POGLED BR.48 MART

8
БРОЈ 43, Октомври 2012 PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013 Поглед од мојот агол Пишува:Илија Тумбов стр.6 стр.8 стр.2 Советот на Општина Богданци ја одржа Шеесет и првата седница, можеби последната во овој состав стр.6 Општинското средно училиште „Богданци“ го прослави патрониот празник Снег во Март Ноќта меѓу 15 и 16 март Богданци побеле под пролетниот снег Апсурдот и оттуѓеноста истакна кандидатот Зоран Прочков од СДСМ (Социјалдемократски Сојуз на Македонија). Шест Листи на Кандидати за избор на членови на Советот на Општина Богданци се поднесени за Локалните избори 2013 закажани за 24 март. Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска Партија за Македонско Национално Единство) и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложи Листа на кандидати чиј носител е Душко Енџекчев од Богданци. Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци СДУ (Социјалдемократска Унија) предложи Листа на кандидати чиј носител е Мито Манолев од Богданци. Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци Група Избирачи Митко Мишев предложи Листа на кандидати чиј носител е Митко Мишев од Богданци. Три Листи на кандидати за избор на Градоначалник на Општина Богданци се поднесени за Локалните избори 2013 година закажани за 24 март. Листи на кандидати доставија: Подносителот на Листата на кандидат за Градоначалник на Општина Богданци СДУ (Социјалдемократска Унија) го истакна кандидатот Велко Глигоров од СДУ (Социјалдемократска Унија). Подносителот на Листата на кандидат за Градоначалник на Општина Богданци ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска Партија за Македонско Национално Единство) и коалицијата прдводена од ВМРО- ДПМНЕ ја истакна кандидатката Анастасија Олумчева од ДС (Демократски Сојуз). Подносителот на Листата на кандидат за Градоначалник на Општина Богданци СДСМ (Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија) и коалицијата го Гест на културен чин „До Печатницата „Софија“, Весник „Поглед“, Богданци“, стоеше на предната страна на пликото. На таа адрерса беше упатена пратката. Со штембил, на задната страна на пликото беше истакнат испраќачот: „ЈП „Комунална чистота“, М.Тито 64 Богданци“. Запишано беше дека датата на доставување е 13 март 2013 година.А внатре, во пликото, содржината. Текстот кој го поттикна оваа пишување. „Почитувани, Во пресрет на излегувањето на Вашиот 48-ми број од месечниот весник „Поглед“ Ви го честитаме четиригодишниот јубилеј со искрени желби и намери да продолжите во ист правец и во иднина.. За нас весникот „Поглед“ е тоа што отсекогаш бил, независен информатор на јавното мислење, коректив и контролор во извршувањето на нашите секојдневни активности, негувател на локалната традиција и културните вредности и неопходен придружен елемент на секоја урбана средина. Со почит, ЈП „Комунална чистота“ Богданци“ Толку. Значи за писмо се работи. За честитка. А тоа е вредност определена како културна навика. Бројот 48 сугерира четирипати по дванаесет месечника што, пак, се цели четири години во постојана релација со јавноста изнесувајќи и ги на увид нашите погледи на нештата.Убаво е да се чујат пофалби за тоа што сте го сработиле.Убаво е затоа што се двигател на желбата за истрајност и опстојување. Поттик се во секој случај. Благодариме. Mногу и се радуваме на честитката. Илија Тумбов, Уредникот Продолжува на стр.3 Оваа фотелја го чека новиот Градоначалник Овие фотелји ги чекаат новите советници тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ Број 48 2013 Март

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of POGLED BR.48 MART

Page 1: POGLED BR.48 MART

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Л О К А Л Н И И З Б О Р И 2 0 1 3

Поглед од мојот агол

Пишува:Илија Тумбов стр.6

стр.8стр.2

Советот на Општина Богданци ја одржа Шеесет и првата седница, можеби последната во овој состав

стр.6

Општинското средно училиште „Богданци“ го прослави патрониот празник

Снег во Март

Ноќта меѓу 15 и 16 март Богданци побеле под пролетниот снег

Апсурдот и оттуѓеноста

истакна кандидатот Зоран Прочков од СДСМ (Социјалдемократски Сојуз на Македонија).

Шест Листи на Кандидати за избор на членови на Советот на Општина Богданци се поднесени за Локалните избори 2013 закажани за 24 март.

Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска Партија за Македонско Национално Единство) и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложи Листа на кандидати чиј носител е Душко Енџекчев од Богданци.

Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци СДУ (Социјалдемократска Унија) предложи Листа на кандидати чиј носител е Мито Манолев од Богданци.

Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци Група Избирачи Митко Мишев предложи Листа на кандидати чиј носител е Митко Мишев од Богданци.

Три Листи на кандидати за избор на Градоначалник на Општина Богданци се поднесени за Локалните избори 2013 година закажани за 24 март.

Листи на кандидати доставија:

Подносителот на Листата на кандидат за Градоначалник на Општина Богданци СДУ (Социјалдемократска Унија) го истакна кандидатот Велко Глигоров од СДУ (Социјалдемократска Унија).

Подносителот на Листата на кандидат за Градоначалник на Општина Богданци ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО-Демократска Партија за Македонско Национално Единство) и коалицијата прдводена од ВМРО-ДПМНЕ ја истакна кандидатката Анастасија Олумчева од ДС (Демократски Сојуз).

Подносителот на Листата на кандидат за Градоначалник на Општина Богданци СДСМ (Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија) и коалицијата го

Гест на културен чин

„До Печатницата „Софија“, Весник „Поглед“, Богданци“, стоеше на предната страна на пликото. На таа адрерса беше упатена пратката.

Со штембил, на задната страна на пликото беше истакнат испраќачот: „ЈП „Комунална чистота“, М.Тито 64 Богданци“.

Запишано беше дека датата на доставување е 13 март 2013 година.А внатре, во пликото, содржината. Текстот кој го поттикна оваа пишување.

„Почитувани,Во пресрет на излегувањето

на Вашиот 48-ми број од месечниот весник „Поглед“ Ви го честитаме четиригодишниот јубилеј со искрени желби и намери да продолжите во ист правец и во иднина..

За нас весникот „Поглед“ е тоа што отсекогаш бил, независен информатор на јавното мислење, коректив и контролор во извршувањето на нашите секојдневни активности, негувател на локалната традиција и културните вредности и неопходен придружен елемент на секоја урбана средина.

