Pogled Br.63 Juni

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 63 Јуни 2014 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.6 стр.5 Балетско студио „ Sweet dance“ Куп награди за Тина и децата Товарот на лошото друштво Голиот човек ја губи кондицијата Нов постигнат врв на СОУ „Богданци“ Пишува: Атанас Аврамов тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ Просторот е слободен за рекламирање. Заинтересираните да се јават во “Поглед” „Љубовна приказна“ на Гимназијата жнее награди „Ели Минова и Мартин Крлески се надежни актери. (...) Бранко Сапламаев е мајстор на музиката (...) Кире Ѓорѓиев е добар режисер. (...) Во камерни услови, со ентизијазмот на аматеризмот како појдовна основа, да се изнесе комплексната „Љубовна приказна“ и таа да не биде здодевна (се видоа и расплакани лица во публиката) на човек треба да му умее. На Кире, на Ели, на Мартин и на Бранко им умее.“ Така отприлика „Поглед“ ја беше регистрирал премиерата на драмската претстава „Љубовна приказна“ од јапонскиот писател Јукио Мишима што, како проект на Средното општинско училиште „Богданци“, премиерно беше изведена во салонот на ООУ„Петар Мусев“. Неколку месеци потоа (без ниту една претстава по премиерата) „Љубовна приказна“ блесна со сиот свој сјај. Прво, на Образовното рандеву во Крушево го освои првото место во категоријата „Драмски претстави“. Потоа, на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, на неговото јубилејно педесеттоиздание претставата „Љубовна приказна“, во конкуренција на четириесет и неколку претстави, по мислењето на изборничката, актерка и режисерка, Ѕвездана Ангеловска, беше одбрана, како една од дванаесетте, да учествува во официјална конкуренција. Жирито на Фестивалот, во состав д-р Сашко Насев, професор на Факултетот за драмски уметности, Силвија Стојановска, актерка во Драмски театар- Скопје и Љупчо Ѓоргиевски, режисер, едногласно одлучи на Бранко Сапламаев да му додели Специјално признание за музичка контрибуција во претставата „Љубовна приказна, а на режисерот Кире Ѓоргиев да му додели специјално признание за мултидисциплинарен и севкупен уметнички израз на полето на аматерскиот театар, видеото, маската и музиката за истата претстава. Во каталогот на Фестивалот стои запишано: „Драмската аматерска група од Средното општинско училиште „Богданци“ –Богданци е млада драмска трупа која со оваа претставување предизвикува посебно внимание.“ Текстот со кој „Поглед“ извести за премиерната претстава на „Љубовна приказна“ беше насловен како „Блесокот на „Љубовна приказна“. „Љубовна приказна“ блесна на премиерата. Не престанува да блеска каде и да биде прикажана. Штета што во Богданци не доживеа уште некоја претстава, покрај премиерната. Оправдување е немањето соодветен сценски простор во градот, но има алтернативи кои сепак можеа да се искористат. Продолжува на стр.8 Улицата „Илинденска“, во урбана или во рурална средина е? стр.3 Некојпат е лошо да не се чуваат тешко стекнатите придобивки. „Поглед“ првпат за нашиот Гол Човек пишуваше во јуни 2011 година. На истата тема се наврати и во мај 2012 година. Во мајскиот број од 2012 година една немила појава со која се соочуваше нашиот Гол Човек отвори место тоа да се најде во рубриката „Црни точки“. Сите тие текстови се препечатени во овој број. Во Општина Богданци огромен е списокот на здруженија на граѓани кои во своите програмски цели и задачи имаа запишано еко - моменти.И самата Општина, таков е редот, води сметка за таквите моменти. Некој треба да се загрижи над Голиот Човек. Но дрвото Гол Човек не е само еко-момент. Дрвото Гол Човек е атракција Се вели дека е ендемски вид што успева на простори поинакви од нашиот. Богданци имал среќа да му се фати садницата и да егзистира во самиот парк. И тоа треба да се негува и чува. Во Општината, по систематизација, предвидени се разновидни работни места. Сите тие места имаат опрфеделено работни задачи. Во работните задачи на некои работни места е запишано водењето грижа за состојбите на нештата како што е дрвото Гол Човек во Паркот. Работните места главно се уредно пополнети. Но не се гледа дека работните задачи се извршуваат. Како поинаку да се толкува фактот што не се зачистени искршените и атрофирани гранки од каде стеблото трпи влијанија и кои, можеби, ќе го уништат. Сега, кога се има впечаток дека Дрвото ја губи силата, „Поглед“ повторно сака да го сврти вниманието кон него. Нека некој се заинтересира за него.

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.63 Juni

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 63 Јуни 2014

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.6стр.5

Балетско студио „ Sweet dance“

Куп награди за Тина и децата

Товарот на лошото друштво

Голиот човек

ја губи кондицијата

Нов постигнат врв на СОУ „Богданци“

Пишува:Атанас Аврамов

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Просторот е слободен за

рекламирање.

Заинтересираните да се јават во “Поглед”

„Љубовна приказна“ на Гимназијата жнее награди „Ели Минова и Мартин

Крлески се надежни актери. (...) Бранко Сапламаев е мајстор на музиката (...) Кире Ѓорѓиев е добар режисер. (...) Во камерни услови, со ентизијазмот на аматеризмот како појдовна основа, да се изнесе комплексната „Љубовна приказна“ и таа да не биде здодевна (се видоа и расплакани лица во публиката) на човек треба да му умее. На Кире, на Ели, на Мартин и на Бранко им умее.“

Така отприлика „Поглед“ ја беше регистрирал премиерата на драмската претстава „Љубовна приказна“ од јапонскиот писател Јукио Мишима што, како проект на Средното општинско училиште „Богданци“, премиерно беше изведена во салонот на ООУ„Петар Мусев“.

Неколку месеци потоа (без ниту една претстава по премиерата) „Љубовна приказна“ блесна со сиот свој сјај.

Прво, на Образовното рандеву во Крушево го освои првото место во категоријата „Драмски претстави“.

Потоа, на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани, на неговото јубилејно

педесеттоиздание претставата „Љубовна приказна“, во конкуренција на четириесет и неколку претстави, по мислењето на изборничката, актерка и режисерка, Ѕвездана Ангеловска, беше одбрана, како една од дванаесетте, да учествува во официјална конкуренција.

Жирито на Фестивалот, во состав д-р Сашко Насев, професор на Факултетот за драмски уметности, Силвија Стојановска, актерка во Драмски театар-Скопје и Љупчо Ѓоргиевски, режисер, едногласно одлучи на Бранко Сапламаев да му додели Специјално признание за музичка контрибуција во претставата „Љубовна приказна, а на режисерот Кире Ѓоргиев да му додели специјално признание за мултидисциплинарен и севкупен уметнички израз на полето на аматерскиот театар, видеото, маската и музиката за истата претстава.

Во каталогот на Фестивалот стои запишано: „Драмската аматерска група од Средното општинско училиште „Богданци“ –Богданци е млада драмска трупа која со оваа претставување предизвикува посебно внимание.“

Текстот со кој „Поглед“ извести за премиерната претстава на „Љубовна приказна“ беше насловен како „Блесокот на „Љубовна приказна“. „Љубовна приказна“ блесна на премиерата. Не престанува да блеска каде и да биде прикажана.

Штета што во Богданци не доживеа уште некоја претстава, покрај премиерната.

Оправдување е немањето соодветен сценски простор во градот, но има алтернативи кои сепак можеа да се искористат.

Продолжува на стр.8

Улицата „Илинденска“, во урбана или во рурална средина е?

стр.3

Некојпат е лошо да не се чуваат тешко стекнатите придобивки.

„Поглед“ првпат за нашиот Гол Човек пишуваше во јуни 2011 година.

На истата тема се наврати и во мај 2012 година. Во мајскиот број од 2012 година една немила појава со која се соочуваше нашиот Гол Човек отвори место тоа да се најде во рубриката „Црни точки“.

Сите тие текстови се препечатени во овој број.

Во Општина Богданци огромен е списокот на здруженија на граѓани кои во своите програмски цели и задачи имаа запишано еко - моменти.И самата Општина, таков е редот, води сметка за таквите моменти.

Некој треба да се загрижи над Голиот Човек.

Но дрвото Гол Човек не е само еко-момент. Дрвото Гол Човек е атракција Се вели дека е ендемски вид што успева на простори поинакви од нашиот. Богданци имал среќа да му се фати садницата и да егзистира во самиот парк. И тоа треба да се негува и чува.

Во Општината, по систематизација, предвидени се разновидни работни места. Сите тие места имаат опрфеделено работни задачи. Во работните задачи на некои работни места е запишано водењето грижа за состојбите на нештата како што е дрвото Гол Човек во Паркот.

Работните места главно се уредно пополнети. Но не се гледа дека работните задачи се извршуваат. Како поинаку да се толкува фактот што не се зачистени искршените и атрофирани гранки од каде стеблото трпи влијанија и кои, можеби, ќе го уништат.

Сега, кога се има впечаток дека Дрвото ја губи силата, „Поглед“ повторно сака да го сврти вниманието кон него.

Нека некој се заинтересира за него.

2 ПОГЛЕД , Јуни 2014

Од Осумнаесетта седница на Советот на Општина Богданци

Усвоен Кварталниот извештај на Буџетот за периодот јануари-март 2014

Известувач: Илија Тумбов

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Секогаш мора да има само една вистинаЗа врема на мандатот на Ристо

Ичков, кога помпезно се најавуваше изградба на кружни текови-ротонди, општинската администрација го убедуваше Советот на Општина Богданци дека само така може да се обезбеди трајно решение на проблемите што ги создаваат крстосниците на Маршал Тито со Петар Мусев и Страшо Пинџур и Машал Тито со Крушевска во сообраќајот и о атмосферските води.

Истата таа администрација, барајќи средствата планирани за ротонди да се пренаменат за замена на столаријата во ООУ„Петар Мусев“, сега му тврди на Советот на Општина Богданци дека ротондите не можат да се рализираат затоа што главната улица е дел од регионалниот пат, а преку ротондите нема да можат да поминуваат камиони подолги од 12 метри.

