ментор, Нови Сад, Србија.

Советот на Општина Богданци ја одржа Петтата седница

стр 2 и 3

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

После завршниот концерт на КУД„ Бранд Петрушев“ со кој практично беа затворени „Богданските средби“, како што на плакатот во поднаслов е именувана манифестацијата „Културно лето 2913“, може да се подвлече линија и да се направи резиме.

Што имаше на програмата на Средбите?

Прво, на 19 јули, концерт имаше Ансамблот за народни песни и ора „Мегдан“, од Богданци со кој беше отворена манифестацијата.

На 26 јули „Филип Стефановски Бенд“ од Штип се претстави со свои композиции и со преработка на светски познати музички парчиња.

Терминиот на 3 август беше отстапен на Оркестарот на народни иструменти и ора „Етно“ од Струмица.На 8 август Рок-бендот “Pixel” од Богданци им ги разгали срцата на вљубениците во рок-музиката.Пајачката група „Распени Валандовчани“ од Валандово и Пејачката група „Весела тајфа“ на Здружението на пензионери од Богданци, со заеднички настап, реализираа концерт на староградски песни.Младиот театар од Струмица на 14 август ја изведе драмската претстава „Стаклена менажерија“ работена по текст на Тенеси Вилијамс.Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви од Богданци, својот концерт насловен „Две пијана“, потпомогнати од гостите Васко Прочков и Наталија Данаилова, го одработија на 17 август.

Драмското студио за модерен балет „Sweet dance“ од Богданци на 24 август пред богданчани се претстави со репертоар составен од разновидни балетско-танцувачки точки.

Со концертот на Здружението КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, на 29 август, беше затворено „Културмно лето 2013“.

Општа е согласноста дека годинешново издание на Богданските средби е најдоброто досега.

Застапеноста на разновидни културно-уметниччки и забавни содржини само по себе го подигна нивото на манифестацијата. Значаен придонес за квалитетот на Средбите имаше и организираноста на настапите. Единствена послаба страна беше несоодветноста на сценскиот простор кај некои настапи, но тоа е веќе во доменот на располагање со инфраструктура за манифестацијата што не е во надлежност на организаторот.

И оваа година организатор на „Културно лето 2013“ беше Домот на културата „Бранд Петрушев“.

Заврши „Културно лето 2013 “

Page 2: Pogled Br.53 Avgust 2013

2 ПОГЛЕД ,Август 2013

Разговор со Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци

„И јас и советниците имаме морална и политичка одговорност за Општина Богданци“

Вообичаено е после 3 до 4 месеци или после сто дена од стапувањето на функција на избраните функционери, да им се овозможи јавно да ги изнесат своите првични впечатоци од работата што се нафатиле да ја работат и, од друга страна, да им бидат поставени некои прашања за чии одговори, условно, е заинтересирана јавноста.

По тој повод „Поглед“ од Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци побара можност и термин за средба на која, во име на своите читатели, ќе и постави редица прашања.

Можноста беше добиена,терминот определен и текстот што следува е запис од разговорот што на 21 август се се водеше во кабинетот на Градоначалничката.

-„Поглед“: Госпоѓице градоначалничке, помина воведниот период кој секогаш им се остава на функционерите за да можат да навлезат во суштината на работата што треба да ја работат без притоа да бидат вознемирувани со прашања од најразличен вид.

Може ли денес Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци јавно да каже дека е сосема подготвена да се зафати со раководењето на Општината?

-Анастасија Олумчева: Да. За време на овој воведен период добив претстава за капацитетот на Општината, за сите предности и недостатоци и за потенцијалите на кои треба да се фокусираме за да станеме важна нишка во регионалниот и националниот развој.

Од денот кога ја презедов градоначалничката функција јас ги прифатив сите обврски што ги носи таа и секојдневно раководам со Општината и ја координирам нејзината работа.

- „Поглед“: Нормално е секогаш, она со што избраните функционери ќе се соочат во реалноста да не е тоа што за време на изборните кампањи го имале како перцепција за состојбите. Имаше ли и кај Вас таков случај?

-Анастасија Олумчева: Не би рекла. Состојбата во Општината ја знаев и пред да стапам на функција. Јас тука живеам.Еден период работев во Општина Богданци. Јас, како и сите други граѓани, секојдневно ја опсервирам средината и се информирам за случувањата. Со точноста на бројките, можам така да кажам, порано не бев запозната, не располагав со тие показатели, но состојбата ми беше апсолутно јасна.

-„Поглед“: Богданци е мало место. Општината исто така. Речиси и да нема нешто за што јавноста не е информирана.За некои работи нема да биде потребно длабинска анализа. Работите можат да се согледат и со голо око. Големата задолженост со

која е оптоварена Општината не е непозната работа.

- Анастасија Олумчева: Ако се насочиме кон анализа на општинската задолженост, од аспект на планирањата на Буџетот и неговата реализација долговите и не се толку големи. Најголемиот дел се однесуваат на долгувања за неплатена потрошена струја направени уште од Јавното претпријатие „Водовод“. Тоа претпријатие сеуште постои и има свои дејности.

Проблемите постојат за да се решаваат и најдобро е кога, во нашиов случај, Општината си ги решава сама. Во отворен дијалог успеав да наидам на разбирање од побарувачите и, правопропорционално со ситуацијата и можностите, да го намалам долгот и да ги елиминирам неефективните трошоци. Решението е насочено кон создавање услови и барање инвестиции за искористување на нашите компаративни предности.

-„Поглед“: Смееме ли функционирањето на општинската власт да го сведиме на моментот секој нареден градоначалник да го троши својот мандат за измирување на долговите што ги направил претходниот градоначалник. Ристо Ичков цел градоначалнички мандат објаснуваше дека е заплеткан во пајажина од долгови направени од неговите претходници Ѓорге Петрушев и Владо Стојановиќ. Имаше и некакви судски постапки во врска со тоа.

На почетокот на Вашиот мадат еден обемен материјал поделен на советниците зборува за не така мал долг на Општината кој ќе треба Вие да го отплаќате. Има и Одлука на Советот за поднесување Барање за ревизија на финансиското работење на поранешниот градоначалник. Навистина, ќе се сведат ли мандатите на градоначалниците на обврска за измирување на долговите направени од нивните претходници?

-Анастасија Олумчева: Отплатата на старите долгови е обврска која не може да се изостави или едноставно да се реши, посебно во услови на поголема задолженост, а мал буџет каков што има Општина Богданци.

Меѓутоа, паралелно треба да се размислува и делува во развојна насока и реализација на нови проекти, нормално, пропорционално со можностите, за да не ни се случува во недоглед приказната за подмирување на долгови од претходниците.

-„Поглед“: Приказната главно се развива околу долгот за струја направен од „Водовод“.Но има еден факт кој не смее да се занемари. „Водовод“ е јавно препријатие чие дејствување е под капата на Општината. Тоа претпријатие е активно, има луѓе на платен список и тоа претпријатие прави трошоци. Тие трошоци, кога веќе тие не можат

да ги платат, ќе мора да ги покрие Општината од своето и така тенко ќесе.

-Анастасија Олумчева: Долгот на „Водовод“ кон ЕВН Општина Богданци го има апсолутно преземено без да му наметне некакви обврски на претпријатието, што, според мене е голем пропуст. Претпријатието сеуште постои и има свои дејности од кои може да вади приход и да си ги плаќа трошоците. Претпријатието има и вработени на платен список кон кои секојдневно создава обврски. Јас се трудам да приберам што повеќе информации за состојбите на „Водовод“ и заедно со Советот на Општината и управните органи на претпријатието ќе донесеме соодветни одлуки за натамошните чекори за решавање на тој проблем.

-„Поглед“: Вие како градоначалничка сте изложени на, таканаречената, политичка кохабитација затоа што спротивниот блок, поточно Вашите опоненти, го имаат мнозинството во Советот на Општина Богданци. Ако се исклучи рабалансот на Буџетот кој не помина на Совет, кохабитацијата сеуште не била сериозно ставена на испит. Имате ли Вие како носителка на одговорноста, ај да ја наречеме, формула како ќе функционирате во таа копхабитациона стеснетост?

-Анастасија Олумчева: Претставниците на локалната власт треба да се залагаат за општите интереси на Општината и да се трудат да придонесат за нејзиниот развој.Партиските интереси или собирањето политички поени за партиите се задоволуваат и на тој начин.

-„Поглед“: Декларациите дека сите сме заинтересирани за доброто на граѓаните сепак се само декларации. личните и партиските интереси, особено кога тие се испреплетени, секогаш го определуваат практикувањето на политиката.

-Анастасија Олумчева: Сите ние имаме морална, пред се, а потоа и политичка одговорност за своите постапки. Личните интереси, за мене, се регуларно исполнување критериуми и законски процедури, а не купување заслуги и одликувања. Фразата „Сите ние се бориме за Богданци“ или, подобро кажано, „Сите ние треба да се бориме за Богданци“, не декларативно, туку реално треба да биде на прво место.Тоа е нашиот заеднички интерес. Партиски, па и лични, поени ќе се добијат само ако има напредок. Сите ние, јас како Градоначалничка и членовите на Советот имаме и морална и политичка одговорност за се што ќе направиме или нема да направиме за време на нашите мандати. Ако поттикнеме напредок, после четири години секој од нас може гордо да се исправи и да каже: „Да, јас бев дел од ова што е направено.“ Ако е напредок тогаш тоа ќе предизвика задоволство и ќе донесе лични и партиски поени.

