Pogled Br.64 Juli

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 64 Јули 2014 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.8 стр.6 Нов режим на паркирање во Богданци Аглите на гледање Канцеларија на Агенцијата за вработување во Богданци Просторот е слободен за рекламирање. Заинтересираните да се јават во “Поглед” Програмата за „Богданско културно лето 2014“ „Според Програмата Манифестацијата „Богданско културно лето“ за 2014 година ќе трае од 12 јули до почетокот на септември. И годинава Манифестацијата, со поддршка на Општина Богданци и Министерството за култура на Република Македонија, е во организација на Домот на културата „Бранд со Петрушев“ Богданци. Забележително во Програмата е што на репертоарот на „Богданско културно лето 2014“ главно се наоѓаат содржини изведувани од локалниве изведувачи. Во саботата, на 12 јули, кога практично беше и официјалното отворање на „Богданско културно лето 2014“, во Амфитеатарот во Паљурци, познатиот актер Петар Темелковски ја изведе монодрамата „Да се биде Македонец“ работена по негов текст пишуван според посланијата на Апостол Павле од Новиот завет на Библијата. Претставата, пред која Илија Тумбов кажуваше Слово за светиот Апостол Павле, почна во 21 часот. На 18 јули, петок, со почеток во 21 часот, во кафе барот „Les Amies“ концерт одржа рок групата „Pixel“. Кај Автобазата на „Млаз“ во Дубрава, во саботата на 19 јули, со почеток во 18 часот, во организација на Reapers MC Makedonija , се одржа мото собир/ хепенинг. На 20 јули, недела, кога е и Панаѓурот во Стојаково, тежиштето на „Богданско културно лето“ се префрла во Стојаково каде, во дворот на основното училиште, со почеток во 21 часот, се организира рок концерт. За КУД „Бранд Петрушев“ е резервиран просторот во Градски парк и терминот на 25 јули, петок, за да одржат целовечерен концерт чиј почеток е определен да биде во 21 часот. „Летечките пекинезери“, во четврток на 31 јули, во Градскиот парк, со почеток од 21 часот, ќе одржаат JAZZ концерт. На 1август, петок, во кафе барот „Emporio“ ќе се организира изложба на фотографии од Ивана Паункова + Mozaik kollektiv. Изложбата ќе биде отворена во 21 часот. Во Градскиот парк , на 7 август, четврток, со почеток во 21 часот, ќе има Акустична дружба со пријатели. Акустичниот концерт на SAB BROTHERS на кои ќе им се придодадат Ѓокица и Гишо, со почеток во 21 часот, планирано е да се одржи во сабота на 9 август во Градскиот парк . Поетска вечер со Благој Караколев предвидено е да има во четвртокот на 14 август. Поетската вечер ќе се одржи во Амфитеатарот во Паљурци со почеток од 21 часот. Во Градскиот парк, во петокот на 15 август, со почеток од 21 часот, Младиот драмски театара од Струмица ќе ја изведе претставата „Свадбата на Мара“ во режија на Кире Ѓоргиев. Претставата е работена според текстот „Малограѓанска свадба“ на Бертол Брехт. Балетското студио SWEET DANCE ќе има свој настап во Градскиот парк во средата на 20 август од 21 часот. На 25 август, понеделник , во Клубот на пензионерите од 21 часот ќе биде отворена Изложба на филмски рекламни материјали и стари списанија за филм од приватната архива на Илија Тумбов. Напоредно со изложбата која ќе биде отворена од 25 до 31 август, во времето од 9 до 11 часот претпладне и од 18 до 21 часот попладне, во вечерниот термин од 20 часот, секојдневно, ќе се прикажуваат документарните филмови за Богданци: „Свилен конец“ и „Во долината на цветовите“. Ристо Димитровски, Мери Петрушева и Валери Заров во четвртокот на 28 август, во Амфитеатарот во Паљурци ќе одржат Акустичен концерт на македонски евевергрини. Почетокото на концертот е закажан за 21 часот. Во рамките на „Богданско културно лето 2014“, од 28 до 31 август , од четврток до недела, ќе се организира Младински камп. Младинскиот камп ќе се организира во светилиштето Паљурци. За 29 август, петок, планиран е завршен целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мегдан“. Концертот со почеток Советот на Општина Богданци Дваесеттата седница ја одржа со седум советници стр.2 во 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. Последна содржина на манифестацијата „Богданско културно лето 2014“ ќе биде завршната вечер на Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ во сезоната 2014 година на која ќе биде отворена изложба на графики изработени од учесниците на Графичката работилница. Изложбата ќе биде отворена од 20 часот во Изложбениот салон на Печатницата „Софија“ кога на присутните ќе им бидат претставени годинешните учесници на Графичката работилница и нивниот ментор и ќе им бидат доделени дипломи за учество на Графичката работилница. Организаторот на Богданско културно лето“ си го задржува правото за измени во репертоарот на „Богданско културно лето“ што ќе бидат предизвикани од временските климатски прилики и од непредвидливи и неиспланирливи состојби што можат да се случат и да го попречат редоследот на планираните содржини.. Термините, учесниците, содржините што ќе бидат презентирани и насловите на изведувачите и учесниците на „Богданско културно лето“, во текстов се предадени така како што се напишани во официјалната програма на Манифестацијата. Веќе два месеца во Богданци функционира подрачна канцеларија на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Канцеларијата се наоѓа на катот од општинската зграда во која е сместен кабинетот на градоначалникот. Таа е дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија во Гевгелија и е еден вид подрачна канцеларија која ќе им пружа услуги на граѓаните од Општина Богданци и на граѓаните од Општина Дојран. Канцеларијата на Агенцијата за вработување во Богданци ќе биде отворена секој работен ден од 8,30 до 16,30 часот. Реализацијата на овој проект како цел ги имаше подобрувањето на услугите за корисниците на пазарот на трудот и овозможувањето на ефикасно и ефективо решавање на нивните барања. Со дисперзираната канцеларија се олеснува пријавувањето на невработените граѓани од Општина Богданци и Општина Дојран и им се прави подостапно запознавањето со активните мерки за вработување. И правните лица од Општина Богданци и Општина Дојран ќе имаат корист од оваа канцеларија затоа што во неа ќе можат да вршат пријавување и одјавување на работници. Околу 700 активни баратели и околу 300 пасивни баратели на работа услугите што досега им биле пружани во Центарот за вработување во Гевгелија сега ќе можат да ги добиваат во Дисперзираната канцеларија во Богданци. Даница Гавриловска, раководителка на Центарот за вработување во Гевгелија, на церемонијата при отворањето на Канцеларијата јавно им се заблагодари на Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на РМ и на Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци за ангажирањето и помошта што ја дале за отворањето Дисперзираната канцеларија. Од возобнувањето на локалната самоуправа во Богданци, Агенцијата за вработување е третата државна служба (по Канцеларијата на Полицијата и Шалтерот на Управата за јавни приходи) што отвори свое претставништво во Богданци. Разговор со Кире Ѓоргиев, режисер Вознес на драмскиот аматеризам во „Богданци“ тел. 034/ 222-766 Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected] изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.64 Juli

Page 1: Pogled Br.64 Juli

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 64 Јули 2014

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.8стр.6

Нов режим на паркирање во Богданци

Аглите на гледање

Канцеларија на Агенцијата за

вработување во Богданци

Просторот е слободен за

рекламирање.

Заинтересираните да се јават во “Поглед”

Програмата за „Богданско културно лето 2014“ „Според Програмата

Манифестацијата „Богданско културно лето“ за 2014 година ќе трае од 12 јули до почетокот на септември.

И годинава Манифестацијата, со поддршка на Општина Богданци и Министерството за култура на Република Македонија, е во организација на Домот на културата „Бранд со Петрушев“ Богданци.

Забележително во Програмата е што на репертоарот на „Богданско културно лето 2014“ главно се наоѓаат содржини изведувани од локалниве изведувачи.

Во саботата, на 12 јули, кога практично беше и официјалното отворање на „Богданско културно лето 2014“, во Амфитеатарот во Паљурци, познатиот актер Петар Темелковски ја изведе монодрамата „Да се биде Македонец“ работена по негов текст пишуван според посланијата на Апостол Павле од Новиот завет на Библијата. Претставата, пред која Илија Тумбов кажуваше Слово за светиот Апостол Павле, почна во 21 часот.

На 18 јули, петок, со почеток во 21 часот, во кафе барот „Les Amies“ концерт одржа рок групата „Pixel“.

Кај Автобазата на „Млаз“ во Дубрава, во саботата на 19 јули, со почеток во 18 часот, во организација на Reapers MC Makedonija , се одржа мото собир/ хепенинг.

На 20 јули, недела, кога е и Панаѓурот во Стојаково, тежиштето на „Богданско културно лето“ се префрла во Стојаково каде, во дворот на основното училиште, со почеток во 21 часот, се организира рок концерт.

За КУД „Бранд Петрушев“ е резервиран просторот во Градски парк и терминот на 25 јули, петок, за да одржат целовечерен концерт чиј почеток е определен да биде во 21 часот.

„Летечките пекинезери“, во четврток на 31 јули, во Градскиот парк, со почеток од 21 часот, ќе одржаат JAZZ концерт.

На 1август, петок, во кафе барот „Emporio“ ќе се организира изложба на фотографии од Ивана Паункова + Mozaik kollektiv.

Изложбата ќе биде отворена во 21 часот.

Во Градскиот парк , на 7 август, четврток, со почеток во 21 часот, ќе има Акустична дружба со пријатели.

Акустичниот концерт на SAB BROTHERS на кои ќе им се придодадат Ѓокица и Гишо, со почеток во 21 часот, планирано е да се одржи во сабота на 9 август во Градскиот парк .

Поетска вечер со Благој Караколев предвидено е да има во четвртокот на 14 август. Поетската вечер ќе се одржи во Амфитеатарот во Паљурци со почеток од 21 часот.

Во Градскиот парк, во петокот на 15 август, со почеток од 21 часот, Младиот драмски театара од Струмица ќе ја изведе претставата „Свадбата на Мара“ во режија на Кире Ѓоргиев. Претставата е работена според текстот „Малограѓанска свадба“ на Бертол Брехт.

Балетското студио SWEET DANCE ќе има свој настап во Градскиот парк во средата на 20 август од 21 часот.

На 25 август, понеделник , во Клубот на пензионерите од 21 часот ќе биде отворена Изложба на филмски рекламни материјали и стари списанија за филм од приватната архива на Илија Тумбов. Напоредно со изложбата која ќе биде отворена од 25 до 31 август, во времето од 9 до 11 часот претпладне и од 18 до 21 часот попладне, во вечерниот термин од 20 часот, секојдневно, ќе се прикажуваат документарните филмови за Богданци: „Свилен конец“ и „Во долината на цветовите“.

Ристо Димитровски, Мери Петрушева и Валери Заров во четвртокот на 28 август, во Амфитеатарот во Паљурци ќе одржат Акустичен концерт на македонски евевергрини.Почетокото на концертот е закажан за 21 часот.

Во рамките на „Богданско културно лето 2014“, од 28 до 31 август , од четврток до недела, ќе се организира Младински камп. Младинскиот камп ќе се организира во светилиштето Паљурци.