Со почит, ЈП „Комунална чистота“

Богданци“Толку. Значи за писмо се

работи. За честитка.А тоа е вредност определена

како културна навика.Бројот 48 сугерира четирипати

по дванаесет месечника што, пак, се цели четири години во постојана релација со јавноста изнесувајќи и ги на увид нашите погледи на нештата.Убаво е да се чујат пофалби за тоа што сте го сработиле.Убаво е затоа што се двигател на желбата за истрајност и опстојување. Поттик се во секој случај.

Благодариме. Mногу и се радуваме на честитката.

Илија Тумбов, УредникотПродолжува на стр.3

Оваа фотелја го чека новиот Градоначалник

Овие фотелји ги чекаат новите советници

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Број 48 2013Март

Page 2: POGLED BR.48 MART

2 ПОГЛЕД ,Март 2013

Од Шеесет и првата седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Год и ш н и с мет к и и л е га л и з а ц и и

Со седум советници почна и заврши Шеесет и првата седница на Советот на Општина Богданци што се одржа на 18 март 2013 година.

На седницата не присуствуваа советниците Ристо Шабанов, Драгица Ѓавочанова, Зоран Пеев и Блаже Шапов.

Со седницата раководеше претседателот Душко Енџекчев.

На седницата присуствуваче и градоначалникот Ристо Ичков.

Со 7 гласа „За“ се усвои записникот од Педесет и деветтата седница на Советот на Општина Богданци заедно со забелешката од советникот Тони Такашманов дека во записникот не се содржи неговото прашање дали има селективно исплаќање на паушали за советници, а од Симона Савиќ и Градоначалникот му било одговорено дека нема, за потоа да се утврди дека сепак имало.

Со 7 гласа „За“ без забелешки се усвои записникот од Шеесетата седница на Советот на Општина Богданци.

За работа на Советот се усвои дневен ред од 17 точки во кој шеснаесеттата точка, беше предложена на самата седница од општинската администрација.

*- На првата точка се разгледуваше Годишната сметка на Јавната општинска установа Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци.

Без расправа, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци ја прифати Годишната сметка на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци за 2012 година според која Домот, на сметката 903-10 има приход од трансфери и донации во износ од 634.225 денари колку што изнесуваат и расходите од кои 385.807 денари за плати и надоместоци и 248.418 денари за стоки и услуги, а на сметката 787-16 како приходи од трансфери и донации се регистрирани 12.400 денари кои не се појавуваат како трошок.

*- На втората точка Суза Јованова од Јавната општинска установа Детска градинка „Коста Поп Ристов Делчев“, Богданци ја образложи Годишната сметка на Установата поднесена на разгледување пред Советот.

Без расправа, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, Советот на Општина Богданци ја прифати Годишната сметка на ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“ Богданци за 2012 година според која Градинката, на сметката 903-12 од трансфери и донации има приходи во висина од 9.325.147 денари од кои како тековни расходи на плати и надоместоци биле потрошени 5.865.736 денари, а за стоки и услуги биле потрошени 3.153.469 денари. Како капитални расходи биле потрошени 305.942

денари. На сметката 787-18 Установата регистрирала приход од 3.122.291 денар од кои 1.055.194 потрошила на стоки и услуги, 310.000 денари потрошила на капитални расходи, а 878.548 денари се пренесени за 2013 година.

*- На третата точка, по образложението на Катерина Ампова од Средното општинско училиште „Богданци“ –Богданци, Советот, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ја прифати Годишната сметка на Училиштето за 2012 година според која на сметката 903-13 од трансфери и донации имало приход во висина од 20.849.868 денари. Толкави биле и расходите од кои 11.000.673 денари се потрошиле на плати и надоместоци, 8.205.811 денари се потрошиле на стоки и услуги, 4.660 денари се потрошиле на субвенции и трансфери, а 1.638.724 денари биле капитални расходи. На сметката 787-19 Училиштето имало приход од 240.009 денари од кои 207.861 денар потрошило за стоки и услуги, а 32.148 денари биле пренесени за 2013 година.

Училиштето има уште две буџетски сметки ( 785-15 и 603-15), но на нив во 2012 година немало ниту приходи ниту расходи.

Советникот Тони Такашманов го интересираше дали поставувањето ролетни на прозорците на Училиштето било направено во тендерска постапка и колкава била висината за извршената услуга. Бидејќи не беше возможно веднаш да добие одговор на прашањето побара тоа да биде направено дополнително во писмена форма.

*-На четвртата точка, по образложението од Катерина Ампова од Општинското основно училиште „Патар Мусев“-Богданци, се разгледуваше Годишната сметка на ООУ„Петар Мусев“ за 2012 година според која Училиштето на сметката 903-10 имало приход од 20.209.087 денари колку што изнесувале и расходите од кои 14.332.608 денари се потрошиле на плати и надоместоци, 5.702-489 денари се потрошиле на стоки и услуги, а 173.990 денари биле капитални расходи. На сметката 787-15 имало приход од 51.934 денари што во истиот износ се пренесени во 2013 година. Училиштето има уште две сметки (785-11 и 603-150 на кој немало приходи и од кои не се трошеле средства

Претседателот Душко Енџекчев направи забелешка, генерално за сите поднесени Годишни сметки за разгледување од Советот, дека разгледувањето на Сметките и начинот на кој тоа се прави е законски регулирано, но Советот нема целосен увид во финасовото работење на установите, па побара во иднина со Годишните сметки да се приложуваат и подетални извештаи за нив.

Со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци ја прифати Годишната сметка на ООУ „Петар Мусев“-Богданци.

Советникот Тони Такашманов

побара да му се дадат споредбени податоци за трошоците за греење во „Петар Мусев“ и „Богданци“ кои Катерина Ампова му ги кажа.

*-Без расправа, со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, по образложението од Катерина Ампова, на петтата точка се разгледа Годишната сметка за 2012 година за Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“-Стојаково. На сметката 903-12 Училиштето од блок дотации имало приход 11.951.578 денари од кои биле потрошени 11.949.066 денари. Во детално прикажаните расходи стоеше дека 5.405.829 денари се потрошиле на плати и надоместоци, 1.999.897 денари на придонеси за социјално осигурување,10.700 денари за патни и дневни трошоци, 550.415 денари за комунални услуги и греење, 743.236 денари за ситен инвентар и алат, 2.198.100 денари за поправки и тековно одржување, 334.374 денари за договорни услуги, 80.028 денари за други тековни расходи, 206.623 денари за купување опрема и машини, 150.000 денари за други градежни објекти, 169.960 денари за купување опрема и 99.903 денари за друго. На сметката 787-18 Училиштето има приход од 190.577 денари од кои 15.610 денари од помошни активности во образованието, 10.000 денари од закупнина на дворно место, 45.200 денари од спортски активности и 119.767 денари пренесени од 2011 година.Сите 190.577 денари се пренесуваат како приход во 2013 година.

