Click #16

21
Број 16 • АВГУСТ 2009 • www.clickmag.mk АВГУСТ 2009 90 ДЕНАРИ Монитор на кој сликите изгледаат реално 21,5-инчен монитор од Benq за полиглоти ` Најмалата верзија на преносник од HP Јакото мало бизнис- момче од Packard Dell PowerEdge 840 Серверска станица составена од одлични компоненти Телефон и микрокомпјутер - споени во едно Trendnet_tv-ip422 Внимавај- се снима! Нешто повеќе за .... GARMIN Од визија до светска слава Новото лошо момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција Прототип Microsoft Silverlight 3.0 771857 598002 9 16 Дали оперативните системи и веб-пребарувачите ќе станат еДно!? G gle CHROME OS

description

Click Magazine #16

Transcript of Click #16

Page 1: Click #16

Број 16 • АВГУСТ 2009 • www.clickmag.mk

АВГУСТ

2009

90 ДЕНАРИ

Монитор на кој сликите изгледаат реално

21,5-инчен монитор од Benq за полиглоти

`

Најмалата верзија на преносник од HP

Јакото мало бизнис-момче од Packard

Dell PowerEdge 840Серверска станица составена од одлични компоненти

Телефон и микрокомпјутер - споени во едно

Trendnet_tv-ip422

Внимавај- се снима!

Нешто повеќе за .... GARMINОд визија до светска слава

Новото лошо момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција

Прототип

Microsoft Silverlight 3.0

771857

598002

916

Дали оперативните системи и веб-пребарувачите ќе станат еДно!?

G gleCHROME OS

Page 2: Click #16

click август 20094

БРОЈ 16 • АВГУСт 2009

12

ХАРДВЕР

СОФТВЕР

HTC TouCH Pro 2 Мобилен телефон кој стравотно личи на iPhone, но со голем број свои особености

XArCAde GAMING CoNTroLerСтариот калсичен флипер во вашиот број

HP MINI NoTe 2140 NeTbooKЈакото мало бизнис-момче од Packard

TreNdNeT TV-IP512PОкото на големиот брат!

CANoN eoS 500d Нови адути на CANON

18

26

34

36

43 AVIAry FALCoNБесплатен онлајн сервис за брзо менување на слики

VISuAL LIGHTboX 1.9 Web галерија по ваш вкус!

LIVe bLoGGINGБлогирањето умира заживувајќи

MICroSoFT bING VS. GooGLeПресметка кај Дот Ком коралот

SILVerLIGHT 3 & eXPreSSIoN 3 Нова верзија за креирање на мултимедијални содржини

45

52

12 - 43

43 - 60

РЕДОВНИ РУБРИКИ

5 ВЕСтИdoWNLoAdПИСМА ОД чИтАтЕЛИ

7274

ФЕЉТОН

64 GArMINОд визија до светска слава!

64 - 65

ИГРИ

66 SuMMer ATHLeTICS 2009Почувствувајте ја атмосферата на летните олимписки игри

ProToTyPeЛошото момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција

66 -71

69

38 КВАЛИТЕТНО cool-ИРАњЕОладете го својот миленик квалитетно

Дали оперативните системи и веб-пребарувачите ќе станат едно!?

Новото лошо момче Алекс Мерсер со своите моќи е во акција

56 TEMA НА БРОЈ – GooGlE oS

71 ПРОТОТИП

56

60

click/содржина/

Page 3: Click #16

5click август 2009

click/вести/

На 6 август годинава популарните страни-ци Twitter и Facebook беа цел на хакерски напади. Се работи за DoS (Denial of Service) напади, кои по сé изгледа биле координи-рани. Нападот резултираше со неможност за голем број корисници на овие социјални мрежи да пристапат кон нив и да постираат нови содржини. Twitter беше offline неколку

часа, додека пристапот кон Facebook беше со големо временско одлагање и неможност за објавување нови содржини. l

Хакерски напад врз Twitter и Facebook

Hitachi Global Storage Technologies (Hitachi GST) започна со испорака на својот најнов производ – хард-диск со капацитет од 2 терабајта. Овој капацитет засега е најголемиот достигнат кај хард-дисковите. Постигнато е со имплементација на 5 плочи со капацитет од по 400 GB. Брзината на вртење е стандардни 7.200 врте- жи во минута, баферот е 32 МВ, а интер-

фејсот е SATA-300. Производителот декларира фабричко време на пристап од 8.2 ms. Според стандардната номенклатура на производителот, овој модел носи ознака 7К200. Форма

факторот е 3,5“, што значи дека се работи за стандарден диск за

десктоп системи и работни станици. Потрошувачката изнесува само 7,5 W,

и има систем за заштита од падови. l

2 терабајта од Hitachi

Sony и Sharp вложуваат во производство и продажба на големи LCD-панели и модули

Со оглед дека повеќе од 100 клиенти на Sun се одлучија за премин на сер-верските и платформите за складирање податоци на HP, одговорните во оваа компанија објавија програма за нивна поддршка. Целта на ваквата миграција е

заштедата, а поткрепена е со фактот дека клиентите на SUN плаќаат до 80% повеќе за вкупниот трошок за поседување на серверите SPARC, споредбено со клиентите што ги користат Integrity серверите на НР. Исто така, тро-шокот за голем број апликации кај SPARC е значително поголем. Пример: трошокот за оперирање со софтверот за

бази на податоци – Oracle е за 50% поскапо на SPARC во споредба со НР Integrity.Со миграцијата на НР, клиентите добиваат: зголемена сигурност, иновации и поедноставено управување со стандардните

НР-сервери; Намален ризик за транзиција и перформанса со услугите на НР за поддршка

на целокупната Solaris-околина за сервери, складирање и вмрежување; намалени оперативни трошоци преку интеграцијата на Solaris 10 со алатките

на НР за управување и корисност на НР-серверите. l

HP ги придобива клиентите на SUN

Корпорациите Sony и Sharp склучија дого-вор за формирање компанија за заедничко вложување во производство и продажба на големи LCD-панели и модули. На 1 јули годи-нава, Sharp ја подели својата нова фабрика за LCD лоцирана во Сакаи која е во изградба и ја префрли на корпорацијата Sharp Display Products (“SDP”). SDP претставува подружни-ца во целосна сопственост на Sharp и треба да започне со работа во овој октомври. На 29 декември, пак, како прв чекор кон конечната инвестиција (66% од страна на Sharp и 34% од страна на Sony), Sony ќе инвестира 10 милијар-ди јени во SDP. Како резултат на оваа тран-сакција, SDP ќе стане компанија за заеднички вложувања на Sharp и Sony во ист ден. SDP ќе настојува да ги зголеми предностите што про-излегуваат од употреба на десеттата генерација (прва во светот) стаклени супстрати, за произ-водство на големи LCD-панели и модули што ќе и го донесат на индустријата највисокото ниво на квалитет, цена и перформанси. Sharp и Sony ќе продолжат да работат на развој на компоненти за LCD-модулите за да ја зајакнат нивната заедничка соработка. l

Page 4: Click #16

click август 200910

click/хардвер/

ASUS P552 HTC Touch Pro 2 FreeLoader Pro Solar ChargerPersonal Soundtrack Shirt Xarcade GAMING CONTROLER BENQ G2220HDA RPC-TV-HDU CoolerMaster 850 W modular PSUINFOSEC iAVR MR 3000WACOM Intuos4s tableAPACER Presenter AB611 Sony_VAIO_NS130EDell VOSTRO 1310HP Mini Note 2140 netbook ASUS EeePC 1008HA netbook DELL PE 840 serverOCZ SSD 120 GB TrendNet TV-IP512P

10 1214

1516171819202122 242627282930

TrendNet TV-IP422 Zyxel NAS NSA 2400Samsung HMX-H105BP CANON EOS 500D

31323334

Телефон и микрокомпјутер - споени во едноЏебна мобилна канцеларија без граници

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:ASUSwww.asustek.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:СЕТ Компјутериwww.set.com.mk

ЗА И ПРОТИВ

Квалитетна изработкаЕргономијаФункционалностTouch ScreenНајнов Windows Mobile 6.1 ProMноштво дополнителна опремаГолема поддршка од ASUS кон корисницитеНема видеоповициНема радио

ЦЕНА

• 12.499 денари

ОЦЕНА

8,5/10

ОДЛИЧНОТелефон од бизнис-класата за неверојатно пристапна цена и богата опрема

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Ерата на џебните телефон-компјутери

е во постојан подем. Сите производители на мобил-ни телефони се борат за своето парче од колачот. Денес како и да не постои компанија за производ-ство на мобилни телефони која во својата гама нема барем еден претставник со touch-screen или операти-вен систем, особеност на модел.

Nokia, I-Phone, Sony Ericsson, Samsung, HTC се водечките фирми на па-зарот, кои беспоштедно го диктираат темпото. ASUS е фирма која е повеќе позната по производство на компјутерски компонен-

ти и монитори, отколку по мобилна телефонија, но бидејќи нивните претс-тавници на овој пазар се многу повеќе компјутери отколку што се мобилни телефони, јасна е нивната

присутност.Од оваа програма на

ASUS понудени на пазарот се дваа претставника, од кои ние го разгледавме моделот P552w.

Самото пакување на телефонот е од висока класа, со одличен избор на материјали за да го привлече вниманието на потенцијалниот купувач уште на почеток. Тоа на што секогаш ASUS е и останал доследен е при-суството и поддршката на крајниот корисник. Мно-штво од додатоци, за кои ќе стане збор понатаму, CD со драјвери и оперативен систем на него.

Цената на додатоците

влегува во вкупната цена, така што реалната цена на мобилниот телефон всушност е помала од 12.500 денари. Црна фу-трола со дискретно лого на ASUS (само телефоните од

повисока класа содржат такви футроли во пакетот), USB-кабел за поврзување со компјутер (или друг уред), стерео слушалки, вакуумски држач за во автомобил како и полнач за во автомобил на 12V, CD со основни драјвери, програма за синхрониза-ција со компјутер и бекап на оперативниот систем со регистрациски број. Оперативниот систем кој доаѓа со и на телефонот е Microsoft Windows Mobile 6.1 Professional, односно најновиот Windows за мобилни. Тоа сега колку е позитивна, толку е и нега-тивна работа. Во случајов, за жал, Macintosh е многу подобар како оперативен систем од Windows и на компјутер и на мобилен. Од програмите инстали-рани на него се добиваат Office-програмите (кое е веќе нешто стандардно за поновите модели), PDF Viewer, сите основни Windows-потпрограми вклучително и најнова-та верзија на Solitaire и BoublePOP.