Советот, можеше, ама не праша: Како тоа истите луѓе во општинската администрација, во два наврата, за иста работа, изнесуваат две сосема различни нешта?

Советот можеше да праша, ама не праша: Ако регионалниот пат што минува преку богданската главна улица има свој режим за проодност која е тогаш функцијата на двата сообраќајни знака од кој едниот што треба да забранува возењето на камиони во правец кон Центарот „дрема“ заглавен во крошната на едно дрво спроти Чавдарова Чешма, а другиот, пред крстосницата кај Каменот, силно ги упатува камионите да скршнат накај обиколницата и да не навлегуваат

кон Центарот? Зборот е: Ако еднаш се

нарушил режимот на проодноста на регионалниот пат во интерес на функција на главната улица на Богданци и камионите не се пуштаат да поминуваат низ ценатрот зошто

не би можело тоа да продолжи да се прави?

Ете тоа, на Четвртата точка од 18. седница на Советот на Општина Богданци, советниците можеа да ја прашаат општинската администрација, ама не ја прашаа.

Советот на Општина Богданци својата Осумнаесетта седница ја одржа на 30 мај 2014 година. Во работата на седницата, со која претседаваша Блаже Шапов, претседател на Советот, учествуваа 10 советници затоа што советникот Стојан Воданов беше оправдано отсутен. На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Советниците со 10 гласа „За“ го усвоија Записникот од Седумнаесетта седница на Советот на Општина Богданци.

За работа на Осумнаесетта седница се предложи дневен ред од 17 точки кој беше едногласно усвоен.

* Точка 1: - По образложението на Симона Савиќ од општинската администрација се отвори расправа по Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Богданци во периодот од јануари до март 2014 година.

Советникот Борис Ванчев се заинтересира заради што, над планираното, се покачени вкупните тековно-оперативни приходи за 1.400.000 денари и зошто дошло до зголемување на износот за исплатени плати. Му беше одговорено дека зголемените приходни средства се резултат на средства од концесии што ги собира државата, а Општината тоа не го знае и не можела да ги предвиди и планира, а зголемувањето на платите во однос на лани се должи на две породилни отсуства и четири службеници кои биле на работа и не добивале цели плати.

Кварталниот извештај се усвои со 10 гласа „За“.

* Точка 2:- Едногласно се донесе Одлука за реазервирани средства во Буџетот за 2014 година во висина од 279.000 денари за надоместок за експропријација на КП 1573 во КО Богданци со површина од 408 м2 сопственост на Симка Лизичкова наменета за паркиралиште.

*Точка 3:- Надица Маџирова, локален координатор на проектот, ја образложи Стратегијата за климатски промени на Општина Богданци до 2020 година според која кај УСАИД ќе се аплицира за изградба на резервоар за водоснабдување во Богданци во вредност од 120.000 долари. Советниците едногласно ја прифатија предложената Стратегија и изборот на проектот за кој ќе се бара да биде финансиран од УСАИД.

*Точка 4:- Митко Влахов од општинската администрација

информира за потребата средствата од Грантот на МСИП наменети за изградба на кружни текови-ротонди да се пренаменат за замена на столарија во ООУ„Петар Мусев“ .

Советникот Душко Енџекчев праша зошто се напушта проектот „Ротонди“ и средствата се пренаменуваат на што Градоначалничката му објасни дека главната улица во Богданци е дел од регионален пат, а низ предвидените ротондите нема да можат да минуваат камиони подолги од 12 метри.

Советникот Блаже Шапов укаже дека и по толку средства потрошени за замена на столаријата во „Петар Мусев“ таа не е целосно заменета со што се гледа дека со

*Точка 5:- Митко Влахов од општинската администрација објасни за Оперативните насоки за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Богданци преку Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој за 2014 година што е всушност документ што ќе има за цел да обезбеди детален приказ на методологијата, активностите и чекорите што Одделението за Локален економски развој и Граѓанските здруженија од Општина Богданци заеднички ќе ги преземат за активности во областа на локалниот економски развој за кои потреби ќе бидат објавени три јавни повици со поединечна

тоа училиште не се менаџира добро.Заклучокот за пренамена на

средства се донесе со 6 гласа „За“ и 4 гласа “Воздржано“.

вредност од по 60.000 денари за финансирање на проекти од јавен интерес.Во расправата се вклучија и советниците Ристо Енџекчев и Катерина Чрчева. Заклучокот се донесе со 10 гласа „За“.

* Точка 6:- Образложение по Предлог -Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2014 година дадоа градоначалничката Анастасија Олумчева и Соња Маџирова од општинската администрација.

Во точката 7а се предлагаше Изработување на Урбанистички план за лесна индустрија, Некомпатибилна инфраструктура-депонија и Комунална супструктура-производство на електрична енергија со сончеви панели на површина од 8,2 м2 хектари во државна и приватна сопственост во „Света Гора“, КО Богданци, во точката 7б се предлагаше измена и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено

производство и дистрибуција во Лесна индустрија на површина од 3 хектари во државна и приватна сопственост во „Горни Чаир“, во точката 7в се предлагаше Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за Верски објект-Католичка црква со хотелско-угостителски комплекс во Времено сместување и мали комерцијални дејности на површина од 3 хектари во државна сопственост во „Болован“ и во точка 8а се предлагаше изработување на локална планска документација за резервоар за вода во Богданци на површина од 0,5 хектари во државна сопственост.

По образложението се отвори расправа.

Советникот Блаже Шапов ја поздрави идејата за урбанизација, но рече дека предлогот депонијата да биде на местото каде што таа е сега не е во ред затоа што тој простор е интересен за други

намени, а депонијата ќе го загадува и треба да и се најде друга локација по што градоначалничката објасни дека на тоа место всушност ќе се прави претоварна станица која ќе биде хала во која се ќе се случува во затворен простор и со ништо нема да се загадува околината.

Советникот Душко Енџекчев се забележа дека со изградбата на Ветерниот парк овие локации стануваат интересни и доколку се реализира оваа со претоварната станица не треба да се менува локацијата на депонијата.

Советникот Ристо Киров инсистираше за лесна индустрија да не се урбанизираат обработливи површини туку за тоа да се најдат површини во повисоките зони.

Во дискусијата учествуваше и советникот Кристијан Тодоров.

Советникот Блаже Шапов предложи да не се изгласува целата Програма туку за секој нејзин дел да се одлучува посебно.За предлогот гласаа 5 советници, а 5 беа воздржани со што тој не доби мнозинство.

На изјаснувањето за Програмата 4 советници гласаа „За“, а 6 беа „Воздржано“ со што Советот на Општина Богданци не ја прифати предложената Програмата за измени и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2014 година.

На тоа градоначалничката забележа дека сега, кога Програмата не се прифати, во прашање доаѓа и изградбата на резервоарот во Богданци.

Советничката Катерина Чрчева, како процедурална забелешка, кажа дека Програмата била понудена на усвојување во целина. За да не се случеше оваа што се случи требало таа да биде понудена на усвојување на делови, за секоја измена или дополнување да се одлучуваше посебно.

Советникот Блаже Шапов потсети дека, за да не се случи оваа што се случи, пред 5 минути имаше предлог за таква можност кој не беше прифатен.

*Точка 7:- Со 10 гласа „За“ се одлучи да се донесе урбанистичко планска документација и вклопување на бесправно изградениот објект на КП 3720 во КО Богданци.

*Точка 8:- Со 10 гласа „За“ се одлучи да се донесе урбанистичка планска докумантација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградените

место од откупно дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук,

Продожува на стр.3

3ПОГЛЕД , Јуни 2014

објекти на КП 10666 во КО Богданци.*Точка 9:- Со 10 гласа „За“ се

одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 11325 во КО Богданци.

*Точка 10:- Со 10 гласа „За“ се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 11470 во КО Богданци.

*Точка 11:- Со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 11635,11637 и 11641/1 во КО Богданци

*Точка 12:- Со 10 гласа „За“ се одлучи да се донесе урбанистичко планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 10707 и 10710 во КО Богданци.

*Точка 13:- Извештајот за проценетите штети на земјоделските површини со зелка, кромид и жито предизвикани од градот и дождот што се случи на 24-26 февруари 2013 година го образложи Елена Олумчева претседателка на Комисијата за проценки на штети од временски непогоди во земјоделието. Списокот содржеше имиња на 137 земјоделци на кои ќе им се исплати вкупен износ од околу 12 милиони денари. Поединечно највисок износ од 421.875 денари ќе му се исплати на Васко Попов за уништени насади од зелка на површина од 1,5 хектари, а најнисок износ од 1.821 денар ќе му се исплати на Томе Арнаудов за уништен посев од пчница на површина од 0,12 хектари.

Советниците едногласно го прифатија извештајот.

*Точка 15:- На ова точка се расправаше по Информацијата за состојбата со Доброволното противпожарно друштво „Богданци“-Богданци доставена од Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци. Во расправата по материјалот учествуваше и Страшо Олумчев, претседател на ДППД.

Во расправата учествуваа советниците Кристијан Тодоров,Катерина Чрчева, Душко Енџекчев, Ристо Киров и Блаже Шапов.

Со 8 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ се донесе заклучок да се задолжат ДППД од Богданци и ДППД од Стојаково да се договорат за спојување на двете друштва во едно, да се изработи програма за работа на друштвото и да се достави до Советот на Општина Богданци по што ќе се донесе одлука за ставот што Општина Богданци ќе го донесе во однос на ДППД.

*Точка 15:-, По образложението од Градоначалничката за Барањето поднесено од Ленка Боговска со кое таа бара да и се објасни зошто Градоначалничката не ја прифатила Одлуката на Советот на Општина Богданци за легализација на бесправно изграден објект, со 9 гласа

„За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот го усвои заклучокот, предложен од советникот Душко Енџекчев, барателката да се упати да постапи по Упатството за правното средство наведено во Решението број 11-210 од 28.3.2014 година.