-„Поглед“: Кога луѓето зборуваат за „НИЕ“ и „НАС“ најчесто мислат на „ЈАС“ и „МЕНЕ“. Декларативното доаѓа до израз секогаш кога ќе се измешат овие заменки. Имате ситуација на кохабитација и тоа е факт. Се јавија и внатрепартиски или внатрекоалициски несогласувања, барем такви гласови проструија низ чаршијата. Како градоначалничка сте изложени на многу притисоци. Не ви беше прифатен предложениот ребаланс на Буџетот. На Јавното претпријатие „Комунална чистота“ не му се усвои кварталниот Извештај за работењето. На тоа се мислеше при поставување на прашањето.

-Анастасија Олумчева: Задоволството или незадоволството од резултатите од работењето,

за следната година. Во иднина тоа би требало да стане законска обврска при завршувањето на секој мандат. На тој начин би се зголемила транспарентноста и би се намалилепретпоставките и дезинформациите.Секоја легално избрана локална власт, градоначалник и претставници во Совет на Општината, имаат право на различни гледишта околу тоа што се развојни компоненти на Општината и право да носат одлуки за нивно финансирање.

-„Поглед“: На онаа средба со бизнисмените се покрена прашањето за скришното ставање маркички за бензински пумпи во средишницата на Богданци. Тоа е детален елемент кој општинската администрација го подметнува во генерална процедура, па, покрај постоењето на две бензински пумпи, се планираат уште две нови, а се брише единствената ветеринарна станица во Општината.

-Анастасија Олумчева: Со оглед на тоа што сфатив дека многу малку граѓани присуствувале во јавниот увид на Нацрт-верзијата на Генералниот урбанистички план, неизбежно беше на таа средба со бизнисмените тој да биде точка која ќе се разгледува. Точката предизвика голем интерес и се разви голема дискусија.

Пропишано е секој граѓанин , во Јавен увид или Јавна анкета по ГУП, да си го каже своето мислење и да упати забелешки.

Во случајов сопственикот на земјиштето на кое се наоѓа некогашната ветеринарна станица побарал намената на тоа земјиште да се промени во земјиште за изградба на бнзинска пумпа. Комисијата за разгледување на забелешките составена од стручни лица-урбанисти одлучиле дека постојат услови (според урбанистичките нормативи) за задоволување на неговите барања.

-„Поглед“: Велите „според урбанистички нормативи“. Тогаш Вие сеуште не бевте Градоначалничка и не би ве прашал какви се тие „урбанистички нормативи“, но се надевам дека на некоја следна седница на Советот на Општината прашањето ќе биде ставено на дневен ред. Белки обемот на оваа измена не е толку мал за по него некој службеник да одлучува на своја рака?

„Технички преглед“ се легализира под мистериозни околности или така им се причини на граѓаните?

-Анастасија Олумчева: Објектот на несудениот „Технички преглед“се легализира во регуларна постапка за легализација. Барателот, физичко лице од Скопје, со прибавување на потребната документација: геодетски елаборат и изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на Законот во сила и уредно платена прва рата од пресметаниот надомест за легализација, добил решение со кое се стекнал со право на сопственост врз објектот. Зошто некој друг, вистински градител на објектот или, во најмала рака, Општината како правно лице не потегнале таков чекор не можам да одговорам.

-„Поглед“: Логично дека не можете да одговорите. Не бевте Вие градоначалничка. Но поранешниот градоначалник и поранешниот состав на Советот на Општината, особено неговото мнозинство кој гласаше за легализацијата, ќе треба да одговорат на некои прашања. Советот донесе одлука за легализација без да му биде предочено кој бара легализација иако тоа беше поставено како прашање. Некој, пак, му има

особено кога тие се условени од разни чинители, се дел од работата. Наведовте два примера како дел од прашањето.

Извештаите се поднесуваат за да бидат ставени на увид и да има изјаснување и дискусија по нив. Да има расправа. Низ расправа да се усогласуваат мислењата. Извештајот на „Комунална чистота“ не беше прифатен, а практично немаше расправа по него. Едноставно не се прифати, а немаше образложение зошто не се прифаќа. И, што е уште почудно, никому не му е јасно што по неприфаќањето на Извештајот. Не помина и Ребалансот. Се случува да не поминуваат ребаланси.Но нашиот Ребаланс не помина без да се расправа по него. Никој не објасни зошто не се усвојува. Кои моменти од Ребалансот не се прифатливи.

Извештаи и предлози се поднесуваат за да бидат прифатени или неприфатени. Тоа е сосема нормална работа. Но секогаш мора да се знае зошто се прифатени или зошто не се прифатени. Образложение мора да има. за да се има насока за натамошното работење. Никој од нас не е сам во оваа работа. Сите ние сме исправени пред еден предизвик – напредокот на Општина Богданци. Затоа мора да има дијалог. Мора да се знае зошто нештата се такви какви што се или да се знае зошто не се такви какви што треба или се очекува да бидат.

-„Поглед“: Општината има две јавни претпријатија и неколку установи кои се директно под нејзина надлежност. Иван Иванов, директор на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ поднесе оставка. Беше ли тоа негов личен избор или оставката му беше изнудена?

-Анастасија Олумчева: Поранешниот раководител на ЈП „Комунална чистота“кој лично и професионално го познавам, поднесе барање за прекинување на работниот однос.Во донесување на мојата одлука за прифаќање на оставката предвид ги зедов неговите идни планови, а не причината за оставка. Од денешен аспект, кога веќе беше неизбежно, сметам дека тоа се случи во право време за усогласување на заедничкиот воведен париод, меѓу мене и новиот раководител на јавното претпријатие.

-„Поглед“: Имаше одгласи и за изборот на новиот директор на „Комунална чистота“. Одгласите велеа дека имало спротивставени, дури и жестоко спротивставени ставови. Добро би било дакажете нешто за тоа.

-Анастасија Олумчева: Изборот на раководители на јавните претпријатија и јавните установи се директно под ингеренција на градоначалниците. За конкретниот случај беше објавен оглас. На огласот се пријавија двајца кандидати. И двајцата ги исполнуваа бараните услови по статут. Се направија и разговори со кандидатите.Јас се одлучив за кандидатот кој исполнува и дополнителни услови како што се искуство во областа во која ќе оперира и лични карактеристики. Сомнежите на поединци, верувам се појавиле заради недоволна информираност.

-„Поглед“: На списокот од долгувања што, на Општината и на Вас како Градоначалничка, ви се оставени во наследство има ставки со високи износи кои не се баш со локално развоен презнак туку имаат една поинаква физиономија. Има и Одлука на Совет да се бара ревизија за финансовото работење на поранешниот градоначалник. Ќе се заложите ли како Градоначалничка, работите да се истераат на чистина?

-Анастасија Олумчева: Барањето и одлуката за ревизија се пратени до надлежните институции и веројатно ќе влезат во програмата

Продолжува на стр.3

Разговорот го водеше Илија Тумбов

Page 3: Pogled Br.53 Avgust 2013

3ПОГЛЕД ,Август 2013

објаснето на барателот дека објектот е „слободен“ за грабење по пат на легализација и тој постапил како што постапил. Надлежната општинска служба и градоначалникот на таа седниица на Советот немаа одговор на ниту едно прашање. И сето тоа по изминувањето на петнаесетте дена рок за поднесување на приговор по барањето. Советот на Општина Богданци, во овој состав, навистина ќе мора да побара одговори на многу прашања поврзани со овој случај или тоа треба да го направат граѓаните на јавна трибина.

Што се случи со Полициската станица?

-Анастасија Олумчева: Објектот-зграда на Полициска станица, со Одлука на Влада е доделен на користење на Општина Богданци што формално-правно ќе стапи во сила кога Општината на подрачната полициска единица ќе и додели простор т.е. неколку канцеларии за нејзино сместување.

Во процедура е легализација на општинската зграда (поранешната зграда на „Изворски“) по што Општината ќе може да склучува договори за закуп и користење на просториите во истата со кои ќе бидат уредени сите обострани права и обврски.

-„Поглед“: Со спроведување на Законот за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Богданци се легализираат и објекти што сериозно ја рушат урбанистичката поставеност иурбанистичкото планирање во услови кога таквите одлуки немаат ниту економска ниту социјална оправданост. Се легализираат шупи и импровизирани гаражи за сметка на улици и пристапи.

-Анастасија Олумчева: Легализацијата се прави според законска регулатива. Многу од легализираните објекти се спорни во однос на урбанистичките нормативи и во нивното вклопување во идните урбанистички планови. Легализацијата е надлежност на Советот на Оппштината.

-„Поглед“: Но Вие лично го замоливте Советот да поведе малку сметка и, со легализација на се и сешто, да не се нарушат урбанистичките потреби и норми.

-Анастасија Олумчева: Да, имав обраќање кон советниците. Иако тенденцијата е да им се излезе во пресрет на граѓаните, мојот став е дека не треба сите објекти, посебно оние од помошен карактер да добијат легален статус или граѓаните да бидат амнестирани за нивните претходни незаконски дејствија. Последиците ќе бидат неизбежни и во планирањето на структурата на населените места и во безбедноста на граѓаните.

-„Поглед“: Продажбата на Ресторанот без никави услови за неговата натамошна судбина се покажа како пропуст.

-Анастасија Олумчева: Објектот на ресторанот во постапка за продажба двапати бил нуден на јавно наддавање. По неуспешните обиди бил продаден со непосредна меѓусебна спогодба меѓу Општината и сегашниот сопственик. Со откуп на земјиштето дефинирано со урбанистичката парцела се стекнати услови за добивање одобрение за надградба и реконструкциј кое има временски рокови за почеток и завршеток на градежните активности.

-„Поглед“: Сите овие нешта, гледано однадвор, без разлика кој ја врши градоначалничката функција, се пропусти на општинската администрација. Се согласувате ли со тоа?