Инсталацијата на до-полнителен софтвер на Windows Mobile платфор-мата е многу лесна. Сé што треба да имате е мемори-ска картичка, евентуално

USB-кабел или преку WiFi. Нормално, софтверот да биде приспособен за оперативниот систем и мобилната џебна канцела-рија повеќе ќе нема гра-ници. Згодно ќе биде да се инсталираат дополнителни фонтови за препознавање на буквите во Word, Excel, PowerPoint, PDF, но и за нормална работа.

Телефонот е израбо-тен од најфини и многу отпорни материјали. Пластиката е предвиде-

Извонредно осмислен хибрид со неодолива цена Неверојатен е бројот и типовите

на информации кои може да се внесат во контактот како и речиси безграничниот број контакти и групи. Се надеваме дека полека ви станува јасно која е целната група на корисници на овој модел

Page 5: Click #16

на да биде нелизгава и отпорна на ситни греба-ници. Сите копчиња се лесно пристапни и за лево и за десно ориентирани корисници. Пригодна е употребата на копчиња за зелена и црвена слу-шалка, за да не дојде до несакано „притискање“ доколку бидат поставени како опција на високоо-сетливиот и неверојатно прецизен екран. Поста-вен е централен тастер со кружно поставени копчиња за навигација, за корисници што не би сака-ле да го користат екранот како опција за навигација (или, пак, ако корисниот се одликува со sausage-like прсти, полесно да може да се снајде, нели). Од левата и од десната страна се поставени класичните копчиња за вклучување и исклучување, камера, гласност (опција зум) и преклопникот за вклучу-вање и исклучување на екранот. Можноста да се нагоди телефонот самиот тоа да го прави секако дека постои.

Осетливиот екран на допир е неверојатно прецизен иако од страна стои моливчето за уште попрецизна навигација. На почеток на користење, а и подоцна по потреба се јавува една програма за калибрација на екранот. За пишување пораки, забелешки и внесување контакти, ќе мора со моли-вот. Во тој контекст, пре-познавањето на ракопис

како програма на Windows е одлична алатка која бара извесно навикнување и ако се одлучите на таа варијанта, многу побрзо би било пишувањето на сите текстови. Резолуцијата и големината на екранот од 2,8 инчи се доволни за работа, но секогаш ќе кажеме the bigger - the better. Камерата е 2MPix 1.600x1.200 без блиц и не е ниту Carl Zeiss, Leica Vario-El Marit или евенту-ално Schneider, но изнена-ди квалитетот на видеоза-писот (QVGA 24fps).

За комуникација со мобилниот телефон, стојат на располагање WLan WiFi 802.11 b/g и Bluetooth v2.0 A2DP. Поддржани мрежи се 2G GSM 900, 1800 и 1900 како и 3G HSDPA 2100. Процесорот за управу-вање на целата оваа „скаламерија“ е сега-за-сега еден од најбрзите за мобилни телефони, Marvel Tavor 634MHz, додека внатрешната меморија е 128MB RAM и 256MB ROM. Проширувањето на корисниот простор е со microSD картичка до 8GB, но многу незгодно е вадењето и ставањето на истата во телефонот. Сло-тот се наоѓа под слотот на SIM-картичката и бидејќи е мала, тешко се ракува со неа. Нема втора камера од предната страна, што ја исклучува можноста на видеоповици. Bluetooth е екстра брз при пренос на податоци со просечни 115kB/s, што е за пофалба.

Незгодната работа со него е што нема да може да се поврзувате со „поста-рите“ мобилни телефони преку bluetooth, бидејќи работи на принцип Remote Desktop. Од друга страна синхронизацијата со ком-пјутер е екстра-лесна. Тука влегува во игра присутна-та програма SyncMaster за полесно средување на податоците. Контактите во телефонот се внесуваат во Outlook или обично, така што обезбедување бекап на компјутер на сите телефонски броеви и контакти ќе биде лесно и корисно. Неверојатен е бројот и типовите на ин-формации кои може да се внесат во контактот како и речиси безграничниот број контакти и групи. Постојат опциите speakerphone, диктафон, гласовни ко-манди, но нема радио, што малку нé разочара.

Интернет-комуникација-та преку WiFi задоволува, иако не е нешто најбрзо. Пробано беше на повеќе мрежи со екстра-добар сигнал, така што најве-ројатно е тој заклучокот.

Батеријата е малку повеќе од стандардна, литиум-јонска од 1100mAh и време на зборување повеќе отколку што е де-кларирано. Импресионира нејзината издржливост, како и времето на пол-нење. Полнењето се врши преку USB-приклучокот, така што доколку се случи на службен пат да биде заборавен полначот, нема да има проблем.

ASUS не би бил ASUS ако не придодаде некој свој личен шмек на телефонот. Нагодувањето на дескто-пот е во понудени три ва-ријанти преку ASUS Today мени, со многу подва-ријанти на корисни алатки што може да се постават на основен екран со про-грамата AnyTime Launcher. Да, тоа е стандардно за Windows based телефони, но ASUS-апликацијата внесува посебен шарм на целосниот изглед. Од на-годувања како на пример,

дневни, неделни, месечни, работни денови, работни часови, дневни и ноќни, од принцип на изглед, па сé до принцип на работа и примање повици се многу корисни и даваат голем преглед на целосната работа.

Звукот од звучникот кој се наоѓа на задната страна е добар иако е еден. Speakerphone функција-та нема да претставува проблем за слушање на соговорникот, како и поврзувањето со радиото во автомобил (ако истото поседува bluetooth). За поголемо уживање тука се стерео-слушалките кои да-ваат одличен звук на музи-ка, како и на репродукција на глас при hands-free работа. Windows Media Player како и апликација-та EziMusic на ASUS за управување со музички-те фајлови ќе исполнат многу од вашето слободно време. Тука е, исто така,

и апликацијата EziPhoto за детаљно разгледување слики со сите ефекти на движење на сликата, зум tumbnail view, ротации.

Подесувањето на ра-ботата на процесорот за зачувување на батеријата и подолготрајна работа е на неколку нивоа, како и на заднинското светло. Со нагодувањето на работата на процесорот би добиле некои 10% подолготрај-на работа, но тајната на зачувување на батеријата сепак лежи во нагоду-вањето на заднинското осветлување.

Генералниот заклучок за ова микрокомпјутерче што во себе има потфункција телефон е дека е макси-мално корисна алатка за работа. Таргет-корисници се секако бизнис-класата, но нема да биде изнена-дување да биде експло-атиран од сите класи корисници. l[ГОРаН СТаВРеСКИ]

Данокот на компактните димензии го плаќа внесот на текст – тастатура навистина е неопходност!

ЦЕНА 12.499 денари

ЕКРАН 2,8-инчен TFT Touch 65k, 320 х 240

МЕМОРИЈА 256MB NAND ROM, 128MB DDR

ФРЕКВЕНТНИ ПОДРАЧЈА HSDPA 3.5Mbps, UMTS 2100MHz, EDGE/GPRS/GSM (900/1800/1900MHz) Class 10

КАМЕРА 2,0 megapixel fixed focus

БАТЕРИЈА 1100mAh Li-Ion (3G:3hrs, 2G:5hrs)

КОНЕКЦИЈА Bluetooth v2.0 EDR; USB 1.1(FS); WLAN 802.11b/g

ТЕЖИНА 0.105 kg

ДИМЕНЗИЈА 102 x 60,5 x 14,5 mm

СПЕЦИФИКАЦИИ

click/хардвер/asus_p552w_pocket_pc/

Page 6: Click #16

click август 200920

Цртачка табла за дигитални уметници

Дигитална уметност на дофат

Во минатиот број стана збор за една

многу корисна направа за инженери-професи-оналци. Во овој број ќе дадеме малку простор на дигиталните уметници.

Цртачката табла од (кај нас) релативно познатиот производител WACOM претставува значително освежување на пазарот во дигиталната техноло-гија. Без разлика дали корисникот работи со десната или со левата рака, таблата е идентич-на за користење од двете позиции.

Во пакувањето следу-ваат два USB-кабли, по еден за поставување на секоја од страните на компјутерот (значи да не дојде до забуна, едниот не е резерва). Секако,

за цртање се потребни многу алатки, така што и со него доаѓаат сите потребни делови за поче-ток. Пенкалoто за цртање е опремено со две коп-чиња за лев и десен клик (пандан на глувчето), но и со самото допирање на таблата веќе е извршена командата клик, односно click-hold, доколку се задржи пенкалoто на самата табла. Од горната страна има нешто што личи на гума за бришење и навистина тоа и е - дигитална гума за бри-шење. Во пакетот следу-ва и држач за пенкалото, кој во себе има разни ти-пови врвови за цртање, од најмеки и најтенки, па сé до дебели и тврди,

како и метална штипка за замена на врвовите.

Пенкалото нема никаков извор на енергија. За корисници на AutoCAD, тука е и старото добро безжично глувче, кое, исто така, нема батерија. Глувчето се одликува со одлична прецизност, иако не работи на прин-цип светлина или ласер, а ги има сите потребни копчиња и скрол.

На таблата воочливи се 6-те копчиња што ќе ви заменат многу копчиња од тастатурата (Show Settings, Radial Menu, Precision Mode, Display Toggle, Shift (ctrl/cmd), Ctrl/CMD (alt), ALT (pan/scroll) и Pan/Scroll) и зум dial-jog копчето кое има четири потфункции за работа (AutoScroll/

Zoom, Cycle Layers, Brush Size и Canvas Rotation). Тука многу од командите ќе препознаат профе-сионалните цртачи во Corel Draw, Photoshop, AutoCAD или некоја друга графичка програма. Инсталацијата е нависти-на лесна и тоа под сите оперативни системи (Windows, Macintosh). Оперативниот систем уредот го препознава

како Human Interface Device. Нормално, доби-вате CD со драјвери како и детаљно упатство за нејзино користење.

Што може да се црта со овој уред? Практично сé. Во основните алатки се дадени пенкалото со многу врвови за цртање и глувчето за дополни-телна помош при работа. Дополнителни елементи што не се вклучени во

ЗА И ПРОТИВ

ФункционалностУпотребливостПрецизностИзработкаИздржливост

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Wacom Intuoswww.wacom.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:Nevadawww.nevada.com.mk

ЦЕНА

• 15.470 денари

ОЦЕНА

10/10

ОДЛИЧНО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Комплетна и сериозна уметничка и инженерска алатка без мана.

