9.Mimoza ANASTASOSKA JANKULOVSKA - mnd-bitola.mk 7-8/09 Mimoza Anastasoska.pdfосновното...

23
Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 119 UDK 004:371.32/.33(497.7) Mimoza ANASTASOSKA JANKULOVSKA 1 ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА Abstract Newer and improved technologies are entering our lives every day. Globalization processes are making the world smaller and making easier access to information or persons from every part of the world. In this circumstances education must change and should try to use the opportunities and advantages immersed by technologies. Opportunities in implementing ICT for preparation and realization of educational processes, advantages and disadvantages that are appearing, their influence on motivation of teachers to work and on motivation of students to acquaint knowledge, approaches to improvement of schools working quality and encouragement of school development are presented in this paper. The research is examining the influence of implementation of ICT in school on improving schools working quality and their development. Implementation of ICT in preparation and realization of education process can ease the work of teachers, improve its quality, increase students’ engagement, their motivation to learn and their possibilities for collaboration and to encourage students in individual work. 1 M-r Mimoza Anastasoska Jankulovska

Transcript of 9.Mimoza ANASTASOSKA JANKULOVSKA - mnd-bitola.mk 7-8/09 Mimoza Anastasoska.pdfосновното...

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 119

UDK 004:371.32/.33(497.7)

Mimoza ANASTASOSKA JANKULOVSKA1

ПРИМЕНА НА ИКТ КАКО АЛАТКА ВО НАСТАВАТА

PO УЧИЛИШТАТА ВО РМАКЕДОНИЈА

Abstract

Newer and improved technologies are entering our lives every

day. Globalization processes are making the world smaller and making easier access to information or persons from every part of the world. In this circumstances education must change and should try to use the opportunities and advantages immersed by technologies.

Opportunities in implementing ICT for preparation and realization of educational processes, advantages and disadvantages that are appearing, their influence on motivation of teachers to work and on motivation of students to acquaint knowledge, approaches to improvement of schools working quality and encouragement of school development are presented in this paper. The research is examining the influence of implementation of ICT in school on improving schools working quality and their development.

Implementation of ICT in preparation and realization of education process can ease the work of teachers, improve its quality, increase students’ engagement, their motivation to learn and their possibilities for collaboration and to encourage students in individual work.

1M-r Mimoza Anastasoska Jankulovska

Mimoza Anastasoska Jankulovska

120 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

Key words: ICT – information and communication technology, education, preparation of educational process, realization of educational process, motivating teachers, motivating students, electronic education, school improvement, quality in school.

1. Вовед

нформатичката и комуникациската технологија (ИКТ) почна да навлегува во нашите домови со појавата на првите компјутери во 80-тите години. Во образовните

институции во Македонија компјутерите се појавија нешто подоцна, во 90-тите години. Otтогаш се воведува iнформатикаta како факултативен образовен предмет во основното образование, почнувајќи на компјутерите од типot 'Марта". Во тоа време компјутерите ги користеа претежно наставниците по предметот Информатика на соодветните часови, и тоа најмногу за работа во програмскиот јазик Basic и, евентуално, текст уредувач. Од мојата дирекtна вклученост во образованието во тоа време, знам дека останатите наставници воопшто не беа обучени и не ги користеа компјутерите. Компјутерите беа сместени во компјутерска училница којашто се отвораше само за часовите по предметот Информатика, а во останатото време се чуваше заклучена „за да не се расипат компјутерите“.

Со развојот на технологијата следи и замена на компјутерите во училиштата со сè понови и посовремени компјутери, кои во последната декада се поврзуваат меѓу себно и на светската компјутерска мрежа Интернет. Првите чекори во Македонија во оваа сфера започнаа во 1997 година во средните училишта. Оtтогаш во образовните институции во Македонија се спроведуваат голем број проекти кои имаат цел осовременување на училиштата и наставата во целост, опфаќајќи ги основните училишта, средните стручни училишта и гимназиите. Во моментот актуелен е проектот за mодернизација на образованието во Македонија, во склоп на кој

I

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 121

во училиштата се осовременува инфраструктурата, се набавуваат наставни средства и помагала, и се реализираат обуки на наставниците. Во голем број училишта веќе има неколку компјутерски лаборатории кои веќе не се заклучени, туку може да се користат на часовите кои имаат потреба од компјутери. Исто така во многу училишта има компјутери и по наставничките кабинети, каде наставниците можат да ги користат можностите на ИКТ по сопствено наоѓање. Но, мора да се напомене дека некаде се уште постои размислувањето дека со премногу употреба компјутерите може да се расипат, па тие и сега се чуваат заклучени.