-Анастасија Олумчева: За крај на овој сет прашања, сметам дека сите постапки, во јавноста оценети како негативни или неуспешни, генерално не се пропуст само на општинската администрација, туку повеќе се пропусти на поединци или последица на одредени услови. Кај нас отсекогаш владее состојба, не на систематско решавање на проблемите, туку нивно ургентно

урбанизира земјиштето со носење на Урбанистички план вон населено место.

Се надевам дека во иднина покрај локалниот пат до ветерниците ќе пораснат незагадувачки стопански објекти, посебно паркови на сончеви колектори..

-„Поглед“: Иако сме претежно аграрно определна општина сеуште не се користат ИПАРД фондовите за развој на земјоделските дејности. Се остава самите земјоделци да си поднесуваат барања, да прават бизнис-планови и да ги исполнуваат условите зададени во повиците иако е евидентно дека нашите земјоделци ниту знаат, ниту ќе се решат да поднесат барање. По тоа прашање Општината, заедно со регионалните одделенија на Министерството за земјоделие, треба да им бидат од помош на граѓаните. Имате ли планови во врска со тоа?

-Анастасија Олумчева: Ние како локална самоуправа

треба да дадеме поголема промоција на ИПАРД програмите и искористување на средства од ИПАРД фондовите.Траба да дадеме поддршка на едукацијата на заинтересираните корисници. Таа акција е веќе започната со одржување на јавни трибини од областа на земјоделието, со актуелизирање на потребата од здружување во задруги и заеднички настапувања, со контакти со Подрачната единица на Агенцијата за рурален развој и со оспособување кадар за изработка на бизнис планови. И граѓаните треба да го зголемат својот интерес. Така сите заедно, да направиме, на општо задоволство, неколку успешни приказни.

- „Поглед“: Имате ли планови и за поттикнување развој на стопанството. Како? Со индустриски зони ...?

-Анастасија Олумчева: Мислам дека веќе кажав нешто во врска со тоа. Зачувување на постојните стопански кашацитети, поттик за развој на земјоделието и е обезбедување услови за отворање на нови стиопански капацитети е насоката кон која треба да се свртиме. Решението е во насоченоста кон создавање услови за инвестиции и барање инвестиции за искористување на нашите компаративни предности. На тој начин може да се смета на брз развој и на вработување на граѓаните. Тоа, пак, ќе ги заживее

услужните дејности. Сето тоа ќе придонесе за

полнење на буџетот со што ќе се обезбедат други погодности.

-„Поглед“: Граѓаните, поради неинформираност ли, поради нешто друго ли, нагодуваат затоа што мислат дека насекаде околу нас влегуваат повеќе средства од страна отколку што влегуваат во Богданци. Кои проекти и биле прифатени и колку средства по таа основа се влезени во Општината?

-Анастасија Олумчева: Постојат одредени услови што ги проблематизираат можностите за поголема реализација на проекти со средства од „страна“. Имаме недостиг на урбанистичка документација, недостиг на техничка документација или готови проекти и финансиски средства за сопствено учество. Одделението за локален економски развој изготвува едногодишни Програми на активности на Општината чија реализација зависи од финансиските можности. Сепак сметам дека е потребна поголема комуникација со граѓанскиот и стопанскиопт сектор при креирањето на Програмата и нејзината реализација, поголема екипираност во пребарувањето информации за можности и изработка на апликации и проекти зашто постојат безброј нестандардни фондови кои значително можат да и помогнат на нашата општина како општина во развој.

Општината досега има аплицирано со одреден број проекти во Агенцијата за рурален развој, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, на ИПА –фондовите за меѓугранична соработка со невладин сектор и успехот во добивањето средства и реализацијата на проекти е задоволителна., со оглед на недостигот на веќе споменатите предуслови и со оглед дека голем број проекти се физички невидливи, како студии од разни области, промотивни материјали и проектни документации, што се од големо значење.

-„Поглед“: Можело да биде и подобро. Вие го имате искуството од Општина Дојран.

-Анастасија Олумчева: Секогаш може да биде подобро. Искуството од Општина Дојран ми е утврдена приоритетна листа на потреби, предвремени информации и можност за подготовка на проекти и

подобра мрежа на контакти, партнери и лоби групи за постигнување успех.

-„Поглед“: Врежан е впечатокот дека како која партија ќе дојде на власт во Богданци така нејзините активисти треба да бидат запишани на платниот список на Општината, на платните списоци на установите во Општина Богданци и на платниот список на „Комунална чистота“.

Граѓаните сметаат дека има превработеност во делот што треба да го плаќа Општината. Други, пак, тврдат дека сеуште нема кадровска екипираност и покриеност на општинските служби. Од друга страна на Општината како да и се заканува неликвидност.Какво е Вашето мислење во врска со оваа прашање и кави ви се натамошните намери?

- Анастасија Олумчева: Кадровската покриеност не се постигнува со квантитет, туку со квалитетот на луѓето што треба да ја направат покриеноста.

Лично мислам дека малку претставници на општинската администрација секојдневно се усовршуваат, го подобруваат и максимално го искористуваат својот капацитет, знаење и потребни карактерни особини за работа во јавен сектор.

Сеуште сум во фаза на испитување на обемот и тежината на работењето на моите колеги за да кажам дали има превработеност.

Меѓутоа, очекувам од нив зголемен ангажман, поголема иницијатива, донесување одлуки и брзо и ефективно решавање на нивните задачи како и подобрување на комуницирањето со граѓаните. Низ фазите на децентрализација кои вклучуваат современа технологија, дигитализација и електронска комуникација, нормално е да се намалува потребата од човечкиот фактор.

Меѓутоа тоа е прашање на поблиска и подалечна иднина како што е прашањето за нашата потенцијална закана од неликвидност.

-„Поглед“: Градоначалничке, „Поглед“ Ви е благодарен што го прифативте овој разговор.

-Анастасија Олумчева: И јас сум му благодарна на „Поглед“ што ми овозможи јавно да изнесам некои од моите мислења и ставови.

решавање заради што Општината има доста изгубено.

Во иднина очекувам, и од администрацијата и од граѓаните, подобра комуникација и посериозен пристап во решавањето на заедничките задачи.

-„Поглед“: Значи ли тоа, и по четири мандати практикување локална самоуправа, овој е петтиот мандат, дека Општина Богданци кадровски е „тенка“? Ако е така , имате ли планови за подобрување на таа состојба?

-Анастасија Олумчева: Со оглед на обемот на работата, Општина Богданци не е тенка во квантитет, но квалитетот може и треба постојано да се подобрува.

Преку разни обуки и програми организирани од Владата, невладиниот сектор и самоиницијативно, претставниците на општинската администрација треба постојано да се надградуваат и да ги следат трендовите со цел да станат квалитетен и ефикасен сервис на граѓаните за да не завршиме изрекламирани како – „ендемични видови“.

-„Поглед“: Вашата функција, градоначалничката, е стожерот околу кој се врти се во Богданци. Состојбите во „Млаз“ на сите им се познати. Во меѓувреме и „Сточарство“ ја смени сопственичката структура. „Бреботекс“ ненадејно влезе во фокусот на заинтересираноста. Општината и Градоначалничката не би требало да не бидат заинтересирани за случувањата што се од животна важност за Општина Богданци. До каде е Вашиот интерес кога се во прашање наброениве работи? Ако не се лажам и во предизборните настапи во Богданци имаше некакви најави во врска со тоа искажани од премиерот Груевски и од министерот Ставревски.

-Анастасија Олумчева: Случувањата во локалното стопанство директно влијаат врз развојот на Општината такашто јас како Градоначалничка сум информирана за секојдневните проблеми. Мојот интерес е повеќе од голем, а делувањето до таму до каде ми дозволуваат ингеренциите. Катастрофалната состојба со „Млаз“ е долгогодишна приказна и веќе две години е заглавена во судските лавиринти. Случувањата со „Бреботекс“ се обид по веќе видено сценарио кое нема потреба да го гледаме повторно. Промената на сопственичката структура во „Сточарство“ е одлука со која треба да се задржи досегашниот квалитет и да се обезбеди гаранција на пазарот. Од негативните случувања или тапкања во место граѓаните на оваа општина имаат директни последици изразени со безработица, негативен развој на стопанството и губитоци во Буџетот на Општината. Оваа со „Млаз“ придонесе и за прекин на сообраќајните поврзувања.Овие прашања им се познати на сите граѓани на општината и сите тие треба да земат активно учество, посебно заради фактот што споменатите високи претставници на актуелната власт, од моја страна, се запознати со истите и очекувам решавања според Законот во правна процедура.

-„Поглед“: Ако не се размрда стопанството тешко дека Богданци ќе го огрее сонце. На повидок нема инвестиции што би му дале надеж. Ова со ЕЛЕМ има погодност за Богданци со тоа што ќе остане инфраструктурата. За жал таа инфраструктура не ја вградивме во опфатот на новиот Генерален урбанистички план. Ништо преку патот за ветерниците, дури ниту од оваа страна на патот не е планирано за стопански објекти или слични активности.

- Анастасија Олумчева: Просторните и урбанистичките планирања се прават врз база на повеќегодишна стратегија за развој, така што проширувањето на постојниот опфат на ГУП се ограничува според нормативи, а зависи и од можностите на локалната самоуправа за обезбедување на потребната инфраструктура за планираниот период. Секогаш останува можноста, според новонастанатите потреби на инвеститорите, парцијално да се

Продолжение од стр. 2

Page 4: Pogled Br.53 Avgust 2013

4 ПОГЛЕД ,Август 2013

Од Петата седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

Петтата седница на Советот на Општина Богданци се одржа во вечерен термин на 27 август 2013 година.

На седницата присуствуваа 10 советници (отсуствуваше советникот Стојан Воданов). Со седницата претседаваше претседателот Блаже Шапов. На седницата беше присутна и градоначалничката Атанасија Олумчева.