За 29 август, петок, планиран е завршен целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мегдан“. Концертот со почеток

Советот на Општина Богданци Дваесеттата седница ја одржа со седум советници

стр.2

во 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк.

Последна содржина на манифестацијата „Богданско културно лето 2014“ ќе биде завршната вечер на Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ во сезоната 2014 година на која ќе биде отворена изложба на графики изработени од учесниците на Графичката работилница.

Изложбата ќе биде отворена од 20 часот во Изложбениот салон на Печатницата „Софија“ кога на присутните ќе им бидат претставени годинешните учесници на Графичката работилница и нивниот ментор и ќе им бидат доделени дипломи за учество на Графичката

работилница.Организаторот на Богданско

културно лето“ си го задржува правото за измени во репертоарот на „Богданско културно лето“ што ќе бидат предизвикани од временските климатски прилики и од непредвидливи и неиспланирливи состојби што можат да се случат и да го попречат редоследот на планираните содржини..

Термините, учесниците, содржините што ќе бидат презентирани и насловите на изведувачите и учесниците на „Богданско културно лето“, во текстов се предадени така како што се напишани во официјалната програма на Манифестацијата.

Веќе два месеца во Богданци функционира подрачна канцеларија на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Канцеларијата се наоѓа на катот од општинската зграда во која е сместен кабинетот на градоначалникот. Таа е дисперзирана канцеларија на Центарот за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија во Гевгелија и е еден вид подрачна канцеларија која ќе им пружа услуги на граѓаните од Општина Богданци и на граѓаните од Општина Дојран.

Канцеларијата на Агенцијата за вработување во Богданци ќе биде отворена секој работен ден од 8,30 до 16,30 часот.

Реализацијата на овој проект како цел ги имаше подобрувањето на услугите за корисниците на пазарот на трудот и овозможувањето на ефикасно и ефективо решавање на нивните барања.

Со дисперзираната канцеларија се олеснува пријавувањето на невработените граѓани од Општина Богданци и Општина Дојран и им се прави подостапно запознавањето со активните мерки за вработување.

И правните лица од Општина Богданци и Општина Дојран ќе имаат корист од оваа канцеларија затоа што во неа ќе можат да вршат пријавување и одјавување на работници.

Околу 700 активни баратели и околу 300 пасивни баратели на работа услугите што досега им биле пружани во Центарот за вработување во Гевгелија сега ќе можат да ги добиваат во Дисперзираната канцеларија во Богданци.

Даница Гавриловска, раководителка на Центарот за вработување во Гевгелија, на церемонијата при отворањето на Канцеларијата јавно им се заблагодари на Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување на РМ и на Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци за ангажирањето и помошта што ја дале за отворањето Дисперзираната канцеларија.

Од возобнувањето на локалната самоуправа во Богданци, Агенцијата за вработување е третата државна служба (по Канцеларијата на Полицијата и Шалтерот на Управата за јавни приходи) што отвори свое претставништво во Богданци.

Разговор со Кире Ѓоргиев, режисер

Вознес на драмскиот аматеризам во „Богданци“

тел. 034/ 222-766

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери

Page 2: Pogled Br.64 Juli

2 ПОГЛЕД , Јули 2014

Од Дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Советот одржа седница со седум советници

Известувач: Илија Тумбов

На 24 јули 2014 г. (четврток) Советот на Општина Богданци ја одржа својата дваесетта седница. Со седницата на која присуствуваа само 7 советници (отсутни беа Стојан Воданов, Катерина Чрчева, Душко Енџекчев и Кристијан Тодоров), претседаваше Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци.

На седницата оправдано (така беше објаснето) не присуствуваше ниту Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Едногласно, без измени и забелешки, советниците го освоија Записникот од Деветнаесеттата седница на Советот на Општина Богданци.

Едногласно, советниците го усвоија и дневниот ред за работа на седницата од осумнаесет точки кој, како предлог, беше доставен со материјалите за седницата.

*Точка 1:-По образложението Симона Савиќ од општинската администрација што го даде по Кварталниот извештај на Буџетот на Општина Богданци за периодот април-јуни 2014 година се отвори расправа.

Советникот Борис Ванчев го интересираа некои податоци од приходната страна кои се прикажани како повисоки за кој тој смета дека не се на што му беше дадено објаснување со кое тој делумно се согласи. Истовремено забележа дека во првиот квартал Советот се посочуваше за виновен затоа што во Општината не се работело ништо бидејќи не бил донесен Буџетот на Општина Богданци, но и во вториот квартал не се гледа дека во Општината се работело нешто, а кон Советот не може да се покаже дека е виновен за нешто. И за тоа му беше дадено објаснување во кое, главно, се велеше дека некои работи се завршени, но се платени во јули и како реализација ќе се јават во наредното тромесечие без разлика што работата е завршена во второто тромесечие.

Во расправата се вклучи и советникот Никола Стратров кој конкретно покажа на позиции кај

капиталните расходи во Буџетот кои треба да го поттикнуваат развојот, а во извештајот се обележани со „0“.

Со 2 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци не го усвои Предлогот на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за вториот квартал во 2014 година.

Точка 2:- По образложението од Зоран Чавдаров, претставник на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ и по расправата што се отвори потоа, со 2 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“, Советот на Општина Богданци не го прифати Извештај за Завршната сметка на ЈП „Комунална чистота“ за 2013 година.

Во расправата советничката Риса Бејкова ја интересираше какви се тие трошоци за кои нема веродостојни документи на што Зоран Чавдаров и одговори дека тој како изготвувач на Извештајот нема документи за нив и не знае какви трошоци се.

Советникот Никола Стратров го интересираше зошто се толку големи издатоците за телефони на што му беше одговорено дека во „Комунална чистота“ има 3 телефони што се на тарифа од 1.000 денари и 9 телефони што се на тарифа од 500 денари. Тие што ги имаат на располагање тие телефони, ако направат сметки поголеми од тарифите, си ја доплаќаат разликата. Износите во Извештајот се дадени во вкупен износ како трошок, а доплатите на разликите се внесени како приход на претпријатието.

Советникот Ристо Енџекчев го интересираше како тоа од споредбените показатели за 2010,2011,2012 и 2013 година се гледа дека процентот на наплата се намалува, а собраните средства во износи се зголемуваат на што му беше одговорено дека сметките се плаќаат со задоцнување и како приход се бележат во годината кога се наплатени, а не во годината кога се евидентирани како долг, па затоа секоја наредна година има помал процент на наплата. Советникот Енџекчев го интересираше зошто Извештајот за Завршната сметка за 2013 година доаѓа пред Советот дури во седмиот месец од 2014 година на што му беше одговорено дека не можеле да се состанат Извршниот и Надзорниот одбор за

да се произнесат по Извештајот, но завршната сметка била предадена во законскиот рок.

*Точка 3:- Со 2 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци не го прифати Финансовиот извештај за материјалнотои финансиското работење на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ за периодот од 01.01.2014 до 31.03.2014 година. Извештајот го образложи Зоран Чавдаров, претставник на „Комунална чистота“

Во расправата советникот Блаже Шапов го интересираше зошто во Извештајот не ма прикажано приходи од продажба и монтирање бекатон плочки кога евидентно со плочки се редат јавни површини во Општина Богданци на што му беше одговорено дека со производство и услуги со бекатон плочки се почнало во вториот квартал и тие потатоци ќе бидат изнесени во извештајот за тој квартал.

*Точка 4:- Со 3 гласа „За“,1 глас „Против“ и 3 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци не ги прифати Планот и Програмата

за работа на Доброволното противпожарно друштво „Богданци“,Богданци за 2014 година.

Во присуство на Страшо Олумчев, претседател на ДППД Богданци и Васе Стамков, претседател на ДПД Стојаково

се водеше расправа по Планот и Програмата на ДППД. Во расправата се вклучија советниците Блаже Шапов, Суза Мандалова, Риса Бејкова и Борис Ванчев.

Точка 5:- На оваа точка се разгледуваше Петицијата од граѓаните што живеат на улица „Гоце Делчев“ која е дел од коритото на Љокова Река. Во Петицијата тие се жалат на состојбата на улицата која за време на обилни дождови станува порој . Советникот Ристо Киров побара од Советот да и даде поддршка на Петицијата.

Советникот Ристо Енџекчев се согласи дека треба да и се даде подршка на петицијата која треба да се прошири и на другиот дел од Љокова река чие корито е улицата „Илинденска“ и потсети дека во Програмата за уредување на градежното земјиште се наведени неколку критични точки од поплави кои треба да се обележат како приоритетни активности.

Претседавачот Блаже Шапов предложи Советот да донесе Заклучок со кој Општината ќе се задолжи приоритетно да направи добри елаборати за тие критични точки и веднаш да се почне со реализација, првенствено со Љокова Река

Советот го прифати таквиот заклучок.

*Точка 6:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на ДУП Богданци со бесправно изградените објекти на КП 8697 и 8698 во КО Богданци.

*Точка 7:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради

усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и да не се предвиди дел од улицата „Мирче Ацев“ на КП број 10260.

*Точка 8:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 8853 во КО Богданци.

*Точка 9:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 8991/2 во КО Богданци.

*Точка 10:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 10343/1 и 10343/2 во КО Богданци.

*Точка 11:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 8727/1 во КО Богданци.

*Точка 12:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени

објекти на КП 8872 во КО Богданци.*Точка 13:- Со едногласно

воздржување при гласањето не се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација и вклопување во неа на бесправно изградениот објект на КО 11768 во КО Богданци.

*Точка 14:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација и вклопување во неа на бесправно изградениот објект на КП 1539 во КО Богданци.

*Точка 15:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација и вклопување во неа на бесправно изградениот објект на КП 11529 во КО Богданци.

*Точка 16:- Со 2 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ не се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација и вклопување во неа на бесправно изградениот објект на КП 2795 во КО Ѓавото.

*Точка 17:- Едногласно се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација и вклопување во неа на бесправно изградениот објект на КП 1599/1 во КО Ѓавото.

*Точка 18: Беше резервирана за Советнички прашања и се поставуваа секакви прашања на кој немаше кој да одговори затоа што градоначалничката не беше присутна на седницата

„Овој Извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Богданци во Вториот квартал покажува дека во Општина Богданци оваа година не се работело ништо. Средствата од Буџетот се трошеле само за плати, материјали и слични трошоци. За плати се потрошени скоро половината од планираните годишни расходи, за телефони – исто, за набавка на канцелариска опрема се оди по планот. За подготвување на проекти се потрошиле 0 денари. За изградба на улици и патишта се потрошиле 5% од планираното, за изградба на

Од расправата по Кварталниот извештај за извршување на Буџетот за вториот квартал 2014 г.:

Никола Стратров, советник

мостови-0 проценти, за изградба на разни други капацитети во делот „Капитални расходи“ се потрошени 0 денари, а биле планирано 650.000 денари. Има и други примери. За првото тромесечие виновен беше Советот оти не го беше донел Буџетот за 2014 година. Кај кого треба да се бара вината што и во вториот квартал не се работело ништо?

Од расправата по Извештајот за Завршната сметка на „Комунална чистота за 2013 г.