*- На шестата точка, по образложението од директорот Иван Иванов се разгледуваше Завршната сметка на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ –Богданци за 2012 година.

Претпријатието во 2012 година имало приходи од 24.850.533 денари од кои потрошило 18.439.598 денари и имало бруто разлика од 6.410.935 денари на која се платило данок на непризнаени расходи во висина од 24.064 денари, а остатокот од 6.386.871 денар се нето добивка.

Приходите главно се од вода -10.789.176 денари, од ѓубретарина- 5.209.270 денари,од канализација-1.651.272 денар, од јавна чистота – 1.402.252 денари, од водоинсталатери и новопоставени водомери-1.108.980, од градежна група- 1.883.174 денари, од комбинирана машина-597.817 денари, од гробарина-997.996 денари, од пазар – 599.220 денари и други поситни приходи од други дејности.

Во расходите позначајни се 7.530.001 денар за бруто плата на вработените, 2.420.389 денари за струја, 1.807.303 денари за материјали за градежната група, 1.202.018 денари за горива и мазива,594.276

денари за амортизација,436.861 денар за договорни услуги,301.996 денари за Надзорен и Управен одбор и други помали износи. Активата на претпријатието е 29.337.006 денари колку што е и пасивата. Во пасивата 5.305.909 денари се обврски спрема добавувачите од кои 3.693.654 денари се на име фактури од ЈКП„Водовод“ за струја и други обврски кон коминтентите.

*- На седмата точка се разгледуваше барањето од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“-Богданци за измена на Правилникот за систематизација на работните места. Директорката Вангелица Караиванова објасни дека од министреството имаат дозвола до крајот на 2013 година да вработат логопед. Во постојниот правилник имало одредба дека логопедот треба да има 2 години работно искуство.Со таков услов не можело да се најде логопед бидејќи таквите кадри биле дефицитарни, па за да не се загуби согласноста од Министерството нивниот Управен одбор донел Одлука во Правилникот да се стави одредба кандидатот да биде со или без работно искуство и бара Советот да даде согласност за неа.

Во расправата советникот Илија Карагошев предложи оваа одлука да се остави да ја донесе идниот состав на Советот на Општина Богданци што ќе биде најдоцна за еден месец.

Советничката Катерина Чрчева се интересираше дали во Агенцијата за вработување има таков профил на што и беше кажано дека нема.

Советникот Тони Такашманов потсети дека идниот состав на Советот може да ја смени одлуката и го поддржа предлогот на Карагошев.

Градоначалникот побара да се даде согласност на одлуката за да се вработи логопед кој е многу неопходен во работата на Градинката.

На изјаснувањето 5 советници гласаа да се даде согласност на Одлуката, а 2 советника беа воздржани.

*- На осмата точка , со 7 гласа „За“, се донесе Одлука на КП 5670 во КО Стојаково со решени имотно правни односи, на местото викано Билото, да се подигне привремена градба со височина од 60 метри наменета за истражувачка дејност-мерење на брзина и правец на ветер. Барањето за поставувавање мерна станица е поднесено од ДГПТ ЕУРО ИНГ Гевгелија Градбата треба да биде поставена за период од најмногу 3 години и по тој период да биде отстранета.

*- На деветтата точка со 7 гласа „За“, се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно

изградени објект на КП 10536/1 во КО Богданци.

*- На десеттата точка , со 7 гласа „За“, се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изграден објект на КП 9387,9378,9384 во КО Богданци.

*- На единаесетта точка, со 7 гласа „За“, се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација со која ќе се иврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 9387,9378 и 9384 во КО Богданци.

*- На дванаесеттата точка, со 7 гласа „За“, се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација и вклопување на бесправно иградениот објект на кп 1765 во КО Ѓавото.

*- На тринаесеттата точка, со 7 гласа „За“ се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 9901 во КО Богданци.

*- На четиринаесетта точка, со 7 гласа „За“, се одлучи да се дополни Одлуката за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изграден објект на КП 9115 во КО Богданци.

*- На петнаесеттата точка, со 7 гласа „За“, се одлучи за донесување урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура воедно и корито на гегова Река на КП 11289/1 во КО Богданци.

*- На шеснаесеттата точка со 7 гласа „За“ се донесе Одлука на правното лице НеСа Енерги ДОО Струмица, на КП 2868/1 во Паљурци во КО Богданци, со решени имотно правни односи, да се подигне привремена градба за мерна станица со намена за истражувачка дејност –мерење на брзина и правец на ветер.

Градбата да се постави за период најмногу до 3 години и по истекот на тој рок да се отстрани.

*. Седумнаесетта точка бече наменета за советнички прашања.

-Советникот Илија Карагошев праша дали заклучокот донесен по Барањето на група граѓани од Стојаково за доисплатување на средствата за надоместување на штетите од снег е доставено и до кого на што му беше одговорено дека писмото чека на потпис и е адресирано до Владата на Република Македонија.

Советникот побара да му се даде копија од материјалите што ќе бидат доставени до Владата.

Во присуство на 9 советника, на 5 март 2013 година, се одржа Шеесеттата седница на Советот на Општина Богданци. Оправдано отсутни беа советниците Блаже Шапов и Драгица Ѓавочанова.

Претседателот Душко Енџекчев, констатирајќи дека има кворум за работа на Советот предложи дневен ред од две точки.

Без дискусија, со 9 гласа „За“ Советот го прифати предложениот дневен ред.

*- На првата точка се разгледуваше Барањето поднесено од Јован Љушев, претседател на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи со кое тој, од лични причини, бара да биде разрешен од функцијата претседател на Комисијата и да биде разрешен и од членувањето во неа.

Од Комисијата за мандатни прашања и именување известија

дека тиа подготвиле Предлог- Решение за разрешување на Јован Љушев од претседател и член на Комисијата за проценки и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи и за именување на Елена Олумчева, член на Комисијата, за нејзина претседателка, а инженер-агроном Владо Стамнов за именување за нов член на Комисијата.

Никој не побара збор за дискусија, па се премина на гласање.

Со 7 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци го разреши Јован Љушев од претседател и член на Комисијата за проценки и утврдување на висината на штети од природни непогоди и други несреќи.

За нов претседател на Комисијата ја именува Елена Олумчева, член на Комисијата, а за нов член на Комисијата го именува

инженер-агроном Валдо Стамнов.*-На втората точка

претседателот на Советот предложи Информацијата која на минатата седница беше дадена за штетите настанати од лошите временски услови и врнежите од дожд од кои земјоделските култури претрпеа штети да се дополни и за штети кај одредени градежни објекти.