Едногласно, без забелешки, советниците ги усвоија записниците од Третата и Четвртата седница на Советот на Општина Богданци.

Едногласно беше усвоен и дневен ред од 29 точки за работа на седницата.

-Точка 1. По образложението на м-р Митко Влахов од општинската администрација дека тој е подготвен да ги спроведе потребните активности, Советот на Општина Богданци, со 10 гласа „За“, усвои иницијатива за вклучување на Општина Богданци во процесот за добивање сертификат за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа. Според образложението оваа иницијатива е само првиот чекор за учество во проектот за кој Општината треба да исполни дванаесет групи критериуми како би добила ваков сертификат со што се добива и правото Општина Богданци да го употребува логото кое ќе и обезбеди поволност за користење низа предности во смисла на привлекување инвестиции и учество на повици за поднесување барања за добивање средства.

-Точка 2. По образложението на м-р Митко Влахов од општинската администрација Советот на Општина Богданци, со 10 гласа „За“, донесе Одлука за усвојување Програма за енергетска ефикасност на Општина Богданци за периодот 2013-2015 година.

-Точка 3. По образложението на м-р Митко Влахов, во согласност со Програмата енергетска ефикасност на Општина Богданци заради подобрување на енергетската ефикасност на објектите кои се во општинска надлежност, со 10 гласа „За“ се донесе Годишниот план за енергетска ефикасност кој претставува точно дефиниран број и вид на активности кои треба да ги преземе Општината во текот на 2013 година. Од активности Планот содржи: 1. Замена на светилки по училиштата и градинките, во вредност од 461.925 денари, со што се намалуваат трошоците за струја; 2.Набавка на нов котел и поставување современ систем за регулирање температурата на катовите во ОУ„Петар Мусев“ во вредност од 1.230.000 денари со што ќе се постигне намалување на трошоците за гориво и подобрување на греењето; 3. Јавна кампања „Штедам енергија“ во Општина Богданци, во вредност од 413.600 денари, заради подобрување на знаењата и свеста за значењето на енергетската ефикасност. 4. Поставување сончеви колектори за добивање топла вода во Детските градинки, во вредност од 430.500 денари, со што ќе подобрат условите за работа и ќе се намалат трошоците за енергија.

Со реализација на Годишниот план, за чие спроведување се одговорни Градоначалничката и Советот на Општина Богданци, од намалени трошоци за гориво и струја, во Буџетот на Општина Богданци ќе бидат заштедени 622.492 денари.

Во расправата (за точките 2,3 и 4 се водеше единствена расправа) советничката Катерина Чрчева забележа дека,иако таа уште лани инсистирала во Планот да се внесе поправката на кровот во ОУ „Петар Мусев“ бидејќи има интервенции за санирање на внатрешноста на објектот, но затоа што кровот прокиснува санациите ќе бидат залудни, поправката на кровот не е влезена во планот на што Мите Влахов и одговори дека за да влезе таа поправка во Планот треба за неа да има техниичк-проектна документација кој ја прават

овластени за тоа куќи.Претседателот Блаже Шапов

забележа дека Законот за енергетика е донесен во 2011 година, а ние дури во 2013 година постапуваме по него.

Советникот Ристо Енџекчев забележа дека и на слајдовите со текстови за објаснување стои податокот 2007-20011 година на што му беше одговорено дека таа е техничка грешка.

-Точка 4. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за усвојување на Годишниот план за енергетска ефикасност на Општина Богданци за 2013 година.

-Точка 5. Со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ се прифати Финансовиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања во 2013 г. на политичката партија ДОМ.

-Точка 6. Со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ се прифати Финансовиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборната кампања во 2013 г. на политичката партија СДУ.

-Точка 7. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, поради истек на мандатот, како претставници на Општината во Училишниот одбор на СОУ„Богданци“ се разрешија Вангелица Ванчева и Никола Анчев и на нивно место се именуваа Тони Данаилов и Пандорка Шапкарова.

-Точка 8. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, поради истек на мандатот, како претставници на Општината во Надзорниот одбор на ЈПКД „Водовод“, се разрешија Миле Демерџиев, Весна Ристевска и Зоран Чавдаров, а на нивно место се имануваа Страшко Олумчев,Горан Лисичков и Петар Манолев.

-Точка 9. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, по сила на закон, како претставници на Општината во Управниот одбор на ЈП „Комунална чистота“, се разрешија Стојан Воданов и Глигор Попов, а на нивно место се именуваа Миле Паав и Ѓорги Картелов.

-Точка 10. Со 6 гласа „За“, 1 глас „Против“ и 3 гласа „Воздержано“, по сила на закон, како претставник на Општината во Надзорниот одбор на ЈП „Комунална чистота“ се разреши Анастасија Олумчева, а на нејзино место се иманува Ристо Стамнов.

-Точка 11. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ на Јован Прошев и Горан Станчев, кои и досега беа претставници на Општината во Одборот за контрола на Водната заедница „Оброк“, им се продолжи мандатот и за наредните три години.

-Точка 12. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, поради истек на мандатот, како претставници на Општината во Управниот одбор на Водната заедница „Оброк“, се разрешија Васил Кал’чев и Зоран Дачев, а на нивно место се именуваа Љупчо Ќортошев и Иван Вангелов.

-Точка 13. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, заради неоправдано отсуствување, Вангелица Ванчева се разреши, како претставник во Управниот одбор на Јавната здравствена установа „Гевгелија“, Гевгелија, а на нејзино место се именува Илија Динев.

Советникот Душко Енџекчев, забележувајќи дека тие што Советот ги именува да ја претставуваат Општината во овој Управен одбор никогаш не се редовни на состаноците, праша дали лицето што треба да се именува дало согласност за именување, на што му беше одговорено дека кандидатот се согласил.

-Точка 14. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“, поради истек на мандатот, како претставници на Општината во Управниот одбор на ЈКП„Водовод“ се разрешија Стојан Воданов, Глигор Попов, Митко Мишев и Александар Олумчев, а на нивно место се именуваа Томе Шапкаров, Михаил Пеев, Елена Шутарова и Ристо Стамнов.

-Точка 15. Со 6 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ , по сила на закон, Ристо Киров ,како претставник на Општината,се разреши од член на Управниот одбор на ЈОУ-детска градинка „Коста Поп-Ристов-Делчев“,

а на негово место се именува Софија Прочкова.

-Точка 16. Со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, по образложението на Јованка Ампова од општинската администрација и по предлогот од Блаже Шапов во текстот на одлуката наместо „млади брачни парови“ да стои само „брачни парови“ и секаде во текстот каде што стои „во Богданци“ да се додадат и имињата на другите населби во Општината за кој се изјаснија 9 советници, а 1 беше воздржан, се донесе Одлука за доброволно садење на дрвца од брачни парови на денот на стапување во брак. Акцијата во која брачните парови на денот на склучувањето брак ќе засадуваат украсно дрвце во Градскиот парк во Богданци и на соодветни места во Стојаково, Ѓавото и Селемли, се нарече „Дрво на љубовта“. Украсните дрвца ќе ги обезбедува Општина Богданци.

-Точка 17. Едногласно, со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за утврдување на КП 9686/1 во КО Богданци како локација на која ќе се врши складирање,третман или преработка на неопасен отпад. Одлуката се донесе на барање на правното лице ДИ ЛАКИ ДООЕЛ, Богданци.

-Точка 18. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлка за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 11346 во КО Богданци или нема да се предвиди.

-Точка 19. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за дополнување на Одлука за урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 9704 во КО Богданци.

-Точка 20. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 9949/1 во КО Богданци.

-Точка 21. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација за КО 6694 и 6693/3 во КО Стојаково и вклопување на бесправни објекти во неа.

-Точка 22. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација за КП 724/1 во КО Селемли и вклопување на бесправниот објект во неа.

-Точка 23. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација за КП 761 во КО Селемли и вклопување на бесправен објект во неа.

-Точка 24. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација за КП 199/2 во КО Селемли и вклопување на бесправен објект во неа.

-Точка 25. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација за КП 375 и 761 во КО Селемли и вклопување на бесправните објекти во неа.

-Точка 26. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 7859 во КО Стојаково или нема да се предвиди.

-Точка 27. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација на КП 10351/1 во КО Богданци и вклопување на бесправни објекти во неа.

-Точка 28. Со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за проширување на идната урбанистичка планска документација на КП 7646 во КО

Стојаково и вклопување на бесправен објект во неа.

-Точка 29. СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

Точката „Советнички прашања“, како резултат на технички пропуст, не беше ставена во предложениот дневен ред за работа на Советот. Советникот Ристо Киров во расправата по дневниот ред предложи тој да се дополни со уште една, 29 точка, на која ќе се поставуваат советнички прашања. Утврдувајќи дека е направен технички прпуст, па, затоа што тоа е статутарна одредба и востановена практика, за предлогот не се ни гласаше туку само се додаде како точка 29 на Дневниот ред.

-Советникот Ристо Киров, како прво прашање, се заинтересира дали е блокирана жиро-сметката на Општина и од кого на што градоначалничката му одговори дека сметката е блокирана од „Млаз“ за долг од 5 милиони денари,како главен долг, и 7 милиони камата на долгот. Таа објасни дека долгот „Млаз“ го има преземено од Градежното претпријатие „Маврово“ кој работел на реконструкцијата на зградата на Гимназијата.

Како, второ прашање, го интересираше кога општината ќе им ги исплати надоместоците на членовите на избирачките одбори од локалните избори и кога ќе им бидат исплатени паушалите на советниците на што градоначалничката Анастасија Олумчева одговори дека и двете исплати ќе се направат кога за тоа ќе се создадат услови и дека се надева дека тоа ќе се случи набргу.