Риса Бејкова, советничка

„Цитирам: -Мора да се знае дека во Годишната сметка се појавуваат само трошоци за кои ЈП „Комунална чистота“не поседува веродостојни документи, трошоците кои се реално направени, но за кои во претпријатието не постојат документи и не се искажани во овие

извештаи.’Така стои напишано во

текстуалниот дел од Извештајот.Ќе мора да ми се објасни какви

се тие трошоци кои се направени, кои се платени, а за кои во претпријатието не постојат веродостојни документи. И да ми се каже како е можно тоа?“

-Страшо Олумчев:- Постигнавме договор ДПД Стојаково да дежурат во состав на Униформираната единица на ДППД Богданци .Според Финансискиот план за 2014 година за месечен надоместок, персонален данок и осигурување ( 7 доброволни пожарникари по 7.000 денари месечно) ќе ни требаат 670.133 денари. За гориво и одржување на возилата 160.000 денари. За униформи 38.000 денари. За книговодствени услуги, и други трошоци 61.867 денари или вкупно ќе ни требаат 930.000 денари Според Планот и Програмата за работа во јануари, февруари,март и април 2014 година ќе се докомплетира единицата, возилата ќе се стават во функција, ќе има вежбовни активности и ќе се едуцираат граѓаните. Во мај, јуни, јули, август и септември ќе се прават подготовки за летните пожари и превентивни активности. Во октомври, ноември и декември се планира работа со младите пожарникари и учества на првенства.

Блаже Шапов:- Во каква состојба е ДППД и во чија сопственост е опремата?

Страшо Олумчев:- Ако добиеме средства единицата ќе се активира веднаш. Опремата е дадена на ДППД, но донаторите и ја предаваа на Општината и затоа се

води како средства на Општината.Суза Мандалова:- Во

Програмата е наведена само потребата од финансиски средства. Нема наведено конкретни активности и дејствија. Имаше поплави, но пожарникарите никаде не излегоа на терен. Здружение на граѓани сте, а очекувате средства само од Општината.

Васе Стамков:-Во минатите 4 години секогаш излегувавме на терен кога и да имаше потреба од тоа.

Риса Бејкова:- Дали овие 980.000 денари што треба да им се дадат на пожарникарите ги има Општината?

Блаже Шапов:- Тие средства се планирани со Буџетот. Не сакам да згасне ДППД. Ако згасне никогаш нема повторно да се формира.

Суза Мандалова:- Јас не размислувам поинаку, но не сме во полн состав, па се прашувам дали можеме да одлучуваме полноважно?

Страшо Олумчев:-Ако треба да постои ова Друштво треба сега да се одлучи. Влегуваме во сезона на пожари и Единицата треба да биде подготвена.

Борис Ванчев:- До крајот на годината остануваат уште 5 месеци. Во Програмата се бара 930.000 денари. Ќе треба да ја задолжиме Општината да го исплати целиот износ или само за овие 5 месеци?

Од расправата по Планот и Програмата за работа на ДППД за 2014 г.

Page 3: Pogled Br.64 Juli

3ПОГЛЕД , Јули 2014

VOX P O P U L I”Qui nimium probat, nihil probat “

(Кој премногу докажува, ништо не докажува)

Воден од горната аксиома мислев дека не е нити време, ниту место за да укажам на еден проблем кој засега голем дел од населениото во богданци и ме засега лично мене.

Не за џабе старите и умни глави, низ поговорки и гатанки, ја искажувале целата вистина на Унивезумот, па така и онаа: „Онаа јагне што блее, тоа ќе цица“.

Се работи за константниот проблем што го имаат жителите на улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ или, од памтивек, таканаречената, Љокова Река.

Од кога се возобнови Општина Богданци оваа делница е рак-рана за општинските власти.

Реката во чие корито се сместени улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ е повеќе порој отколку река, ама отсекогаш им создавала константни проблеми на жителите

чии живеалишта гравитираат кон неа.

Се правеа одредени зафати за санирање на состобите на овие улици, но сето тоа повеќе беше шминка отколку решавање на проблемот.

Каналот кој беше направен по долниот дел на Љокова Река е полн погодок, но малку поголем дожд веднаш ја влошува состојбата до алармантност.

Таков беше и последниот поголем дожд кој направи пустош. Сета Љокова Река е во катастрофална состојба. По неа не е можно човек да се движи пешки, а богами и со автомобил е проблематично.

Стари луѓе мака мачат како да стигнат до продавниците за дневната доза на леб и млеко. Што е најстрашно револтот е максимално ескалиран. Тоа се обични луѓе кои никогаш не барале многу. Си го барале (како и сега) основното право на пристоен живот згарантиран и од Бога и од уставот и од законите.

Доблесно е општинските власти да се присетат што нудеа кога бараа поддршка на изборите. Не е одамна, се памети.

Беше ветувано дека за дванаесет месеци ќе се санира Љокова Река (од Аврамови и Ампови, па до Љушеви). Луѓето паметат и

после се чувствуваат измамени. Затоа и револтот е толку голем.Моја препорака до

општинските власти (ма што и да се подразбира под оваа флоскула): Не ги изедначувајте луѓето со бројки. Знајте дека зад секоја „бројка“ има и судбина. Не ве избраа да ги „шетате“ старките и да бидете кул. Ве избраа за да им ги решавате егзистенцијалните проблеми. Да имаат по што да одат и да возат. Да им го собирате ѓубрето на време да ги снабдувате со вода за пиење и ништо повеќе. Значи основните животни прооблеми. А, богами, тоа моментално во одредени зони на Богданци го нема.

И уште нешто: Забранивте (заедно со полицијата) паркирање на главната улица од Автобуската до „Бреботекс“ .

По мене ( и не само по мене) таа е одлука која не е издржана.

Направивте ли некое испитување што тоа ќе донесе како бенефит?

Се случуваа ли сообраќајќи? И дали со оваа одлука некои

кафеани и продавници ги ставивте во понерамноправна положба од другите кај кои не е забрането паркирањето?

Колку со оваа одлука изгубија или ќе добијат продавниците, кафеаните и кафулињата?

Или, пак, обезбедивте ли доволно паркинг места за оние кои доаѓаат во Богданци (обично Грците) за да пазарат нешто?

Или пак, со оваа одлука им отворивте место на пешаците кои од познати причини не можат да одат по тротоарите, па мораат да одат по улиците?!

Не мора да одговорите. Само отидете до Гевгелија во четврток (пазарен ден) и се ќе ви стане јасно.

Затоа берете ум.Не носете паушални и

недоделкани одлуки кои не користат

на никого, а најмалку на жителите на Богданци.

ПС: Додека го пишував текстов

до мене стигна, додуша кулоарски, муабет дека Советот на Општина Богданци донел Одлука Љокова Река да се санира и нареди со павер плочки што, по мое видување за делот од Ундра до Љушеви не е добро решение (движење на камиони, трактори...), ама ај да не излезе оти само се жалам и паметувам, а за Одлуката ?!

Само да не биде онаа старата „ Не умирај магаре до зелена трева“.

ППС: Додека оваа мое пишување

стаса во јавноста Општината реагираше и на оштетениот дел од улицата „Илинденска“ нанесе нов земјен слој со што се израмнија нерамнините и улицата се оспособи за по неа да може да се оди.

Со тоа Општината го разби мојот сомнеж дека на улицата ќе се интервенира „Пред магарето да пцовиса“.

Затоа ја упатувам мојата благодарност до Општината.

Мојата благодарност ја упатувам и до Иле Илиев-Џокер што самоиницијативно се погрижил да ја обезбеди потребната земја за нивелирање на улицата.

Монтажните времени објектиУште пролетва, како

советничко, се постави прашањето за отстранување на монтажните објекти што се поставени на јавните површини во Богданци.

Прашањето беше насочено кон проверката дали се вистинити муабетите што кружат низ Богданци дека ќе отстрануваат бараките.

Одговорот беше дека до почетокот на летото ќе треба да се отстранат сите монтажни објекти што се поставени на јавни површини.

Потоа муабетите се раширија со доза на загриженост: „Ами што ќе прават тие што во такви објекти имаат отворено бизниси?“.

Некој од советниците, на друга седница на Советот на Општина Богданци, постави прашање дали ќе

може да не се отстрануваат објектите. Му беше одговорено дека нема да може затоа што прописите велат дека во монтажни објекти поставени на јавна површина ќе може да се продава само весници, цвеќе и сувенири. Дека надвор од тие намени не е дозволено ништо да се прави во такви објекти. Некој од советниците повторно се заинтересира за судбината на бизнисите што се водат во тие објекти. Му беше кажано дека сите сопственици се известени дека треба да ги отстранат бараките и имаат доволно време да си најдат деловен простор во кој ќе си го преселат бизнисот. Беше кажано дека некои веќе нашле таков простор и се преселуваат таму.

Истовремено беше кажано дека откако ќе се отстранат објектите на потегот од крстосницата на улицата „Петар Мусев“ со улицата „Маршал Тито“ до Автобуска станица, на јужната страна од улицата, и ќе се види колкав е и каков е просторот што ќе се ослободи можеби тој простор ќе се понуди на продажба за на него да се изградат деловни објекти во тврда градба.

Со почетокот на

јули уривањето на монтажните објекти се интензивира. Барака по барака објектите се отстрануваа.

„Поглед“ побара официјално објаснување за акцијата од Трајче Гогов, овластениот градежен инспектор на Општина Богданци.

-Законска обврска е и бараките треба да се кренат. Законот има важност на територијата на Република Македонија.

Отстранувањето на монтажните објекти од јавните површини допира два закона. Законот за градење и Законот за поставување времени објекти.

Објектите се отстрануваат заради реализација на урбанистичките планови, од една страна, и заради уредување на градежното земјиште од друга страна.

Законот за поставување времени објекти е прецизен и предвидува на јавни површини да можат да се поставуваат определен тип монтажни објекти и во нив да се обавуваат определени дејности.

Типот на објектите ќе се определува во согласност со предвидувањата дадени со Генералниот урбанистички план, а ќе се детализира со Деталниот урбанистички план. Тоа ќе биде одлука на Советот на Општина Богданци.

Намените што ќе можат да се обавуваат во монтажни времени објекти ги определува Законот и во

такви објекти ќе може да се врши продажба на весници, цвеќе и сувенири. Ништо повеќе од тоа не ќе може да се обавува во таквите објекти..

Локациите каде што ќе се поставуваат монтажни времен и објекти се определат со Деталниот урбанистички план.

Рокот за отстранување на монтажните времени објекти поставени на јавни површини беше до 1 јуни 2014 година. Сопствениците беа навремено известени за тоа.

Кога истече рокот, а објектите не беа отстранети, на сопствениците им беа издаде Опомени со образложение за причините заради кои објектите ќе треба да се отстранат.

Н е к о и постапија по опомените некои не.

Потоа се издадоа Решенија за отстранување на објектите. Во Решенијата стоеше дека се должни да ги отстранат објектите, а ако не го направат тоа

самостојно објектите ќе ги отстрани Општината.