Без дискусија, со 9 гласа „За“ Советот на Општина Богданци одлучи Заклучокот од претходната седница според кој Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од прирони непогоди и други несреќи на Општина Богданци да се прошири и Комисијата да се задолжи да излезе на терен и да ги процени и утврди висините на штетите и кај оштетените градежни објекти.

Од Шеесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Елена Олумчева нов претседател на Комисијата за проценка на штети од непогоди

Извештајот за оваа седница е направен според службениот записник од седницата

Page 3: POGLED BR.48 MART

3ПОГЛЕД ,Март 2013

Локални избори 2013

Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци СДСМ (Социјалдемократски Сојуз на Македонија) со коалицијата предложи Листа на кандидати чиј носител е Блаже Шапов од Богданци.

Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци Сојуз на Титови Леви Сили предложи Листа на кандидати чиј носител е Драги Карапуцев од Богданци.

Подносителот на Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци ДОМ (Демократска Обнова на Македонија) предложи Листа на кандидати чија носителка е Гонца Коцева од Богданци.Изборите во Општина Богданци ќе се спроведат на десет изборни места.

На Избирачкото место 368, во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стојаково, ќе гласаат граѓаните од Стојаково чии презимиња почнуваат од буквата А до буквата К.На Избирачкото место 369, во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стојаково, ќе гласаат граѓаните од Стојаково чии презимиња почнуваат од буквата Л до буквата Ш.На Избирачкото место 370, во Подрачното училиште во Селемли, ќе гласаат граѓаните од Селемли.

На Избирачкото место 371, во Ветеринарната станица во Богданци, ќе гласааат граѓаните од порано таканаречениот Први реон во Богданци.

На Избирачкото место 372, во Домот на културата во Богданци, ќе гласаат граѓаните од порано таканаречениот Втори реон во Богданци .

На Избирачкото место број 373, во Канцеларијата на пензионерите во Богданци, ќе гласаат граѓаните од порано таканаречениот Трети реон во Богданци.

На Избирачкото место број 374, во Бараката на КУД „Иљо Кал’чев-Дељо“ во Богданци, ќе гласаат граѓаните од порано таканаречениот Четврти реон во Богданци.

На Избирачкото место број 375, во Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци, ќе гласаат граѓаните од порано таканаречениот Петти реон во Богданци.

На Избирачкото место број 376, во „Млаз“ во Богданци, ќе гласаат граѓаните од порано таканаречениот Шести реон во Богданци.На Избирачкото место број 377, во

Утврдени листи на кандидати за Градоначалник

на општина Богданци

Избирачките одборипо избирачките места во Богданци

Утврдени листи на кандидати за членови на советот на општина

Богданци

Продолжение од стр.1

Page 4: POGLED BR.48 MART

4 ПОГЛЕД ,Март 2013

АНАСТАСИЈАОЛУМЧЕВАЗА БОГДАНЦИ19

МАКЕДОНИЈА СЕ САКА СО ДЕЛА

ЛИСТА НА СОВЕТНИЦИЗА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

1. ДУШКОЕНЏЕКЧЕВ

КРИСТИЈАНТОДОРОВ

КАТЕРИНАЧРЧЕВА

2. 3.

4 За нас најважна работа е дадениот збор. Тоа може да се види во сите општини во кои досега градоначалници беа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија", но и преку реализираните ветувања на ниво на централна власт. Во овие општини во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем дел од проектите за кои дадовме збор. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти, кои ги нудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Со програмите за Македонија 2013-2017 година, кои се реален одраз на потребите на граѓаните, предвидовме 10.112 нови дела за 70 општини. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Македонија. Затоа што татковината не се сака само со зборови. Тие што вистински ја сакаат својата земја, работат за неа, ја сакаат со дела.

СТОЈАНВОДАНОВ

4. РИСТОЕНЏЕКЧЕВ

5.

МАРИЈАЌАЕВА

6. ОЛИВЕРТРАЈКОВ

7.

ГОРАНСЛАМКОВ

8. ЕЛЕНАБЕЈКОВА

9.

МИТКОСТАНОЈСКИ

10. ЕЛЕНАОЛУМЧЕВА

11.

ww

w.a

nast

asija

olum

ceva

.mk

1. Развој и промоција на новопланирани и постоечки индустриски зони2. Изградба на спортска сала во ООУ „Петар Мусев“ Богданци3. Донесување на Генерални и детални урбанистички планови за сите населени места во рамките на општина Богданци4. Изградба на доводен цевковод од бунарско подрачје Ѓавато до резервоар во населено место Стојаково5. Изготвување на Стратегија и проекти за комплетно решавање на проблемот со атмосферските води во општина Богданци6. Изработка на проектна документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Богданци7. Изградба на фекална канализација со пречистителна станица во с.Селемлија8. Поставување на рабници и асфалтирање на главни улици во с.Ѓавато и с.Селемлија9. Реконструкција и ставање во функција на Домови на Култура во сите населени места

ПРИОРИТЕТНИ ПРОЕКТИ ЗА НАРЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Ком

ерци

јале

н ог

лас

Page 5: POGLED BR.48 MART

5ПОГЛЕД ,Март 2013

42

Ком

ерци

јале

н ог

лас

Page 6: POGLED BR.48 MART

6 ПОГЛЕД ,Март 2013

Поглед од мојот агол

Апс урдот и оттуѓенос та

1.Пролетта 1969 година,

како матурант, работев тема за оттуѓеноста во делата на Албер Ками. Деновиве малку се занимавав со егзистенцијалистите и повторно се навратив на Ками. Сега интересот го свртев кон апсурдот.

Речниците и лексиконите апсурдното го објаснуваат како невозможно, недолично или бесмислено. Дури се толкува дека апсурдното е и противречно.

Егзистенцијалистите, пак, тврдат дека светот сам по себе е апсурден. И додаваат дека со проникливост чувството на апсурдот се осветлува.

Апсурдност треба да биде кога има неусогласеност меѓу намерата и реалната околност во која треба да се спроведе намерата. Реалноста што се очекува треба да биде апсурдна и невозможна кога не се усогласени вистинските сили и целта што се поставува. Затоа, пак, на апсурдот секогаш може да му се спротивстави луцидноста. Нема судбина што не може да се надмине со презир.

Ками, врз примерот на Сизиф, укажува дека дека самата борба да се стигне до целта, иако намерата изгледа нереална, е доволна да се исполни срцето. И, повикувајќи се на Достоевски, додава: „Ако има Бог, ако тој ги устроил нештата, тогаш треба да им се препуштиме на нештата такви какви што се оти не можеме ништо против божјата волја.