-Советничката Суза Мандалова, како прво прашање го пренесе барањето од стојачани во близината на ОУ„Кирил и Методиј“ во Стојаково да се поставаат „лежечки полицајци“ на што градоначалничката и кажа дека тоа било во надлежност на некоја сообраќајна инспекција, но таа ќе се заложела работата да биде завршена.Како второ прашање таа се пожали дека од Стојаково до Богданци нема никаква автобуска сообраќајна врска, па граѓаните нама како да дојдат во Богданци на што градоначалничката и кажа дека „Руле Турс“ ги презел сите линии, вклучително и линиите преку Стојаково и има обврска да ги одржува, дека таа како

градоначалничка нема надлежност да интервенира кај превозникот, но дека ќе ги преземе сите чекори работите да се поправат.

-Советникот Кристијан Тодоров, како прво прашање, ја праша градоначалничката од кога се влече долгот на Општината кон „Млаз“ на што ова му одговори дека е од 2001 година.

Како второ прашање тој се зачуди зошто тој би плаќал даноци за да се плаќаат долгови кој некој пред многу години не се погрижил да бидат платени, на што му беше одговорено дека тоа е долг на Општината и Општината ќе треба да го плати.

-Советникот Блаже Шапов, како прво прашање, праша дали до почетокот на учебната година ќе бидат закрпени улчиците што се подготвени за крпење на што градоначалничката му договори дека треба да се закрпи површина од 2.500 м2, но дека нема да може тоа да се направи до 1 септември затоа што изведувачот имал некакви технички проблеми.

Како второ прашање тој се заинтересира дали се знае што се случи со аплицирањата за дозавршување на стариот пат кон Ѓавото и со апликацијата за урбанистички планови за населени места на што градоначалничката му одговори дека, неофицијално, има сигнали дека апликациите поминале, но треба да се почека за да се види точно.

-Советникот Никола Стратров праша дали има напредок во разговорите со инвеститорот на ресторанот за што се расправаше на седница на Советот, на што градоначалничката одговори дека инвеститорот има судски спор со „Комунална чистота“, дека наскоро тој спор ќе биде разрешен, но дека таа била доста толерантна кога не побарала шеталиштето околу паркот да биде ослободено од заштитната ограда која го попречува движењето во делот кај објектот во градба и побара од Соња Маџирова да каже кога е почната градбата на ресторанот и колку години е дозволено да се одвиваат градежните работи, на што беше одговорено дека градбата почнала во 2012година, а рокот е 6 години.

Богданци влегува во трка по сертификат за поволно деловно опкружување

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 7 октомври 2013 година (сабота)

ПРИЈАТЕЛИТЕ НА БОГДАНЦИ ќе одржат ТРИБИНА на тема

„ К А Д Е ОД И О П Ш Т И Н А Б О ГД А Н Ц И ? “ Трибината, со почеток во 11 часот, ќе се одржи

во кафеаната „ЧАВДАР“ во Богданци Координатор: Јосиф Џочков

Присуството на трибината и учество во дискусиите се

посакувани

Коме

рциј

ален

огл

ас

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Page 5: Pogled Br.53 Avgust 2013

5ПОГЛЕД ,Август 2013

Пишува: ИлијаТумбов

Пишува:

КрстеЛештов

Поглед од мојот агол

К л е т в и т е , л у ѓ е , к л е т в и т е

1.Доста ја колневме темнината. Ако таа ни попречува во нешто,

ако не ограничува, ако не ни треба, нема да ја избркаме со тоа што ќе ја колнеме. Темнината се храни сама од себе. Само така се одржува. Изложете ја на светлина и-ач. Ја снемува.

Затоа доста со колнење на темнината.

Дајте малку светлина. Свеќа да се запали, пак е

нешто. Пак ќе има некаков зрак.2.На гробот на Јане Сандански

во Рожен пишува: „Да се живее значи, робот да се бори за слобода, а слободниот човек за совршенство.“

Колку едноставни маркери за определување на насоката на живеењето имале Македонците од почетокот на минатиот век.

А ние!? Со што ние ќе го оправдаме нашето живеење единаесетина децении подоцна?

3.Кога и да видам како некој

стои покрај торбите на автобуската станица во Богданци, очекувајќи од некаде да се здаде некаков автобус секогаш ми текнува на клетвата „Да даде Господ да имаш, па да немаш“ која Евреите ја сметаат за најтешка.

Да имаш, па да го снема тоа што си го инал. Дури откако ќе снемаш нешто што си го имал почнуваш да ја сфаќаш привилегијата на имањето. Дури тогаш почнуваш да ја сфаќаш цената на имањето.

И кога ќе го сфатиш тоа се фаќаш себе си затекнат од прашањето: На кого богданчани толку му згрешиле за да ги попари со таква лута клетва.

4.Треба да се прочита интервјуто

со градоначалничката. Повеќепати треба да се прочита оти низ него можат да се наѕрат нешта за кои сите бевме свесни дека се тука, дека ги има ама ... аме не бевме во состојба да ги нааламе во темнината.

Свеќа палење му е мајката. Ќе се најде. Ем за светлина, ем за ...

5.Уште додека бев секретар на

Месната заедница ме беше обзела идејата за наоѓање локација на која ќе се направат работи по што ќе станеме препознатливи. Идејата ми дојде од вараждинските гробишта. Низ нив поминуваат годишно повеќе туристи отколку што минуваат низ Дојран во најдобрите сезони. А идејата беше едноставна. Се потпираше на три столба: прво, имаше граѓанска и културна димензија; второ, имаше во неа многу предизвици и романтична егзотика и, трето, содржаше доста „штоф“ за да му обезбеди на Богданци една интересна препознатливост.

Требаше само да се најде простор, да се опреми просторот со потребните работи и да се обезбеди поддршка за негова реализација. Арно, ама, тоа беше време на промени. Ни се случи демократијата и со неа се онаа што и следува. Пред некој ден прочитав прекрасна дефиниција за демократија кој вели дека демократија е кога петмина будалетинки ќе надгласат четворица паметни.

Идејата беше брачните парови во моментите кога влегуваат во брачна заедница тој свој чин да го обележат со засадување дрвце. Така брачен пар по брачен пар, дрвце по дрвце ќе се формираше парк каде што години потоа родителите на своите потомци ќе им се потфалуваа со своето дрво. Сметав дека има асоцијативност во дрвцето засадено во име на новиот брак и родословното стебло разгрането од тој брак.Во една ситуација бев ја изложил оваа идеја. На Петтата седница на Советот на Општина Богданци таа се најде на дневен ред. Воочувајќи дека тоа што се сака да се направи не е тоа што го носеше мојата идеја се обидов да направам забелешка. Но џабе. Ништо не излезе од забелешката. Се донесе одлука идејата да се реализира во Градскиот парк во Богданци. Наместо дрвја да се засадуваат некакви украсни дрвца. Наместо изборот на дрвото да биде на брачните другари со што ќе се направеше шареноликост Општината се обврза да набавува садници. Наместо акцијата во ритуал да ја изведуваат тие на кои им е наменета, садењето ќе го прават комуналците.

Времето е пред нас, па да

видиме што ќе излезе од сето тоа. Јас сум скептичен. Расипавме една благородна идеја која ветуваше специфичност. Како и не би бил сомничав кога идејата не е разработена, кога не се пресметани сите нејзини аспекти и кога е правена по теркот што последните петшеснаесет години е на сила во Богданци. Што ќе стане со акцијата кога Градскиот парк ќе се „затне“ од украсни дрвца? Зошто нечие дрвце би било засадено во центарот, а нечие друго којзнае каде? Во Стојаково и Ѓавото дрвцата ќе се саделе во црквените дворови. Баш ме интересира како ќе се изведе тоа ако брачниот пар е со поинаква конфесионална припадност или се атеисти?

6.На времето, кога се правеа

новите гробишта, просторот кој беше платформесто профилиран душа даваше за домаќинско планирање на локацијата. Мојот план беше да се определи места за православни гробишта, за католичкин гробишта, за муслимански гробишта, за алеа на великаните и за алеа на незнајните. Еден дрчен учител, во можност да одлучува, на нож го пречека мојот план велејќи дека гроб е гроб. Сите кинисаа по него, се одлучи како што се одлучи и од новите гробишта направивме генератор на проблеми. Не помина една година почина млад муслиман. Работите се проблематизираа до вжештеност. Но тие што го создадоа проблемот мува не ги залаза заради тоа. Други требаше да ги вадат врелите костени од огнот. Одвај ги извадија. Но проблемот не е решен. Ќе се решава кога ќе се случи нов конфликт. Никаде во светот гробиштата не се –топтан. Секаде се знае кој за каде е. Освен во Богданци. А имало примери во минатото кога православните и католичките попови се расправале меѓу себе. Одамна се нема случено поповите да се расправаат за „жнеењето каде што не се сеело“, ама ќе дојде и тоа време. Ќе се најде некој нервозен поп со тесна душа.

Кога се сече секогаш треба да се премерува повеќепати пред да се засече. Затоа што по некои работи едноставно нема каење.

7.Се што е поставено на чурук

основа се урива. Паѓа. И при тоа

може и да повреди некого. Онаа стипендија за првенец на генерацијата што минатата година почна да се доделува, на пример. Неизмерена како што треба, неекладисана добро, во парчиња се урниса.

Советот, со ништо непредизвикан, дозволи без соодветна одлука, план и финансиска конструкција да се влезе во авантурата наречена стипендија како награда од Општината. Виновен оти дозволи да не биде прашан. Гимназијата се фати на јадицата. Кој не би се фатил? Јавноста ја одобри иницијативата. И што се случи. Ништо. Типично новобогдански: оган од слама. Штракни-запали, ама и пламни- изгори. Ни криви, ни должни настрадаа децата. Лузните што ќе им останат вечно ќе ги потсетува дека биле изиграни. И сега кого треба да обесеме поради тоа?