Објектите се скоро сите отстранети. Останаа уште некои. Ќе се почека уште малку и ако не се отстранат ќе се донесе Заклучок за неизвршување на Решението за отстранување по што отстранувањето на објектите ќе го направи Општината.

Акцијата за отстранување на монтажните времени објекти во кои не се обавува дејност за која Законот за поставување монтажни времени објекти на јавни површини предвидува да се обавуваат во такви објекти е сериозна и се одвива според Законот.“

Пишува:

ЈованЏалев

Page 4: Pogled Br.64 Juli

4 ПОГЛЕД , Јули 2014

Пишува: ИлијаТумбов

Поглед од мојот агол

А г л и т е н а г л е д а њ е

1.Илчо Тодоровски алиас

Иљо Слонот, на мене и уште на неколкумина, на кафеанска маса, во рамките на една, по малку нервозна, дискусија ни раскажа интересна приказна:

„Еден пријател, рече, си купи автобуска линија во Скопје (За некој да не се најде затекнат: Денеска се е на продажба, па и автобуските линии.). На старо, од Франција, си купи и голем, убав, автобус за градски превоз. Се заедно вложи околу 70 илјади евра и се фрли во бизнисот за градски превоз.

По некое време одам кај него дома и го прашувам:

-Како оди бизнисот?-Арно, ми одговори. Ја возиме

линијата со син ми.-И, има ли сметка?-Има, има. Ни остануваат по

1.500, понекогаш и до 2.000 денари на ден. Ако оди така ќе биде добро.“

Што и е убавината на приказната?

И ние се прашувавме во прво време.

Потоа Иљо ни објасни.„Колкумина од нас,не

праша, се подготвени да вложат седумдесетина илјади евра во бизнис кој ќе им носи по 1.500 денари на ден?“

Се заумивме сите.Малкумина. Ептен малкумина,

да не кажам никој.Така, отприлика, му дадовме

заправо на Иљо.-Прво, ние кога би вложиле

седумдесетина илјади евра во бизнис од таков вид би завивале како волци на месечина, продолжи Иљо. Лелекот би се слушал до небото. Илјада и пет-шестотини денари ќе дадеме за семе за зелка на сто души, додека стасаме до дома ќе им покажуваме дека „ја з’ воа сем’нцито ми з’маа 25 евра“. Нема живот.

Второ, со бизнис од толкав влог ние би очекувале, ако не првиот

месец, ако не вториот, ама најдоцна четвртиот, да си купиме џип или мерцедес. Покрај живеењето на „висока нога“.

Овие луѓево од приказната – јок. Тие не се во тој филм. Не размислуваат на тој начин. Тие се задоволни ако бизнисот им е жив и ако им носи по нешто. За почеток 1.500 денари дневно им се доста.

Знаете зошто?Затоа што луѓето се Албанци.-

ја заврши Иљо приказната.Му благодарам на Иљо за

приказната. Мене ми е особено поучна. Би требало на секого да му е.

2.Кога ни беше раскажана

горнава приказна сите се согласивме со Иљо Слонот дека навистина е така и дека се зависи од аголот на гледање на работите.

Се согласивме, ама не пропуштивме шанса да го „нападнеме“ Иљо дека сака да ги брани политиките на државната власт затоа што самиот припаѓа на тој политички блок.

-И тоа фаќа место, одговори овој, ама фаќа место и фактот дека и пријателот од приказнава што ја раскажав живее во истата држава во која живееме и ние.

И нему не му е тамам, но ете барал и нашол начин како да го тера животот.

Работевме, рече, нешто во Л’гот. Не се поминува од бодлики и трски. Ништо не е изорано. Коренче од ништо не е посеано или засадено. „Немало сметка“, велат.

За што немало сметка? За од декар и половина зелка да се тера цела година живот? За од два декара јачмен да се крпи живеачката? Се сеќавате ли како си го уредуваа живеењето генерациите пред нас? Секој божји ден, буквално, секој ден, со ретки исклучоци, се тераше некоја работа. И така се доаѓаше до средства за живот. Тежок беше тој живот. Напорен. Ама се тераше. Сега сите велат дека тогаш имало пари, дека се можело да се прават куќи, да се набавува покуќнина, да се школуваат деца... Луѓето се плачеа и тогаш, ама работеа. Работеа за да преживеат. Сега ние си седиме по кафеаните, си цевчиме пијалоци и – се плачеме од тешкотиите на живеачката.- си влезе Иљо во „филмот“ и не повлече и нас.

Дека се обидуваше да ги оправда „владините реклами“ се обидуваше, ама дека беше во право - беше.

3.Се крена врева за уривањето

или отстранувањето на бараките и монтажните објекти покрај главната улица што на времето беа поставувани како времени објекти.

Бев активен учесник на спроведувањето на тие политики. Со временото поставување на монтажни објекти се бајпасираа некои актуелни потреби. Немаше изградено толку деловен простор околу прометните улици, тој што го имаше беше зафатен од големите трговски организации и се бараше начин како да се надминат некои состојби.

Целта беше да се формира чаршија. На кој начин?

Нема саатчија? Секое створение што држеше до себе на раката носеше часовник. Часовниците дома,по витрините, едновремено беа и будилници. За да бидат исправни чласовниците нужно беше во Богданци да има часовничар. Како? Дај му место за барака на „СИДО“ за да отвори дуќан во кој ќе ги поправа часовниците и проблемот се решил. Нема стаклар да ги врамува гоблените и сликите од венчањето. Дај му место за барака на Киро и проблемот се решил. Нема фотограф. Барака за „Фото“- и готово. За фризер, за шнајдер, за фризерка, за шнајдерка, за семкарница, за слаткарница...

Трафиките за цигари и весници не ги спомнувам. Цвеќарниците, исто така. И сувенирниците. Тие и со овој закон ќе можат да останат и да си ги терат бизнисите. Можеби ќе им се промени локацијата, но дозволено е да бидат покрај улиците и да бидат во типски монтажни објекти.

За жал други дејности нема да можат да се обавуваат во монтажни објекти поставени на државно земјиште. Таков е Законот.

Со Закон се уредуваат работите во секоја организирана заедница.

Понекогаш законите се глочкалави. Но такви се какви што ги донеле. Се додека се во сила ќе се применуваат.

4.За Богданци сеуште нема

точни податоци од кога е тука каде

што е, како се создало, како се развивало низ вековите... Има нешто подзапишано низ старите архиви и има нешто пренесено од архивските податоци, но сето тоа е некако магливо.

Единствените нешта поврзани со Богданци за кои може да се изнесат документирани докази се нештата што се случувале во последниве стотина години. И од нив, само за времето од четириесеттите до денес можеме да се повикаме на живи сведочења. Само достигнувањата од тоа време можеме да ги видиме со голо око и да ги посочиме луѓето и генерациите што биле заслужни за тоа.

Сепак ретко, многу ретко, може да се чуе и прочита дека генерацијата на Мирчо Џочков го создаде „Изворски“ што со децении беше брендот по кој се препознаваше Богданци и кој ја определи неговата натамошна иднина.

Сепак ретко, многу ретко може да се чуе и прочита дека генерацијата на Борис Бојаџиев му го форматираше ликот на Богданци раков каков што е.

Сепак ретко, многу ретко може да се чуе и прочита дека генерацијата на Томчо Шимов го створи „Млаз“ кој го вивна Богданци до небесни височини.

Сепак ретко, многу ретко може да се чуе и да се прочита дека генерацијата на Мито Теменугов Железни ги обезбеди условите за наброениве генерации да го направат тоа што го направиле.

Да, тоа ретко, многу ретко може да се чуе или прочита во денешно време.

Затоа пак, неодамна, на официјално место, на официјален настан, пред респектабилна публика, од неофицијална, неповикана за тоа персона беше објавено дека Здружението „Антички Македонци“ и неговиот претседател Тони Такашманов биле најзаслужни за тоа што денеска е Паљурци бидејќи се реализирал нивниот сон што го сонувале уште од 1994 година.

Не затоа што меѓу присутните богданчани оваа изјава создаде ситуација „зени земјо голтни ме“ туку така лично, како човек и како богданчанец, живо сум заинтересиран да ми се каже за придонесот што овие, заедно со

персоната што тоа јасно и гласно го изнесе во Паљурци, го имаат направено за Паљурци.

Редно би било да приложат реални докази за тоа. Не три, не два, еден доказ, само еден доказ нека приложат.

При тоа нема да ја сметам за доказ онаа табла на која пишува колку Паљурци е оддалечено од Брисел. Тоа едноставно ќе им го есапам како лош ден и на советодавачот за поставување на таблата и на тој што престанал по тој совет и ја поставил таблата.

Вистински, реални докази нека ми приложат.

Приказните за кралските резиденции распослани на три-четири хектари низ Болован, хотели, многу хотели со поглед кон дваесетметарскиот споменик на свети Апостол Павле поставен на островчето од Браната, за кои на седниците на Советот на Општина Богданци беа потроши немерено време и многу хартија не само што не ги сметам за сериозни туку, да се прашувам јас, цврсто би инсистирал да ми се каже со која памет се „кинеа зелени“.

Хунзите и фантазмогоричните приказанија од „филмовите“ на Марина Дојчиновска, исто така, не ги есапам за сериозни.

На крајот на криштата јас лично, со збор и слика е запишано на диск, на Марина Дојчиновска, за нејзиниот „Македониум“, околку еден час нејзе и на нејзините телевизиски гледачи им имам објаснувано зошто нештата треба да бидат такви какви што треба да бидат, а не такви какви што таа си наумила да ги прави.

Тврдо сум сигурен во оваа што го кажувам. Ако некој за миг се посомнева во мојата сигурност, пред да ме праша било што, прво нека се запраша каде ли џенем се џемдосаа и Марина Дочиновска, и Мелпомени Корнети, и разноразните принцови што на тренерки ни дефилираа овде и за кои се подготвуваа кралски дочеци и гозби. Нека се запраша каде ли џенем се џемдосаа и овдешниве ликови кои се беа занеле дека се значајни чинители во општествениот живот на Богданци, ама излезе дека не било така. Напротив. Денес со кандило да ги бараш нема да можеш да ги најдеш каде се.