ЦЕНА 15.470 денари

ГАРАНЦИЈА 1 година

ЕКРАН ОДНОС 16:10

КООРДИНАТНА РЕЗОЛуЦИЈА 200 lpmm (5080 lpl)

ПРЕЦИЗНОСТ +/- 0,15mm (+/- 0,5mm)

АГОЛ НА ОСЕТЛИВОСТ +/- 60 (+/- 50) степени

ВИСИНА НА ОСЕТЛИВОСТ 10mm

КОНЕКЦИЈА USB

ТЕЖИНА 0,7 kg

ДИМЕНЗИЈА 309 x 208 x 12 mm

СПЕЦИФИКАЦИИ

Навидум комплициран хардвер од една страна, но од друга уред на кој многу лесно се навикнувате на користење

Достапно во четири големини, зависно од потребите и финансискиот метар на корисникот

click/хардвер/wacom_intuos_4s_drawing_tablet/

Page 7: Click #16

21click август 2009

основниот пакет се пен-калото-четка (airbrush и artpen) и lens-cursor глушец. Самата табла е осетлива на допир, што значи дека со самиот притисок врз неа се регулира дебелината на линијата или четката што се нанесува. При цртање треба да се земе предвид дека површината на таб-лата претставува истата површина од самиот екран, така што на која позиција од таблата ќе се изврши команда, на истата координатна позиција од екранот ќе биде извршена истата. Исто така многу е битен аголот под кој се држи пенкалото или четката при цртањето, бидејќи самиот уред го открива и најмалото навалување на алатката. За вистинските уметници тоа ќе претста-вува огромно олеснување во претставување на своите креации на вирту-

елното платно. Во контролниот панел

за нагодување на ра-ботата со пенкалото се наоѓаат сите делови од алатката за нагодување на цртањето како и за користење на гумата за бришење. Може да се нагоди и да не биде користен целиот екран за цртање, туку само еден одреден дел од него. ед-ноставно мора да се види целиот уред во работа за да се сфати принципот и корисноста на работа. Ниту работата на два екрана не претставува проблем за овој уред. Повторно едноставно со мало нагодување ја добивате целата корисна површина од мониторите, доколку тоа е идејата за работа или со притис-кање на копче од таблата се префрла работата кон другиот монитор.

За корисниците на графичките програми

особено погодни алатки ќе бидат airbrush и artpen. алатката аirbrush користи fingerwheel за нагодување на дебелина-та на линијата, односно четката при цртање, до-дека artpen е поосетлив на притисок врз плочата, како и на аголот под кој се држи и ротацијата на пенкалото. И двете алатки ги имаат потреб-ните копчиња за лев и за десен клик во Windows, односно клик и двоен клик во Macintosh.

За корисниците, пак, на AutoCAD тука е специјал-ната алатка глушецот Lens Cursor. Служи при цртање за внесување прецизни координати на цртежот во CAD, како и за внесување инфор-мации за позицијата на глушецот во компјутер. Петте копчиња на него се за дополнување на ко-мандите преку глушецот, како лев, десен и среден

клик и back и forward команди за интернет-пребарувачот. Тие можат и да се репрограмираат, па да се вметнат коман-дите ctrl+alt со двојно држење.

Прецизноста на алат-ките е од одлична 0,15 mm за Lens Cursor, па сé до доволна 0,5 mm за обичниот глушец.

Висината на реагирање на алатките над таблата е околу 1cm, а додека аголот на работа е од 100 до 120 степени.

Нас комплетно нé им-пресионираше целос-ната функционалност на уредот. едноставно, нема мана, колку и да ја бара-ме. Честитки .... l[ГОРаН СТаВРеСКИ]

click/хардвер/wacom_intuos_4s_drawing_tablet/

ОДЛИЧНО

Одлична алатка за профе-сионални презентации.

Алатката што најчесто недостига при презентација

ГАРАНЦИЈА

KОМуНИКАЦИЈА Безжична 2.4GHz RF

ПОКАЖуВАЧ Class 2 ласер

НАПОЈуВАњЕ 2 x AAA батерии

МЕМОРИЈА 4 GB USB2.0

ТЕЖИНА < 100g (со батерии и рисивер)

ДИМЕНЗИЈА 123 x 39 x 22 mm

СПЕЦИФИКАЦИИ

Професионализација на презентациите

Сигурно досега сте се сретнале со пробле-

мот при презентирање да имате потреба од покажу-вач со кој на присутните ќе им нагласите за кој податок од моментно прикажаната табела говорите. Најчесто користените реквизити, ласери или стапчиња не овозможуваат контрола врз презентацијата, па токму затоа Apacer на пазарот претстави продукт што

крајно ја поедноставува работата. Apacer Presenter AB611 е уред што во себе соединува повеќе функции и е единственото нешто што му е потребно на секој професионален презен-тер. Примарната намена (покажување кон фокусот на презентацијата) ја из-вршува ласерски, односно црвена точка со исклучите-лен интензитет. Presenter AB611 овозможува и контрола на презентацијата преку вградените копчиња PageUp и PageDown (осо-бено важни за презен-тации во PowerPoint), но овозможува и движење и акција (лев и десен клик) на поинтерот од глувчето преку вградениот аналоген сензор. Уредот има облик на далечински управувач со одлична ергономија, која е изразена со едностав-ниот облик и големината

на PageUp, PageDown и копчето за ласерот, а исто така нема ограничување во поглед на ориентацијата на корисникот (користи лева или десна рака). Врската со компјутерот е безжична, во појасот од 2,4GHz на радиофреквентниот домен со соодветен USB-рисивер. Рисиверот освен стан-дардната функција, има и вградена меморија од 4GB, па може да се користи како

USB-стикче на кое ќе бидат сместени презентации-те. Дометот на Presenter AB611 е импресивен и изнесува 20m без никакви ограничувања во поглед на насоката. Во пакет со про-изводот се испорачани и две AAA батерии и кожена навлака.Сумирано, Apacer Presenter AB611 е уред што е клучен фактор при презентирањето. l[ЧеДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

Едноставен дизајн и одлична ергономија

ЗА И ПРОТИВ

Едноставен дизајнПовеќекратна функција Одличен дометДолго траење на батериитеФункција на глувчеЦена

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Apacerwww.apacer.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:Rainbow www.rainbow.net.mk

ЦЕНА

• 1.990 денари

ОЦЕНА

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

9/10

Можностите се ограничени само со способностите на корисникот

Page 8: Click #16

27click август 2009

Дизајн што го издвојува ASUS EeePC 1008HA од другите модели од оваа категорија преносници

Споредба што најдобро илустрира колкава е дебелината на преносникот

Морската школка на ASUS

Првиот поглед на EeePC 1008HA ја

доловува смислата на на-словот на овој текст. Со овој дизајнерски потег на ASUS носи свежина во помалку-повеќе шаблонизираниот пристап во креирањето на оваа категорија пре-носници. Во поглед на платформата, овој модел сé уште се држи до „про-верената“ (и помалку „бајата“) комбинација на Intel ATOM-процесор и Intel GME 945/ICH7 тандемот чипсети, со интегрирана GMA 950 графика. За-бележителен детаљ, кој сепак има колкав-толкав импакт врз перформансите, е нешто побрзиот ATOM N280 процесор, кој од N270 се разликува по побрзата собирница (667 наспроти

533 MHz), со работен такт од 1667 MHz (1600 MHz кај N270). Количеството DDR2 533 RAM-меморија е стан-дардни 1 GB, а стандарден е и хард-дискот од 160 GB. експанзиските можности се изразени преку два USB 2.0 порта, читач за мемори-ски картички, безжична и

стандардна LAN-мрежа, Bluetooth, веб-камерата и аудиопортите.

Тоа што EeePC 1008HA го прави посебен е дизајнот кој, без претерување, освојува симпатии на прв поглед. И покрај називот морска школка со кој го почести производителот (и навистина донекаде личи на неа), сепак сам по себе се наметнува впечатокот дека еден од лајтмотивите бил и AIR моделот на Apple. Кон тоа асоцираат два мо-мента – тенкото куќиште и зашилениот преден дел. И тука завршуваат слично-стите.

Поставувањето во работна положба ве носи во „познати води“ – по-вторно пред вас е нетбук-преносник од последната

генерација, со 10-инчен екран и тастатура со (соо-дветно) намалени димен-зии, но сепак комфорна за работа. Стандардно, над екранот е вградената минијатурна веб-камера со микрофон.

Тач-падот е стандарден, со една дополнителна

функција - со едновремено движење на два прста по дијагонала може да се зумира и одзумира.

На бочните страници се сместени експанзиски-те порти и интерфејси, но истите се покриени со соодветно изведени „капачиња“. Тоа е из-ведено за да не се наруши единствената линија и ефектот на целост на тело-то на преносникот.

Кај приклучоците еден детаљ привлекува внима-ние – видеоинтерфејсот. Според изгледот е неверојатно сличен на USB-приклучок, со што става во дилема при првиот контакт. Решението е едноставно: на долната страна на преносникот постои уште едно мало капаче, под кое е сместен VGA-приклучок за екстерен монитор, кој се приклу-чува на „USB-ликиот“ интерфејс.

Батеријата може да овозможи и до 6 часа автономија, благодарејќи на софтверот за менаџирање со енергијата. Секако, при тоа е потребно да се исклучат непотреб-ните сервиси и аплика-ции додека се работи, на пример, во Word или во

Excel или слично, како и при аудиорепродукција, каде што не е потребно максимално осветление на екранот. Без проблем може да се одгледа и филм од калибарот на „Титаник“, при што батеријата нема да биде целосно потрошена.

Минусот кај ASUS EeePC 1008HA би се однесу-вал на неможноста за репродукција на High Definition видеосодржи-ни, што од своја страна е последица на избраната платформа. Крајно време е платформата Menlow да биде стандард во оваа категорија преносници. Ис-тата располага со интегри-ран графички чипсет спо-собен за HD-декодирање и репродукција, без притоа да се оптоварува централ-ниот процесор. И, што е најбитно, троши 20 пати помалку енергија од 945-ките. Со тоа ја зголемува и автономијата – до 9 часа со стандардните, односно до 20 часа со батериите со двоен капацитет.