Ако нема Господ тогаш самите на себе сме си Бог и се зависи од нас.“

Значи, се зависи од моментот. Секој момент може да се најде оправдување за нашите постапки какви и да се тие.

2.Денот кога се прославува

сопственото раѓање е точката што го бележи оддалечувањето од тој момент.

Точките се тие што се бројат.Како се зголемува нивниот број

така човек се повеќе и се доближува на вистината. Вистината за животот и живеањето.

Човек има милион причини да се биде незадоволен од животот и само една причина за задоволство.

Доволно е да биде сакан.Да биде сакан од неговите,од

пријателите, од другарите, од колегите, од тие што се околу него.

Не е лесно да се биде сакан.Треба да се работи на тоа.

Насмевката е добра основа за почеток

Во тоа име се препорачува: смејте се; имајте мил изглед; намуртеноста заменете ја со пријатност; премолчете кога не треба да зборувате; кажете го вистинскиот збор кога за тоа е време; не пренесувајте ја своја нервоза наоколу.

Правете го тоа и не берете гајле. Сите ќе мора да ве сакаат.

Кога се има тоа се друго е неважно.

3.Во пишувањето на Милчо Ванов

прочитав дека за него состојбата во Богданци не е розова.

Розова, како не е розова, ќе му речам.

Инженер е, има разбирање за векторските сили. Нека низ таа призма фрли поглед во овие предизборни случувања и ќе сфати дека пинкот е во мода. Нека го погледа филмот „Парада“ и се ќе му стане јасно.

И здружувањата и раздружувањата. Во пресекот на векторските сили има место за сечии интереси. Дури и за „обратните“.

На розовото треба да се погледне и од таа страна.

4. На седница на Советот на

Општина Богданци, при утврдување на Генералниот урбанистички план на Богданци беше кажано дека Полицијата и не е на Општината.

Ако не е на Општината, а пред истиот тој состав на Советот беше кажано дека е, тогаш чија е?

Ако не е, а беше кажано дека е, тогаш зошто на Министерството за внатрешни работи во општинската зграда му се дадоа на трајно користење две простории за кои Општина Богданци додека постои ќе плаќа струја, вода, одржување и се друго.

Ако не е така како што беше кажано дека е, тогаш кој и за чии интереси му го кажувал на Богданци тоа што му го кажувал. Мислам на Дванаесетмината: Единаесете плус Едниот. Башка и чиновништвото треба да даде некои одговори.

Ако е така како што на крајот ќе излезе дека е, ќе се најде ли маж што ќе го разреши овој Гордиев ч’лан.

5.На еден предизборен

митинг, за еден од кандидатите за градоначалници беше кажано дека во биографијата нема ниту една црна дамка.

Нормално. На доаѓање сите се чисти. .

Богданци, според приказните

што се раскажуваат, мисли дека се поинакви кога си одат.

6.За табиетот на Марта се

раскажуваат приказни.Позната е и приказната за

Сечко кој, нели кус, ја замолил Бабата Марта да му позајми три дена од нејзините пролетни за да им покаже некои работи на козите кои му се потсмевале дека неговото време помина и сега е време на пролетта.

Марта му ги дала своите први три дена на располагање на Сечко и овој удрил со снег и поледици. Колку да им покаже на козите.

Приказната овие три дена, 14,15 и 16 март по новиот календар, но и 1,2 и 3 март по стариот календар кој бил во употреба кога се скроила приказната, ги нарекува Бабини денови. Годинава, на 15 март Сечко навистина покажа што може.

7.Пред 8 години и јас, како

независен кандидат, учествував во натпреварот.Само што го најавив тој чекор се се смрзна околу мене. Пријателите ме заобиколуваа во широки кругови. Некои од другарите се правее дека „не се од тука“. Дури и роднините имаа извесна резерва..

Ретко кој влезе во изборниот штаб да ми посака среќа. Во близината имаше една продавница, продавачот пријател од детството му помагав да и ги пишува писмата на една негова тинејџерска љубов, гледа дека сум тука, ама никако да се покачи докај мене.

Еден ден сиот светнат во образите доаѓа и ми вели:

-Од Општината ми јавија овие да ги донесам во твојата канцеларијата.

Го гледам, ги гледам и работите што ми ги подава и сфаќам дека има „прекин на врските“. Ниту бев нарачал такви работи ниту имав потреба од нив.

-Во чија канцеларија да ги однесеш?- го прашав.

-Во канцеларијата на Иљо Тумбов.-одговори.

-Тогаш однеси ги во Месната заедница. Таму порано, како секретар на Месната заедница, имав канцеларија. Во неа сега е сместена Изборната комисија.

Се заврте и си отиде. Прво разочаран дека не му бил од помош на „стариот другар“, второ, уплашен да не некој го видел како без причина се мотка кај Штабот на кандидатот Илија Тумбов.

Избори се, па се сетив на случкава.

Во тоа време и зависните и независните имаа проблеми.

Како ли им е сега на тие што се зависни?

Тие си знаат, ама не ќе им е лесно.

Нема нас лов, има причина

Почитувани граѓани,

Сакам да Ве информирам дека за првпат по 7 години хорот при СОУ,, Богданци“ од Богданци не учествуваше на патрониот празник на училиштето. Одлуката е донесена лично од мене, Ристо Лазаров, професор по музичка уметност, без никаков притисок и туѓо убедување, а во знак на протест на дискриминаторскиот однос кој изминативе 4 години го покажува СОУ ,,Богданци“ со кулминација на последната од страна на в.д. Мирјана Тачевска и градоначалникот Ристо Ичков, а во периодот од 2009 -2011 од страна на Соња Каракамишева. Веќе 7-ма година како работам во СОУ,,Богданци“ и сметам дека совесно и одговорно ги извршувам задачите, а притоа учествувајќи на разни општински и државни манифестации и освојуваќи награди на истите, а притоа ми е ускратено законското право за трансформација на работното време на неопределно време. И покрај сите овие активности, сеуште не ми е јасно зошто не е направено истото. Морам да напоменам дека успешното работење на хорот и оркестарот беше во периодот од 2006 до 2009г кога директор беше Марика Лисичкова и во 2012г кога вршител на должноста директор беше Евгенија Ќука.

Сакам да им се извинам на членовите на хорот што не им овозможив настап на патронатот, жал ми е што ги трпат последиците, но не по моја вина. Но во тек е подготовка за учество на регионални и државни хорски смотри и европски

хорски натпревари за кои се надевам дека ќе немам никакви опструкции. Во интерес на афирмација на училиштето, овие активности ќе ги реализирам безрезервно, без разлика на предмалку спомнатиот дискриминаторски однос. Но не ја исклучувам можноста да настапам и под друго име.