8.Ми пристапи една богданчанка

и ми покажа дека знамето што се вее на оној јарбол во паркот е скинато. „А скинато, а запалено, рече. Срамота е државниот симбол да биде распарталесан.“

Жената е родена во странство. Таму станала полнолетна и таму позавршила училишта. Спомна дека во тамошните училишта ги учеле дека знамето и химната треба да се почитуваат најмногу од се. Така ја научиле, така се однесува.

„Е, жено, жено, помислив но не и кажав. Лесно е таму да се почитуваат знамето и химната. Нека се обидат тоа да им го всадат во главите на патриоти какви што се Македонците, па да ги видам.“

Што има да и кажувам кога таа самата виде дека некни на 2-ри Август, на Илинден, најголемиот македонски празник, како што милуваме да кажуваме, живо дујало не се појави да направи било каков белег во име на тоа што го симболизира овој празник. А има кој. Имаме пресна општинска власт.Имаме живи и здрави општински организации на партиите што се менуваат на власт кои, пак, си имаат свои раководни тела.

Единствено што немаме е душа. Да имавме душа немаше така бездушно да се однесуваме кон нештата што се самите ние. Или тие не се наши, или ние не сме нивни. Нешто мора да е. Не ќе е без ништо.

9.

Некој направил некаков урбанистички или геодетски елаборат, заверил изјава на нотар дека објектот е изграден пред Законот за легализација да биде донесен, уплатил една рата од надоместокот за легализација и си поднел барање за легализација на објектот што се беше изградил како зграда каде што ќе се смести служба за технички преглед. Петшеснаесет дена подоцна Советот на Општина Богданци му го легализира објектот. Осум дена подоцна, тој некој за кој никој во Општина Богданци јавно не знаеше кој е, си го продаде објектот и сите беа задоволни и среќни.

Прнарова гранка од ограда на трло на врв планина да се обидеше некој да скрши пак ќе го сетеа. Ќе се најдеше некое куче да залае. Некој непознат на Богданци му украде цел објект и никој ниту лук јал ниту лук мириснал. Да му пукне пукалото на човек.

Јасно и гласно прашувам:Да си го направев потребниот

елаборат (изработката чини помалку од сто евра), да си заверев изјава на нотар дека главната улица во Богданци е градена пред да биде донесен Законот за легализација на бесправно изградени објекти (заверката чини 5 евра), да си ја платев првата рата од надоместокот за легализација (мислам дека цел износ ќе беше 12 илјади евра) и да си подадев барање за легализација на главната улица во Богданци на потегот од „Баџо“ до „Каменот“ уште колку евра ќе требаше да додадам за да се стекнам со сопственост врз главната улица во Богданци. Да си изведев една таква ујдурма, гарант „Маршал Тито“ ќе ми ја запишеа во моја сопственост. Постапката ќе беше иста како за објектот за Технички преглед. Изведена кротко и во тишина. Кротко за да не се крева прашина, па на некој да му бидат нагадени очите и во тишина за да не биде нарушен сонот на советниците.

Ама, пустото не се сетив. Да се бев сетил сега ќе си имав поставено рампи насекаде по главната улица и ќе си наплаќав за се и сешто. Ем јас ќе имав ќар, ем ќе вработев и доста луѓе.

И, како и во случајот на Технички преглед, сите ќе си бевме среќни и задоволни.

Денеска помина уште еден ден, свртивме уште еден лист во книгата на животот, но што напишавме на него? Дали она што го напишавме е пријатно за читање? Дали со задоволство го свртуваме секој нареден лист, или тоа е само еден миг на тага?

Ако не се запрашаме, зошто воопшто живееме и ако не обратиме внимание на она што го пишуваме во Книгата на животот, не живееме! Животот – тоа е книга која кога се раѓаме е празна, и секој нареден ден, вртејќи нов лист, го запишуваме секој миг од нашето животно патување, нашите импресии од животот, нашите искуства и лекции за учење со кои сме се соочиле. Книгата на животот ја бележи секоја наша трага оставена во овој свет, секој наш збор кажан од нашата уста, секое наше дело сторено од наша страна, секој миг од нашето постоење во оваа животна форма. Квалитетот на книгата зависи од нас – ние сме автори на Книгата на животот и сме целосно одговорни за секој збор впишан во неа. Нејзиното издавање официјално се случува во мигот кога ќе го напуштиме овој свет и оттогаш ќе започне да се раскажува нашата приказна. Тогаш, нашата

Книга на животот се објавува пред светот и само од нас зависи колку ќе биде читана, препрочитувана, или воопшто, дали ќе биде читана. Најголема пропаст за еден автор е ако неговото дело е само куп мртви зборови, лоша приказна без ред и без мудар заклучок. Но, секому му е дадено божјото перо за со него да може најубаво да ја напише книгата. И покрај сите благодети и подароци, многумина го злоупотребуваат божјото перо и со него пишуваат одвратни и лажни приказни. Но преку тие приказни – тие се лажат себеси! Се лажат дека се среќни, иако постојано неосетно се издаваат дека всушност лажеле, се лажат дека се добри, без да ја прифатат и изменат својата мрачна страна, без да си признаат дека и тие се грешни и не бараат прошка. Таквите луѓе пишуваат лоши книги; нивните зборови не ја величаат мудроста и не носат никаква благост во душите на оние кои читаат и затоа таквите книги остануваат да стојат во некој мрачен ќош, собирајќи прашина врз себе, за еден ден да бидат фрлени во ѓубриште бидејќи нивните приказни не се пријатни за читање. Ваквите книги се залудно трошење материјал, залудно печатени и издадени, залудно постојат. Но сепак, Бог секому му дал шанса, секому дал празни листови и неговото перо, за сите души да имаат можност да ја напишат својата приказна и преку неа да успеат да им покажат на другите што значи животот и што е мудроста на животот.

Пишувајќи, секој од нас може да измени некои делови од

Книгата на животот. Колку и да сме пречкртале, продолжуваме да ја пишуваме напред! Ниту еден лист од книгата не е празен; секој лист е полн, со убави или грди приказни. Што досега напишавте во книгата на животот? И дали досега напишаното ви се допаѓа и го покажува најдоброто од вас?Сите ние можеме да бидеме совршени играчи во животот, совршени писатели на божествени и светли приказни. Ние ја имаме можноста да избираме како ќе ги искористиме празните листови од Книгата на животот и какви приказни ќе пишуваме. А во животот создаваме многу приказни кои остануваат напишани занавек. Можеме да се вратиме назад и да корегираме некој дел, но ја имаме само можноста да го потцртаме делот што не ни се допаѓа и под него да напишеме дека сме го надминале тоа искуство и сме научиле нешто мудро од сето тоа. Перото оди напред, и не се враќа назад, книгата се пишува само напред, а сите претходни листови само сведочат за она што сме го проживеале. Најбитно е од нашите минати искуства, да извлечеме корисна поука. Ако не успееме да учиме од нашите грешки но и од грешките на другите, самите себеси се осудуваме постојано да ги повторуваме, сé до моментот дури не се измориме од злото и не речеме „доста“ на сите несреќи кои сме си ги предизвикувале. И сето тоа останува да биде запишано во Книгата на животот, која е нем сведок на она што сме го оставиле зад себе. Дали ќе бидеме читани или нашата книга ќе биде фрлена на аголот од библиотеката наречена

Свет, зависи од нас. Успех за секој автор е да биде читан и сакан, да има полно почитувачи на неговото дело и да биде пример за она што значи вистинско и успешно живеење. Успех за секој од нас е да пишуваме прекрасни животни приказни преку кои ќе им го разубавиме животот и на другите и ќе ги поттикнеме и инспирираме и другите да започнат да пишуваат убавини во својата Книга на животот

....„Роден си, живеј, биди добар играч, биди солиден автор, пишувај божествени приказни што ќе ги хранат душите на читателите! Не можеш да очекуваш да го добиеш она што не си го дал, бидејќи: „Секој добива онолку колку што дава, па доста често добива дури и повеќе отколку што дава! Бидејќи Универзумот го слуша вашиот глас и го бележи секој збор излезен од вашата уста, па според тоа ве наградува или ве нагрдува!“ Всушност, самите се нагрдувате ако не блеснете во својата вистинска убавина и не ја покажете љубовта пред другите. А таа е суштинската сила што го движи овој свет и поддржувајќи ја таа сила, го поддржуваме животот, се поддржуваме себеси, го поддржуваме и љубиме целото Постоење! Животот, драги мои, е ваш и само ваш! Бидете добри автори и дадете го најдоброто од вас! Користете го божјото перо разумно и само тогаш кога од вас имате да дадете добрини и убавини! Не жалете ако често сте пишувале неубави нешта! Имате можност, денешниот лист од Книгата на животот да го опсипите со убавини, бидејќи – Крајот го краси делото и вашиот среќен крај ќе биде дополнителен поттик за многумина да се вратат

кон себеси! Биди ти и живеј го својот живот со полн здив – ти си најдобриот, само пишувај ја твојата прекрасна приказна и биди среќен! Од тебе зависи сé! Сега, зграби го животот и божјото перо, започни да пишуваш - стани одличен писател на животот!“

...„Сé што ти преостанува е да бидеш искрен, кон себеси и другите, да бидеш свесен за она кое што си, уживајќи во животот. Сите ние можеме да глумиме нешто што не сме, но лагата секогаш е губитник во животот и нејзините плодови се нечисти. Таа носи раздор во душата која се лаже самата себеси и одбива да ја види вистината. Но таквите приказни завршуваат во ѓубриште, каде што се спалени и заборавени занавек.“

...„Нека сечија Книга на животот, биде читана, препрочитувана, восхитувачка, прекрасна, препечатувана и вечно запаметена во историјата на овој свет! Нека секој од нас го даде она најдоброто од себе, безусловно и со полно љубов! Нека секој од нас стане совршен автор кој безпрекорно раскажува приказни што ја исполнуваат секоја душа со животен жар! Нека секој од нас се претвори во прекраснотија и среќа. Да зрачиме сите заедно, со љубовта – а љубовта да се врати! Бидејќи Универзумот е огледало на она што сме и секое наше дело се рефлектира во животот. Пишувај, пишувај,пишувај... пишувај ја својата Книга на животот со љубов, и љубовта ќе ти се врати, многукратно!“

Книгата на животот

Page 6: Pogled Br.53 Avgust 2013

6 ПОГЛЕД ,Август 2013

“Пиксел” ја разигра публикатаЛетните културно-забавни

случувања имаат за цел, на летата, по дефиниција определн за полефтерно однесување, да им дадат токму таков белег.