Љубителите на спец-ифичниот дизајн со овој модел ќе дојдат „на свое“. Другите – секако, но докол-ку ја „проголтаат“ сумата од 23.400 денари. l[ЗОРаН ИВаНОВСКИ)

Тоа што EeePC 1008HA го прави посебен е дизајнот кој освојува симпатии на прв поглед. Производителот го почести со назив морска школка (и навистина донекаде личи на неа), сепак се наметнува впечатокот дека еден од лајтмотивот бил и AIR моделот на Apple

Интересно осмислени концепт и дизајн

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:ASUSwww.asus.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:СЕТ компјутериwww.set.com.mk

ЦЕНА

• 23.400 денари

ОЦЕНА

8/10

МНОГУ ДОБРО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ЗА И ПРОТИВ

Оригинален дизајнКвалитетна изработкаДолго траење на батеријатаДобра тастатураМали димензии и тежинаНеможност за репродукција на HD-видеоСјајната црна површина е „магнет“ за отпечатоциЦена

Модел со предиспозиции да биде Best Buy, но под услов цената да се намали.

click/хардвер/asus_eee_pc_1008ha_„seashell“_netbook/

Page 9: Click #16

click август 200928

Доверлив и квалитетен систем, комбиниран со одлично одмерен цена

click/хардвер/dell_powerWdge_840/

Dell PowerEdge 840Серверска станица составена од одлични компоненти, наменета за мали компании или за компании водени од дома

Компјутерските системи на Dell се

генерално општопознати и признати во светот, па и кај нас. Големо е задоволство-то да се работи на такви квалитетни и респектабил-ни системи, задоволството не изостана кога го добив-ме на тест и серверот Dell PowerEdge 840. Овој модел на сервери ја претставува таканаречената влезна варијанта на сервери за домашни и/или за мали претпријатија или, пак, во поново време локации што се оддалечени од главната канцеларија, а сепак имаат потреба од некаква сер-верска поддршка. Како и да е, оваа машина, односно сервер, со релативна ле-снотија ќе се справи со која било од погоре наведените ситуации. Сите компоненти од кои е направен овој систем се со одличен ква-литет, почнувајќи од самиот

процесор - Intel Xeon Quad Core со ознака X3220 и работен такт од 2.40 GHz, па преку преднaта податочна магистрала (bus) кој работи на 1.066 MHz и со тоа овоз-можува проток на подато-ците од 8.34 GB во секунда. Таа магистрала всушност го поврзува процесорот со ме-моријата и самиот чипсет и со тоа се овозможува брз пренос на големо коли-чество податоци со што максимално се искористува моќноста на повеќејадре-ниот систем. Покрај сил-ниот процесор, серверот кој дојде на тест поседува и два релативно брзи тврди диска. Дисковите се

изврши. Покрај сите овие компоненти, тука се и оние што ги гледаме на сите компјутерски системи, тука е 16x DVD +/-RW оптич-киот уред, USB-тастатура и USB-глувчето. Сите тие се со одличен квалитет и ергономичен дизајн. Dell PowerEdge 840 е серверски систем кој штом го извади-те од кутијата е подготвен за работа, претходно треба да го одберете оперативни-от систем и дали сакате тој да биде преинсталиран од страна на производителот

или сакате самите да се погрижите за инсталација-та. Како и да е, медиумот со драјвери, документација и алатки за серверска администрација ви стои на располагање. Серверот кој нам ни дојде на тест со себе немаше оперативен систем, па ние самите требаше да направиме инсталација. Се одлучив-ме за истиот оперативен систем кој е препорачан од страна на Dell, станува збор за Microsoft Windows Server 2008 Standard едицијата

SAТа и имаат капацитет од 250 GB и работат на 7.200 вртежи. Самиот дел во кој се поставени дисковите е лесно достапен и дозволу-ва замена на истите додека системот работи (hot Swap) опција, нормално доколку дисковите се поставени во RAID. Кај PowerEdge 840 постои можност за поврзу-вање на 4 тврди диска со максимален капацитет од по 1 TB, односно во тотал од 4 TB. Исто така, постои можност корисникот да избира какови дискови ќе користи, дали тоа ќе бидат веќе гореспоменатите SATA или, пак, SAS или сериски поврзаните SATA тврди дискови. Работната мемо-рија (RAM) е меѓу најбрзите на пазарот и е со ECC корекција, постојат 4 слота за работна меморија, од-носно максимум меморија која можете да ја имате е 8 GB, ние на располагање

имавме 4 GB RAM и тоа 4 x 1GB. Овој компјутерски систем се води како сер-верска станица, а познато е дека серверските станици својата сила ја демонстри-раат на други полиња, па графичкиот потсистем нема потреба да биде со врвни перформанси и дополнителни специјални можности. Кај PowerEdge 840 графичкиот систем е интегриран на самата пло-ча, произведен е од страна на ATI и се води под името ES1000, максимална резо-луција 1.240 x 1.024, сосема доволна за извршување на сите задачи и функции што еден сервер треба да ги

Серверска станица со високи перформанси, составена од квалитетни и идеално избалансирани компоненти чија цел е да ви понудат безбедно и стабилно работење

ИНФО

• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:Dellwww.dell.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:LANComwww.lancom.com.mk

ЗА И ПРОТИВ

Компактен дизајнОдлични компоненти Вклучени додатоци во целокупниот пакет Одлични перформанси

ОЦЕНА

Серверски систем подготвен за поддршка на мали компа-нии во вистинска смисла на зборот. Машина која самата може да се исплати нормално доколку знаете за што ја купувате и што ќе работите со истата.

ЦЕНА

• 54.958 денари

9/10

ОДЛИЧНО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ПРОЦЕСОР 1 x Intel Xeon Quad Core X3220 (2.4 GHz)

МЕМОРИЈА 4GB DDR2 RAM (максимум 8 GB)

ГРАФИЧКИ ПОТСИСТЕМ ATI ES 1000

ХАРД-ДИСК 2 x 250 GB, 7.200 rpm, SATA

ОПТИЧКИ уРЕД 16xDVD+/-R/RW

ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ Microsoft Windows Server 2008 standard eddition

ГАРАНТЕН ПЕРИОД 3 години

СПЕЦИФИКАЦИИ

Page 10: Click #16

29click август 2009

која претставува идеален софтверски партнер за горенаведената хардвер-ска конфигурација. Сé што треба да направите е да ги следите упатствата и да ги одберете опциите што најмногу ви одговараат во

вашата ситуација. Пред самата инсталација на оперативниот систем едно од битните прашања што треба да ги одговорите е дали ќе ја користите опцијата RAID и ќе одбере-те помеѓу брзината заедно со капацитетот, односно

од повеќе дискови ќе креирате еден голем, или сигурноста и доверливоста од два диска да креирате еден и секогаш да имате резервна копија од подато-ците. Штом тоа ќе заврши, го избирате оперативниот

систем, и според тој избор се инсталираат драјверите, ставате DVD со одбраниот оперативен систем и инста-лацијата тече. За кратко време имате сервер кој во зависност од тоа во која улога ќе се најде во мрежа-та, ќе ги добие потребните

Пред самата инсталација на оперативниот систем размислете дали ќе ја користите опцијата RAID 0 и ќе одберете помеѓу брзината заедно со капацитетот, или сигурноста и доверливоста од два диска да креирате еден и секогаш да имате резервна копија од податоците

ролји и функционалности. Покрај самиот помошник за инсталација, тука се уште неколку апликации кои може да ви се најдат во натамошната работа со самиот сервер, на пример тука е Dell OpenManage Administrator, Dell OpenManage IT Assistant или Dell Online Diagnostic. Сите овие алатки ќе ви помогнат комплетно да ја заокружите администра-цијата на овој сервер, спо-ред потребите што ги имате и функцијата што ќе му ја доделите истиот ќе биде во состојба да ги издржи сите задачи што ќе му се дадат. Квалитетниот однос на хардверските компоненти и софтверските апликации се најдобрите адути на овој сервер. За да може овој сервер да го води главниот збор во мрежната кон-стелација тука е и гига-битниот мрежен адаптер на Broadcomm. Сé на сé, PowerEdge 840 претставува

одличен избор и одлич-на инвестиција за мала компанија која има потреба од серверски ориентирана мрежа, а сепак нема пот-реба од голем број мрежни сервиси и задачи. ако постои потреба од поголем товар, ситуацијата може да се реши со додавање исти вакви сервери или, пак, со купување некоја посериоз-на серверска конфигура-ција и нејзино подоцнежно виртуализирање. Голем удел во одлуката што би ја донеле во таа ситуација е

цената на самиот сервер-ски систем, а цената на PowerEdge 840 е навистина популарна, за околу 900 евра односно 55.000 денари добивате навистина рес-пектабилна конфигурација. Дополнителна поволност во овој случај е и гарантни-от рок кој кај Dell изнесува цели 3 години, навистина многу. Доколку размислу-вате за сервер, овој модел, односно конфигурација од сесрце ви ја препорачу-вам. l[ИВаН ЈаНКИЈеВИЌ]

click/хардвер/dell_poweredge/

Логичен избор – Intel XEON Quad Core X3220

ОДЛИЧНО

Перформанси што ги поса-кува секој, но со соодветна (превисока) цена.

Брзина на пристап на која и WD VelociRaptor завидуваАгилен и сé уште скап

OCZ не мирува, туку продолжува со пре-

миерни претставувања. Почетокот на овој месец го одбележа појавување-то на моделот на SSD диск со капацитет од 120 GB, кој производителот го декларира како про-извод од мејнстрим-сег-ментот. Помалку чудно декларирање – од кога

уред со цена од безмал-ку 300 евра припаѓа на мејнстрим-сегментот?

Но, и да се помириме со тоа. Битното за овој уред е што според своите перформанси нема ама никакви допирни точки со овој сегмент.

Брзината на пристап е помала од една мили-секунда, брзината на

читање е 230 MB/s, а на впишување 135 MB/s. Поддржано е врзувањето во RAID модалитет.

Втор интересен детаљ врзан за овој модел е вградениот кеш, чиј потписник е ELPIDA и чие количество изнесува 64 МВ.

Димензиите на дискот од 99,8 x 69,63 x 9,3 mm и тенкиот дизајн откриваат дека ова е диск од кате-горијата 2,5“.

Тежината на целиот уред е само 77 грама. Ништо чудно, со оглед на „сиромаштијата“ која владее во неговата внатрешност. На едната единствена печатена плоча е сместено сé што треба да гарантира ин-тегритет на податоците. Тука се 8 Samsung NAND мемориски чипови и SATA-интерфејсот. Со це-

лата логика „раководи“ INDILINX-контролерот.

Потрошувачката на овој уред изнесува цели 2W, односно 0,5W во миру-вање.

Производителот декла-рира и време до отказ од 1,5 милиони работни часови, и гаранција од две години. Можеби податокот за отказ би требало малку да се ко-ригира. Секако, во пра-шање е статички уред, без подвижни делови и минимално загревање, но сепак, со сигурност не може да се тврди дали декларираното време е реално или не.