Колку подалеку од природата, подалеку од природноста ни наша, света и бесценета. Со ништо не може да се купи зашто е личен избор, дали да се биде со неа или против неа. Проблемите што ги гледам во умот се резултат на повторување бесмислени акции кои не водат кон никаде и тоа создава неприродност. Градот е пример за еден вид заложнички камп во кој луѓето се заложници на илузиите кои ги пропуштиле да го раководат нивниот живот. После ми е јасно зошто мудрите велат дека сè е наш избор. Никој не нè тера со сила да бидеме неприродни и да ги повторуваме старите навики, кај и да се најдеме само менувајќи се можеме да го смениме животот. За да се биде слободен потребни се ХРАБРОСТ, ИСТРАЈНОСТ, МОТИВИРАНОСТ. Секое утро при будењето нека оваа непостојаност го охрабрува секого дека сè поминува и дека мора да вложи сè за да биде

среќен, нека животот го направи истраен да ги издржи сите промени низ кои мора да помине, држејќи се до мотивираноста што секогаш треба да влева насмевка на лицето, дека само со свесна акција кон она што е потребно да се стори, се успева. Кога луѓето се раѓаат ниту се неуспешни ниту успешни особи. Тоа понатаму во животот се создава. Според мојата интуиција, успешна особа е онаа што успеала да ја воспостави хармонијата во својот живот, а таа најпрво започнува од хармонија со самиот себе прифаќајќи се целосно, хармонија во семејството, хармонија со околината. Предизвик е во денешно време да се биде хармоничен, но на луѓето од минатото кога не размислувале за непотребни теми како што прават денешните луѓе, не им било проблем да воспостават хармоничност, затоа што прифаќале сè што им се случувало и не паѓале во очај кога не го добивале тоа што го посакувале. Во тоа општество каде што зрачела храбрата машкост и милозливата женственост, каде што луѓето живееле балансирано и прифаќале сè што им се случува, успевале. Нашите предци со векови биле под ропство но не го изгубиле моралот. Каде е моралот денеска? Луѓето дозволуваат ситнурии да ги скршат и фрлат во депресија? Па тие

луѓе само еден ден нека пробаат да го издржат теретот кој нашите предци морале да го трпат за да овозможат подобра иднина за нас, и да видиме колку ќе издржат. Со ваков ум каков што е всаден во денешната младина, каква иднина ќе добие овој свет? Се обидувам да предвидам, да ѕирнам во наредните чекори на луѓето, како да не сакам да видам што ни следува со вакво однесување, кога моралот падна најниско, кога бесрамно се прават некои нешта што не се за правење. Секој нека прави што сака, но делува вознемирувачки кога сме принудени да гледаме нечии неморалности. Реклами на глупоста не ни требаат. Насекаде ќе ги видиме и тие се остар напад за нашиот мир. Или можеби се појавуваат за да се ужаснеме од нив и навистина да сфатиме колку се црни? Тоа на еден начин не поттикнува да ја спознаеме реалноста и да се задржиме во неа. Поттикнува храброст, истрајност и мотивираност, за оној што сака навистина да ја доживее реалноста. Целиот овој хаос е создаден прво во умот на луѓето и се пренесува во оваа видлива димензија. Сите тие гужви како на филмско платно ги набљудувам и ги чувствувам, предчувствувам колку се бесмислени, колку се

спротивни од нашата вистинска природа. Луѓето не се створени да ги трпат сите тие нереди и мора да ги надминат илузиите што самите ги создале. Во овој свет постојано се води борба помеѓу доброто и злото и оваа планета како да е бојно поле, бидејќи луѓето постојано се борат, тоа е всадено во сржта на нивниот ум да се доживуваат како жртви. Или можеби навистина се ...а кој е предаторот? Не навлегувам повеќе во овие теми за да не започнат да се допираат со духовност, метафизика, религија или научна фантастика. Практитка ми е да набљудувам со ладен ум и објективно да спознавам, чувствувајќи што е а што не е во ред за мене. Некои сеуште уживаат во нештата што мене не ми се пријатни, а некогаш и мене ми предизвикувале задоволство. Или не на мене, туку на мојот ум? Сето тоа е само во умот, никаде на друго место. Сето тоа поминува а ние остануваме истите. Да не дозволиме овој непостојан свет да не фрли во очај, бидејќи се поминува и насмевката треба засекогаш да ја здржиме на лицето. Насмевката и моралот, да станеме свесни за неприродноста што се создава како продукт на животниот стил на оваа цивилизација и да се стремиме да промениме нешто кај себе што ќе се рефлектира и кај другите. Предизвици еден куп,

најпрво да се стане од удобната постела што многу примамува со својата пријатност, ама таквиот начин на живот не води кон никаде. Тоа не е ни живот, тоа е паузирање на нашето постоење. Нема ништо сигурно во овој свет, сè постојано се менува, затоа нема потреба од претерани грижи. Ја најдов мојата сигурност прифаќајќи ја несигурноста во секој миг. И откако престанав да ја барам среќата одлучувајќи дефинитивно да станам среќен, ја најдов среќата. Или кога престанав да го барам духовниот идеал прифаќајќи го секој момент како совршен и според божја волја, го најдов тој духовен идеал. Сонцето изгрева и заоѓа, на пролет листовите се раѓаат а на есен умираат. Сè се менува и домот во кој денес живееме еден ден ќе биде срушен. Но она што ни останало е да постоиме без да робуваме на умот. Мое правило е да бидам педантен кон себе и другите, истраен, прилагодлив и секогаш со насмевка на лицето. Ништо не може да нè скрши ако не дозволиме. Сè е минливо, немаме време да губиме заглавени во лоши мисли. Секому му посакувам да го најде мирот во себе и да ја живее својата приказна. Мене природата ми помогна да сфатам колку навистина цел живот сум жеднеел по таа хармонија а сум ја барал во хаотичноста на овој свет. Враќајќи се кон себеси, се враќам кон хармонијата.

Враќајќи се кон себесиПишува:

КрстеЛештов

Page 5: Pogled Br.64 Juli

5ПОГЛЕД , Јули 2014

Вознес на драмскиот аматеризам во „Богданци“

Разговор со Кире Ѓоргиев, режисер на претставите „Малограѓанска свадба“ и „Љубовна приказна“ што беа подготвени во Средното општинско училиште „ Богданци“-Богданци

Разговорот го водеше Илија Тумбов

„Поглед“: -Наградата на Бранко Сапламаев?

Кире Ѓоргиев:- Наградата е именувана: „Специјално признание на Бранко Сапламаев за музичка контрибуција во претставата „Љубовна приказна“. Во вербалните објаснувања на тркалезната маса, кога сеуште не се знаеше дека Бранко ќе биде награден, се кажа дека учеството на музиката што Бранко ја интерпретира , во самата претстава, во актерската игра се доживува како трет актер. Признанието што го доби беше вреднувано над наградите за

најдобра машка и женска улога. Во мултидимензионалноста на претставата, во нејзините три димензии, во љубовната приказна што ја раскажува претставата тој трет лик што не го игра актер туку се предава преку улогата на музиката во претставата, тој непостоечки лик, всушност е замислениот љубовник.

Нашата постановка на „Љубовна приказна“ немаше да биде таква каква што беше доживеана од жирито ако не беше надградена од прекрасната музика на Бранко Сапламаев.“

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

„Поглед“:- Господине Ѓоргиев, весников со свои коментари ги проследи и „Малограѓанската свадба“ и „Лубовна приказна“ што како драмски проекти беа работени во СОУ „Богданци“, а нивните режии се потпишани од вас.

За „Љубовна приказна“ беша напишано дека, како изведба, блесна на премиерата. Немаше други претстави по премиерата, ама таа не престанува да блеска каде и да се појави. На годинешново Образовно рандеву во Крушево го освои првото место во категоријата „Драмски претстави“. Потоа изборничката Ѕвездана Ангеловска одлучи „Љубовна приказна “ да биде во официјална конкуренција на Драмскиот аматерски фестивал 2014 во Кочани. Во каталогот на Фестивалот, на страницата каде што се информира за претставата, пишува: „Драмската аматерска група од СОУ „Богданци“-Богданци е млада драмска трупа која со претставата предизвикува посебно внимание.“.

Респектабилното фестивалско жири во состав: д-р Сашко Насев, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје; Силвија Стојановска, актерка и поранешна директорка на Драмски театар во Скопје и Љупчо Ѓоргиевски, реномиран режисер, едногласно, на Бранко Сапламаев му додели Специјално признание за музичка контрибуција во претставата, а на вас ви додели Специјално признание за мултидисциплинарен и севкупен уметнички израз на полето на драмскиот аматеризам, видеото, маската и музиката во „Љубовна приказна“.

Како почна вашата соработка со Богданци, поточно со Гимназијата?

„Кире Ѓоргиев:-Богданци е место што секогаш знаело да ги цени културните вредности. Театарот „Антон Панов“ од Струмица со свои претстави бил присутен во Домот на културата во Богданци уште од самите негови почетоци. И јас во Богданци сефте сум гостувал како актер во една аматерска претстава во која со еден колега иако, професионални актери, учествувавме во аматерска претстава. Претставата беше во режија на Зенделски.

Тоа би бил првиот индикатор на помислата: „Кога-јас и Богданци?“.

Втор индикатор се моите режии на претстави што сум ги работел како режисер, а биле номинирани за „Богданско културно лето“. На тој план имам прекрасна соработка со Марјан Карастојанов кој, во името на организациониот одбор

на „Богданско културно лето“, доаѓаше во Струмица да бара претстави што се скромни во однос на сценско-сценографските барања.

„Поглед“:- Тоа се почетоците?

К и р е Ѓоргиев:- Да. Тие почетоци беа искрени. Марјан Карастојанов имаше искрен и коректен пристап. Тоа се случи, прво во Струмичкиот народен театар каде што сум околу 37 години професионално вработен, а потоа и во Младиот градски театар кој го водам околу 25 години. На тој план утврдивме дека Младиот градски театар, односно Драмските студија по струмичките средни училишта можат со свои претстави да учествуваат на манифестацијата „Богданско културно лето“. Тоа го правевме повеќе години наназад. Гостувавме со разни претстави што богданската публика одлично ги прифаќаше.

„Поглед“:- А соработката со Гимназијата?

Кире Ѓоргиев:- Соработката со Гимназијата почна во времето кога директорка беше Евгенија Ќука. Училиштето подготвувало некаква академија за патронатот. Побараа да ме консултираат за некои детали во врска со содржините на академијата. Им објаснив нешто, им дадов и нешто техника и опрема и така почнавме да соработуваме.

Потоа со Гимназијата работевме две претстави. Прво ја работевме „Малограѓанска свадба“ од Бертол Брехт, а лани ја работевме и „Љубовна приказна“ од Јукио Мишима. И двете претстави на премиерите покажаа вонредни резултати во однос на комуникацијата публика-актери.

„Поглед“: -Вие сте професионалец во драматургијата. Рековте дека долго време го водите Младиот градски театар во Струмица односно Драмските студија по струмичките средни училишта. Имате искуство во работата со аматери. Во Струмица има професионален театар и струмичките ученици имаат можност да следат драмски игри во живо. Да преземаат искуства. Овдешниве деца ги немаат тие можности. Како тоа се одрази на актерска игра на учениците од Гимназијата што учествуваа во проектите?

Кире Ѓоргиев:- Богданци има талентирани млади актери со кои треба да се работи. И според мене и според публиката двете претстави

беа одлично одработени. Тоа се покажа како точно и во однос на учеството на годинешново Образовно рандеву што се одржа во Крушево каде што Гимназијата со претставата „Љубовна приказна“ го освои првото место во категоријата „Драмски претстави“.