2. Истражување Во текот на последните 10-тина години голем број обуки

на наставници се реализирани во сите училишта во Македонија. Најголем број од обуките опфаќаат основна компјутерска писменост и користење на апликативни софтвери од страна на наставниците. Во поново време дел од обуките веќе се насочуваат кон целисходно користење на компјутерите во наставниот процес – почнувајќи со користење на компјутерската технологија во процесот на подготовка и планирање на наставникот, преку интеграција на компјутерите во самата настава при што учениците се оние кои ги користат компјутерите за да го олеснат стекнувањето на знаења и да зацврстат трајни знаења, па сè до оценување со помош на компјутерите. Во склоп на разни проекти се развиени и бази на наставни планови за македонските наставни програми по разни предмети, кои можат да ги користат наставниците од основните и средните училишта при реализација на настава со иновативно користење на ИКТ во училница како помошно средство. Можностите што ги нудат компјутерите и комуникациските алатки се отворат пред нас како секојдневна

Mimoza Anastasoska Jankulovska

122 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

неминовност. Според некои статистики веќе голем број од македонските домакинства имаат компјутер дома, а повеќето се и поврзани на Интернет. Компјутерите стануваат секојдневна алатка која различно се користи: за забава, учење, олеснување на работата, комуникација со познати и непознати од целиот свет. Голем број од учениците од средните, но и од основните училишта веќе ги користат компјутерите не само во училиштата туку и во своите домови. Тие пребаруваат на Интернет за да најдат музика или филмови, софтверски програми за забава или усовршување на конфигурациите, програми за комуникација со луѓе низ целиот свет, софтвер за комуникациските уреди и сл. Овие ученици се нашиот голем потенцијал којшто доаѓа во нашите училници и може да работи со технологијата на различни проблематики. Според моеto искуство, постои разлика при мотивирање на учениците за учење денес ако се користи традиционалниот пристап во наставата и ако се применуваат технологиите во процесот на учење. Во сите активности каде [to е вклучена ИКТ учениците покажуваат голем интерес за работа. Затоа треба само правилно да се насочат учениците кон конструктивна работа при користењето на информатичките и комуникациските технологии. За разлика од учениците, голем е бројот и на наставници кои имаат компјутери во своите домови, но најчесто ги користат само за свои лични потреби. Најчесто тоа е комуникација со пријатели и колеги од светот, пребарување на Интернет заради хоби и лични интереси, а само понекогаш за лично професионално и стручно усовршување, или за подготовка на наставата. Голем број од наставниците се компјутерски писмени, бидејќи во претходните години во повеќето образовни институции се спроведува[e обукa за основна компјутерска писменост за наставниците. Но, мал е бројот кој после обукata продолжува да ги користи компјутерите, па макар и за лични цели. Во поново време во училиштата се спроведува обукa за наставниците за користење на ИКТ како алатка во наставата, а не како што досега се користеа компјутерите само на часовите

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 123

по предметот Информатика за совладување на основна компјутерска писменост.

Сите проекти кои во нашите образовни институции реализираат некаквa обукa, предвидуваат после обуката наученото да се применува и да се изврши дисеминација на стекнатите знаења врз другите колеги во училиштата. Практиката покажува дека, додека некој проект има мониторинг и следење на работата на наставниците, тие ги користат стекнатите знаења и применуваат ИКТ во наставниот процес. Но, по завршувањето на проектот, најголемиот дел од наставниците се враќаат на стариот традиционален начин на работа. Тоа можеби е и човечкиот страв од промени и несакањето да се напушти веќе комотниот и добро познат начин на работа. Или, можеби, влијание има немотивираноста на наставниците за работа и за воведување промени, бидејќи најчесто тоа значи и дополнително оптоварување на наставникот со работа. Како и на секој почеток, кога ќе се почне со примена на ИКТ во наставниот процес, наставниците ќе имаат повеќе работа во почетокот за да го пренесат во дигитален облик сеto она што дотогаш го работеле рачно. Но, “колку поскоро ќе се воочат придобивките од некоја активност, толку ќе биде поголемо нејзиното влијание” (Bush and Middlewood, 2005). Овде голема улога треба да имаат училишниот менаџмент и директорот. Тие треба да ги мотивираат своите вработени постојано да се надградуваат, да ги применуваат стекнатите знаења, и да го осовременуваат образовниот процес.