Реална е цената (во смисла дека постои), па кој може да ја „проголта“ ќе се поднови со одличен хард-диск со широка намена. l[ЗОРаН ИВаНОВСКИ]

Брз, фуриозен и безобразно скап!

ЗА И ПРОТИВ

БрзинаКапацитетСигурностЦена

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:Samsungwww.samsung.com

ЦЕНА

• 287 евра (на странскиот пазар)

ОЦЕНА

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

9/10

Page 11: Click #16

click август 200930

click/хардвер/trendnet_tv-ip512Р_poe-ip-camera/

Окото на Големиот БратНабљудување без потреба од електричен приклучок

За видеонадзорот и потребата од

сигурносните мерки дискутиравме во еден од претходните брое-ви. Токму поради тоа сé поголем број компании се одлучуваат да произве-дуваат вакви производи. TrendNet е компанија која е едно од позвучни-те имиња на пазарот на мрежни уреди, па како таква има посебна линија на камери што податоците ги пренесуваат преку мре-жа. Сепак, за да работи секој уред потребна е електрична енергија чија достапност не е секогаш едноставна. Во последно време сé поатрактивни се PoE (Power over Ethernet) уредите кои своето напоју-

вање го добиваат преку LAN-кабелот, се разбира доколку се приклучат на соодветен уред кој ќе им го овозможи истото. IP-ка-мерите се одлични уреди за имплементација на PoE, па токму таков уред е и TrendNet TV-IP512P.

Се работи за PoE IP камера која во себе имплементира голем број потсистеми што ја прават една од најдобрите камери за оддалечено набљуду-вање. Богато опременото пакување покрај IP-каме-рата содржи адаптер за напојување, LAN-кабел, упатство за употреба, монтажни делови и CD со IP View Pro софтверот и програма за сетирање на камерата. TrendNet TV-IP512P е сместена во бело пластично куќиште со

димензии 170 x 80 x 40mm на кое се карактеристични три детали. На пред-ната страна е сместена 1/3-инчна леќа со фокусно растојание од 6 мм и про-менлив фокус кој се движи во границите од 70 см до бесконечност. аглите на видливост се 45 степени по хоризонталната оска и 34 степени по вертикална-та оска. Интересно е тоа што леќата се вади и може да се замени со друга во зависност од потребите. Вториот карактеристи-чен детаљ е странично поставениот слот за SD-картички со максимална големина од 16GB. Ова е крајно корисна опција со која камерата може да складира записи во вид на

слики и видео. На задната страна се сместени LAN-портот, аудиоизлезот, при-клучокот за напојување (во услови кога камерата е поврзана за обичен, а не PoE, свич/рутер) и еден мултифункционален влезно/излезен порт. Овој порт има 8 пина (4 пара) од кои два пара се влезни и најчесто се користат како контролни тригери за активирање на камерата или некој потсистем. Дру-гите два пара се излезни пинови од кои едниот е стандардизиран за се-риска 485 комуникација со компатибилни уреди, додека другиот е конфи-гурабилен и најчесто се користи како тригер за останати уреди (аларми), при настанување на некоја карактеристична промена

во набљудуваниот сег-мент. TrendNet TV-IP512P во себе содржи и микро-фон кој регистрира звуци на оддалеченост до 5 м од камерата. Интересно е тоа што преку софтверот е можна аудиокомуникација со набљудуваната околина во која микрофонот се користи како звучник. На горната и на долната страна на куќиштето на TrendNet TV-IP512P има навртки за прицврстување на држачот преку кој каме-рата може да се постави во каква било позиција.

MPEG-4 енкодирани-те видеосодржини на TrendNet TV-IP512P може да пристапат на два начина. едниот е преку користењето на софтверот IP View Pro, кој овозможу-ва симултан преглед на 32 камери одеднаш, додека вториот е преку користење

интернет-прелистувач. Препорачливо е корис-тење на Interent Explorer, но поддржани се и другите видови прелистувачи во своите понови верзии. Интерфејсот на програ-мата и веб-апликацијата се речиси идентични и крајно лесни за употре-ба. Оттука може да се нагодуваат многубројните опции кои ги нуди оваа камера, а како најинтерес-на ќе ја издвоиме опцијата за пристапување преку мобилни (Windows Mobile и iPhone) уреди. Софтве-рот нуди креирање разни профили со посебни пре-дефинирања за корисници што користат различен интернет пристап, а исто така овозможува и контрола на камерата и дигитално зголемување до 16 пати. l[ЧеДОМИР ДИМИТРОВСКИ]

ИНФО

• ПРОИЗВОДИТЕЛ:TrendNetwww.trendnet.com• ПРОИЗВОД НА ТЕСТ ОД:ЈВС Нетwww.jvsnet.com.mk

ЗА И ПРОТИВ

Поддржани многубројни протоколи Компактен дизајнPower over EthernetSD слотНема WLAN

ОЦЕНА

ЦЕНА

• 15.000 денари

8/10

МНОГУ ДОБРО1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

ГАРАНЦИЈА 18 месеци

СЕНЗОР ¼” CMOS SOC

РЕЗОЛуЦИИ 160 x 120, 320 x 240, 640 x 480

ПОДДРЖАНИ ПРОТОКОЛИDHCP, NTP, DNS, DDNS, SMTP, FTP, HTTP ,Samba, PPPoE, UPnP AV, RTP, RTCP, RTSP

ПОДДРЖАНИ КОМПРЕСИИ MPEG-4, MJPEG

КОНЕКЦИЈА 1 x LAN, Audio Line Out, SD Card Slot

ТЕЖИНА Камера: 260 g + држач: 116 g

ДИМЕНЗИИ 170 x 80 x 40mm

СПЕЦИФИКАЦИИ

На задната страна покрај LAN-портот и аудиоизлезот сместен е еден 8-пински мултифункционален влезно/излезен порт чии пинови најчесто се користат како контролни тригери

TV-IP512P напојувањето го добива преку мрежата (LAN кабелот). Можна е монтажа и на постолје

Page 12: Click #16

43click август 2009

click/софтвер/aviary_falcon/

Aviary Falcon, онлајн-алатка за маркирање сликиБесплатен онлајн-сервис за брзо менување слики

aviary повторно изнена-дува со својата ино-

вативност и заслужува да опфатиме уште еден нивни сервис во прегледите на софтвер во Click. Покрај досегашните 4 сервиси наменети за векторска графика, обработка на слики, палети на бои и визуелната лабораторија се приклучува малиот, но моќен Falcon. Сите сервиси имаат „подобри“ верзии за чие користење треба да се плати, но и бесплат-ните верзии солидно си ја изведуваат работата за која се наменети, а сите можат бесплатно да се користат од веб-страницата www.aviary.com. Falcon првенствено е наменет за фаќање слики од екранот и нивно брзо менување, но може да се користи и врз слики што сами ќе ги поставиме од компјутерот или, пак, да по-чнеме од нула и да напра-виме сопствена креација. Сервисот е ве-базиран и може да се користи во кој било прегледник и на која

било платформа, Windows, Mac или Linux. Falcon нуди едноставен сет алатки кој ќе им биде најкорисен на блогерите и останатите корисници што прават брзи манипулации со слики во лет. Убавината на Falcon е во додатокот за Firefox наречен Talon кој овозмо-жува фаќање на екранот и автоматско импортирање

на сликата во Falcon за понатамошна обработка. Кога се стиска иконата во Firefox на страницата на која се наоѓате се појавува избор за одредување на

содржината што сакате да ја опфатите. Така, можете да го фатите екранот што го гледате, дел од него или, пак, целата веб-страница под и над екранот што го гледате. Последната опција е многу корисна и ретко која алатка го овозможува тоа. Обработката на сликата во Falcon се сведува на смалување и зголемување,

ротирање или сечење на сликата. Како дополнување се опциите за додавање стрелки и текст, опции што најчесто се користат за коментирање блогови. Има опција за вметнување линии, елипси и правоагол-ници. На сите едноставни елементи што ќе се вметнат на сликата може да им се нагодува сенката, надво-решната линија и бојата. Има можности за враќање чекори наназад доколку направиме некоја измена што сакаме да ја пониш-тиме, како и можности за менување на објектите што веќе сме ги додале. Како недостиг може да се смета работата со текст, односно начинот на зголемување и намалување на текстот, што се изведува по внесу-вање на целиот текст. Но, доколку се земе предвид дека Falcon е наменет за брзо додавање коментари и овие опции со текстот се

доволни. Доколку имаше можност за употреба на кирилска поддршка и пи-шување текст на кирилица, тогаш ќе речев дека Falcon е совршен.

Кога ќе завршиме со обработката на сликата во горниот лев дел се наоѓаат опциите за снимање на сликата на компјутерот на кој работиме или снимање и хостирање на сликата на www.aviary.com. Одлична опција е можноста за пови-кување некоја од другите алатки на Aviary директно од Falcon преку копчиња-та во горниот десен дел. Така брзо се префрламе во напредниот фотоедитор, во визуелната лабораторија или во алатката за палети на бои. Сé на сé одлична алатка, особено корисна за блог-заедницата за брзо фаќање екрани и изве-дување мали корекции и додавање коментари. l(ИВАН МАНЧЕВСКИ)

Прегледната и едноставна работна површина овозможува комфорно работење

Falcon првенствено е наменет за фаќање слики од екранот и нивно брзо менување, но може да се користи и врз слики што сами ќе ги поставиме од компјутерот или, пак, да почнеме од нула и да направиме сопствена креација

ИНФО

• нАслоВ: Aviary Falcon• ИЗДАВАЧ: Aviary• лиценцА: бесплатна• ПлАтформА: веб-прегледник со Flash поддршка• Url: www.aviary.com

ЗА И ПРОТИВ

Интуитивен интерфејсБрзо додавање коментариМожност за повикување на останатите алатки на AviaryЦенаМожност за користење кратенки од тастатураНема можност за префрлување на слика од clipboardНе може да се додаде коментар на кирилица

ОЦЕНА

8.5/10

ОДЛИЧНО

Уште еден одличен сервис од Aviary. Falcon брзо и едноставно ги изведува сите операции врз сликите за кои е наменет, особено корисен за блог-заедницата.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Page 13: Click #16

click август 200944

click/софтвер/

Чувар со златно око

Фотостудио за секого!