*Точка 16:- По Иницијативата за преземање активности за подигање на свеста кај граѓаните на Општина Богданци дека учениците од Општина Богданци кои своето средно образование сакаат да го продолжат по наставни програми што се предаваат во СОУ „Богданци“ во Богданци треба да се запишуваат во СОУ„Богданци“ во Богданци едногласно се донесе заклучок, предложен од советничките Риса Бејкова и Катерина Чрчева, да се задолжи директорката на СОУ „Богданци“ да организира трибина за информирање на граѓаните од општината за можностите кои ги нуди СОУ„Богданци“.

*Точка 17:- СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

-Советникот Блаже Шапов праша:

1. До кога ќе биде заградено шеталиштето околу паркот на што му беше одговорено дека на инвеститорот на градбата му е издадено решение за враќање на јавната површина во првобитната форма.

2. Зошто не се одржува фудбалското игралиште на „Вардарски“ кога има предвидено средства за тоа на што му беше одговорено дека игралиштето се одржува, а трибинскиот дел малку е запуштен.

-Советникот Борис Ванчев праша:

1.До каде е постапката со реконструкцијата на Домот на културата на што му беше одговорено дека во процедура е тендер.

2. Што се случи со автобусот донација од ГСП Скопје на што му беше одговорено дека е даден за старо железо во замена за компјутерска опрема.

-Советничката Риса Бејкова праша.

1.Дали ќе има ревизија за корисниците на Буџетот затоа што во „Петар Мусев“ се зборува дека Советот не му ја прифатил Завршната сметка од политички причини на што и беше одговорено дека ќе има ревизија.

-Советникот Ристо Киров праша:

1.Како ќе се постапи по барањето доставено од Државната комисија за спречување корупција на што му беше одговорено дека нема да може да се изврши ревизија бидејќи Општината нема вработено внатрешен ревизор, а договорот што е склучен со Општина Валандово не е реализиран.

-Советникот Кристијан Тодоров праша:

1. Од кој е поднесено барањето до Државната комисија за спречување корупција на што градоначалнијката му одговори дека таа го поднела барањето.

-Советничката Катерина Чрчева иницираше:

1. Наскоро да се свика седница на Советот на Општина Богданци за да не се испушти рокот за аплицирање за проектот за нов резервоар за вода во Богданци.

-Советникот Ристо Енџекчев праша.

1.Дали Градоначалничката ќе се заложи да се изработи Регистар на актите што се донесени од Советот на Општина богданци на што доби потврден одговор.

2. Како второ прашање побара во иднина цртежите на објектите кои треба да се легализираат да бидат појасни и во повеќе бои за советниците да имаат јасна претстава за што всушност се работи.

Од Деветнаесетта седница на Советот на Општина БогданциПоминаа измените во Програмата

за урбанизација

На 20 јуни 2014 година се одржа 19. седница на Советот на Општина Богданци. На седницата со која претседаваша Блаже Шапов, присуствуваа сите советници.

Записникот од !8. седница на Советот на Општина Богданци се усвои со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ (советникот Стојан Воданов беше воздржан затоа што не присуствувал на седницата).

Едногласно беше усвоен и предложениот дневен ред од пет точки за работа на Советот на оваа седница.

*Точка 1:- со 11 гласа „За“ се прифати Програмата за измени и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2014 година според која во точката 7а се предлага измена и дополнување на Урбанистичкиот план вон населено место и од откупно дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција да се пренамени во Лесна индустрија на површина од 3 хектари во државна и приватна сопственост во „Горни Чаир“, во точката 7б се предлага Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за Верски објект-Католичка црква со хотелско-угостителски комплекс да се

пренамени во Времено сместување и мали комерцијални дејности на површина од 3 хектари во државна сопственост во „Болован“ и во точка 8а се предлагаше изработување на локална планска документација за резервоар за вода во Богданци на површина од 0,5 хектари во државна сопственост.

*Точка 2:-По образложението на Вангелица Караиванова, директорка на Јавната општинска установа Детска градинка „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци која кажа дека измените што требало да се внесат во Статутот биле од таков обем што полесно било да се направи нов статут се отвори расправа по предложениот Статут на ЈОУДГ.

Советникот Блаже Шапов предложи од Статутот да се исфрлат одредбите со кои е предвидено за определени работни места да можат кда конкурираат и лица со завршена виша школска подготовка кога со Законот за образование во такви установи можат да се вработуваат само лица со завршено високо образование.

Предлогот на Блаже Шапов беше едногласно прифатен.

Советниците , со 11 глас „За“ го прифатија новиот Статут на ЈОУДГ„Коста Поп Ристов Делчев“ Богданци во кој ќе се внесат и измените што беа прифатени од

Советот.*Точка 3:- По образложението

од директорката Вангелица Караиванова, без дискусија, со 11 гласа „За“, Советот на Општина Богданци го прифати Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ –Богданци.

* Точка 4:- Дејан Маџиров член во тимот на Проектот за изработка на Стратегијата за климатски промени во Општина Богданци образложи дека е потребно да се формира мониторинг тим за спроведување на Стратегијата за климатските промени на Општина Богданци до 2020 година.

Советот на општина Богданци, едногласно, за членови на мониторинг тимот ги именува: Јованка Прошева, член на работна група, Томица Тасев, член на работна група, Дејан Маџиров, член на работна група, Кристијан Тодоров, претставник од Советот на Општина Богданци и Соња Маџирова, претставник на Општина Богданци.

*Точка 5:- СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА

Градоначалничката Анастасија Олумчева не беше присутна на седницата, никој не сакаше да постави прашање на кој ќе бара писмен одговор, па не се поставуваа советнички прашања.

Улицата Илинденска, во урбана или во рурална средина е?

Илинденска, без сомнение е улица во урбана средина. Таа е сместена во коритото од средниот тек на Локова река и се протега од мостот по кој улицата Маршал Тито ја преминува Реката, се вкрстува со улицата Бранд Петрушев токму на мостот преку кој Бранд Петрушев ја преминува Љокова Река и оди се до мостот преку кој улицата Крушевска го преминува коритото на реката каде што излегува од коритото и се вклучува во Крушевска

Од мостот на Маршал Тито до мостот на Бранд Петрушев улицата е поплочена со бетонски плочки.

По целата должина таа оди преку подземниот камал низ кој водата од Љокова Река се спроведува од над мостот на Маршал Тито до мостот на Крушевска.

По целата должина од мостот на Маршал Тито до мостот на Крушевска улицата е оградена со декоративен ѕид од камен.

Улицата Илинденска секоја година влегува во Програмата за уредување на градежното земјиште, но никогаш не се успеало таа реално да добие шанса да биде асфалтирана, бетонирана или поплочена.

Од општинската администрација имаше забелешка дека подземниот канал и оградните ѕидови се правени без соодветна урбанистичко-планска документација што не може и не смее да биде оправдување затоа што ем дел од таа администрација беше во општинска служба во времето кога се градеа каналот и ѕидовите, ем од тогаш до сега има поминато повеќе од деценија, па досега можеше да се обезбеди се што беше потребно за да се легализираат работите.

Ако можеше да се легализира се за што беше побарано тоа да се направи, дури и кога некои легализации ќе имаат долготрајни и сериозни последици по детализацијата на новиот Генерален урбанистички план на Богданци кој е

во процедура на носење, можеше да се направи нешто и со документацијата за улицата Илинденска.

Граѓаните што живеат на Илинденска од под мостот за Бранд Петрушев се огорчени што општинските власти за сите овие осумнаесетина години не најдоа за потребно да ја изградат улицата.

Тие знаат, во шега, да кажат дека во секое предизборие и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги сметаат за свое упориште, и им ветуваат се и сешто, но само во предизборието додека се обезбедуваат гласови. По изборите,

велат, никој не ги есапи.Но работата не е за шега.

По секој дожд улицата станува сосема неупотреблива. Уредувањето на Илинденска треба да стане приоритет во Програмата за уредување на градежното земјиште во 2014 година. До толку повеќе што ЈП „Комунална чистота“ има можности за производство на бетенски плочки и врши услуги за поплочување на јавни површини за потребите на Општина Богданци.

Продожува од стр. 2

Известувач: Илија Тумбов

4 ПОГЛЕД , Јуни 2014

Пишува: ИлијаТумбов

Поглед од мојот агол

То в а р о т н а л о ш о т о д р у ш т в о

1.Некои што се нагласено полни

со себе, колку и да се обземени со својата полнотија – празни се.

Убедени се дека се полни. И полни се. Ама полни се со празнотии. Немаат ништо друго, само празнотии.

Затоа се асоцијални. Затоа не се вклопуваат.Затоа се дивораци.И постојано грачат. Викаат на сет

глас. Се дерат и кога има потреба од тоа и кога нема. Таква им е матрицата.Стегнати се во својот кожурец. Знаат дека со друго не можат да го свртат вниманието кон себе, па се обидуваат на тој начин..

Така си е тоа, знаеше да каже еден, природословна законитост е: Празното буре секогаш посилно тропа од полното.

2.И кога сме кај психолошката

профилираност уште оваа:Ако сте сами и ако се чувствувате

лошо - од друштвото ви е. Мора да сте во лошо друштво. Менувајте го друштвото.3.Во деведесеттите години на

минатиот век, Џоко Петков, истакнат пензиониран детски лекар од Бугарија, со потекло од Богданци, побара во Богданци да му се даде, продаде, додели, било како, во никој случај без пари, стотина-двесте квадрати плацче за да си согради некаква куќарка за живеење во која ќе има место и за ординација во која ќе може да дава стручни лекарски совети на оние кои ќе имаат потреба од тоа.

Неговата овдешна генерација, исто пензионери, си играа табла и карти во Пензионерското, па и доктор Петков го беше тргнало мерак да се враќа тука..

На колкумина безначајни, на црно, преку ноќ, им се доделуваа плацеви..

За Џоко Петков не се најде колај. Џоко беше значаен, ама кој да го разбере тоа.

Тогаш, само што осамостоената, Македонија ја беше почнала транзицијата. Урбанистичкиот план на Богданци одамна не беше функционален. Од социјализмот се бевме отпишале, во капитализмот сеуште се немавме запишано.