Рок бендот „Пиксел“ од Богданци ја презеде одговорноста тие на 8 август да му го дадат тој белег. Настанот требаше да се случи на летната сцена во Градскиот парк.

Вокалот на Марија Ичкова, гитарите на Данче Папучиева, Дејан Тачевски и Васко Ќортошев и тапаните на Ристе Папучиев беа добра причина таа вечер да се биде на местото на случувањето.

Сите сигнали покажуваа дека таму ќе се случува журка. И се случи.

Еднаш членовите на „Пиксел“ беа изјавиле оти нивното мото е дека

музиката никогаш не смее да го навредува увото. Таа мора секогаш да предизвикува задоволство.

Придржувајќи се до оваа свое мото тие на присутните им сервираа

слатка музичка торта. Шлагот на тортата беше игранката во која се претвори концертот.

Задоволството од нивнта музика беше општо.

Во ритамот на традицијатаСе вели дека грижливо

одбраната програмска понуда е сигурна гаранција за успех на било кој културно-забавен настан..

Програмите за летните културни случувања немаат терк

според кој можат да се профилираат. Изборот е секогаш резултат на понудата што се има на располагање и намерите на организаторот.

Вклучувајќи го концертот на Оркестарот на народни инструменти

и ора „Етно“ од Струмица во програмата на „Културно лето 2013“ организаторот сигурно се водел од претпоставката дека со тоа ќе го задоволи вкусот на музичките сладокусци.

На 3 август се покажа дека претпоставките биле основани.

Со препознатливото двогласно машко пеење изнедрено во македонските простори, пропратено со традиционални народни инструменти, „Етно“ ги „рашета“ љубителите на изворниот народен мелос што присуствуваа на концертот, низ сите краишта на Македонија доловувајќи им ја сета убавина што ја осмислил народниот творец.

Струмичани го доловија Тенеси ВилијамсМестото водечки амарикански

драматичар Тенеси Вилијамс го освои со драмата „Стаклена менажерија“.

Таа е чувствителна психолошка студија за една девојка која е во конфликт со реалноста. Авторот, самиот израстен на американскиот Југ, кој и бил во постојана секојдневна борба за преживување, во своите драмски дела обработува теми од животот на обичните луѓе.Драмата „Стаклена менажерија“, напишана во 1945 година во која, како и во сите негови дела, обилно се служи со симболи и со лирски примеси заради постигнување сценски ефекти, била одлично прифатена и од публиката и од

стручната критика.Младиот театар од Струмица,

кој скоро секоја година учествува на „Богданските средби“ и приредува пријатни изненадувања со изборот на текстови, вешто воден од

диригентската палка на режисерот Кире Георгиев и годинава, иако во нестандардни, такаречи камерни услови, на 14 август успеа на богданчани да им го долови вистинскиот Тенеси Вилијамс.

Дождот го прекина концертотНа Пејачката група „Распеани

Валандовчани“ и Пејачката група „Весела тајфа“ на Здружението на пензионери од Богданци кои, во рамките на „Културно лето 2013“, на 10 август имаа заеднички концерт на староградски песни, времето не им беше наклонето. Многубројната публика која беше почнала да се внесува во болшепството какво што знае да биде создадено во слушањето на староградски песни, внимателно одбрани од богатата ризница на

македонското традиционално народно песнопојство, мораше да се разбега под притисокот на дождот што почна да се истура во градскиот парк веднаш после првиот блок песни во кој се изменија двете пејачки групи и беа го почнале вториот блок.

Концертот беше прекинат, но забавата продолжи. Пензионерите и членови на пејачките групи, под сушините на блиската кафеана си ја продолжија забавата.

БраќатаПостои една поговорка која

вели дека никој не може да биде пророк во своето место. На 17 август, браќата Бранко и Влатко Сапламаеви го урнаа тврдењето искажано со поговорката. Тие таа вечер беа, не пророци, туку лично богови на музиката што онака, незадолжително, од средината на кругот во Градскиот парк, умешно избран како сценски простор, умешно им ја потфрлија на своите пријатели и почитувачи на нивната музика и, воопшто, на сите љубители на музиката сфатена како незаменлив генератот на убавото расположение, што како ореол се беа собрале околу местото на случувањето.

Случувањето се викаше „Концерт за две пијана“ или така некако, ама беше тоа што било замислено да биде и беше.

Навестувајќи дека концертот му го посветуваат на нивниот прерано починат татко, тие, менувајќи се пред клавишите на разните клавијатури и префрлувајќи се од тема на тема, зачинувајќи го сето тоа со вербални досетки, на општо задоволство на присутните, го претворија настапот во апотеоза на убавината каква што само музиката може да пружи. И нивните гости, Васко Прочков и Наталија Данаилова кои исполнија по една песна, беа на висина на задачата.

Соопштението од кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Доделен стан на дете без родители

Page 7: Pogled Br.53 Avgust 2013

7ПОГЛЕД ,Август 2013

П е н з и о н е р и те п р о ш е та а д о Рож е н , М е л н и к и Р и л с к и о т м а н а с т и рМногу жешкото и доста

спарно време не беше некоја сериозна причина пензионерите од Општина Богданци на 14 август 2013 г., по скоро петчасовно патување со автобус, пешки да не ја искачат делницата по која требаше да стасат до гробот на Јане Сандански, македонскиот ревелуционер од илинденскиот и поилинденскииот период, и до Роженскиот манастир.

Иако меѓу екскурзијантите имаше пензионери на доста голема возраст, никој не ја пропушти шансата да се искачи до Роженскиот манастир.

По краткиот престој во манастирскиот комплекс пензионерите, повторно пешки, слегоа по планината за да продолжат до Мелник.

Во Мелник ги посетија познатите мелнички винарии и стари куќи уредени во традиционален народен стил.

Паузата за ручек и шопинг беше дадена во градот Сандански.

По ручекот, околу 16 часот, автобусот и комбито со кои се возеа пензионерите на еднодневната

екскурзија во Република Бугарија, се упати кон планината Рила каде што се посети познатиот Рилски манастир.

Иако врелината на августовското сонце сеуште беше голема, патувањето беше поподносливо бидејќи планинскиот воздух веќе ја имаше препознатливата свежина, а и патот минуваше низ планински честари чии крошни го засенуваа коловозот и патувањето го правеа попријатно.

Мноштвото автомобили што се движеа во двете насоки укажуваше дека интересот за посета на познатиот манастир сместен во пазувите на планината Рила е доста голем. Регистарски таблици на автомобилите носеа знаци од разни европски земји.

Еден мал дел од пензионерите веќе од порано го имале посетувано овој манастирски комплекс, но повеќето за првпат се сочија со велелепноста на преубавите градби од кои некои, според написите по нивните фасади и според податоците во туристичките мапи, стари со векови.

Првата средба со манастирот беше „навалата“ кон чешмата во неговото предворје од чиј ледени планински води што течеа низ двете чепорки, пензионерите ја „угасија“ својата дехидрираност предизвикана од обилните потења и сувоста на врелиот воздух на кој ниту моќната автобуска клима не му можеше ништо.

Планинскиот амбиент многукратно го беше направило подносливо патувањето, ама огненото искуството од патувањето до пред влегувањето во Рила сеуште и даваше впечаток на општата состојба. Рилскиот манастир има активна обитељ од монаси кои во време на пристигнувањето ја обавуваа својата попладневна литургија што низ отворената црковна врата се слушаше и надвор. Тоа, заедно со биењето на камбаните од манастирската црква, кај сите што во тој момент беа во дворот на манастирот формираше чувство на внатрешна смиреност. Нагласеното шаренило од бои

и градителски креации со кои дрвото и другите градежни се испреплетуваат во техниките на градење карактеристични за сите изминати векови, сето тоа во еден грамаден колоритен спој, предизвикуваше, пак, чувство на почит, ако не и некоја прикриена богубојажливост.

Ако кон сето тоа се додаде и сугестивноста за силата на природата која се наметнуваше со кркорењето на распенетите води од реката која минуваше под самата споредна манастирска порта и се струполува надолу низ планината, човек не можеше да се отргне од помислата дека со голем настојчивост и определеност, на времето, се одбирала локацијата за поставување на манастирот.

Откако пензионерите се снабдија со сувенири од трафиките за таа намена поставени насекаде наоколу, автовусот и комбито можеше да го продолжат патувањето, сега веќе во правец на Петрич., граничниот премин Ново Село и Република Македонија.

Како гости на екскурзијата на пензионерите од Општина Богданци беше една група пензионери од Здружението на пензионери од Општина Валандово.

Желбата последното кафе во Бугарија да се испие во мотелот „Мамин Кољо“ во близина на градот Сандански, основан од македонскиот комита Никола Арнаудов со потекло од Стојаково кој живеел во Сандански и по чиј прекар, Мамин Кољо, бил наречен мотелот, на пензионерите не им се оствари затоа што мотелот не работеше.