Набљудувајте и снимајте сé што се случува на вашиот компјутер

Декорација и додавање ефекти на дигитални фотографии

Приватноста, како во минатото така и

денес, сé уште претста-вува важен сегмент од секојдневјето на секо-го. Не е мал бројот на корисниците што сакаат да имаат детален увид во тоа што конкретно

направените дигитал-ни фотографии лесно

би можеле да се средат доколку сите корисници умеат да работат со по-комплицирани апликации за дигитална обработка

се случува на нивниот компјутер, додека не се пред него. За таа цел креирани се наменски апликации. Една од нив е Golden Eye. Овој софтвер врши константен надзор на сите дејствија при користењето на опера-

на фотографии. Токму за таа категорија (поне-искусни корисници) се креирани наменски алатки што ќе им го овозможат тоа. Photo Art Studio е апликација едноставна за

тивниот систем.Инсталацијата „тежи“

само 1,45 МB и про-цесот на инсталирање е едноставен и брз. Навигацијата низ оваа апликација е едноставна и се одвива преку глав-ните 5 таба хоризонтално поставени.

Во Golden Eye има вгра-дено 8 надзорни енџини. Сé што ќе се внесе преку тастатурата веднаш се забележува во главниот лог, исто како и сите посетени веб-страници, отворени апликации. Но, исто така, ќе би-дат забележани сите операции со документите или со директориумите. Корисници што имаат по-голем слободен простор на хард-дискот, може да ја овозможат и опцијата преку која на одреден временски интервал ќе се прават скриншортови,

користење, има еднос-тавен, но угледен дизајн на работната околина. Во Photo Art Studio дури има вградено и изборник за изгледот на самата апликација, иако не било неопходно за ваков вид услужна програма.

Најпрво со оваа аплика-ција може да ја нагодувате јачината на светлината, балансот на боите, да ја ротирате или да ја исе-чете која било дигитална фотографија. Со филтрите може да се додаде сепија во комбинација со друг ефект, па фотографијата ќе изгледа како стара и иски-ната. Но, има и опција со која која било слика може да изгледа како печат.

Под табот colorize може да си „поиграте“ со сатурацијата, hue или

за кои однапред може да се нагоди квалитетот на JPG-сликите. Golden Eye води сметка и за тоа кога точно се вклучил и исклу-чил оперативниот систем. Ако на компјутерот има инсталирано апликации што служат за интернет-комуникација, како на пример, ICQ, MSN Messenger, или Yahoo! Messenger, Golden Eye ќе врши надзор и снимање на сите разговори што ќе се водат.

Известувањата за сите дејствија на вашиот опе-ративен систем може да бидат интерактивни, но и во HTML-форма.

Golden Eye може да функционира на два на-чина, и тоа како нормал-на апликација, која ќе биде видлива за сите, но може да биде и скриена и со помош на кратенка и лозинка да се појави. l

светлината. Во Photo Art Studio вградени се ефекти со кои може да внесете ефекти на дисторзија, со што фотографијата може да добие подинамичен изглед. Water Color, прави фотографијата да добие влажен и матен изглед. Reduce Colors, може да го намали бројот на користе-ните бои, па дигиталната фотографија ќе изгледа како цртана.

Со оваа апликација може да додавате разни рамки, со што фотографијата ќе добие поинтересен изглед. Но, има опција со која може лесно да додадете маска. Доколку имате потреба, може да додадете и текст со кој било фонт, големина и секако позиција на самата фотографија. l

ИНФО

ИНФО

• Golden eye• ВЕРЗИЈА: 4.50• ИЗДАВАЧ: monitoring-spy-software.com• ЛИЦЕНЦА: 29.95$• ПлАтформА: Windows 95, 98, ME, 2000, XP, Vista• Url: www.monitoring-spy-software.com/

• photo art Studio• ИЗДАВАЧ: AMS Software• ЛИЦЕНЦА: Персонална лиценца 29$• ПлАтформА: Windows сите• Url: http://photo-framing-software.com/

ЗА И ПРОТИВ

ЗА И ПРОТИВ

Едноставен за користење„Тежина“ од само 1,45 мегабајтиЦенаДизајн на работната околина

Едноставен за користењеДизајн на работна околина Цена

ОЦЕНА

ОЦЕНА

7,5/10

10/10

МНОГУ ДОБРО

ОДЛИЧНО

Солидна апликација за надзор на сé што се случува на вашиот оперативен систем, едностав-на за користење и не одзема многу простор на вашиот хард-диск.

Апликација за брзо и едноставно коригирање или декорација на која било дигитална фотографија, со можност за зачувување на истата во повеќе формати.

1

1

2

2

3

3

4

4

5

5

6

6

7

7

8

8

9

9

10

10

Апликацијата може да функционира и како скриена

Изборник за колажи – прегледна работна околина која ја олеснува работата

Page 14: Click #16

click август 200948

click/софтвер/linux/

Multiboot на вашиот компјутерКолкава и каква е предноста од два или повеќе оперативни системи

Во претходниот број видовме како

практично се инсталира Ubuntu Linux на вашиот компјутер. Низ процесот на објаснување споме-навме дека е потребно да направите посебна партиција на која ќе инсталирате Ubuntu. Тоа значи дека вашиот

диск сега е поделен на две партиции (или повеќе), од кои едната ја користите за GNU/Linux, а другата за други системи инсталирани на компјутерот. Доколку претходното упатство ви помогна да го инстали-рате Ubuntu без проблем тогаш овој текст ќе ви помогне да го разбере-те процесот и начинот на функционирање на постоењето на повеќе системи на вашиот компјутер и како сето тоа еден ден ќе може да го искористите за да спасите податоци од не-достапна партиција.

Кога се пушта опе-ративниот систем, се случува процес во кој најпрво компјутерот се иницијализира хардвер-ски, а потоа процесот bootstrap на пуштање на оперативниот систем

што сте го инсталирале. Најчесто ако имате еден оперативен систем нема ни да забележите дека за тоа се грижи посебна програма инсталирана на посебен дел од вашиот диск, која го подигнува и иницијализира системот до ниво од каде што ќе може да продолжи „сам

да се грижи“ за остато-кот од пуштањето. Една таква апликација прет-ставува GRUB (GRand Unified Bootloader). Таа се инсталира со речиси сите модерни GNU/Linux дистрибуции, па така и со Ubuntu. Најпросто ре-чено, тоа е менито во кое избирате кој систем са-кате да се пушти. Секако, тоа е напредна програма преку која може да наго-дувате разни сетинзи за процесот на пуштање на системот и да овозмо-жите разни начини и ре-жими на функционирање на истиот. Во продол-жение подетаљно ќе го објасниме процесот на правење партиции и мало објаснување за тоа како може да менувате поставувања во GRUB со цел да пристапите кон непристапна партиција од која ќе може да спаси-те важни податоци. Во

овој момент повторно мало предупредување: што и да правите, прво направете резервна копија на податоците кои веќе ги имате на дискот. Можно е нешто да тргне наопаку и да загубите податоци кои би било тешко или невозможно да ги вратите.

Во последниот текст споменавме дека низ визардот за инсталација на Ubuntu потребно е да направите партиции за инсталацијата. Начинот на функционирање на фајлсистемот на GNU/Linux дозволува да користите различна партиција за речиси секој фолдер кој го имате на дискот. На тој начин би можеле вашиот /home директориум да го ста-вите на една партиција, а главната инсталација на софтверот да оди на друга. На тој начин при преинсталирање, по-датоците од вашиот ко-риснички директориум ќе останат недопрени, ќе се ажурира само системски-от софтвер. Апликацијата со која правите парти-ции во Ubuntu се вика GParted (слика 1). На интерфејсот имате копче New преку што би тре-бало да креирате нова партиција од неалоциран простор на вашиот диск. Кога ќе го стиснете ова копче се пушта дијалог (слика 2) во кој внима-телно треба да изберете неколку важни поставки:

New size (MiB) – голе-•мина на партицијата во мегабајтиCreate As: Primary / •Logical Partition – при-марна или логичка партиција (ако е прва партиција потребно е

да е примарна, најчесто тоа е избор секогаш).Filesystem – тип на •фајлсистем, препо-рачуваме Ext3 или Ext4 (во новите верзии на познатите дистрибу-ции Ext4 е стандарден избор).Другите поставувања

може да останат какви што се. Притиснете Add.

Уште збор два за пар-тициите.

Логичка партиција е дел од меморијата на компјутерот, поделена на одредено множество

ресурси со тоа што во дадено време може да се оперира со секое множество независно од системот и апликацијата што би требало да управува со него. Бројот на логички партиции може да биде креиран во зависност од моде-лот на процесорот на компјутерот и достапните ресурси. Типични парти-ции се користат за разни цели и намени, како што се операции со бази на податоци или клиентско/

Понекогаш се случува едната од инсталираните партиции да откажи, со што губите пристап кон своите податоци. Доколку се оштети партицијата Windows, во секој момент ќе може да пристапите кон неа од инсталацијата Ubuntu и да ги повлечете битните податоци. Доколку откаже и партицијата Linux, на помош доаѓа живото Ubuntu CD

Креирањето MuLTIBOOT не е едноставна работа и бара одредени предзнаења. Дури и кај инсталацијата на два различни Windows оперативни система, што е релативно едноставна и која може да се изведе и без посебен loader, важат одредени правила што мора да се почитуваат.Како и да е, предноста на multiboot е несомнема.

Слика 1 - GParted, апликација за партиционирање дискови за Ubuntu Linux

Слика 2 - Креирање на нова партицијата

Page 15: Click #16

49click август 2009

серверски операции. За краен корисник Logical Volume, или логичка партиција не е потребно објаснување за логичка-та партиција. Доколку не ви е потребна логичка партиција, ве советуваме да не ја користите.

Се додава New Partition #1 (слика 3) со поставувања што ги избравте во претходниот прозорец. Доколку сакате да ја промените голе-мината на партицијата десен клик врз неа и Resize. Ќе се пушти повторно нов дијалог (слика 4) во кое ќе може да изберете нова голе-мина (New Size (MiB)) на партицијата. Стиснете Resize/Move за да се применат измените.

Доколку ја разгледате апликацијата и прочитате помошна документација ќе видите дека начинот на кој може да манипули-рате со партициите би ви помогнал да создадете и проширена (Extended) партиција како и да преместувате партиции од едно на друго место на дискот. Засега е до-волно да ги знаете овие неколку можности на GParted. Стиснете Apply и промените ќе бидат зачувани (доколку нема проблеми).

