Intervju So Jane

4
Интервју со професорот по социологија Јане Бончановски JBT news: Од каде желбата да бидете професор? Проф.Јане: Желбата да бидам професор е уште од најмали години, од времето кога уште бев во прво одделение, од мојата прва наставничка, која ми остави многу силен впечаток. JBT news: Кое е вашето најлудо/чудно/убаво искуство со ученици? Проф.Јане: Најлудото, чудно искуство било во времето кога бев помлад професор , на екскурзиите, а особено на една матурска вечер, кога еден ученик беше малку повеќе од расположен. JBT news: Најомилени и најнеомилени професори од средно? Проф.Јане: Најомилени прифесори од средно ми биле професорите кои предавале по општествените науки, а неомилени професори немало. JBT news: Која е ваша омилена книга? Проф.Јане: Имам повеќе омилени книги, од детството омилена ми е „Колибата на чичо Том“ како и делата на Достоевски и Хесе. JBT news: Кое е вашето хоби? Проф.Јане: Гледањето и играњето на спортските игри, како фудбалот.

Transcript of Intervju So Jane

Page 1: Intervju So Jane

Интервју со професорот по социологија Јане Бончановски

JBT news: Од каде желбата да бидете професор?

Проф.Јане: Желбата да бидам професор е уште од најмали години, од времето кога уште бев во прво одделение, од мојата прва наставничка, која ми остави многу силен впечаток.

JBT news: Кое е вашето најлудо/чудно/убаво искуство со ученици?

Проф.Јане: Најлудото, чудно искуство било во времето кога бев помлад професор , на екскурзиите, а особено на една матурска вечер, кога еден ученик беше малку повеќе од расположен.

JBT news: Најомилени и најнеомилени професори од средно?

Проф.Јане: Најомилени прифесори од средно ми биле професорите кои предавале по општествените науки, а неомилени професори немало.

JBT news: Која е ваша омилена книга?

Проф.Јане: Имам повеќе омилени книги, од детството омилена ми е „Колибата на чичо Том“ како и делата на Достоевски и Хесе.

JBT news: Кое е вашето хоби?

Проф.Јане: Гледањето и играњето на спортските игри, како фудбалот.

JBT news: Каква музика слушате?

Проф.Јане: Секаква музика , која е добра за уво и за душа.

JBT news: Каде сте патувале и кои се вашите омилени места?

Проф.Јане: Во поблиските дестинации околу Македонија, по повод разните екскурзии и европските метрополи, но посебно би ја издвоил Венеција.

JBT news: Што би правеле ако не сте професор?

Page 2: Intervju So Jane

Проф.Јане: Повторно би се занимавал со активност што би придонесувала подобро утре на луѓето, или со некоја спортска активност.

JBT news: Како би го опишале Јосип Броз Тито?

Проф.Јане: Како работна средина во која воспитно-образовниот систем за повеќето ученици претставува задоволство .

JBT news: Дали социологија ви бил омилен предмет во средното образование?

Проф.Јане: Секако, бидејќи за моја среќа имав многу добар професор кој многу вешто знаеше да ги пренесе содржините од програмата и многу пошироко.

JBT news: Како сте се снаоѓале во вашата професија на почетокот, а како денес?

Проф.Јане: На почеток пред 30 години, како и секој друг млад наставник сум се обидувал максимално да се подготвувам, бидејќи сум го немал потребното работно искуство. Денес донекаде искуството може да претставува во оваа работа поголема предност, но сепак постојано човек треба да се подготвува во оваа професија.

JBT news: Колку време сте професор и колку време работите во ЈБТ?

Проф.Јане: Веќе влегувам во четвртата деценија, од самиот почеток на осумдесетите години. Во Јосип Броз од првите почетоци веќе во третата деценија.

JBT news: Дали некогаш сте почувствувале дека некого сте оцениле погрешно т.е. со помала оцена?

Проф.Јане: Можеби, по долгогодишното работење, некогаш се случило ученици да бидат погрешно оценети, но верувајте тоа било без лоша намера, одноставно може да се погреши. А ако тоа се случувало, било во функција на провокација, ученикот уште повеќе да се подготви за следното оценување.

JBT news: Што би им препорачале на читателите од JBT news?

Page 3: Intervju So Jane

Проф.Јане: Би им препорачал многу да читаат, да ги почитуваат своите родители и нивните насоки, самите себе да се почитуваат и да веруваат во луѓето.

Марија Аризанковска и Емилија Анчевска II 3