Во тек беше и припрема за учество на образовно рандеву со талентирани ученици од областа на музиката, кадешто ми беше извршен класичен упад во изборот на учениците од страна на колешката по македонски јазик, Верица Ризовска, којашто без мое одобрение направи пријавување на ученици кои би настапиле како бенд. Бев принуден да се повлечам со мојот избор на ученици, плашејќи се од злоупотреба на моето име и авторитет од страна на колешката Верица Ризовска.

Почитувана колешке, не е пристојно да се мешате во работи кои не се во ваш домен, но секако тоа е својствено за вас. Тоа го покажавте со премиерата на драмата ,,Малограѓанска свадба“ кога прифативте да бидете потпишани како ко-режисер, а севкупната работа ја заврши режисерот Кире Георгиев, кој беше професионално ангажиран од страна на училиштето, а причина за таа соработка, да ве потсетам, бев лично јас. А со вашиот однос ја доведовте во прашање и премиерата, каде повторно бев ангажиран јас. Во иднина, размислете која ќе биде вашата професија.

Во врска со работењето на гимназијата имам многу што да кажам, но тоа ќе го направам по изборите, со единствена цел да не бидам разбран како политички платеник на едната или другата гарнитура. Сето онаа што ќе го напишам во иднина е сето онаа што сум го зборувал и порано и го правам со чиста и мирна совест, без никаков притисок. Очекувам да има разни коментари и обвинувања, но подготвен сум да се соочам со факти по било кое обвинување.

Пишува:Ристо Лазаров,професор

Во „Богданци“ академија за патронатот„Гимназија во Богданци беше

сон на генерации, генерации наши претходници.

Вечерва го прославуваме патрониот празник. Вечерва имаме можност да ги споделиме овие убави моменти заедно со вас, да ги претставиме нашите успеси преку талентот на нашите ученици следен од нивните ментори-кажа Мирјана Тачовска, директорка на Општинското средно училиште „Богданци“ во своето воведно обраќање на почетокот на претставата организирана по повод патрониот празник на училиштето.

Пред преполнетата училишна

рецитаторите Елена Стамкова и Лазар Тренчовски.

Марија Ичкова, како вокал, Данче Папучиева и Никола Мицев на гитари и Ристе Папучиев на тапани се претставија со „Деца бевме“.

Скечот „Кумановец у Канаду“ го кажуваше Мартин Крлески.

Марија Ичкова, Данче Папучиева, Никола Мицев и Ристе Папучиев се претставија уште еднаш. Овојпат со „Feeling good“.

Потоа Виолета Илиевска ја кажуваше својата песна „Сонувам“.

„Каква и да си, дојди“ од Рабиндранд Тагоре ја чувме во интерпретација на Цеца Србова.

„Pumped up kicks foster the people“ ја изведоа Елена и Кристијан Стамкови.

Во музичка придружба на Данче Папучиева, Никола Мицев и Ристе Папучиев, Ружа Поп-Гонова ја испеа „Simple man“.

Во точка на модерен балет го проследивме настапот на Емилија Апостолова, Фросина Џиџева, Сања Гаваталиева, Камелија Иљачева, Вања Петрушева, Ѓургица Милчова, Мартина Манолева, Вероника Ванчева и Марија Џониќ.

Скечот „Женски оркестар“ го одиграа Маргарета Мингова и Марин Џишев

спортска сала прилагодена за изведување на вакви приредби, ОСУ „Богданци“ на 15 март вечерта, во чест на својот патронен празник, организираше свечена академија.

Во стандардна изведувачко-сценска шема, учениците се претставија со разновидни точки.

Најпрво професорката Наталија Данилова ја изведе химната на училиштето.

Потоа со Најава ги чувме Христина Ефремова, Рајна Васиќ, Ѓонул Усеинова, Вања Петрушева и Миле Шапкаров.

„Дениција“ на Петре М.Андреевски ја слушнавме од

Пред сплетот ора „Разигран Пирин“ што го изведе Фолклорниот ансамбл „Мегдан“, со кој заврши приредбата, професорката Наталија Данилова ја испеа народната песна „Зајди, зајди“.

По приредбата на присутните им беше презентирана изложба на цртежи, слики и фотографии изработени од учениците. Во исложбениот простор беше сервирана закуска.

За време на закуската беше делена книшката „Во пресрет на новиот ден“, збирка стихотворби напишани од наставници и ученици во „Богданци“.

Пишува:ИлијаТумбов

Page 7: POGLED BR.48 MART

�ПОГЛЕД ,Март 2013

Од Митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на кој беа претставени кандидатката за градоначалник на Општина Богданци и кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци за Локалните избори 2013

На 8 март, вечерта, на платото во Темниот парк и шеталиштето во Богданци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг на кој беа претставени кандидатите за членови во Советот на Општина Богданци предложени од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за градоначалник на Општина Богданци предложена од Демократскиот Сојуз, дел од

коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На Митингот говореа Павле Трајанов претседател на ДС и Зоран Ставревски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тие говореа генерално за Изборните програми на нивните партии и за изборната програма на коалицијата.

На Митингот говореше и

Душко Енџекчев, носител на Листата на кандидати за членови на Советот на Општина Богданци предложена од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека секој член од Листата е заслужен граѓанин, горд што е на советничката листа, а воедно пред себе носи голема морална обврска за укажаната доверба и одговорност пред граѓаните. Тој додаде дека

Демократскиот Сојуз и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа во своето обраќање кажа дека сака да живее во модерна општина, а нејзината енергија и ингеренции да бидат платформа за отворена и транспарентна соработка напомнувајќи дека во нејзината Изборна програма се опфатени дури 82 проекти од сите области на современото жив

Листата на кандидати е составена од млади и надежни кадри и повозрасни докажани професионалци и направи список на достигнувањата на ВМРО-ДПМНЕ кој имаше мноизинство во Советот на Општина Богданци во изминатиот период.

На Митингот говореше и Анастасија Олумчева, кандидатка за градоначалничка на Општина Богданци предложена од

Од Митингот на СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“ на кој беа претставени кандидатот за градоначалник на Општина Богданци и кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци за Локалните избори 2013

На 13 март, вечерта, на шеталиштето во Богданци, СДСМ и коалицијата одржаа Митинг на кој беа претставени кандидатот за градоначалник на Општина Богданци предложен од СДСМ и кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци предложени од СДСМ и коалицијата.

На Митингот говореа Бранко

Црвенковски, претседател на СДСМ и Андреј Жерновски, претседател на Либерално Демократска Партија кои генерално говореа за Изборната програма на коалицијата „Сојуз за иднината“.