Партициите во GNU/Linux се нумерираат со /dev/hda1, /dev/hda2, /dev/sda2, /dev/sda4 итн. во зависност од тоа за каков тип диск се работи и која партиција по ред се додава. Најчесто ако одите по ред, root (главната) партиција би требало да биде /dev/hda1 или /dev/sda1, па swap партицијата, па потоа останатите. Во на-шиот пример ќе земеме во предвид дека имате

3 партиции, /dev/sda1 – root партиција, /dev/sda2 – swap партиција и /dev/sda4 - /home/ партиција. Одете во тер-минал (Alt+F2 → gnome-terminal) и напишете:

# gedit /boot/grub/menu.lst

Таму ќе ги видите (без право да ја менувате оваа датотека) сите партиции што му се потребни на системите инсталирани на вашиот компјутер. Па и партици-ите Windows. Најбитната секција од оваа датотека кај мене изгледа вака:

Доколку на компјутерот имате инсталација Windows, ќе имате запис и за овој систем кој би изгледал вака:

Тоа би значело дека на компјутерот веќе има 2 системи, Debian GNU/Linux и Windows XP успешно инсталирани.

Понекогаш се случува едната од инсталирани-те партиции да откаже, со што губите пристап кон податоците. Тоа не би било така доколку се оштети партицијата Windows затоа што во секој момент ќе може да пристапите кон неа од инсталацијата Ubuntu и

да ги повлечете битните податоци. Истовреме-но може да откаже и партицијата Linux. Тоа би значело дека на помош доаѓа живото Ubuntu CD. Подигнете го на начин на кој го подигнавте минатиот пат кога го ин-сталиравте Ubuntu. Кога системот ќе се пушти (со работната околина) доколку самиот не ја пронашол оштетената партиција и монтирал, пуштете терминал и следете ги следниве команди:

# sudo mount /dev/<particija> /media/

каде што particija е описот на оштете-ната партиција (пр. sda2) Сега во /media ја имате содржината на партицијата. Направете бекап од неа и од терми-

нал повторно напишете

# sudo umount /media

Доколку, пак, GRUB

повеќе не се појавува или нешто се зафркнало, па сакате да го пре-инсталирате за да може да го пуштате системот кој сакате (Ubuntu или Windows), направете го следново:

ако партицијата на вашата инсталација Ubuntu е /dev/sda2, по-стапката е:

# sudo mount /dev/sda2

/media# chroot /media

# grub-install /dev/sda

Тоа ќе го инсталира GRUB повторно со ста-рите поставувања (и за Windows и за Ubuntu).

Во поново време се појавува можноста и за инсталирање на Mac OS како систем на PC (преку Hackintosh), па можеби некогаш ќе ви затреба и таква мож-ност, да конфигурирате Mac OS запис во GRUB. Тоа се прави лесно и таквиот запис би изгле-дал вака:

title macoS 10.4.8rootnoverify (hd0,4)makeactivechainloader +1

Се разбира, останатите записи треба да си оста-нат какви што се.

Во GRUB може да до-давате колку што сакате системи и штом научи-те како функционира, работењето навистина ќе ви биде полесно и покорисно.l[АЛЕКСАНДАР БАЛАЛОВСКИ]

Под поимот MuLTIBOOT се подразбираат два или повеќе оперативни система инсталирани на различни партиции во рамките на еден хард-диск. Ваквата конфигурираност овозможува во рамките на еден ист систем да егзистираат повеќе оперативни системи, со можност на избор на оперативен систем под кој ќе се работи.

click/софтвер/linux/

TiTle Debian GNu/Linux, kernel 2.6.26-2-686

rooT (hd0,1)

kernel /boot/vmlinuz-2.6.26-2-686 root=/dev/sda2 ro quiet

iniTrd /boot/initrd.img-2.6.26-2-686

TiTle Windows XP

rooT (hd0,0)

makeaCTive

Chainloader +1

Слика 4 - Промена на големина или преместување на партицијата

Слика 5 - Kраен изглед на Gparted со креирани партиции

Слика 3 - Креирана нова партицијата

Page 16: Click #16

64

click/времеплов/

Нешто повеќе за .... GARMIN64

Нешто повеќе за .... GARMINОд визија до светска слава

Во страниците што следат, а и во броевите што следат ќе

се потрудиме ви ги приближиме светските компјутерски брендови и големи компании. Ќе се потру-диме да ви доловиме како и на

кој начин компаниите што денес се светски технолошки лидери ја почнале својата приказна, како ја пишувале својата историја и на крај што се имаат денеска и кои се нивните идни развојни планови. Повеќето компании своите почетоци ги должат на

визионерството на своите осно-вачи, но исто така и на погодните моменти во кои развојот на тие компании почнал.

За почеток одбравме компа-нија која е еден од лидерите на

полето на GPS-навигацијата, тоа е светски познатиот Garmin.

Garmin е основан пред 20 години и тоа во 1989 година од страна на гари Барел и Мин Као, од чии имиња во суштина доаѓа името на компанијата (Gar-Min). Според нејзините соосновачи,

Garmin е формиран, односно основан на принципите на ино-вации, вредности, перформанси и сервиси. Компанијата која е ос-нована како плод на една обична brainstorming сесија на неколку инженери, денеска е светски лидер во полето на системите за GPS-навигација и комуникација.

гари Барел е роден во 1937 година, дипломирал на универ-зитетот „Вичита стејт“ додека својата мастер-диплома ја добил на политехничкиот институт „Ринсилер“. Денеска е соосновач и претседател на Garmin, во 2007 Барел го зазема 114. место на Листата на „Форбс“ со најбогати-те 400 луѓе на Америка.

Мин Х.Као е роден во 1949 година во Тајван, дипломирал на Националниот универзитет на Тајван, својата мастер-ди-плома ја добил на Универзите-тот во Тенеси, каде што доаѓа

и до докторатот во областа на електроинженерството. Пред да се поврзе со Барел, работи како истражувач во рамките на НАСА и во американската армија.

Овие двајца првпат се среќа-ваат во 1983 година кога Барел го вработува Као во компанијата во која тој тогаш работел (Allied King). Као своето искуство го стекнал претходно во компанија-та „Магнавокс“ која развивала уреди наменети за воена навига-ција кои го користеле GPS (Global Positioning System) системот кој во тоа време се нарекувал NAVSTAR, се користел само во воени цели и се состоел од 24 сателити поставени во орбитата на Земјината топка. Во времето кога работеле заедно Барел и Као биле дел од тимот што го на-правил првиот GPS-навигациски систем сертифициран и користен во авионите на американското

click август 2009

Дваесет и четирите сателити што го формираат вселенскиот GPS-сегмент се наоѓаат, односно орбитираат околу земјата на 20.000 километри над нас. Тие константно се движат и прават две комплетни орбити (кругови) за помалку од 24 часа. Овие сателити патуваат со брзина од околу 11.250 километри на час. GPS-сателитите се напојуваат со помош на соларна енергија. Тие имаат резервни батерии за да ги држат функционални во моментите на соларни еклипси, односно кога немаат соларна енергија. Мали ракетни мотори поставени на секој сателит се грижат патеката по која истите патуваат да биде точна.

Еве уште неколку интересни факти за GPS-сателитите:

Првиот GPS-сателит е лансиран во •1978 година.Комплетната констелација од 24 •сателити е постигната во 1994 година.Секој сателит има век на траење од •околу 10 години. Заменски сателити се градат и се лансираат во орбитата константно.GPS-сателитите тежат околу 900 •килограми и е околу 5 метри широк (сосе соларните панели)Моќта на трансмисија им е само 50 •вати.

GpS-сАтелитски систем

Целта на Garmin како во почетокот така и дене ска останува едноставна: креирање на навига- циски и комуникациски уреди кои ќе го збогатат животот на клиентите. Полето на дејствување на Garmin се автоиндустријата, авијацијата, плов- ната индустрија (јахти и бродови), како и обич- ните корисници

Page 17: Click #16

click август 2009 65

click/времеплов/garmin/

воздухопловство. Во 1986 година, односно во времето кога сатели-тите се поставувале во орбитата, една црна случка (експлозијата на свемирскиот брод „Челенџер“) го враќа целиот проект назад за 24 месеци, па така системот се декларира како завршен дури во април 1989 година. А својата големина и стратешка предност ја покажува во 1991 година за време на Заливската војна.

Во текот на заедничката ра-бота постоел голем интерес за основање сопствена компанија, па така во 1989 Барел и Као се враќаат од Тајван со околу 4 милиони долари основачки капитал и ја основаат својата компанија. Парите биле довол-ни за вработување на неколку инженери од нивниот стар тим и земање канцеларии под наем во Ленекс, Канзас. Првото име

на компанијата било ProNav, но потоа во 1991 година е промене-то зашто конкурентска компа-нија ги тужи поради тоа што нивен GPS-приемник носел име NavPro. Потоа се појавува името под кое оваа компанија е позната и денес. Целта на Garmin како во почетокот, така и денеска останува едноставна: креирање навигациски и комуникациски уреди што ќе го збогатат животот на клиентите. Полето на дејству-вање на Garmin се автоиндус-тријата, авијацијата, пловната индустрија (јахти и бродови), како и обичните корисници. Во мо-ментите кога GPS-навигациските сателити стануваат јавен сервис, Garmin успева сето свое искуство стекнато во воени услови да го преточи во сервиси и уреди за општа и широка потрошувачка.

Првиот продукт кој излезе од оваа компанија беше GPS-приемник наречен GPS 100, кој претставуваше панел наменет за монтажа во јахтите и бродовите и се продаваше за огромни 2.500 долари во 1990 година. На своето претставување на саем во Чикаго овој уред стана вистински хит и веднаш се појавија преку 5.000 нарачки. Потоа во 1991 Garmin ја прави својата прва фабрика

во Тајван. Потоа следуваа GPS-приемници за војската кои беа особено популарни за време на заливските војни, за да го изгради имиџот кај обичните луѓе Garmin издава уреди за рекре-

ативците наречени Forerunner, тоа беа уреди што се носеа како нараквици со можност за дводи-мензионално следење. Првиот уред кој беше наменет за авто-индустријата беше приемникот наречен StreetPilot кој почна со монохроматски екран, за да сле-ди верзијата со екран во 16 бои (StreetPilot ColorMap) за потоа да следат се понапредни верзии на Street Pilot.

Еден од најпознатите Garmin рачни GPS-приемници е ком-пактниот eTrex, кој беше исфрлен на пазарот во 1998 година, истиот веднаш стана сензација со своите 150 грама, отпорност на вода и големина колку дланка. Garmin eTrax беше 12 канален GPS-приемник идеален за луѓе што пешачат, планинарат или трчаат во големите пространства, работеше со помош на 2 АА бате-рии и издржуваше 22 часа.