Низ автобусот проструи муабетот дека следната, во случајот дводневна, екскурзија на пензионерите од Општина Богданци ќе биде организирана до Врњачака Бања во Република Србија, што беше знак дека пензионерите беа задоволни од текот на оваа еднодневна екскурзија.

Разиграноста на младоста

Може да се рече дека оние што не знаеја точно за што станува збор по малку беа сомничави кон онаа што беше најавено како настан.

Кога од конферансата беше објаснето дека Студиото за модерен балет “ Sweet dance” од Богданци се ентузијасти кои се обидуваат да се најдат себе си во модерниот балет и дека зад себе, иако со не толку долг стаж на постоење, веќе имаат присобрано доста успеси токму во тоа што таа вечер на 24 август ќе се обидат да презентираат, ништо од сомнежите не беше развеано.

Потоа букна музиката и вулканот експлодира.

Ерупција од бели, црно-црвени, пругасти и какви се не

комбинации разиграна младоста, носена од музиката за танцување што го зароби Градскиот парк каде што се случуваше настанот, во бранови ја поплавуваше сцената.

Од сомнежите не остана ниту

трага. Аплаузите со кои публиката, во прекрасно расположение, ги наградуваше младите танцувачи беа потврда за тоа. Потврда и за „Културно лето 2013“ дека не се згрешило во изборот на програмата за таа вечер.

Соопштението од кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Доделен стан на дете без родители Драган Костиќ е дете без

родители. До својата осумнаесетта година престојувал во Домот за деца без родители и родителска грижа. По стекнувањето полнолетство тој го губи правото да престојува во Домот, но и натаму е во евиденцијата на Министерството за труд и социјални работи во Програмата за деца без родители и родителска грижа, во категоријата од 18 до 26 години.

Владата на Република Македонија има Програма за доделување станови на деца што растеле без родители и родителска

грижа.Драган Костиќ поднесе барање

до Општина Богданци да му биде доделен стан од Програмата за доделување станови на деца без родители.

Барањето, заедно со документацијата беа доставени до Министерството за труд и социјална политика и до Комисијата за станбени прашања при Владата на Република Македонија.

На 21 август 2013 година се потпиша договор и на Драган Костиќ му беа предадени клучеви

од еднособен стан што му е даден на неопределено време за кој ќе плаќа определена кирија. Станот е во зграда во Гевгелија.

Сега се прават напори, преку акцијата „Топол дом“ на Министерството за труд и социјални работи, станот да му се опреми со покуќнина.

Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, присуствуваше на чинот на доделување на станот каде што ја истакна значајноста на помошта што им се дава на лицата на кои таа им е потребна.

Стандардно добри

Ако минатата година на Здружението КУД „Бранд Петрушев“, Богданци му беше доделена улогата да го отвори Средбите, годинава ја имаше честа на 29 август да го затвори „Богданско културно лето 2013“.

КУД „ Бранд Петрушев“ кој со своето дваесетипетгодишно постоење се има веќе солидно етаблирано во културно-уметничките случувања во Богданци и овој свој настап го одработи стандардно добро.

На публиката и презентираше повеќе кореографии од својот богат репертоар.

Истовремено беа претставени и различни генерации играорци преку кои Друштвото го негува традиционалниот македонски фолклор. Гости на концертот им беа членовите на Фолклорната секција од Стојаково.

И публиката не остана

рамнодушна.Понесена од тоа што се

случуваше на сцената таа знаеше секоја изведба да ја награди со ракоплескање.

Page 8: Pogled Br.53 Avgust 2013

8 ПОГЛЕД ,Август 2013

Парола на месецот Одекот на едно одамна минато време (вторпат)

Црни точки

Кантар не ја фаќа неискреноста на нашето родољубие.

Од една страна полни ни се устите со патритизам од друга страна тоа да ми ти било само така -кажување.

Од една страна по телевизиите до бесвест се пенавиме за големините на нашите два најголеми 2-ри августовски случувања, крушевското и прохорпчинското, од друга страна роса не не роси кога на календарот ќе се соочиме со црвенилот на датата по календарите која покажува дека токму тој ден е вториот ден од август кој, меѓудругото, е државен празник.Од една страна на децата по училиштата им солиме ака’л за светоста на на денот кога нашиот напатен народ одлучил да крвави за својата слобода и денот кога тој ист напатен народ, гордо можел да каже дека вековниот идеал за слобода е остварен., а од друга страна им покажуваме дека тоа што им го кажуваме по училиштата и не мора да е баш така.

Петокот на 2 август во Богданци беше само првиот ден од продолжениот викенд кој беше продолжен токму заради тој 2 август. Тој ден со ништо друго не бевме сепнати. Ниту знамиња по бандерите, ниту цвеќиња за загинатите ниту јавен збор објаснување за значењето на Денот на поради кој сме ги изнеле знамињата и им изразуваме почит на оние кои дале нешто за остварување на идеалот на слободата. Ама баш, ништо.Од толку општински службеници на никој ли не му се сони дека празник не жирави, па да се преземеше нешто на тој план. Или доволно им е што календарот покажува дека почнува нов, па ќе им дојде и нова платичка.

Од толку запалени партиски

активисти кои со душа чекаат нивната партија да се добере до некаква власт или барем позиција во власта, па да се офајдат од тоа, на никој ли не му застана погледот на календарот за да види дека 2 август е обележан со различна боја од другите денови па да им шепнат на нивните партиски лидери дека треба да подготват обележување на Празникот.Попусто секоја вечер ги светат сијалиците по партиските штабови. Само трошат струја која, вака или така, сите ние ја плаќаме.

Сеуште ни одѕвонува во ушите колнењето од единаесетте советници дека ... ќе ги штитат и чуваат придобивките... и така натаму.

Изборната програма на градоначалничката треба да и е некаде на бирото. И во неа сигурно има дел кој се бави со традициите и историјата.

Стојан Воданов, претседателот на Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, со кои очи ќе ги погледне портретите на револуционерите што им се закачени по ѕидовите на Штабот, кога заборави да им го спомне делото и да не потсети нас другите на тоа.

Блаже Шапов, претседателот на Општинската организација на СДСМ, се запрашал ли некогаш како ќе и обезбедува мнозинство гласови на својата партија во Богданци, ако не „лови“ поени на пропустите од „другите“ ,

И, на крајот, борците. Или некој во нивно име. Сеедно ли им е кога гледаат како врз нивното дело се таложи прашина.

Со ваквиот јавашлук до тука бидува.

Никој никого не тегнел за ушите да презема општествена одговорност. Но, кога веќе ја презел треба да биде одговорен кон одговорноста.

Родољубието наше неискрено

Ако повеќе од една личност е одговорна за завршувањето на некоја

работа, никој нема да биде виновен кога таа работа нема да се заврши.

Од „Законите на Марфи“

Драги Семенпеев-Цапе, Иво Попов, Миро Радески, Бети Петкова, Мите В. Чакалов, Милчо М. Ванов и уште некои други, под закрила на Месната организација на Сојузот на социјалистичката младина на Социјалистичка Република Македонија (предолго име што значеше едно: младите од Богданци организирани за да можат да си ги задоволуваат своите младински потреби) кон крајот на седумдсеттите и почетокот на осумдесеттите години од столетието што замина се беа соединиле околу Младинската ликовна секција „Бо-Џо“. Оваа „Бо-Џо“ беа првите слогови од името на Месната заедница Богданци која го носеше името на во Втората светска војна трагично загинатиот родољуб

Борис Џонов.Треба солидна севкупна

анализа за да се открие силата на восхитот кој ги беше обзел овие млади ентузијасти. Си твореа тие во секцијата и секој 1-ви Април, Денот на шегата, во просториите на Шаховскиот клуб во Богданци приредуваа изложба на карикатури збогатена со афоризми напишани од членовите на литературната секција. Во чест на 10-ти Октомври, Денот на ослободувањето на Богданци, во истиот изложбен простор членовите на „Бо-Џо“ приредуваа изложба на ликовни дела.

Од времето на тие случувања има поминато триипол децении. Некои каракатури и денес изгледаат свежо. Пораките што ги носат се

сосема разбирливи.Во наредните неколку

броја „Поглед“, како еден вид ретроспектива, ќе претстави некои од нив.

И за овој број е одбрана карикатура од Драги Семенпеев Цапе.

Во осумдесет и втората, кога е создадена ги немаше денешниве изборни кампањи на кои политичерите не отекуваат со своите изборни ветувања, но имаше фурумски говори кои подеднакво убиствено дејствуваа на „рајата“.

Тогаш „ рајата“ беше работничката класа.

Денес „раја“ се граѓаните. Ветувањата и се различни. Но и тие и тие „отекуваат“.

Зошто времето ни е застанато?Безброј пати „Поглед“ има

пишувано дека граѓаните на Богданци не се согласуваат да гледат кон градските часовници кои не покажуваат ништо.

Часовниците не се вечни.Часовниците се апарати кои се

расипуваат.Но, часовниците се апарати

кое се поправаат.Часовницитесе нешта кои

можат да бидат заменети.Граѓаните на Богданци не се

многу задоволни што градскиот часовник не е во функција.

Што не го мери времето.Во Богданци времето одамна е

застането.Секој богданчанец го знае тоа, оти го чувствува на своја кожа.

Но потврда за тоа не мора да им биде давана од градскиот часовник. А тој на сите четири страни на светот праќа порака дека времето во Богданци е застанато.

Никој за тоа да не го заболе глава премногу е за едно Богданци.

Ако тие што треба да го држат часовникот во кондиција не можат да го прават тоа јавно нека ја објават својата моќ.

Или нека го докажат спротивното. Нека го стават часовникот во функција.

Богданци си го бара назад часовникот. Исправен и точен.

Ако една слика не е доволна „Поглед“ на увид дава дури три.

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