На Митингот говореше и Блаже Шапов, носител на Листата на кандидати за членови на Советот

на Општина Богданци предложена од СДСМ и коалицијата кој рече дека Програмата на кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци и Програмата на кандидатот за градоначалник се всушност заедничка Изборна програма во која се внесени сугестиите, мислењата и приоритетите што им биле соопштени

од граѓаните во непосредните средби со нив и дека тие како членови на Советот на општина Богданци ќе се залагаат за целосна реализација на Програмата и ќе укажуваат веднаш ако таа не се спроведува.

На Митингот говореше и Зоран Прочков, кандидат за градоначалник на Општина Богданци предложен

од СДСМ. Тој во своето обраќање рече дека сите се сведоци низ каков тежок економски период поминува Богданци и дека луѓето се разочарани и безволни затоа што живеат во сиромаштија и невработеност и се исплашени за својата иднина и егзистенција, а младите се оставени без перспектива и го трошат своето време на безначајни нешта.

Од Промоцијата на кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци предложени од ДОМ (Демократска Обнова на Македонја) за Локалните избори 2013

Во неделата на 17 март, на пладне, во Пицеријата „Хит“ во Богданци, Општинската организација на ДОМ во Богданци организираше средба со граѓаните на Богданци на која ги промовираше кандидатите за членови во Советот на Општина Богданци.

На промоцијата говореше Гонца

Коцева, носителка на Листата.Таа, меѓу другото, кажа дека

ДОМ е стабилен субјект кој на политичката сцена во Македонија се појави пред седум години, дека кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци се мирољубиви луѓе посветени на зелената идеја, дека се непартиски и дека сакаат

Општина Богданци да ја исполнат со зеленило.

Напомнувајќи дека нивното мото е „Избери зелено диши слободно“, Коцева на присутните им ги претстави приоритетите на ОО ДОМ Богданци кои главно имаат еколошки предзнак.

На промоцијата говореше и

Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ која ги изнесе главните приоритети од Програмата за зелени општини со која настапуваат на Локалните избори 2013.

На промоцијата говореше и Панче Николов, експерт за земјоделие и сточарство, кој се осврна на еколошките аспекти во

земјоделието и сточарството.По промоцијата гостите и

домаќините прошетаа по пазарот и во темниот парк, како потврда на својата политичко-оперативна ориентација, посадија неколку дрвца.

Од Митингот на СДУ на кој беа претставени кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци и кандидатот за градоначалник на Општина Богданци за Локалните избори 2013

На 19 март, вечерта, на платото во Темниот парк и шеталиштето во Богданци СДУ одржа Митинг на кој беа претставени кандидатите за членови на Советот на Општина Богданци и кандидатот за градоначалник на Општина Богданци предложени од СДУ.

На Митингот говореше

Горан Бошков, потпретседател на Социјалдемократската Унија кој кажа дека покрај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Македонија има и други партии.

На Митингот говореше и Мито Манолев, носител на Листата кандидати за членови на Советот на Општина Богданци предложена од СДУ кој рече дека нивната

Изборна програма нуди негување на социјални добра, културни вредности и придобивки, економски раст и благосостојба, а нивната партија дејствува во интерес на сите граѓани, а не во интерес на одредена група и дека ќе се залагаат органите на локалната самоуправа да воспостават систем на одговорност

преку кој граѓаните ќе имаат можност да го дадат своето мислење пред донесувањето на конечните одлуки и решенија.

На Митинготот говореше и Велко Глигоров, кандидат за градоначалник на Општина Богданци предложен од СДУ кој рече дека се нафатил на оваа работа затоа што го удрила во срцето.

По четириесет години живеење во Холандија се вратил во своето родно Богданци за да инвестира во него, но се соочил со тешкотии. Сите кажуваат дека сакаме инвестиции, но кога ќе дојдат инвеститорите ние ги падиме.Искористете го моето знаење што го стекнав во странство. Да го направиме Богданци како во старите времиња. Доста беа лаги.

Page 8: POGLED BR.48 MART

8 ПОГЛЕД ,Март 2013

Парола на месецот Измислен разговор меѓу Богданчо на Богдан Богдански и еден Богдански избирач

Роднокрајна анегдота

Парите не се најважната работа на светот.Љубовта го држи светот.Затоа некои до уши се вљубени во парите Здравко Милојевиќ – Кепа

Во богданските шегобијни преданија Тапчо Пеев е неодминлив лик.

Шеговитете раскажувања за неговиот живот го прателе од мали нозе.

Оваа анегдотасе раскажуваше

како објаснување за разните агли од кој може да се гледа на животот. Детето Тапчо Пеев имал сопствени погледи кон случувањата. На неговиот пример можат да се објаснат многу нешта за кои можеби сме сведоци

Пееви вршеле на гумното некаде во полето.

Ќе се смачкаат сноповите, ќе се разгази сламата, ќе падне житото, ќе се присобере, ќе се подвее и ќе се наполни во вреќи. Тука веќе од помош било и детето Тапчо Пеев.

Ќе му товарат две вреќи жито на самарот од магарето и ќе го пратат да го одведе магарето дома. Таму ќе го пречекаат домашните, ќе му го растоварат житото, ќе го качат на самарот и ќе го пратат да го однесе магарето на гумното.

Еднаш се случило од нешто да прфне магарето, да се занеси, да му се измести самарот и да му настрани товарот.

Застанало магарето сопнато од настранетиот самар, а Тапчо со

трчање се вратил назад на гумното за да му каже на татко му што му се случило.

Го зел татко му Тапчо за рачето и тргнале накај местото кадешто настранило магарето.

По патот го прашал Тапчо татка си:

-Тате, ако е украдено житото, кога ќе идеме навака ќе ме качиш на газот од магарето? – сметајќи дека татко му ќе јава на самарот и ако сака да не оди пешки ќе треба да биде качено на газот од магарето.

Толку му „стигало“ на малиот Тапчо на времето, ама денес не се ретки „возрасни“ персони кои Бога молат да „биде украдено житото“ за да можат да го „јавнат“ магарето.

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

„Во пресрет на новиот ден“За Ноќта без интерпункција,

музичко-поетската вечер, што на 1 септември 2012 година, непосредно пред почетокот на учебната 2012-2013 година, се одржа во Општинското средно училиште „Богданци“, „Поглед“ пишуваше во септемврискиот број од 2012 година.

На свечената академија по повод патрониот празник на „Богданци“ што се одржа на 15 март на присутните им се делеше едно книжуле од дваесетина страници кое всушност претставува поетска збирка.