Во однос на „Љубовна приказна“ авторот Јукио Мишима како да го напишал текстот за Македонци. Како дејствието да се одвива овде, а не во илјадници километри оддалечената Јапонија. Мартин Крлески, Ели Минева и професорот Бранко Сапламаев, со техничката помош што им ја даваше останатиот дел од екипата, покажаа едно професионално ниво на игра во Крушево по што од жирито, каде што седеа истакнати дејци во драмската уметност и професори на Академијата за драмски уметности во Скопје беше одлично оценета. Во конкуренција на 40-тина претстави „Љубовна приказна“ веднаш се одвои како фаворит и победи. Потоа беше одбрана на учествува на Драмскиот аматерски фестивал што годинава, по педесетти пат, се одржа во Кочани. Изборничката Ѕвезда Ангеловска сметаше дека претставата „Љубовна приказна“, во конкуртенција на 43-44 претстави ќе може соодветно да го претстави духот на драмскиот аматеризам впрегнат во сериозна и комплицирана драмска задача. На Фестивалот имаше претстави и од Србија, Словенија и Унгарија. Во силна конкуренција од дванаесет претстави, жирито во состав: д-р Сашко Насев, професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Силвија Стојановска, артистка и поранешна директорка на Драмски театар во Скопје и Љупчо Горгиевски, врвен режисер, одлучи на нашата претстава да и додели Специјално признание за севкупен уметнички израз. Истовремено на Бранко Сапламаев му беше доделено Специјално признание за музичка контрибуција во претставата. На Фестивалот во Кочани учествувавме многу подготвени. Директорката на Гимназијата и нејзините соработници одлично го организираа гостувањето на претставата во Кочани.

„Поглед“:- Какви беа поединечните реакции на тие што ја проследија вашата претстава?

Кире Ѓоргиев:-На тркалезната маса што традиционално се организира после секоја претстава жирито, во дискусиите, одлично ја оцени претставата. Наградите беа доделени по завршувањето на Фестивалот. Режисерот Љупчо Ѓоргиевски рече дека замислениот актер изразен преку музиката што ја сервираше Бранко Сапламаев всушност е третиот актер на сцената и секој професионален режисер би ја потпишал така поставената режија на претставата, без разлика што во неа учествуваат тотални аматери кои, можеби, за првпат се соочуваат со драмска игра.

„Поглед“:- А другите?Кире Ѓоргиев:- Сите од жирито

ја истакнаа играта на актерите Ели Минева и Мартин Крлески и секогаш го истакнуваа и третиот актер, музиката на Бранко Сапламаев. За Ели Минева рекоа дека во нејзината психолошка развојна форма допрва може да се очекуваат многу нешта

како актерка. На нејзини години, едно такво девојче, да даде една таква ролја, надополнета со одличната игра на Мартин Крлески, е голема работа.

„Поглед“-Како се проценува тоа?

Кире Ѓоргиев:- Прво писателот, па режисерот ја имаат улогата на осмислувачи на претставата во целост. Нивниот план за постановка на претставата им го пренесуваат на актерите. Сето тоа се вежба на пробите. Кога актерите ќе се појават на сцената, пред публикат, претставата веќе е во нивни раце и тие се сами со ликовите што ги толкуваат и ролјата што треба да ја изнесат. Актерите Ели и Мартин го направија тоа на најдобар можен начин. Тоа го натера жирито да каже дека Ели Минева во овој момент е подготвена да застане и на сцената и во професионални проекти.

„Поглед“:- Специјално признание за Бранко Сапламаев, Специјално признание за претставата, многу пофалби за актерите Ели и Мартин во Кочани на Драмскиот аматерски фестивал. Пред тоа Прво место во категоријата „Драмска претстава“ на Образовното рандеву“ во Крушево. Одличен прием од публиката и на премиерата во Богданци. Може да се каже дека „Љубовна приказна“ е полн погодок.

Кире Ѓоргиев:- „Љубовна приказна“ излезе успешен проект, но тој проект немаше, прво, да се случи и, второ, да даде резултати ако од Марјан Карастојанов не дојдеше понудата да работам на проектот на Гимназијата. Сето тоа немаше да се случи ако проектот не беше поддржан од градоначалничката Анастасија Олумчева. „Љубовна приказна“ немаше да се случи ако ја немаше логистиката од Гимназијата во лицето на професорката Верица Ризовска одговорна за тој вид воншколски активности. Немаше да биде ништо од „Љубовна приказна“ ако Ема Минева, директорката на Гимназијата не застанеше зад проектот. И, повеќепати напомнав, немаше да ја има претставата ако не беа учениците-актери Ели Минева и Мартин Крлески и музичарот -професор Бранко Сапламаев.

„Поглед“:- Може ли да се каже дека претставата е колективно дело изработено во прекрасна соработка?

Кире Ѓоргиев:- Да. Како што

кажав, во процесот на подготовка на претставата се чувствував прекрасно затоа што сите од Гимназијата што беа вклучени во проектот го дадоа својот максимум и наградата што ја понесе претставата во Кочани па и во Крушево, е награда за сите нас: за учениците Ели Минева и Мартин Крлески и за професорот Бранко Сапламаев како актери, за професорката Верица Ризовска како координатор, за директорката Ема Минева без која многу работи немаше да бидат такви какви што беа, за техничкиот персонал од Гимназијата кој несебично помагаше, без Марјан Карастојанов кој беше главниот лост што ги движеше работите и јас како режисер многу работи ќе беа поинакви. Но благодарение на сите наброени работите се такви какви што се. Затоа, велам, сите ние сме добитници на наградите што и се доделуваат на „Љубовна приказна“.

„Поглед“:- Што понатаму?Кире Ѓоргиев:- Во Богданци,

се надевам, ќе има уште претстави. Се надевам затоа што има таленти кои знаат да прават претстави. Има и расположение тоа да се реализира и резултатите нема да изостанат. Но некои работи не смеат така да се остават. Претставите не смеат да имаат само премиера и толку. Тие мора да живеат и понатаму. Мора да биде овозможено да бидат видени од што повеќе гледачи. Театарот само така има смисла. И треба да има континуитет. Кога ќе се создаде едно јадро околу кое ќе се прават драмски активности треба да се прават напори тие драмски активности да продолжат да се развиваат. Публиката знае што сака, знае да ги препознае вредностите и знае да ги цени.

„Поглед“:- Значи треба да се има ентузијазам и треба да се истрае во него?

Кире Ѓоргиев:- Да, треба. Ако Марјан Карастојанов не беше толку упорен овој проект немаше да успее. Ако директорката Ема Минева не не поддржуваше ентузијазмот ќе спласнеше. Ако градоначалничката Анастасија Олумчева не доаѓаше на пробите, дојде на две проби, немаше да полетаме на крилјата на занесот. Ако Верица Ризовска не ги координираше работите ќе ја изгубевме волјата. Ако децата Ели Минева и Мартин Крлески и професорот Бранко Сапламаев целосно не се внесеа во проектот не сум сигурен дека како резултат ќе го добиевме тоа што го добивме.

Театарот е тимска работа. Дел од тимот се актерите што ги гледаме на сцената. Дел од тимот е невидлив, скриен е зад сцената, се наоѓа во позадината, но е е еднакво важен за крајниот резултат. Зато реков дека наградата ја заработивме колективно.

„Поглед“:- Претставата е колективно дело, ама Ели, Мартин и Бранко се столбовите врз кои се потпира успехот на претставата.

Кире Горгиев:- Се согласувам. Секогаш е така. Актерите се тие што се во комуникација со публиката и тие на свои плеќи активно ја изнесуваат претставата.

Page 6: Pogled Br.64 Juli

6 ПОГЛЕД , Јули 2014

Стартуваше „Богданско културно лето 2014”

Како што беше најавувено со плакатите за распоредот на содржините по дати, денови и саатници, во саботата на 12 јули, во Амфитеатарот во Паљурци почна Манифестацијата „Богданско културно лето 2014“.

Активностите во Паљурци, всушност, почнаа со Молебенот што, по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле, во организација на Католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци, се одржа на платото каде што пред неколку години беше поставен камен темелник за изградба на црква што ќе биде посветена на светиот Апостол Павле.

Молебенот, во сослужение со свештенослужители од Католичката црква, го водеше Неговото Високо Преосвештенство, монсињор д-р Киро Стојанов.

За таа пригода бискупот Киро Стојанов одржа проповед во која, навраќајќи се на поимот „нова евангелизација“ го постави прашањето: „Дали сме доволно автентични христијани за да можат луѓето од нашето време, заради нашето сведочење, да му поверуваат на Христос.“ Прашањето, всушност, беше дали ние со начинот на кој ги живееме нашите животи го почитуваме учењето на Исус Христос.

Дејствијата планирани како содржина на Манифестацијата продолжија во Амфитеатарот.

На почетокот Илија Тумбов настапи со „Слово за Паљурци“ во кое се објасни зошто е Паљурци значајно, што е запишано на Ватиканската карта за Третото

мисионерско патување на светиот апостол Павле, кој бил Апостолот и зошто дошол во Паљурци, кои се обврските на денешниве генерации во однос на тоа што е објавено за престојот на свети Павле во Паљурци и какви се можностите таа приказна да стане нова препознатливост на Богданци.

Потоа Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, поздравувајќи го д-р Киро Стојанов, бискуп на Католичката црква во Македонија им се обрати на присутните и велејќи дека културните лета секогаш биле присутни во Богданци, дека некогаш се случувале на мегдани, на гумна, на корзо, во дворови, под прозори, но секогаш се случувале, дека не треба да ги броиме ги годишнините туку едноставно да го негуваме и растеме тоа што отсекогаш сме го имале и секојдневно да бараме повод за другарување и убави спомени таа го прогласи „Богданското културно лето“ за отворено.

Официјалниот програмски дел почна со монодрамата „Да се биде Македонец“ во изведба на актерот Петар Темелковски. Автор на монодрамата, пишувана според посланијата на апостл Павле е самиот актер.

Манифестацијата „Богданско културно лето“ традиционално ја организира Домот на Културата „Бранд Петрушев“ под покровителство на Општина Богданци и Министерството за култура.

Изборот монодрамата „Да се биде Македонец“ во ноќни услови да се прикаже во Амфитеатарот

се покажа како добар избор на организаторот.

Прво, на Молебенот што Католичката црква го одржа по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле, некако природно се налепија и „Словото за Паљурци“ и монодрамата „Да се биде Македонец“.

Амбиентот во Амфитеатарот со стобовите во позадина на сцената и публиката наредена по кружно поставените скалестите седишта со поглед, преку сцената, кон езерцето во кое таа вечер се огледуваше небото и полната месечина.

Се беа наредиле сите предуслови таа петровденска и павловденска вечер да остане во сеќавањата.

Организаторите имаа обезбедено автобус за превоз на заинтересираните од центарот на Богданци до Паљурци. Но таа вечер никој не се качи во автобустот. Присутните уживаа во случувањата. Таа шанса ја имаа и тие што не беа присутни, ама нивниот избор беше да не бидат присутни во Паљурци. Штета.

Да не беа верниците од околните места што беа дошле да присуствуваат на Молебенот Амфитеатарот ќе беше чисто празен.

Низ публиката имаше зајадливи коментари во врска со тоа. Највпечатливо и најцинично беше прашањево: „Да не се избрза со одлуката Богданци да се прогласи за град?“

Кој би знаел?Сепак глетката со празните

трибини болеше.