Прометот со земјата беше лимитиран до крајни граници. Во урбанистичкиот опфат таму каде што можеше да се гради - не биваше. Таму каде што биваше – не можеше.

И можеше и биваше, ама под масата. Со дискреционо право на тие што можат да носат одлуки. По системот на сложните калуѓери што и во петокот мрсат.На доктор Петков требаше да му се дозволи да гради куќа. Требаше да се направи есапот. Што ќе се добиеше ако тој европски познат детски лекар добиеше шанса да ординира во Богданци. Што, пак, ќе се, ај да кажам, изгубеше. Како и да е ништо не се направи. Тоа е еден пример.

Трифун Костовски, оној Трифун што сите во Македонија го знаат, со години има плац во Богданци. Ни сучајно на човекот не му треба да гради куќа во Богданци. Но, според онаа, што би било кога би било, што би значело тој да изградеше некаква куќарка во Богданци? Еј, Трифун Костовски прави куќа во Богданци! Ќе се случеше реклама од големи размери. Никој не го имаше тоа предвид. Тоа е уште еден пример.

Знаете ли последниве две-три години колку значајни луѓе, на ниво на Македонија имаат купено земја во Богданци? Многу. Тоа е добро. Добриот глас далеку стигнува. Земјата во Богданци ќе дојде на цена.

Сите плачат дека во последно време ни бегаат младите од Богданци. Немало иднина, велат, затоа бегале.

Можеби! Таква им е перцепцијата на децата и -готово. Треба да се направи нешто за да се смени поимањето на нештата. Но што?

Еден од оние што го потпираат стопанството на Богданци никако не може да дојде до шанса да се здобие со маркичка за куќа на плацот што го има купено за таа намена.

Друг, исто од оние на кои се потпира стопанството во Богданци, никако не успева да ги усогласи своите потребите со можностите на ДУП-от.

Во реализацијата на деталните урбанистички планови постои една можност што се нарекува „измена“. Со „измени од мал обем“ се усогласуваат потребите со можностите.

Мајки се расплакаа со легализацијата на се живо и диво што во Богданци се изградило на кој каде му текнало, а ваму не може да се направат измени.

Но не ми беше тоа муабетот. Сакав да укажам на пораката

што ќе се прати ако тие кон кои се вперени погледите на многумина во Богданци си направат живеалиште.

Пораката ќе биде: ако овие што имаат пари и можат секаде да го направат тоа, но овде им прават куќи на своите деца, ако тие веруваат во иднината на Богданци –зошто ние другите би имале резерва. Тоа се уште два примери.

Но тоа е веќе политичка мудрост. Политичката мудрост „не е ствар“

што би рекол Жељко Јоксимовиќ, па да си ја набавиш. Со осет за мудрост, нека е таа и политичка, човекот се раѓа. Ја има, или ја нема. Ако ја има има можност да ја употреби. Ако ја нема, ја нема и- готово.

Е, тоа ми беше муабетот.4.За да не го мешам муабетот

оваа ќе го раскажам башка. За истото се работи. За управување со стадото. Пастирството е знаење и умеење, без исклучок. Треба да се знае да се менаџира стадото. Сточарите џабе ќе се трудат стадото да биде упатено во некоја насока ако во тоа не ги натерат алфа-единките. И да викаат и да тепаат, ништо нема да постигнат. Стадото само ќе се врти во круг се додека алфа-единката не тргне. Тогаш стадото безусловно ја следи. Ако сточарите го знаат тоа нема причини и менаџерите на нашата единица на локална самоуправа да не го знаат тоа. Скоро осумнаесет години имаа на располагање да се извештат.

Џабе. Никој во Богданци не ги препозна алфа-единките. Алфа-единките сами се определуваат како такви и како такви се прифатени. Овие другите што сакаат да се наметнат како водачи затоа што лепеле плакати се само лепачи на плакати. Единствената вредност со која располагаат им е коравоста на јазиците. Што фајде Богданци има од коравоста на јазиците на таму некои единки.

5.На 16 јуни дојдоа Бугарите за

да објаснат што ќе се работи со Домот на културата. Имаше претставничка и од Владата. Градоначалничката наша беше домаќинот. И јас присуствував на таа средба.

Објаснија луѓето што се замислило да се прави, објаснија како ќе се прави и објаснија кога ќе се прави. Се се објасни. Имаше место и за дискусија. Ми се виде потребно да просугерирам просторот пред Домот каде што сега има некакво нефункционално детско игралиште да биде наменет за активности од домените што ги покрива Домот на културата.

-Не бива, ми беше речено. Тој простор е во приватна

сопственост. Тогаш се прашав во себе, а сега се прашувам јавно: Како, бре, приватна сопственост? Чија приватна сопственост? Јас тој простор го затекнав како парк. Парк направен врз вакавско место. Затоа Домот бил сместен таму. Затоа што местото било вакавско. Вакавското секогаш се преведува како народно. Сечие. Наше.

Кој и во чие има го дал, го продал, го подарил ... што ли сторил, та општонародниот имот го направил нечиј? Го направил приватен. Кој бре?

Има ли пилот во авионов? Веројатно има. Авионот си летка, еве

веќе, 18 години. Но, каде, во случајот, била

контролата на летање? Што правеле советниците? Кревале рака? Им оделе по ќејфот на градоначалниците? Има ли некое издвоено мислење за одлука со која некој не се согласувал? Јас не сум чул. Ако има нека ми биде покажана. Не зборувам за голо гласање: „За“, „Против“ „Воздржано“. Зборувам за мислење во врска со некое прашање. Мислење што е спротивно на ставот што се наметнува. Мислење што е аргументирано, образложено и како такво изнесено, а од записничарот е барано во записникот да се внесе како издвоено мислење. Издвоеното мислење е факт на кој, носителот на мислењето, секогаш може да се повикува. И да бара одговорност кога ќе се утврди дека неговото мислење било добро.

Јас, на пример, мислам дека тој имот не требало да се приватизира.

Турците не го правеле тоа. Србите не го правеле тоа. Бугарите не го правеле тоа. Комунистите (така ги икменуваат за да ги омаловажат) не го правеа тоа. Ги населуваа вакавските места, ама со дикат. Водеа сметка за општонародниот интерес.

Не се согласувам да бидам влечен за нос, па нека е тоа многу демократски правено.

Историјата познава неограничено право на владеење со имот. Но истата таа историја објаснува дека имотот со кој неограничено се владее бил стекнуван со меч. Тој што со помош на меч се здобил со имот со него управува според својата волја.

Со сиот друг имот се располага со ограничувања. Ниту со имотот што го наследив од татко ми не располагам неограничено. Како се случило со твојот, со мојот, со вашиот, со нашиот заеднички имот некој да располага неограничено.

Има нешто смрдливо во тоа. Ако сме демократско општество, ако оваа заедница функционира на демократски принципи тогаш го користам моето демократско право и барам да се испита кој, кога, како, зошто и под какви услови го оттуѓил нашиот заеднички имот. И нека се најде начин да ни се врати имотот. Имотот ни е безусловно и итно потребен. Ако некој за него дал нешто нека си го побара нештото назад од тој на кого му го дал.

Толку.6.На 18 јуни се отвори небото.Коџа

вода се истури на земјата. За кратко време водата си го најде својот пат.

Како што не учеа на времето, откако видов дека дома нема да имам зијан, веднаш поитав до местото каде што го вадам лебот. Така бече на времето: Да се биде на лице место во золчас за случајно да нема потреба од уште две раце.

Додека се возев натаму низ поплавените улици, препознавајќи го во мене „Поглед“ луѓето изложени на стихијата ме повикуваа да видам што им се случило.

На некои им премолчев, на некои не. Им кажав:

-Зошто јас да видувам. Зошто не ги повикате тие што пред некое време ви тропаа на вратите за да ве убедуваат да гласате за нив. Ним јавете им се.

Како што тие ви телефонираа вам за да ве „држат куско врзани, за случајно да не заборавите да гласате за нив, така и вие сега телефонирајте им и кажете им го оваа што ми го кажувате мене.“

Некои работи не ми се разбирливи

Сон не ги фаќа за да направат некого пратеник, советник, градоначалника, а ваму: „Ела да видиш.“

Што да видам. Знам. Знаев и вчера, ќе знам и утре.

7. Ја гледав немилосрдноста на

разулавената вода што му се случи на Богданци попладнето на 18 јуни, пред очи ми излегоаа сликите на случувањата од пред еден месец што ги снајдоа Србија, Босна и Хрватска и се прашував каде е оној железен шифоњер што беше сместен во Месната заедница во кој се чуваа плановите за

тоа што ќе треба да се прави ако дојде до недајбоже ситуација.

Со неговата содрежина знам што се случи. Заврши на депонијата затоа што некои недоквакани сметаа дека се почнува од нив и не им треба ништо од тоа што беше затекнато.

Сметаа, ама лошо пресметаа. Ништо не почна од нив. Ниту заврши со нив.

Е, од тоа си патиме.Постојано сме на почетокот.

Ништо не продолжуваме. Затоа ништо и не завршуваме.

Не треба така. Опасностите демнат. Треба да бидеме подготвени да се соочиме со нив. Да имаме испланирано кој, што, како и кога ќе прави нешто во вонредни ситуации.

Така е во цел свет. Така беше и кај нас до пред дваесетина години.

Опасностите и тогаш и сега се исти. И ние сме исти. Претставите за нештата се променети, но тоа е само козметика. Козметиката секогаш е избор.

8. Еднаш бев напишал, сега ќе

повторам.Знамето е тоа што не определува.

Знамето е тоа околу кое се собираме. За знамето се гинело. Пред знамето се стои простум.

Ако е така, а така е прашањето е: Зошто ветерот два-три дена го парталеше државното знаме на големиот јарбол во паркот?

На едно вакво, директно поставено прашање, ми бече кажано дека Градоначалниучката не била во Богданци за да им каже што да направат. И тогаш им кажам и се га ќе им кажам:

-Симнете го, здиплете го и спастрете го. Кога ќе се смири времето повторно ќе го истакнете.“

И за да не се прашувате кој ќе ви го кажам и тоа:

-Сите вие што земате плата од општинскиот буџет. Ве има и премногу. Договорете се чија одговорност ќе биде таа и немојте да ви се случува знамето да ни виси распарталено. И немојте постојано да се криете зад градоначалничката.Да требаше се таа да прави што ќе ни сте тогаш вие? Само да ве имаме на број!?