Во прологот на збирката насловена „Во пресрет на новиот ден“ потпишан од тогашната директорка Евгенија Ќука, се препознава дека станува збор за поетските содржини искажани на музичко-поетската вечер.Тие што имаа можност да ја проследат манифестацијата во живо и самите, разгледувајќи ја стихозбирката, ќе ги препознаат песните и авторите.

Оние, пак, што паметат убави нешта ќе откријат дека некои содржини се смешани и изменети, но тоа не ја намалува вредноста на

обидот Гимназијата секогаш да не изненадува со убави работи.

„Стиховите во оваа збирка не се само зборови. Секој од нив има

своја приказна.- ќе напише Евгенија Ќука во воведниот текст и ќе додаде -Се надевам дека оваа наше прво печатено издание е само почеток на долга и успешна традиција.“

„Поглед“ им ја честита стоихозбирката на учениците и наставниците од „Богданци“ и искрено ја споделува нивната надеж.

Од гл а с и од и зб о р н ата к а м п а њ аНе дека Законот дозволува

плакатите да се лепат на кој каде ќе му текне, ама во „Црни точки“ нема да се обрне внимание на тој дел од изборната кампања за Локалните избори што е во тек. Вниманието ќе се насочи кон другата димензија на кампањата: да се наметнуваат свои Програми за да се привлечат гласачи, а не да се поништува изборниот материјал на кандидатот што не е по волја.

Онаа отстранета глава од плакатот нема да го спречи името на тој кандидат да се најде на гласачкото ливче. Тоа име ќе биде таму макар не останал ниту еден плакат со него како понуда. Попусто се троши енергија на уништување на туѓи плакати. И грдо е.

Убаво е да се види како плакатите на спротивставените страни се налепени една покрај друга. Ликовите што се на плакатите се учесници во трката за избор на градоначалник на Општина Богданци.Тие имаат свои изборни програми, имаат одредено приоритети и тоа им го соопштуваат на граѓаните. Граѓаните врз основа на нивната понуда или некакви други убедувања на 24 март ќе одлучат кому ќе му ја дадат својата доверба.

Во рубрикава овојпат се укажува на малограѓанското во нас. На страстите што се определуваат како ниски.

Човек е таков каков што е. Не е можно селективно да се однесува кон нештата. Ако не може да поднесе слика од човек кој во даден момент не му е по волја, која е гаранција дека во негова близина може да го поднесе физикусот на човек кој не му е по волја.

БББ: -Еве го другиот број. Ајде зборувај да видам што ќе кажеш. Рече дека за некои работи ќе ми кажуваш во овој број.

БИ: - Застанавме кај навивањето, нели?

БББ: - Да. Кажуваше дека гласачите се однесуваат навивачки.

БИ: - И тоа баш навивачки. Не попусто шегачиите понекогаш, шегувајќи се, знаат да кажат: И магаре намачкај им со нивните бои, тие ќе гласат за него.

БББ: - Нели елективен или elektivus беше изборен или извршен по пат на избори, нели електор беше избирач? Нели да се избере беше да се избере најдоброто.

БИ: - Беше и сеуште е. И секогаш ќе биде.Така е во теоријата. Во практика малку е поинаку.

БББ: -Нели дефиницијата за партиите отприлика гласи дека тоа е здружување на луѓе што имаат слични или исти политички ставови за работите што се во нивен интерес и со заедничко дејствување се борат да дојдат на власт за да ги реализираат тие ставови. Така вели теоријата? Овие митингувања деновиве што се? Нели се заедничко дејствување на здружените во борбата за власт. Не ли е теорија применета во практика?

БИ: -Така е.БББ: -Кога е така зошто

велиш дека не се работи за избор туку за навивање. И тоа навивање не само меѓу партиите туку и внатре

во самите партии.БИ: - Ти кажав: Затоа што

теоријата и практиката не се сосема едно. Се вели дека се здружуваат за да се изборат за власт, така? Е, ама кога некој вели Ние знај дека мисли Јас. Кога вели Нас сигурен биди дека под тоа подразбира Мене. За да се обезбеди еднинска сигурност потребна е множинска поддршка. Што може едниот да им даде на многуте? Ништо, само ветување. И тоа не секакво туку такво какво што на тој што му се ветува сака да чуе. За тој што знае во вистинско време да ги даде вистинските ветувања се вели дека е политичар. Не политичар како занимање туку како вештина. Ја сфати ли суштината на навивањето. Кога навиваш за некого всушност навиваш за себе.

БББ: - Но ова се локални избори. Избраните ќе решаваат комунални проблеми. Што има тука да се ветува? Комуналните проблеми не се поединечни проблеми. И не се еднопартиски профилирани за да може селективно да се решаваат. Сите партии раскажуваат слични Изборни програми.

БИ: - Има, има што да се вети.. Сите очекуваат дека новите ќе ги избркаат тие што биле ставени од старите и на нивно место ќе бидат ставени тие. Тоа се ветува. Во тоа е јадецот. Се ветуваат и опрост на долгови.

БББ- Но тоа најчесто не е можно.

БИ: -Не е ама, се верува

дека е можно и се лапа јадицата со ветување.

БББ: - Во предизборието, во кампањите, партиите се во борба за гласови. Програмите за нивното дејствување при евентуално добивање мандат се определени од комуналните содржини и можностите тие да се решаваат и тука нема којзнае какви разлики. Заклучокот е дека не пораката што се соопштува, таа не е толку важна, соопштувачот е битен. Битна е неговата харизма.

БИ: - Јасно. Харизма се нарекува дарбата, милозливоста, особено духовната дарба за рефлектирање позитивна енергија и позитивно влијание врз тие што го перцепираат.

БББ: -Но како гласачите го примат соопштувачот, како го доживуваат? Преку појавата и преку говорот.

БИ: -Логично. Кандидатот е тој што ја соопштува пораката. Тој треба да има харизма, да има појава и да има дарба за говорење. Таква фаца треба да му се подаде за избор на електоратот за да моѓе да ја привлече раката со пенкалото кон неговиот број.

БББ: - Е тоа треба да се знае. Ако тоа не се знае не се знае ништо.

БИ: - Во право си, ама некои мислат дека знаат се.

БББ: - И да не знаат ќе научат. Како се вели: Ќе им дојде умот, ама ќе си отиде кумот.

(продолжение)

Житото

С н е г в о м а р тТочно на средината на март Богданци

се најде прекриено со снежна покривка. Белината во паркот никако не се совпаѓаше со расцветаните темјанушки. И другпат имало снегови во март, дури во април, ама пролетта веќе не беше натерала да се соблечеме на кратки ракави.