Во 2003 Garmin ја лансираше iQue-линијата на PDA – GPS при-емници, а на 31 октомври 2005 iQue M4 станува првиот PDA-уред на кој не му е потребен компјутер за да ги преземе мапите со кои ќе работи. Верзијата за Америка доаѓаше со веќе инсталирани мапи за Северна Америка, доде-ка верзијата за Англија доаѓаше

со мапи за Западна Европа. Во 2005 година Garmin ја

претставува серијата StreetPilot I на компактни GPS навигациски уреди кои одеа во три модели i2, i3 и i5. Првиот имаше монохро-матски монитор и мапи што се вчитуваа на мемориски картички Tranflash. I3 беше сличен со i2 со таа разлика што имаше колор екран. Додека i5 имаше колор екран и препрограмирани мапи во самиот уред. Понапредните верзии на StreetPilot имаа озна-ка c, и некои од нив имаа големи колор екрани осетливи на допир, FM-нотификации за сообраќајот и за времето како и освежувања на самите информации преку MSN Direct или Bluetooth.

Од производите со понов датум тука е серијата nuvi која са појавува во 2006 година и до

денеска е водечки GPS-навига-циски уред за во автомобил, кој го одликуваат малите димензии и големите можности и функцио-налности што ги нуди истиот.

Тука е и серијата на GPS-уре-ди за моторите со име Zumo правена во кооперација со BMW, па така се нуди како стандардна опрема кај некои од моторите на овој реномиран автомото-произ-водител.

Во април 2008 Garmin го лан-сира Garmin Mobile PC, софтвер-скиот пакет за навигација наменет за преносни компјутери и други уреди што работат под Microsoft Windows оперативните системи.

Еден од поголемите чекори на полето на маркетингот на европ-ската сцена Garmin го презема во 2007 кога станува спонзор на англискиот премиерлигаш Middlesbrough, проект кој про-должи и во 2008/2009 година.

Секако дека светската криза влијаеше и на Garmin, но во последно време оваа компанија сепак бележи благ пораст на своите акции, а со тоа доаѓаат и позитивни резултати во ова турбулентно и кризно време. l[ИВАН ЈАНКИЈЕВИЌ]

Garmin е осноВАн Во 1989, во Wichita, Kansas, uSA

ГлАВните Простории се Во Olathe, Kansas, uSA

ГлАВни луѓе нА комПАнијАтА Гари Барел, Мин Као

обрт нА средстВА 3.18 билиони долари (2007)

оПерАтиВен Приход 907,35 милиони долари (2007)

нето-Приход 855.01 милион долари (2007)

сестрински комПАнииGarmin International Inc.,

Garmin (Asia) Corporation

комПАнискА интернет-стрАницА www.garmin.com

Поважни факти за Garmin

Garmin заедно со Asus влегува и на пазарот на мобилните телефони. Веќе се најавени два модела и тоа Nuvifone G60 и Nuvifone M20. G60 моделот работи на Linux оперативниот систем додека М20 работи на Windows Mobile 6.1 Professional. Според последните тестови, и едниот и другиот модел воопшто не заостануваат од другите денешни хит-модели. Во одлично дизајнираните кутии спакувани се повеќето функционалности и опции како и брзи и силни процесори. Нешто што можеби им недостига на овие уреди е стабилност на софтвер која доаѓа со времето, искуството и поголем развој.

Garmin GoeS moBile

Позиционирањето на дело

Во моментите кога GPS-навигациските сателити стануваат јавен сервис, Garmin успева сето свое искуство стекнато во воени услови да го преточи во сервиси и уреди за општа и широка потрошувачка

Page 18: Click #16

click август 200966

ИНФО

• Summer Athletics 2009• ПРОИЗВОДИТЕЛ: SEGA• ПЛАТФОРМИ: XBox 360, Wii

ЗА И ПРОТИВ

Спортски дух и групно натпреврување (дома)Разновидност на игриСтрелањеАтлетикаЗабаваНедоволно добра вкупна графикаСлаби и сиромашни звучни ефектиНема онлајнИсклучително тешки команди во некои натпреварувања

click/игри/

Summer Athletics 2009Prototype

6669

ОЦЕНА ДОВОЛНО

Лето, топло време, кратки ракави,

облека за капење, вода, сонце ..... потсетува на плажа. Но не е плажа. Летните олимписки игри се на повидок. Едно вир-

туелно летно спортско освежување ќе ви помог-не полесно и побрзо да го минете летото (добро де, барем дел од него).

Од SEGA ни доаѓа не-лиценцирана верзија

на Олимписките игри од Пекинг.

Од последните понуди на спортски игри како

фудбал, NHL, тенис и слично, олимписки-те игри навистина се освежување на вир-

Сеуште под влијание на впечатоците од минатогодишната Олимпијада, немате трпение да ја сочекате наредната. И што правите во таква ситуација? Влегувате во светот на виртуелната реалност и правите своја сопствена. Или барем, учествувате во неа – посредно или непосредно. Дали оечкувањата и желбите ви се исполнети? Прочитајте за да откриете...

СЦЕНАРИО

Летно спортско освежување

Page 19: Click #16

67click август 2009

туелната сцена. Раз-новидноста на игрите ќе придонесат кон повеќекратно играње и повеќе поминати часови пред компјутерот.

Графиката на играта не е најпосакувачка за нова игра, иако истата не е за комплетно потценување. Виртуелните стадио-ни се доволно добро претставени, со голема длабочина на полето и перцепција на околината и не личат на ниту еден од реалноста.

Како модел искористе-ни се повеќе дисципли-ни и натпреварувања. Вкупниот број е 25, како шампионати и натпреварувања. Тука се значи спортовите на вода како 100 м пеперут-ка, краул, грбно, штафета

и така натаму, скокови во вода од 3 и 10-метарски скокалници, понатаму сите атлетски дисци-плини почнувајќи од кралицата на атлетиката 100 м спринт, па 110 м со пречки, маратони, скок во далечина, трискок, скок во височина, скок со стап, фрлање копје, ѓуле, диск, возење вело-сипед во сала, поеди-нечно и групно, пукање со пушка на глинени гулаби, стрелаштво и што уште не.

Ако ви здодее некоја од дисциплините, во секое време можете да ја промените и да се надевате дека ќе бидете идниот Сергеј Бубка или Ирина Привалова. Бидејќи играта не е лиценцирана како официјална, значи и имињата на против-ниците нема да бидат многу препознатливи.

Тоа донекаде би можело да е пречка, особено ако сакате лично да го по-разите Мајкл Фелс и да го оставите на половина пат од патеката. Во оваа игра особено значење е дадено на добриот тајминг за почнување на натпреварувањето, како и одбирањето на правилната стратегија за победа. Збунувачки ќе бидат командите за управување на натпре-варувачот во насока на тоа дека не се комплетно објаснети сите функции доволно добро. Таков е случајот со пливањето грбно и возењето ве-лосипед во сала, како и скокот од височина во вода.

Меѓутоа, што дру-го е добро во оваа

игра. Здравото натпреварување, спорт-скиот дух (иако сето тоа виртуелно), но како што некои од колегите тука

потен-цираа ....

учење на мла-дината дека постојат многу други работи освен пукање во луѓе и нивно сакатење со

мачети и сабји.Натпреварувач-

киот дух комплетно ја обзема целата атмосфера на игра.

Од особен интерес ни беа скоковите во вода, атлетиката и стрелањето. Понекогаш комплицира-носта на командувањето на натпреварувачот е

фрустрирачки, можеби малку и претерано. Некој во тоа може да најде и предизвик. Значи, нема потреба од напрегање на умот како да се реши

Во секое време можете да ја промените играта и да се надевате дека ќе бидете идниот Сергеј Бубка или Ирина Привалова

click/игри/wizard_101/

Page 20: Click #16

click август 200968

Летно „размрдување“ за целото семејство

ЗАКЛУЧОК

одредена загатка за да отклучи ковчегот во кој се наоѓа комбинацијата од сефот во кој е клучот од вратата за излез од дворецот.

Понатаму, интересно е натпреварувањето во тимови. Доколку се игра дома или во некоја играчница, многу лесно може да се случи сите да се натпреваруваат про-тив другите или против друг тим и да бидат во

една трка за рекорди и златни медали.

Играњето може да се игра во два мода и тоа како кариера (што е препорачливо од производителите) и слободно одбирање на натпреварување и дисциплина кои, пак, понатаму можат да бидат со ниво на тежина аркадно и чисто натпреварување. Аркад-ното натпреварување

е полесно и во него побрзо се доаѓа до по-добри резултати, додека чистото натпреварување е резервирано за по-напредните играчи. Искусните играчи на спортски игри многу полесно ќе се снајдат со оскудните објаснувања, како на пример да из-ведат скок во вода од поголема висина, но сепак препорака е прво да се поминат некои од

потешките дисциплини во слободно одбирање додека не се научи так-тиката, а дури потоа да

се влезе во single-player натпреварување. Во секој случај, погрижете се подлогата за игра да ви биде поистрошена, бидејќи може да се случи да биде прекршена од штракање по неа и фрустрираното удирање од ѕид.

Во модот кариера, играчот ќе биде во можност да го над-градува својот „пулен“ освојувајќи поени за таа намена. Од друга страна гледано, ќе може самите на себе да си бидете тренер. Се мислело и на работата кога играчот ќе го надгради својот нат-преварувач до одредена граница, па многу лесно ќе може да се менува и тежината на играњето дури и по завршување на секој натпревар, за-ради зголемување на игривоста и уживањето во играта. Незгодно е што играта не поддржу-ва онлајн-играње, но може да се игра локал-но. Значи, забавата во голем дел ќе недостига до принцип што нема да

може да се натпрева-рувате со живи против-ници.

Звучните ефекти не

се на некое највисоко ниво, како од најави и коментари, па до заднински звуци, што прилегаат повеќе на некое натпреварување во маалото отколку на сериозно олимписко натпреварување. Акцен-тот е ставен на забавата при играњето и играњето во модот кариера, како и запознавањето на сите претставени дисциплини во прво лице. Прегле-дот на секоја изведена акробација или натпре-вар е од повеќе агли, што повторно придоне-сува кон уживањето во играта.

Играта не е некоја си кој знае колку добра земена како целост, но работата е што сега-засега не постои нешто слично што ќе ги помати во доволна мера смет-ките. Таква каква што е, солидна е за „губење време“ и знае да биде многу интересна кога ќе се привикнете на сите управувања на натпрева-рувачот. l[ГОРАН СТАВРЕСКИ]

Во модот кариера, играчот ќе биде во можност да го надградува својот „пулен“ освојувајќи поени за таа намена и сето тоа до одредена граница, а понатаму лесно ќе може да се промени нивото на тежина на играта

Page 21: Click #16