И, колку да се знае, дејствијата извршени во одбрана на знамето, во правната практика, се третираат како дејствија направени во афект.

9.Не е доволно да се сака да се

даде.Треба да се знае и да се прими

даденото.Ако за ништо друго колку да му

се даде смисла на сакањето и да се поттикнат нови сакања.

10.Ги гледам луѓето наоколу. Ги

гледам и се умам. На што ли се должи лошиот спој

на дарбите кај некои од нив?Да се неизмерно надарени со

милина и да се бескрајно талентирани таа поволност да не знаат да ја користат.

11.Во текстот „Од мој агол“ на

Евгенија Ќука што беше објавен во мајскиот број на „Поглед“ еден пасус ме остави вџашен.

Го пренесам пасусот: „ Јас во тој период бев претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Богданци и по функција член на Централниот Комитет. Овој човек и неговите пајташи ( се мисли на Љубчо Георгиевски, м.з) не бираа средства да не заплашат, присилат и натераат да не му изгласаме поддршка на Груевски како нов лидер. Во тие тегобни денови кога некои „фаци“ се осмелија да ми кажат дека треба да внимавам со изборот оти „несреќи се случуваат“, јас Илија бев мајка на две деца од кои едното беше одвај една година. Ти и многу други не знаете каква беше таа агонија. Љубчовите поддржувачи не држеа буквално затворени во конгресната сала, кога луѓе внатре паѓаа во несвест оти беа без воздух, гладни, жедни и исплашени, додека надвор парадираа луѓе со оружје. Во тие денови „војводата“ Љубчо го изгуби сиот кредибилитет како лидер. За мене стана обичен, нецивилизиран насилник. А кога неколку години

подоцна ја објави онаа колумна за „размена на територии“ за мене стана и предавник.“

Е, овој текст мене ме остави-без текст.

И тогаш, и пред тоа и после тоа, во Македонијава, постојано се зборува за „фер и демократски избори“. Се зборува, ама не било така.

Покрај фер условите и демократичноста во изборот секогаш се потсетувало и на „несреќите“ што можат да се случат доколку не се послуша -ЛИДЕРОТ и не му се даде поддршка.

Мене ова сериозно ме загрижува. Латините имаат кажано дека ”Homo homini lupus est“ или, преведено, „Човек на човека волк е.“

Волците секогаш се расипувачи на забави. Дури и на Црвенкапа и правеле непријатности. Такви се. Влакното го менуваат, ама карактерот никогаш.

12.Американците, оние холивудски

Американски чии животи, на крилјата на пропагандистичките серијали, сакаме да ги живееме, го имаат најатрактивното мото за кое сум слушнал.

„Ништо не успева како успехот“, велат.

На Богданци пролетва му успеваше успехот Најпрво Гимназијата доминираше на Образовното рандеву 2014 во Крушево.Одиме по ред: Марија Ичкова, I место во категоријата - Соло изведувач; Мартин Крлевски, Ели Минева, I место во категоријата - Драмска претстава;

Цеца Србова, Ристо Танчев, Викторија Ѓоргевиќ и Борис Роглев беа успешни во категоријата –Маркетинг план; Вања Петрушева се истакна во категоријата –Јавно говорење; Ивана Паункова, во категоријата –Фотографија; Атанас Аврамов,во категоријата – Интервју за работа; Марија Бојкова, во категоријата - Најдобра поетска творба; Ружа Поп-Гонова заигра пинг-понг; Теодора Петрушева имаше вокален настап; Данче Папучиева се претстави со соло-гитарско свирење; Љупчо Костенаров, Борис Шутаров и Бети Димиќ играа кошарка; Стојче Јовановски, Николче Трајановски, Стефан Митровски и Серкан Шакиров имаа модна ревија со облека изработена во СОУ „Богданци“.

Потоа Балетското студио “SWEET DANCE” на Тина Тренчевска на ИДФ го освои првите места во сите возрасни групи натпреварувачи.

Во Кочани, пак, на Драмскиот аматерски фестивал на претставата „Љубовна приказна“ во режија на Кире Ѓоргиев, со учениците- актери Ели Минева и Мартин Крлески, во музичка илустрација на Бранко Сапламаев, проект на СОУ „Богданци“, беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот, а на Бранко Сапламаев му беше доделено специјално признание за музиката со која ја има илустрирано претставата.

Навистина: Ништо не успева како успехот. На Гимназијата тоа се почесто и успева.

13.Во Законот за трговски

друштва има една одредба во која се вели дека членовите на Управниот одбор одлуките за оттуѓување или набавка на имот за фирмата треба поединечно да ги потпишуваат. Ако не се согласуваат со одлуката не ја потпишуваат и на тој начин го истакнуваат несогласувањето со неа.

Кога после ќе се утврди дека некои нешта не биле така како што изгледале, нема сите да бидат подеднакво одговорни.

Единиците на локална самоуправа не се баш трговски друштва, ама дека низ нив минува кеш, минува.

Затоа под итно под секоја одлука да се испишат уште 10 линии за да се знае која мајка какво предно предела кога било време за предење.

За после војната, кога сите се паметни генерали, да не ни се случуваат зачудени и изненадени советнички фаци поради шупливоста на некое решение што било изгласано еднодушно, да не кажам со акламација.

5ПОГЛЕД , Јуни 2014

Агендата на фејсбук и почеток на новата Земја

Нов постигнат врв на СОУ „Богданци“

Еден ден се собраа неколку од највлијателните луѓе во светот и рекоа: „Ајде да направиме медиум кој ќе го наречеме социјална мрежа на која што луѓето ќе можат да ги споделуваат своите животи“.

Во одајата која што и обично беше мрачно, сите сетила беа насочени кон новата идеја која требаше да направи револуција. „Социјалната мрежа треба секому да му овозможи бесплатен пристап до безброј информации кои во суштина не се корисни во личниот живот. Таа пред сè би ни служела нам за да ги собереме сите корисни информации од луѓето кои би ни помогнале како полесно да ги контролираме“.

„На оваа мрежа можностите за споделување на личниот живот ќе бидат неограничени. Ќе знаат само тие, нивните пријатели и веројатно секој што ќе има пристап до оваа мрежа, бидејќи многу лесно може да се стигне до тајните на другите кога сите информации се ставени во една мрежа. Ова нам би ни било од огромна корист.“

Лицата беа озарени од новата идеја што беше револуционерна. Ова е одлична шанса за воспоставување целосна контрола врз цивилизираното општество, додека оние кои сеуште не се доволно цивилизирани беа контролирани на други попримитивни начини.

„Ако понецивилизираните

луѓе во Африка и Азија ги контролираме на свиреп начин преку вакцини, лекови кои всушност се отрови и измислени епидемии, најлесен начин за да се контролира цивилизираниот западен човек е да биде убеден во неговата слобода притоа да може да си ја довери душата нам, а ние потоа лесно ќе знаеме кои се неговите слаби точки. Дури и за оние кои се сметаат за најинтелигентни и проникливи ќе можеме да собере огромен број информации преку кои, драги мои соработници, ќе видите дека ќе можеме да ги анулираме и контролираме ако тоа е во наша волја“

„Ќе измислиме една револуционерна опција и тоа ќе се вика лајк! И луѓето неосетно ќе кликаат на сè што им се допаѓа или што го посакуваат а го немаат и ние ќе знаеме каде е отиден нивниот ум, па ќе им ја дадеме дозата опиум за да ги спуштиме во нашата илузија. Така најлесно ќе останат на нивото на кое што ние сакаме и тие вечно ќе бидат заробени во нашите идеи за нив.“

„Истражувајќи ја човечката психологија, заклучивме дека цивилизираниот западен човек сака да бидат видени неговите желби затоа што е премногу осамен. Ние со нашиот концепт за современо општество придонесовме за луѓето да го достигнуваат врвот на својата осаменост и така се создадоа многу нуспојави како депресија, анаксиозност, хомосексуалност и разни други неприродни нешта, кои ние секако не ги игнориравме и ги прифативме па им овозможивме плодно тло за нивен развиток. Откако луѓето станаа осамени следуваше вториот удар за нив, а тоа е пополнување на празнината. Бидејќи тие беа во хаос, ние им понудивме ред. Создадовме култ од нивните тела, во храната ставивме

безброј отрови и ја продаваме како замена за среќа, физичкиот изглед го претворивме во нивна единствена грижа, а слободното време им го пополнивме со многу работа, секако во наша корист. И тие се изгубија. Но сеуште има што да дознаеме од длабочината на човечкиот ум за да знаеме каде да го направиме последниот удар и тие целосно да станат наши!“

„На социјалната мрежа ќе им овозможиме да добијат и видат сè што ќе посакаат, нормално виртуелно. Овој план одамна го смисливме, но сите од нас не го знаевте тоа зашто овој план има децениска позадина. За луѓето да бидат убедени толку лесно да пристапат кон оваа мрежа и да си ја предадат својата приватност, потребно е да страдаат од голема осаменост. Оваа мрежа ќе биде пред сè наменета за помладите генерации бидејќи наша цел е да ја заробиме нивната душа. Уште од мали треба да ги заробиме во кругот на желбите кои ќе им ги наметнеме. Виртуелниот свет да биде нивниот основен свет, а вистинскиот човечки живот каков што природно им е наменет на луѓето треба да стане неприроден. Сè што досега беше нормално треба да стане ненормално за да можеме да ја оствариме нашата цел. А наша цел е знаете, тотална контрола врз човештвото.“

Лицата им беа фасцинирани од новата идеја. Дури и само неколкумина од нив беа спремни да создадат вакви револуционерни идеи. Овој начин беше типичен на нивното делување.