Проповед на Неговото Високо Преосвештенство, монсињор д-р Киро Стојанов,бискуп на Католичката црква на Македонија за време на Молебенот на празникот свети апостоли Петар и Павле во Паљурци на 12 јули 2014 година

Драги браќа и сестри во Духот ја пративме Марија на нејзиниот восхитен пат до нејзината роднина Елисавета. Марија во чие крило Словото стана Тело како Богоносителка заминува во ридскиот крај, во градот Јудин да ја зарадува својата роднина со најголемиот дар што таа сега го поседува, а тоа е живиот Бог во неа. Таа средба на двете жени е средба и на двајца синови. Од радост за доаѓањето на ГОЛЕМИОТ ГОСТ – ИСУС, Иван заигра во крилото на Елисавета, бидејќи таа посета го обдари со Светиот Дух. Така Иван се поклони на Исус, и двајцата во кивотот на своите Мајки. Оваа посета е пример за секоја евангелизација зашто не е само говор за Бога, туку донесување на Бога во пресрет на друга личност.

Денес многу се говори и често се слуша поимот „нова евангелизација“. Самите себе понекогаш се лажеме мислејќи дека сфаќаме што значи нова евангелизација. Зарем не сме верници со векови? Да, браќа и сестри, сме. Но темата за новата евангелизација има едно важно прашање: ДАЛИ СМЕ ДОВОЛНО АВТЕНТИЧНИ ХРИСТИЈАНИ ЗА ДА МОЖАТ ЛУЃЕТО ОД НАШЕТО ВРЕМЕ, ЗАРАДИ НАШЕТО СВЕДОЧЕЊЕ ДА МУ ПОВЕРУВААТ НА ХРИСТОС. Всушност, прашање е: колку ние во нашиот живот или подобро кажано со начинот на нашиот живот го носиме и сведочиме Христос. Со доаѓањето на Марија која го донесе Христос во себе воскликнува Елисавета. Благословена си Ти меѓу жените, од каде Мајката на мојот Господ доаѓа кај мене (сп. Лука 1,42-43).

Браќа и сестри, овде сме на денот на светите апостолски прваци Петар и Павле. Не можам да се ослободам оваа вечер од впечатокот дека ова место е со посебен провидоносен дар за нас верниците од Апостолскиот егзрхат во Македонија. Зошто?

Верувам во традицијата дека свети апостол Павле беше овде. Павле е занесен во Христос. Тој е запален во Неговата љубов и запишува: Не живеам повеќе јас, туку Христос живее во мене (сп. Галатјаните 2,20) Таа искуствена вистина, присутноста Христова во неговиот живот му овозможи на тој великан на христијанството – апостолот на народите – да отиде во светот и да го понесе Христос во било кој крај или град каде што доаѓа. Тој, Павле не само што навестува, туку пред сè ја сведочи Христовата присутност во себе. Тоа е браќа и сестра темелна мисла на новата евангелизација. Ние христијаните во оваа време треба темелно да испитаме колку нашата вера е само предана, не дај Боже само обичај. Туку колку нашата вера е стварно живот и норма според која се однесуваме, така да луѓето, гледајќи го нашиот живот сами да бидат збогатени со сознанието на Исус Христос, бидејќи го доживеале во нашето сведочење.

Знаме дека тоа е претешка задача за сите нас, но тоа е единствен пат да напредува христијанството во нашиот народ. Незаобиколна должност на оваа генерација е Христос стварно да го предаде на новата генерација. Затоа сме собрани вечерва на оваа место молитвата да нè соедини, оспособи и зацврсти да одговориме на оваа наше не лесно време. Нека заговорот на Мајка Божја првиот евангелизатор и свети Петар и Павле ни помогнат на тој пат.

Овој ден и овој миг вечерва нè поттикнуваат на уште посилна и жарка молитва, а тоа е: нашата искрена желба на оваа место повторно да заживее верата на нашите татковци со оној жар како што беше пред сто години кога овде живееше живата Црква. Сите планови за оживување на оваа светлилиште ги препорачуваме на Мајка Божја и свети апостол Павле. Амин.

Црни точки

Л е г а л и з а ц и ј а т аСо Правилникот за

стандардите за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко - планска документација број 01-5552 од 15 април 2011 година се утврдуваат правилата и се пропишуваат стандардите за вклопување на бесправните објекти во урбанистичко-планската документација. За урбанистичко-планската документација се сметаат генералните урбанистички планови, деталните урбанистички планови, урбанистичките планови за село, урбанистичките планови за вон населено место и локалната и државната урбанистичко-планска документација. Шестата алинеа од член 2 на Правилникот вели дека ако бесправниот објект е изграден на земјиште на кое согласно важечката урбанистичко-планска документација е предвидена изградба на сообраќајна инфраструктура советот на општината ќе донесе урбанистичко - планска документација со која ќе се изврши промената на трасата на сообраќајната инфраструктура или инфраструктурата нема да се предвиди. Според член 19 од Законот за постапување со бесправно

изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11) донесувањето на Правилникот е во надлежност на министерот за транспорт и врски. Предмет на Законот е постапувањето со бесправно изградните објекти.Насловот на Правилникот, а со тоа и предметот со кој се бави, се стандардите за вклопување на бесправни објекти.

Во Република Македонија, барем според нивната изложеност во јавноста, врие од експерти по разни области. Во случајов имало место да се чујат мислењата на експерти за право, за градење, за човекови права и правата на општествено-политичките заедници, за финансии дури и екпертите за јазичните норми. И за мислењето на Уставниот суд имало место.

Ако Законот во основа се бави со „БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ“, а Правилникот се бави со „БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ“ прашањето е дали тие се бават со истиот вид објекти.

Слободното толкување на значењето на зборовите наведува на помислата дека „бесправен објект“ е објектот што е обесправен. Дека му е одземено правото да биде

објект. Истото слободно толкување на значењето на зборовите наведува на помислата дека „бесправно изграден објект“ е објектот што не се ни стекнал со правото да биде објект. Тој објект е тука, постои, но немал право да биде таму. Некој на своја рака го поставил таму. Можеби при постапката за неговото поставување таму имало формирано и солидно досие со решенија за престанок на натамошното градење издадени од овластен градежен инспектор, но објектот сепак бил поставен таму. Тој објект е „БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ“. Тој објект не е објект, не постои и со тоа не е легален.

За да постои, да биде објект и ќе и служи на намената за која е направен тој објект треба да биде легализиран.

Бесправното градење објекти најчесто било забранувано затоа што со нивното градење ќе се попречувало градењето на предвидената сообраќајна инфраструктура или било попречувано користењето на постоечката инфраструктура. Да не била така тие, со измени, ќе биле вклопувани во постојните детални урбанистички планови уште при самото барање за нивно градење. Но тие не добивале дозволи да се

градат затоа што се нарушувало планирањето. Генералното урбанистичко планирање како заеднички општествен интерес секогаш е над поединечните потреби. Така функционираат урбаните средини. Урбаните средини се урбани затоа што воглавно ги задоволуваат потребите на заедниците.Да не е така не би биле урбани средини. Сообраќајната инфраструктура е една од позначајните потреби на заедниците што живеат во урбани средини.

Правилникот за легализација, во случајот на Богданци, овозможува позначајните потреби на богданската заедница, во вид на урбана сообраќајна инфраструктура, да бидат ставени зад потребите на поединците.

Толку колку што се легализирани објекти за сите е одлучено „бесправниот објект да се вклопи во Деталниот урбанистички план“ или „трасата на сообраќајната инфраструктура да се промени или да не се предвиди“. Кај два, најмногу три објекти не беше одлучено да се легализираат.

Некои советници не се согласуваа да се изјаснуваат за легализација на објекти без

детално образложение што со тоа добиваат барателите, а што утре ќе губи Општината. Со кревање рака се легализираа БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ објекти што се на средината на планираната сообраќајна инфраструктура дури и кога бесправно се изградени на општествено земјиште, се легализираа БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ објекти заради кои во иднина ќе треба да се менува трасата на сообраќајната инфраструктура или Општината да ги урива и да ги обештетува. Се легализираа ѕидчиња, импровизирани помошни простории, гаражи кои во никој случај не се „од значење на Републиката“ ниту се од значење за Богданци. Се легализираа и објекти што се граделе после 15 април 2011 година.

Се легализираа заради лични, роднински, пријателски или партиски интереси.

Се легализираа затоа што легализаторите немаа доволно информации за тоа што требаше да го направат. Се легализираше дури кога не се кажуваше кој е барател.

А тоа утре дебело ќе ја чини Општина Богданци.

Page 7: Pogled Br.64 Juli

7ПОГЛЕД , Јули 2014

Мислења

Концерт на ПИКСЕЛКако содржина број 2 во

Програмата за манифестацијата „Богданско културно лето 2014“ запишан е концертот на „Пиксел“.

На 18 јули рок-бендот Пиксел одржа концерт.

Концертот се одржа во Кафе барот „Лезами“ во Богданци.

Беше петок и во стандардниот термин од 21 часот групата се претстави со содржини што обично ги изведува во својот репертоар при настапите на живи свирки.

Еднаш од Пиксел изјавија оти нивното мото е дека музиката никогаш не смее да го навредува увото и дека таа секогаш треба да предизвикува задоволство.

Можеби организатоторот сакал малку да ги „раскрши“ локациите каде што ќе се изведуваат содржините од Програмата за Манифестацијта, но минатата година настапот на Пиксел на отворена сцена во Градскиот парк, на задоволство на бројната публика; се претвори во игранка.

Нема да беше лошо ако и годинава на Пиксел му се опредлеше концертот да го одржи во Градскиот парк.

Оправдување е нестабилното време што тие денови се беше надвиснало над Богданци, но сепак...

Мото-собир во Дубрава Попладнето во саботата на

19 јули, и од кај Дојран и од кај Богданци, колони мотори се движеа накај Дубрава.

За 18 часот, според Програмата на „Богданско културно лето 2014“, на просторот во Автобазата на „Млаз“, беше закажан почетокот на Мото-собирот.

Автобазата на „Млаз“ располага со огромен простор.

Го има оној ограден паркинг простор од едната страна пред Автобазата каде што таа вечер ги паркираа колите тие што не беа дојдени со мотори и оградениот паркинг простор од другата страна каде што се паркираа моторите што не беа баш за паркирање и покажување во внатрешниот простор.

После влезната порта на која јасно пишуваше што е тоа со што се соочуваа дојдените, се отвора

внатрешниот простор. На западната страна

доминираше сцената со сите салтанати што и се потребни на една сцена на која се изведува музиката на моторџиите-РОКОТ.

На источната страна од внатрешниот простор беше поставен шанк каде што се продаваа пијалоци (пиво, кока-кола и вода), маици моторџиски елеци со обележјата што ги одликуваат моторџиите, во случајот моторџиите од „Риперс“.

На простор што има ширина, на простор што е пристојно осветлен, на простор што е опремен со санитарни јазли, на простор каде што може да се распостелат присутните, на простор што е опремен со потребните артикли (напитоци и сл.), на простор каде што има доволно место за паркирање... е на таков простор

може да се организираат собири од секаков вид.

„Риперси“ на тој простор испланирале да го организираат мото-собирот и да го организираа во рамките на „Богданцко културно лето“. И тајмингот, и просторот и замислата како таква беа полн погодок иза Мото-клубот и за организаторот на „Богданско културно лето 2014“. И за Богданци, се разбира.