Од претходно кажаното би можело да се претпостави дека наставата во училиштата во Р.Македонија е целосно модернизирана и ги користи целосно потенцијалите и на постоечката технологија и на човечкиот кадар. Но, за жал, тоа не е така. Во голем број од училиштата компјутерите сеуште се користат само на часовите по предметот Информатика од страна на соодветните наставници, iако е голем процентот на

Mimoza Anastasoska Jankulovska

124 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

наставници во секое училиште кои се обучени и можат да ги користат компјутерите за осовременување на наставата. За потребите во одделенска настава е преземен и е преведен на македонски јазик, софтвер којшто можат да го користат учениците од основнite училиштa, најчесто одделенска настава, на часовите по мајчин јазик, математика, ликовно и музичко образование. Овој софтвер многу малку се користи иако голем број наставници што предаваат во одделенска настава низ цела Македонија добиле обука за него.

„Растечката софистицираност на технологијата во индустријата ја зголеми свесноста во образованието дека можеби компјутерите ќе бидат неопходни за зголемување на ефективноста и ефикасноста, но луѓето и нивната мотивација се чини дека повеќе од кога било се незаменливи.” (Riches 1994). Скоро во сите училишта се направени електронски копии на наставните планирања и подготовки. И повторно, минимален е бројот на наставнициte кои своите подготовки и планирања на наставата ги имаат во електронска форма. Интересно е тоа што сепак има промена во размислувањето и ставовите на наставниците за користењето на компјутерите, но тоа се одразува најмногу врз нивното користење на компјутерите во слободното време, надвор од наставата. Голем е бројот на наставници кои ги користат компјутерите и комуникациските можности само за свои лични цели и потреби, а не со цел за осовременување на наставата.

Со поголемо вклучување на ИКТ во наставниот процес учениците ќе бидат крајните корисници кои ќе имаат најголеми придобивки. Начинот на стекнување знаења ќе се индивидуализира, а со тоа ќе се постигне поголем успех во совладувањето на потрајни знаења. Во исто време учениците ќе добијат знаења и идеи како наменски да ги користат компјутерите за свои потреби, а не само за забава и разговори. За тоа се заинтересирани и нивните родители. Посебно затоа што голем е бројот на домакинстваta во Македонија кои веќе имаат компјутери, а младите луѓе, односно нашите ученици,

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 125

немаат сознанија за целеисходно користење на компјутерот, туку со негово користење само се повеќе се отуѓуваат од другите и се затвораат во свој нереален свет на игри и забава.

Цел на ова истражување е да се определи дали и како примената на ИКТ во наставата влијае врз мотивацијата на учениците за работа и соработка, можноста за стекнување трајни и применливи знаења и постигнувањето на предвидените наставни цели. Оваа цел е претежно практична бидејќи определува конкретно влијание во реални услови.

Директно вклучени заинтересирани страни при користењето на ИКТ во наставниот процес се училишниот менаџмент, наставниците и учениците. Заинтересирани страни кои ќе имаат придобивки од вклучувањето на ИКТ во наставата се родителите и пошироката заедница.

Ова истражување се однесува на основните училишта во Република Македонија. Добиените резултати ќе бидат применливи за секое основно училиште. Популација на ова истражување се одделенските наставници во сите основни училишта во Македонија. Популацијата е хетерогена во однос на различни критериуми. Затоа во ова истражување ќе се користи повеќестепен стратификуван примерок. Поделбата на страти во ова истражување е дадена на следниот дијаграм.

Во ова истражување ке биде истражувана стратата одделенски наставници кои работат во основните училишта што се наоѓаат во урбани средини. Тоа е прикажано на дијаграмот со сива позадина.

Заради временската рамка предвидена за ова истражување не е можно истражување на сите наставници од руралните средини или од сите урбани средини, затоа се определив за една, т.е. наставници од училиштаta во урбани средини со средна големина.