„Овозможувајќи им сигурен раст и развој на нивните илузии, ќе си овозможиме лесно воспоставување на тотална контрола. Социјалната мрежа е цврста основа за воспоставување на матриксот веќе долго време наназад. Оваа агенда трае со векови, но денеска

може да доживее кулминација“ ... Текстот е измислен, што не

значи дека не е вистинит. Луѓето можат да бидат контролирани онолку колку што можат да дозволат. Моеби многумина би го поставиле прашањето: „А ако некој имал за цел да воспостави тотална контрола над луѓето, зошто токму денес ја обмасовува оваа идеја?“. Одговорот го дадов во претходната реченица. Луѓето се контролирани онолку колку самите ќе дозволат. Духовниот развој на човекот зависи од него и самиот одбира колкаво ниво на илузии ќе доживее со цел да излезе од нив и да доживее просветление. Пред врховното просветление секогаш се случуваат најголемите илузии. Човештвото доживува колективен мрак само зашто потсвесно дозволило да биде раководено, со цел да покаже пред самото себе дека е способно да падне, а потоа да стане и да се регенерира, повторно да се присети на вистината. На тој начин се анихилира илузијата, бидејќи за да се случи ослободувањето, злото мора да го достигне својот зенит. И тоа обично многу боли додека не биде спознаено, тоа е сокриена рана што никој не може да ја види веднаш но боли и ќе боли додека човек не одлучи да се повлече и да поработи на себе. Тогаш е возможно да му се појават вистините за себе и можноста за ослободување. Денеска, малку луѓе се ослободени и тие обично не се во голема интеракција со цивилизираниот свет, или имаат контакти но тие се сведени на помагање на другите со цел да ја спознаат личната светлина. Иако доживуваме толкав степен на илузии кои го доживуваат зенитот и пукаат, сепак треба едно нешто да стане јасно; самите ја одбираме играта што ќе ја играме и самите одбираме што ќе ни се случи во животот. Самите ја ставаме раката

во оган за да почувствуваме како пече оганот и да сфатиме дека не треба повторно да го правиме тоа. Сè правиме со своја волја желни да се спознаеме себеси. Ослободувањето доаѓа преку крајното тежнеење на секоја душа, да се самоспознае. Оној кој сеуште безосетно функционира во овој мрак веројатно не го достигнал зенитот на својата еволуција во овој тродимензионален свет и ќе се сети тогаш кога нема да може повеќе да издржи. Товарот еден ден мора да биде спуштен за да одиме на следно ниво, а методите за тоа се веќе добро познати. Само што илузијата во денешно време е толку голема, ама тоа е храброста, да се живее во максимален хаос за да се остварат максимални бенефиции за својот духовен развој бидејќи само под притисок душата еволуира во висините. Многу усти ќе бидат замолчени во мигот на просветлението бидејќи ќе сфатат дека тоа што го барале веќе го имале, и дека секоја желба била плод на умот и ништо друго повеќе нема да им биде важно, зашто веќе се имаат себеси. Дури да се стигне свесно до овие откровенија треба да се случат многу страданија, но во овој свет на интриги таква е играта. И злото нема да престане додека не биде сопрено од луѓето, но злото во себе а не вон себе. Затоа е потребно работа на себе во секој миг. Сè ќе помине во овој свет и страданијата во наредниот период кои што ќе ги гледаме кај другите ќе бидат премногу интензивни, но тоа е само нивен начин на еволуција.

Чувствувам... ќе има што да се види, досега невидено и уникатно, во целиот универзум, премиерно на планетата Земја, најголемиот и најбрзиот еволуциски скок на свеста некогаш практично сторен и виден.

Пишува:

КрстеЛештов

Ирскиот писател,и лично мој омилен, Оскар Вајлд за амбицијата напишал: „Единствената амбиција треба да ни биде да владееме со себеси, со кралството кое сме самите ние; а вистинскиот напредок е да се знае повеќе, да се биде повеќе и да се прави повеќе.“ Амбицијата е она што ги втурна учениците од СОУ „Богданци“ да тргнат на мал пат до Крушево, овогодинешното место каде што се одржа Образовното Рандеву

2014.О б р а з о в н о т о

Рандеву,организирано од МАССУМ, е дизајнирано како поле во кое младите од средните стручните училишта можат да ги промовираат своите таленти и да добијат насоки како да ги усовршат. Токму за таа цел, група ученици од нашето училиште заедно со нивните ментори- професорите, тргнаа да ја кажат вистината за нашето училиште- дека иако сме мала заедница, солидарност и сложноста владее кај нас, испреплетена со млади таленти кои седат во нашите клупи. Марија Ичкова, ученичка во СОУ „Богданци“, освои I место во категоријата Најдобар соло изведувач која со своите квалитетни вокални способности ги освои срцата на публиката, под менторство на професорот Бранко

Сапламаев, додека Мартин Крлески и Ели Минева,кои исто така освоија I место во категоријата Најдобра драмска претстава, со својата „Љубовна приказна“ со режија на Кире Ѓоргиев, за миг ги привлекоа погледите на гледачите. Актерите го воодушевија жирито и патем остварија контакт сo Ана Опачиќ, професорка по драмски уметности од Хрватска, која беше дел од жирито. Исто така, ученичката Ели Минева беше повикана на интервју од радиото „Македонско радио“.

Исто така, имаше ученици кои учествуваа во други катерии, како Вања Петрушева во категоријата „Јавно говорење“, Ристо Танчев, Цеца Србова, Борис Роглев и Викторија Ѓорѓевиќ се натпреваруваа со нивниот маркетинг план, Ивана Паункова со нејзините фотографии,Атанас Аврамов во категоријата Интервју за работа, Марија Бојкова со нејзиниот пишан збор во категоријата Најдобра поетска творба, Ружа Поп-Гонова заигра пинг-понг, Теодора Петрушева го испроба својот вокал, додека Данче Папучиева ги замрда гледачите со своето соло на гитара,а Љупчо Костенаров,Борис Шутаров и Бети Димиќ заиграа кошарка. Беа презентирани и парчиња облека од текстилната струка од нашето училиште на модна ревија, со учениците Стојче Јовановски, Николче Трајановски, Стефан Митровски и Серкан Шакиров.

Амбицијата е многу комплицирана емоција. Секогаш постои нов врв за освојување, нова цел за постигнување.

Ние,учениците и нашите ментори отидовме со амбиција која не можеше да се опише, а добиениот резултат не направи некоја разлика или некои обесхрабрување, туку само ја зацврсти нашата желба за издигнување над другите. Честитки

до Марија Ичкова, Ели Минева и Мартин Крлевски, огромна благодарност до нашите ментори и нашата директорка, и би рекол дека беше привилегија и чест да се учествува со ваков ансамбл, кој се врати посилен од претходно.

Пишува:

АтанасАврамов

6 ПОГЛЕД , Јуни 2014

Мислења

Богданци домаќин на 19. Регионални пензионерски спортисти игри

На 5 јуни, во претпладневните часови, Богданци се расшаренее од разнобојни спортски маици на кои беше испишано дека возрасните луѓе, мажи и жени, кои ги носеа се пензионери и од каде се.

Ги имаше од секаде: од Кавадарци, од Негодино, од Велес, од Гевгелија, од Валандово, од Демир Капија, од Дојран.

-По редоследот што го определува Комисијата за спорт и рекреација на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Република Македонија Богданци годинава беше определено да биде домаќин на Деветнаесеттите регионални спортски пензионерски игри.-ни кажа во разговорот Славчо Узунов, претседател на Собранието на пензионери од Општина Богданци.

Пензионерите од веќе наброените општини плус пензионерите од Општина Богданци и уште пензионерите инвалиди од Кавадарци, заедно, натпреварувачи и судии, сите учесници во натпреварувањата, ги имаше 335 на број.

Здружението на пензионери на Општина Богданци беше организатор на спортскиот дел од организацијата и беше организатор на заедничкиот ручек и забава што се организираше во ресторанот

„Истатов“ во Дојран. Трошоците си ги сносеше секое здружение за себе.

Пензионерите се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Дисциплините беа поделени на атлетски во кои беа: скок од место (за мажи), фрлање ѓуле (за мажи и жени),трчање на 60 метри (за жени), трчање на 80 метри (за мажи), влечење јаже (мешан состав) и други дисциплини во кои беа: стрелање со воздушна пушка (за мажи), пикадо, шах, домино и табла (за мажи и жени).

Победниците од секоја дисциплина ќе учествуваат на Државниот натпревар што во септември ќе се одржи во Тетово.

Вкупниот победнник на Деветнаесеттите рагинални пензионерски спортски игри на Петтиот регион беше екипата на Кавадарци со 145, вкупно освоени, поени. На второ место се пласира Неготино, а трети беа пензионерите од Валес. Богданските пензионери, по бројот на вкупно освоените поени, го освоија четвртото место.

Мара Каракамишева, во конкуренција на жени, го фрли најдалеку ѓулето и, освојувајќи го првото место, се здоби со правото да учествува на Државниот спортски натпревар за пензионери .

Прво место освои и екипата

на Богданци за натпреварување во пикадо, за мажи. Со тоа пикадо-тимот во состав Владо Иванов, Ристо Пешков и Ристо Матеничков се избори за пласман на Државното натпреварување.

Владо Иванов, поединечно, освои најмногу поени во Регионот.

Невенка Кал’чева го освои второто место во трчање на 60 метри во Рагионот.

Жана Чакалова го освои третото место во трчање на 60 метри за жени над 60 години во Регионот.

Дитка Шапова го освои третото место во играње табла за жени во Регионот.

Методи Донов го освои четвртото место во скок од место во Регионот.

Митко Чавдаров го освои петтото место во играње табла за мажи во Регионот.

Игрите се организираа и се завршија без проблеми. Богданци се покажа како добар домаќин и ги понуди сите услови за организирање на спортскиот дел. Единствено во Богданци не можеше да се најде соодветен ресторан што може да ги прими сите гости, па ручекот и збавата се организираа во Дојран.

Славчо Узунов,Претседател на Собранието на Здружението на пензионери

на Општина Богданци

„Секоја година во Универзалната салла во Скопје се организира Републичка ревија на песни и игри на која учествуваат најдобрите пензионерски групи.