-Собирот го организира нашиот Клуб и има за цел да го подигне начинот на живеење во Богданци, да биде промоција на самото Богданци и да покаже дека ние моторџиите сме комуникативни луѓе и можеме на едно место да собереме претставници од повеќе нации. Овде вечерва ќе има моторџии од овде, од Македонија, но

и моторџии од Србија и од Бугарија. Ќе има дружба, ќе има размена на искуства, нови познанства... Во тоа ќе ни помогне оној шанк таму и онаа бина на која ќе настапат два бенда

од Скопје и „Друм бенд“ од Ѓавото.- во име на „Риперс“ изјави Стојанчо Стаменковиќ, нивниот „прв меѓу еднаквите“.

КУД „Бранд Петрушев“ сподели ЉУБОВ„Љубовта кон песните и игрите

може да се споделува. Затоа сме овде собрани. Да ја споделиме таа љубов.Посебна чест и гордост е да се биде дел од програмата на „Богданско културно лето“ – рече, меѓу другото, во најавата водителката на концертот на КУД „Бранд Петрушев“.

Потоа се заредија играорците од Втората група со „Билјана платно белеше“ и „Машката поседеница“. По нив следуваше „Малешевка“.

Ветераните ги изведоа кореографиите на „Погана“,Софка“ „Рајко“ и „Самјотица“. Секцијата од Стојаково настапи со „Тресеница“.

Најмладите ја одиграа „Овчарки“, по што следуваше „Жетварски игри“.

На крајот блесна „Беломорски бисер“ најновоподготвената кореографија на „Бранд Петрушев“. Имаше уште некои кореографии

Таа прекрасна петочна вечер

на 25 јули, од 21 до 23 часот, во Градскиот парк, во рамките на „Богданско културно лето 2014“ одекнуваа македонските ритми по

кои полетните играорци на „Бранд Петрушев“ ги изведуваа своите кореографии споделувајќи љубов и расположение кај присутната публика.

Page 8: Pogled Br.64 Juli

8 ПОГЛЕД , Јули 2014

Парола на месецот

Кој мисли дека стои, нека гледа да не падне.

Од Библијата, Нов Завет1. Кор. 10:12

Нов режим на паркирање во Богданци

тел. 034/ [email protected]

Во Богданци, по Маршал Тито, во централниот дел, е воведен нов режим на паркирање. Повеќе од една година на двете страни на улицата Маршал Тито од крстосницата со Крушевска до крстосницата со 4 јули се нацртани паркинг места.

Со новиот режим за паркирање паркинг места на Маршал Тито се нацртани и од крстосницата со Петар Мусев до паркиралиштето пред Автобуска станица.

Од аголот на паркиралиштето пред Автобуска па натаму по Маршал Тито забрането е застанувањето и паркирањето.

Како места за паркирање во централниот дел на градот се определени големото паркиралиште спроти Автобуска со сета негова површина. Со паркинг места е исцртан и просторот пред Автобуска станица.

Како активни паркиралишта останува делот меѓу улицата Маршал Тито и нејзиниот северен тротоар од Комерцијална банка до крстосницата на улицата Гоце Делчев со улицата

Маршал Тито.А к т и в н и

п а р к и р а л и ш т а остануваат и паркиралиштето зад зградата од С у п е р м а р к е то т , паркиралиштето зад зградата кај „Зики Буцо“, паркиралиштето зад зградата на Автобуска и зад зградата до неа и просторот меѓу двете згради како и паркиралиштето на аголот од крстосницата што ја затвораат улицата Страшо Пинџур со улицата Маршал Тито.

Според спецификата на типично богданското гледање на работите пискотавицата „Аман веќе! Од коли паркирани покрај главната улица да не може човек да помине низ центарот“ сега е заменета со пискотавицата „Што направија сега? Да нема каде човек да се паркира за да заврши некоја работа во центарот.“

Најгласни се тие што имаат

станови во колективните згради. Убедени се дека некој мора да им обезбеди паркиралиште за колите. Тоа требало да го договараат со тие кои им ги продавале становите. Ако покрај стан купиле и паркиралиште тогаш имаат паркиралиште, ако не купиле тогаш немаат паркиралиште и ќе треба да се снаоѓаат како знаат и умеат. Ако имаат потреба од паркинг простор нека си купат некоја авлија во околината на зградата и нека си направат приватно паркиралиште. Така прават сите други сопственици на куќи.

Второ издание на „Вардарска долина“ од д-р Иван МиневДоктор Иван Минев е

богданчанец и пензиониран доктор за дентална заштита и дентална хирургија. Најголем дел од својот животен и работен век го помина во Германија каде што и живее.

-Кога немаме нафтени извори, во резервите слатка вода собрана во големи акумулациони езера ќе биде силата на Македонија, ќе напише д-р Иван Минев во својот идеен проект со кој сугерира дека визијата на генерациите треба да биде преселувањето на пругата што го поврзува Солун со Скопје од долината на Вардар во Југоисточниот регион со што Југоисточна Македонија ќе се преобрази, а Вардарската долина ќе се ослободи за на неа да се градат акумулациони езера како огромен резервоар за слатка вода за која се верува дека ќе биде од стратешка важност во времињата што доаѓаат.“

Идејниот проект „Вардарска долина“ во вид на брошура, д-р Минев ја издаде летото 2011 година.

Летово оваа година авторот го издаде второто, обработено и проширено издание на идејниот проект „Вардарска долина“.

Овојпат тој го поткрепува неговиот одговор на идејата за изградба на речен канал на Вардар и Морава во Србија што, по воден пат, ќе го поврзува Солун, преку Скопје, со Белград. Тој дури посочува дека не треба да се арчи енергијата на Македонија во спорот со Грција околу името туку сета енергија треба да се насочи кон преселувањето на сообраќајниците од Вардарската долина во Југоисточниот регион за Вардарската долина да се претвори во огромен резервоар за слатка вода, а Источна и Југоисточна Македонија стопански и економски да се придвижат напред.

-Освојувањето на барем еден дел од Вардар за од неговата долина да се направи резервоар за слатка вода по автоматизам и носи победа на Македонија околу спорот со името што не може да се каже дека е случај со градењето на спомениците кои во странство делуваат контрапродуктивно - пишува авторот уште во првиот пасус од анализите што како

одговор на идејата „Канал Белград-Скопје-Солун“ ги дава во второто обработено издание на неговиот идеен проект „Вардарска долина“.

Д-р Иван Минев во брошурата со второто обработено издание на идејниот проект “Вардарска долина“ наведува дека е човек од дијаспората и, по осамостојувањето на Македонија, е прв демократски избран претседател на ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ за Германија и Европа со тоа и основач на СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС.

Потсетува дека е екологист и поборник за примена на алтернативни енергии, поранешен член „Грин пис“ и „Лекари без граници“, учесник во лекарски протести против нукларните реактори што го легитимира како автор кој оправдано се бори за силата на Вардар.

Како слободен научен работник кој, речиси, дваесет години работи на проектот за Вардар, наведува дека работи и на друго научно животно дело.

Доктор Иван Минев активно ги владее македонскиот, германскиот и англискиот јазик, а со помагала успешно и научно се служи со шпанскиот, францускиот, италијанскиот, рускиот, грчкиот, бугарскиот и јазиците на бившите југословенски народи.

д-р ИВАН МИНЕВ

- не наглост и брзоплетост, туку визија за генерации

ВАРДАРСКА

ДОЛИНА

ВАРДАРСКА

ДОЛИНА

Богданци 2014

Вардарска долина

- рајска градина

Кога немаме нафтени извори,во резервите слатка вода

собрана во големи акумулациониезера ќе биде силата на Македонија.

e-mail: [email protected]

ОДГОВОР НА ИДЕЈАТА “КАНАЛ БЕЛГРАД-СКОПЈЕ-СОЛУН”

ИДЕЕН ПРОЕКТ “ВАРДАРСКА ДОЛИНА”Анализи од д-р Иван Минев/од дијаспоратаОсновач на Светскиот Македонски Конгрес(второ обработено издание 2014,прво 2011)

pantone 339 C

Нова книга во корпусот автентични историски записи

-Мислењата на современиците на одредени настани што во минатото му се случувале на Балканот, а со тоа и на Македонија како негов централен дел, изразени во автентични записи од кои некои идни перцепиенти ќе можат да извлечат свои заклучоци за настаните, не се којзнае колку присутни на овие простори. Особено не се присутни во изданија на македонски јазик.-ќе каже во предговорот на книгата „Колонизацијата на Македонија, Косово и Метохија“ нејзиниот преведувач и приредувач, Илија Тумбов.

Книгата „Колонизацијата на Македонија, Косово и Метохија“ е превод на книгата „Колонизација у Јужној Србији“ од Ѓорѓо Крстиќ.

Осумдесет и шест години го делат оваа преведено издание од изданието наоригиналната книга во која Ѓорѓо Крстиќ, судија во тогашниот Врховен суд на Кралска Југославија во Сараево, ги сместил своите истражувања за неуспесите на официјалната српска колонизаторска политика од пред 1927 година во делот на

Метохија, Косово и Македонија за кој службениот наслов бил Јужна Србија и дава сугестии за нов пристап во спроведувањето на натамошната колонизација.

-Моите излагања за колонизацијата ги поделив на три дела, вели во во ведниот дел судијата Ѓорѓо Крстиќ. Во првиот дел, по области, ги опишав развојот и состојбата на колонизацијата.Во вториот дел се прикажани приликите, пречките и тешкотиите.Во третиот дел ги прикажав важноста и успесите на колонизацијата која немаше за цел само сместување на нови семејства и осигурување на нивна егзистенција туку и поширока културно-економска задача од национален карактер.“

Во книгата Богданци, Стојаково,Селемли и другите околни места што биле во сферата на интерес за колонизација се споменуваат на многу места.

Книгата „Колонизација на Македонија, Косово и Метохија“ е во слободна продажба и примероци од неа може да се нарачат на телефон 075 738 834 , на мејлот [email protected] и директно кај

Илија Тумбов во Печатницата „Софија“ во Богданци.

Цената на еден примерок е 120 денари, а плаќањето ќе се врши по фактура на жиро-сметка. Може да се нарачуваат неограничен број примероци.

ISBN 978-9989-736-98-8

Y Ypantone temno sina pantone temno sina

Ј А В Е Н П О В И КВо рамките на „Богданско културно лето 2014“ на 25 август 2014 година

ќе се организира Изложба на филмски рекламни материјали и стари списанија за филм од приватната архива на Илија Тумбов

Изложбата ќе биде организирана во Клубот на пензионерите во Богданци и ќе биде отворена на 25,26,27,28,29,30 и 31 август во времето

од 9 до 11 часот претпладне и од 18 до 21 часот попладне.Организаторите имаат потреба од волонтери кои би дежурале во

просторијата каде што ќе биде поставена изложбата додека таа е отворена.

Волонтерите треба да бидат најмалку на средношколска возраст.Заинтересираните во секое време можат да се пријават кај Илија Тумбов лично, на мејлот [email protected]., на телефон 075 738 834

или на Фејсбук на „Илија Тумбов“.

КОМ

ЕРЦИ

ЈАЛЕ

Н ОГ

ЛАС

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