На овогодишната Ревија, на која присуствуваа Мери Канческа-

Милевска, министерката за култура на Република Македонија, Коце Трајановски, градоначалникот на град Скопје и Претседателот на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Република Македонија учествуваа и пензионерите од Општина Богданци.“

Куп награди за Тина и децатаIDF е логото на

Интернационалниот денс фестивал.Балетското студио SWEET

DANCE од Богданци на 24 мај учествуваше на годинешново издание на Фестивалот.

Се претстави во три возрасни групи: во групата MINI; во групата CHILDREN и во групата JUNIORS.

- На Интернационалниот денс фестивал се танцува во три стилови танц. Ние се појавивме во OPEN CATEGORY (отворена категорија) и во сите три возрасни групи го освоивме првото место. Како награда за тоа добивме 3 златни пехари, медал и дипломи за сите што учествувавме. На секоја диплома беше напишано името на добитникот.

Децата беа пресреќни. Судиите што го оценуваа играњето на натпреварувачите ни го доделуваа највисоките оценки. - се пофали Тина Тренчевска, кореографка и раководителка на Балетското студио „SWEET DANCE“ не можејќи да ја сокрие возбудата и радоста заради

успехот што го постигнале.Студиото постои веќе две

години. На списокот се запишани педесетина членови од сите возрасти.

Има и сосема возрасни женски членови. Со нив Тина вежба аеробик, зумба и фитнес денс.

За вежбање ја користат спортската сала на Гимназијата за што си плаќаат надоместок.

На 31 мај се одржа „Гевгелија денс“. Балетското студио учествуваше на настанот и се покажа во најдоброто светло.

-Дури и јас, како кореограф, со една од моите ученички заиграв стомачен танц-раскажува Тина Тренчевска, кореографката на Студиото.

Од 2 до 7 јуни во Гевгелија се одржуваше Детскиот фестивал „Калинка“. .Балетското студио и годинава како и лани ги играше креографиите со кои се илустрираа песничките изведувани на Фестивалот.

многу насмеани... едноставно дека преубаво играат - Тина, за време на разговорот, не престана да се потсетува на тоа што има се случувало на Интернационалниот

фестивал на танцот во Скопје.Балетското студио SWEET

DANCE набргу ќе почне со подготовка на летниот концерт што планира да го одржи кон крајот на летото во Богданци.

-Децата добија подароци од спонзорите на Фестивалот. Многу од гостите не можеа да престанат да ни делат комплименти дека децата играат како едно, дека се

Мара КаракамишеваРисто Матеничков, Валдо Иванов, Ристо Пешков

7ПОГЛЕД , Јуни 2014

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

П е т и ц и ј а Од група граѓани што

живееат покрај Љокова Река (покрај и на Ул. Гоце Делчев ).

Ви се обраќаме Вам со надеж дека барем Вие ќе имате слух за решавање на овој голем проблем со кој се соочуваме ние граѓаните кои живееме покрај коритото на Љокова Река . Проблемот датира од многу поодамна и не беше решен ни во времето на првиот градоначалник ( кога воедно е направена најголемата грешка ) и во времето на вториот градоначалник кој беше слеп после се што се случи после повеќето поплави, а секојдневно гледаше.

Можеби не сме сите образовани како што беа нашите градоначалници ама не сме слепи да ги увидиме грешките што ги направија. Првиот божем градежен инженер сакајќи да му угоди само на еден граѓанин , третирајќи не сите други како граѓани од втор ред , го подигна нивото на коритото на Љокова Река, со цел да напарви паркинг пред Поликлиниката Ројал Медика. Немаме ништо против самата поликлиника , но поради горенаведеното водата се излива на главната улица и назад кон куќата на Енџекчеви . Каналот собира дел од водата , но поради запушување на истиот од отпадоците, камењата и песокот најголем дел од водата се уште се излива по видоизменетото корито на реката. Вториот градоначалник божем лекар

ветеринар не увиде какви зарази и болести би ни се заканиле по поплавите на нашите домови.

Проблемот е голем, а друга за среќа не случена катастрофа со црн епилог би било поплавувањето на трансформаторот за струја што е лоциран буквално во самото корито.

Согледувајќи какви климатски промени наидуваат решавањето на овој проблем треба да биде приоритет поради следното :

1. Река е , каде што течело пак ќе тече .

2. Овој пат е спореден на главна улица и не регулирањето на коритото ќе значи и поплава на истата.

3. Овој пат се користи како пократок пат за гратските гробишта , значи е доста фрекфентен.

4. Фасадата на куќата на Фам. Ќатеви служи како потпорен ѕид на водената стихија , ако издржи ќе сведочи до каде достигнала водата.

5. Аналогно и гаражата на Фам. Ампови со секој пороен дожд е поплавена .

6. Семејставата на крајот на улицата, Фам. Аврамови со години немаат пат. На своја сметка купуваат песок за да си овозможат приод до дворот што со секој пороен дожд водата го одвлекува до главната улица.

Последното се случи и при последната поплава, кога пак останаа без пат. Пак беа принудени да си ја повлекуваат земјата за да

може да влезат дома. А згора на се беа понижени и навредувани од двајца Ваши вработени , господата Шуклев и Новоселски кои со погрдни зборови пишувале пријави и казна на човек домаќин , секогаш солидарен, прв да помогне на соседите ( при поплави и пожари ).

Се прашуваме во чие својство и по чиј налог овие двајца Ваши вработени влегле во дворот на Аврамови. Постојат ли легитимации што треба да ги покажат, протокол што треба да се следи , или во 21 Век каде правилата и кодексите на однесување се строго утврдени и со закони си дозволиле да изигруваат ‘гратски бандити’?

Со голема почит кон Вас Ви се обраќаме уште еднаш за помош . Решение мора да се најде . Општината треба да биде сервис на сите граѓани а не мајка за едни а маќеа за други. Врботените во комуналното претпријатие во иста мера да помагаат на сите граѓани , а не да бидат менаџирани од луѓе што не се вработени во истото. Се прашуваме налозите што се пишуваат за добивање на услуги и помош од комуналното претпријатие се адресираат на

1. Одредено лице? 2. На одредена Улица ?3. На една единствена куќа

или институција?4. Според висина на

платените комунални такси ? Се прашуваме што е тоа

што ги рангира граѓаните за да добијат помош од Општината и Комуналното претпријатие?

Кои услуги од Комуналното претпријатие се достапни за граѓаните со платените комунални такси? Кој член од законот е тоа да се израмни земјиштето пред еден двор додека целата улица е уништена и непроодна? Добивме одговори од типот :

1. Болниците имаат предност пред другите куќи.

2. Ние сме комунално претпријатие и работиме за плата, кога ќе ни дадат налог ние работиме.

Можеби ние граѓаните сме неинформирани, можеби системот функционира, а ние не знаеме да си побараме. Можеби треба писмено да се обратиме, усното барање како да не важи. Затоа Ве молиме за организирање на една заедничка средба на која ќе присутвуваат сите оштетени граѓани од Љокова Река ( кои живеат на и покрај Ул. Гоце Делчев ) , за која секако ќе бидат своевремено известени. Во соработка со гратските архитекти и друг компетентен кадар, во време кога во Скопје се гради проектот Скопје 2014 , а во светот импозантни мегаструктури силно се надеваме дека ќе успееме да изградиме едно функционално речно корито или канал каде водата ќе тече удолу.

Со почит од

долупотпишаните

Копија од Петицијата што граќаните што живеат покрај Љокова Река на улицата Гоце Делчев ја упатиле до Градоначалничката на Општина Богданци

Пред само еден месец „Интерглобус Лебопекара ММ“ во синџирот маркети „Солун-53 ММ“ додаде нова алка.

На 28 мај компанијата во Стар Дојран го отвори својот петти маркет.

Покрај основната дејност лебопекарско производство, „Интерглобус Лебопекара ММ“ веќе неколку години се развива во нови дејност. На списокот на стопански капацитети таа има запишано десетина млечни ресторани-продавници, пет самопослужувачки маркети, еден бутик... Во подготовка е опремување на погон на пакување на брашнеста и зрнеста храна .

По тој повод „Поглед“ беше во посета на „Интерглобус Лебопекара ММ“ каде што разговараше со генералниот менаџер, господинот Перо Шутаров.

„ П о г л е д “ : - Го с п о д и н е Шутаров, кога и како се роди овој бизнис?

П.Ш.:- Јас во 1987 година, кога почнавме бизнис со производство на сокови, сеуште бев професионален возач на автобус. Секоја работа бара целосна оддаденост. Јас не бев тука, работата не се одвиваше како што бевме планирале, па ја ставивме во мирување. При едно патување во Анталија, Турција дојдовме во контакт со луѓе од пекарскиот занает.И тука „се навлековме“ на пекарството и во 1994 година заталкавме во пекарскиот бизнис.

„Поглед“: -Постојано зборувате во множина. Кои сте ВИЕ?

П.Ш.: - Семејството. Јас, жената, децата.

„Поглед“- Заталкавте?!

П.Ш:- Да. И по дваесет госини сеуште мислиме дека сме заталкани во овој бизнис. Постарите пекари ми велеа дека во пекарството првите резултати можат да се видат дури по 5 години.Долго времето се 5 години. Кај нас почна да се вгнездува сомнеж. Цврсто се потпиравме на надежта, ама сомнението не јадеше одвнатре.

„Поглед“: - Но тука сте и по 20 години.

П.Ш:- Кај секој бизнис во основа треба да се има претстава од што се тргнува, каде треба да се биде упатен и каде се очекува да се стаса. Затоа јас морав да се ангажирам, да посетувам други пекари, да одам по сајмови, да го изучувам пекарството за да навлезам во суштината на пекарството. Прво почнавме со мајстори од страна. Видовме дека така не оди. Затоа се заложивме да се екипираме мајстори од овде. Се опремивме најдобро што можевме. Го обновивме возниот парк. Почнавме да се ширима на пазарите надвор од Богданци.

Кога дојде Законот за трговски друштва се пререгистриравме во „Интерглобус Лебопекара ММ“. За да нема недоумица од каде „Интерглобус“ ќе појаснам: „Млаз“ каде што возев автобус соработуваше со шведската фирма „Интерглобус“. Од таму го позајмив името. Идејата беше да имам и автобуси. Љубовта кон автобусите сеуште ме нема напуштено. Кога тогаш тоа име ќе биде напишано на некој автобус во сопственост на фирмата. Тогаш „Лепопекара ММ“ ќе остане во основниот бизнис,

„Интерглобус ќе заплови во други води.

С о растење на фирмата се јави потреба и од поголем р а б о т е н простор. Се о б е з б е д и о в а а з е м ј и ш т е и во две

фази се направи простор од 800 м2. Пазарот бараше нови производи, тие бараа нови технологии, нова опрема, а сето тоа бараше простор. Сакавме да биде препознатливи по квалитет, по услугата, по хигиената.Создадовме кодекс на однесување на кој ги навикнавме вработените и во производството и во продажната мрежа. Во моментот имаме 10 млечни ресторани: во Гевгелија 4, во Негорци, Стојаково, Скопје, Богданци, Валандово и во Дојран. Сите функционираат. Некои се подобри летно време, некои во другиот период. Ги следиме потребите на пазарот. Тоа што се троши на едно место, не се троши на друго место. На сите манифестации сме застапени или како реклами или како спонзори.

„Поглед“:- Покрај основната дејност лебопекарство велите дека имате и млечни ресторани. Имате маркети, бутик. Како дојдовте на идејата да се ширите во таа насока?

П.Ш.:- Во 2007 година имавме понуда да пристапиме кон Акционерското друштво „Солун 53“. „Солун 53“ беше правен субјект произлезен од старото трговско претпријатие „Солун“ што беше бренд во македонската трговија. Акционерското друштво беше паднало во лоша состојба. Направивме анализа и проценивме дека може да се смета на успех. Го презедовме „Солун 53“ заедно со сета залиха на стоки, со опремата и со сите права и обврски што фирмата ги имаше кон трети лица. Во тоа спаѓаше и просторот каде што е сместен маркетот. Така почнавме со маркетите. Го задржавме името „Солун 53“ затоа што врз тоа име се водеа концесиите за просторот.

„Поглед“: -Да ја прегледаме генезатана фирмата:

П.Ш.:- Прво беше занаетчиската фирма „Пекара ММ“ која се пререгистрира како трговско друштво „Интерглобус Лебопекара ММ“. Во рамките на „Интерглобус Лебопекара ММ“ функционираат: пекарата, 10 млечни ресторани, 5 маркети и 1 бутик. Во подготовка е отворањето на уште еден маркет.

„Поглед“:- Колкумина сте на платен список?

П.Ш.:- Не има околу 130-мина.

„Поглед“:- Зошто се ширевте кон трговијата?

П.Ш.:- Во млечните ресторани ги продаваме нашите производи. Некои од нив ги правиме на лице место, во самите ресторани. Опремени сме да го правиме тоа. Во маркетите, исто така, имаме опрема за производство на пекарски производи. Во големиот маркет во Гевгелија и лебот се произведува на лице место.

Имаме план, опремата веќе е нарачана, во нашите маркети да нудиме на продажба зрнеста и брашнеста храна што самите ќе ја пакуваме.

Во светот е тренд секој стопански субјект да тежнее, да се стреми да расте затоа што добавуваќжчите имаат отпор кон снабдувањето на малите потрошувачи.Покрај тоа набавувањето на поголеми количини секогаш е поефтино. Маржите се толку намалени што малите трговци не можат да опстанат само од маржи.

„Поглед“: -Размислувате ли да отворате маркети и во другите градови?

П.Ш.:- Локалпатритизмот е секаде присутен. Не е само да се отвори маркет. Тој маркет треба и да работи. Ако муштериите не те препознаат како „нивен“ едноставно те игнорираат. И има логика во таа

„Интерглобус Лебопекара ММ“ го шири бизнисот

поставеност. Граѓаните знаат дека ако тргуваат во маркет кој не е од нивната општина средствата што тие ќе ги потрошат таму се одлеваат надвор.Ако средствата се одлеваат надвор се намалуваат можностите за развој на општината. Ако нема развој нема нови работни места. Ако нема отворање нови работни места каде ќе се вработуваат нивните луѓе. Тоа е еден затворен круг и граѓаните се свесни за тоа. Во некои градови, иако тоа не смее да биде јавна и официјална политика, се води сметка да се заштитуваат домашните фирми.

„Поглед“:- Каде води тоа? П.Ш.:- Не знам каде води,

ама ќе предочам една математика. На времето само преку платите на „Млаз“ во Богданци влегуваа околу 1 милион марки месечно. И од другите фирми уште толку, тоа се 2 милиона марки свежи пари што само преку плати се вшприцуваа во развојот на Богданци. А сега? Колку сега се влеваат? Од друга страна пребројте ги комбињата што дневно влегуваат во Богданци за да доставуваат стоки. Сите тие се варќаат назад со кеш собран во Богданци. Може ли некој да пресмета колку пари се одлеваат на тој начин од Богданци.

8 ПОГЛЕД , Јуни 2014

Парола на месецот

За љубовта кон цвеќето се полева и саксијата.

Народна поговорка

Фотографиите на ИванаНа секој настан во Богданци

може да се сретне Ивана Паункова како со фотоапарат во рацете го регистрира случувањето.

Неретко и на социјалните мрежи можат да се сретнат фотографии со потписот на Ивана. Но тие фотографии не се од редот на селфи-занимациите или од редот на оние егзебиционо-нагонските прикази од типот „еј, видете ме“ на кој мајките и тетките стискаат лајкови и коментираат со „љепота“. Фотографиите на Ивана се вреднуваат како уметнички затоа што младата фотографка на нив забележала некој битен детаљ од нејзиното опкружување или доловила -композиција.

-Фотографијата за мене е живот. Фотографијата за мене е се што моите очи гледаат, сето она што мојот ум го регистрира.Го сакам фотографирањето. Фотографијата е моја голема љубов, но фотографирањето секогаш ќе ми биде хоби. Ќе продолжам да се бавам со фотографирање бидејќи фотографирањето ме исполнува

и ме прави да бидам задоволна.-вели за својата пасија младата фотографка Ивана Паункова.

Таа само што ја заврши третатат година од гимназиското образование во СОУ„Богданци“ во Богданци. Со фотографирање се бави неколку години. Нејзини фотографии биле изложувани во Скопје, во Тетово, во Куманово... Била учесник и на неколку хуманитарни изложби. Во 2013 година имаше своја самостојна изложба на фотографии во Гимназијата.

Кога Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) објави дека организира конкурс за избор на најдобра биофотографија Ивана го пријавила своето учество доставувајќи две фотографии во конкуренција.

Со тие две фотографии Ивана го освои второто место и како награда доби ваучар за бесплатно учество на еднодневна истражувачка акција на Истражувачкото друштво на студенти биолози.

Наградените фотографии

тел. 034/ 222-766

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери

„Гол Човек“ во паркот

„Гол Човек“ или Arbutus andrachne се вика дрвото кое како ретко, дури ендемично, растение вирее Кожув. Наречено е Гол Човек затоа што неговата лушпеста и црвенкаста кора, поради нејзината мазнотија и изглед, наликува на човечка кожа. Дрвото двапати годишно ја менува својата кора. Во текот на денот ја менува и бојата на кората. На изгрејсонце кората има зеленикава боја, во текот на денот добива боја на човечка кожа, а при крајот на денот, кон зајдисонце, поцрвенува.Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени во гроздови.

Самото дрво е со низок раст и има џбунеста форма. Кај него доминираат зелената боја на лисјата и црвената боја на стеблото. Дрвото е под заштита на државата.

Во Богданци едно дрво успеало да се зафати во централниот парк пред ресторанот, но е прилично запуштено и треба да се преземат мерки за стручна нега и заштита.

Црни точки Гола вода е нашиот однос кон Голиот Човек

На насловната страница пишува за дрвото Гол Човек во Богданци. Овде ја прикажуваме состојбата на тоа многу реткото дрво по „печатот“ што врз него го „удриле“ персоните за кои не може да се каже дека се одговорни за своите постапки. Напротив. Нивното нерационално однесување е сигнал дека им е неопходана институционална грижа од специјализирани установи.

Точно после 11 месеци повторно се потсетуваме на ендемското дрво кое вирее само во еден сосема мал дел во подножјето на југоисточната страна на Кожуф. По некоја среќна случајност дрвото наречено Arbitus andrachne или Гол Човек го има во паркот во Богданци. Да се има парк во самото централно градско јадро и уште тој да биде опколен со шеталиште, спроти него да се има уште еден парк на чие заживување се работи, да се има и црква непосредно до нив, па уште и ресторанско-хотелски објект кој се гради во близината, не е привилегија. Тоа едноставно е божја убавина. Среде таа убавина да се има нешто што, речиси, го нема никаде е придобивка која не се опишува со зборови. Дрвото Гол Човек, наречено така поради бојата на неговата кора која се нијансира во текот на денот, е придобивката.

„Поглед“ минатата пролет се обиде да укаже на тој факт.Никој не обрна внимание на укажувањето. При толку невладини организации со природољубиви предзнаци, при разни училишни секции по биологија, на крајот на краиштата, при живи и здрави институции, греота е дрвцето да се остави да чемрее заборавено зад зградата и да биде изложено на милоста на надворешните, честопати, не сосема рационални влијанија предизвикани од луѓето.

Мнозина се обидувале да зафатат такво дрвце. Никој не успеал. Оваа е единствен случај. Законската забрана за корнење на ова природна реткост од неговото природно станиште, ја исклучува можноста за нов обид.

Неопходно е да се преземаат мерки за негова целосна заштита затоа што, заради некои човечки интервенции врз него, дрвцето покажува знаци на изнемоштеност.

Мора да се остави во живот затоа што ќе треба да го претвориме во заштитен знак на Богданци.

Занемарениот Гол Човек во

паркот

Од “Поглед” бр 27 за Јуни 2011

Од “Поглед” бр 38 за Maj 2012Од “Поглед” бр 38 за Maj 2012