Mimoza Anastasoska Jankulovska

126 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

Наставници во сите

училишта

Наставници во основни училишта

Наставници во средни училишта

Наставници во основни

училишта во рурални средини

Наставници во основни

училишта во урбани средини

Наставници во основни учил.

во големи урбани средини

Наставници во основни учил.

во урбани сред. со средна големина

Одделенски наставници во

основни учил. во урбани средини со средна големина

Предметни наставници во

основни учил. во урбани средини со средна големина

...

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 127

3. Анализа на податоците добиени од истражувањето

Во склоп на ова истражување е направено набљудување на 52 часа реализирани со интеграција на ИКТ. Заради репрезентативност на добиените резултати и можностa за генерализирање на изведените заклучоци одбирани се училишта географски распределени низ целата држава. За да може да се искористат податоците добиени од ова набљудување посетувани и набљудувани се само часови од одделенска настава реализирани со примена на ИКТ. Набљудувањето е реализирано како непартиципативно т.е. набљудувачите само набљудуваа и не учествуваа на никаков начин во реализацијата на наставните часови. Набљудувањето е направено со користење на инструментот Рубрика за набљудување на час со интеграција на ИКТ дадена во Прилог А и е реализирано во следните училишта:

Бр. Училиште Град Рубрики

1 'Кире Гаврилоски Јане" Прилеп 7 2 'Коле Канински" Битола 10 3 'Тодор Ангелевски" Битола 6 4 'Св. Климент Охридски" Битола 14 5 'Браќа Миладиновци" Пробиштип 6 6 'Андреа Савевски Кикиш" Тетово 9

ВКУПНО 52

Во текот на набљудувањето освен пополнување на

рубриката се забележуваше и тоа дали наставниците имаат електронски подготовки за наставниот час (подготовка со примена на ИКТ) – имаа сите набљудувани наставници; бројот на ученици пред еден компјутер – најчесто се движеше меѓу 2 и

Mimoza Anastasoska Jankulovska

128 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

4 ученици пред компјутер, а беа овозможени и други квалитативни забелешки од страна на набљудувачот.

По собирањето и статистичката обработка на одговорите добиени се следните податоци. Во областа на набљудување Подготовка на наставата со технологија има четири можности:

- наставата е целосно прегледно и јасно испланирана со користење на соодветна технологија (44 од набљудуваните часа);

- поголем дел од наставата е прегледно и јасно испланирана со користење на соодветна технологија (6 набљудувани часа);

- помал дел од наставата е прегледно и јасно испланирана со користење на соодветна технологија (2 набљудувани часа);

- недоволно остварено (0 часа). Ако претходните бројки се прикажат со графикон ќе ја

добиеме следната слика:

Подготовка на наставата со IKT

84%

12% 4%0%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Следното подрачје на набљудување беше дали и колку е

воспоставена корелација меѓу разни предмети, дека голем дел (60%) е воспоставена целосна корелација. Но, не е за zapostavuvawe дека поголем дел (25%) и помал дел (15%) е воспоставена корелација. Од ова би можело да се заклучи дека

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 129

примената на ИКТ олеснува корелација меѓу предмети, но не е клучна.

Корелација меѓу разни предмети

60%25%

15% 0%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Соработката меѓу учениците се набљудуваше како важен фактор при примената на ИКТ во наставата. Од добиените податоци е нацртан следниот графикон:

Соработка меѓу учениците

69%

25%

2% 4%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Mimoza Anastasoska Jankulovska

130 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

Од графиконот се гледа дека целосна соработка меѓу учениците e остварена во 69% од набљудуваните часови, а во поголем дел 25% часови. Ова зборува дека примената на ИКТ помага во поттикнување на соработка и социјализација на учениците во тек на еден наставен час. Слободно може да се рече дека еден од резултатите од примената на информатичко комуникациските технологии е зголеменata соработка меѓу учениците. Една од забелешките на примената на ИКТ во наставата е дека учениците не работат ефективно туку се забавуваат со овие технологии. Затоа беше набљудувана ефективноста и стекнувањето на применливи знаења на овие часови. На 52% од часовите учениците стекнувале применливи знаења. На 38% од часовите применливи знаења стекнале поголем дел од учениците. Од ова може да се заклучи дека со примена на ИКТ во наставата учениците работат ефективно и стекнуваат голем дел на применливи знаења. Добиените резултати графички прикажани се следни:

Учениците стекнуваат применливи знаења

52%38%

4% 6%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Исполнувањето на целите на наставната програма се

важен дел од наставниковата работа и многу внимание треба да

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 131

се посвети на тоа. Затоа и исполнувањето на целите на наставната програма беше следено на посетените часови и добиени се следните резултати:

Исполнување на целите на наставната програма

75%

23%2%0%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Сосема е занемарлив процентот на часови (2%) на кој во

помал дел се исполнети целите на наставната програма, а неисполнувањеto воопшто не беше набљудувано, и со право може да се тврди дека со интеграција на ИКТ во наставниот процес се исполнуваат целите на наставната програма. Друга многу важна цел во наставниот процес е стекнување нови и развивање на постоечките вештини кај учениците. За време на набљудуваните часови беше konstatirano следното:

Mimoza Anastasoska Jankulovska

132 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

Стекнување/развивање на вештини

52%38%

2% 8%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Од добиените резултати се гледа дека целосно (52%) или во поголем дел (38%) од часовите учениците се стекнуваат или ги развиваат планираните вештини. Може да се тврди дека примената на ИКТ во наставата помага при стекнување и развивање на планираните вештини кај учениците. И ова е една од придобивките при воведувањето на новите технологии во наставата. Во училиштата во Македонија не е голем бројот на компјутери и други нови технологии, па затоа најчесто пред еден компјутер работат барем по 2-4 ученици. Во ваков случај мо`е да дојде до активирање само на еден ученик кој ќе работи со компјутерот, а останатите можат да работат други работи или да разговараат меѓу себе и да не се мотивирани за учење. Ова е сфатено како предизвик при работата со ИКТ во училниците и затоа е набљудувано на посетените часови. Фактот дека на 56% од часовите целосно и на 25% во поголем дел учениците беа

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 133

ангажирани и мотивирани за учење зборува дека со примена на ИКТ и во македонски услови на повеќе ученици пред еден компјутер tie не го губат интересот и се мотивирани за учење. Ако овде го споредиме процентот на ученици кои соработуваат меѓу себе во текот на часот (94%), добиениот податок зборува за тоа дека ваквиот начин на работа дури ги поттикнува учениците на соработка, а не ги демотивира за работа.

Активираност и мотивираност за учење на

учениците

56%25%

6%13%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Заговорниците за примена на ИКТ во наставата велат дека

со новите технологии се отвораат нови можности кои не би можеле на никаков поинаков начин да се добијат. Со последната област на набљудување е следено дали и колку се прошируваат можностите ако на часот се применуваат новите технологии. Од добиените податоци е нацртан следниот графикон:

Mimoza Anastasoska Jankulovska

134 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

Ширење на можностите

12%

69%

19% 0%

целосно

поголем дел

помал дел

недоволно

Целосно (12%) или во поголем дел (69%) активностите на

овие часови не би можеле на поинаков начин да се реализираат, но во 19% од часовите технологијата можела да биде заменета и со други активности. Ова ја покажува реалната ситуација затоа што никогаш не може технологијата да биде одговор и решение за се. Некои активности не можат да се сработат никаку поинако освен на класичен начин. Но одговорите на претходните прашања ни кажуваат дека има многу предности при примена на ИКТ во наставниот процес како што се поголема ангажираност и мотивираност на учениците, поголема соработка, применливи знаења, стекнување и развивање на вештини и слично.

Набљудуваните области ги споредував и меѓусебно за да проверам дали меѓу нив постои зависност т.е. корелација. Корелацијата може да има коефициент со вредности меѓу -1 и 1. Негативните вредности значат негативна корелација – со зголемување на вредностиte од едната низа вредностите во другата се намалуваат, позитивните вредности значат дека со

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 135

зголемување на вредности од едната низа вредностите во другата исто така се зголемуваат. Вредностите за коефициентот на корелацијата околу 0 значат дека нема врска или корелација, а вредностите блиски до 1 или -1 значат дека постои врска или корелација, и тоа во следниве интервали по апсолутна вредност:

- од 0 до 0,20 – незначајна корелација, - од 0,20 до 0,40 – ниска корелација, - од 0,40 до 0,70 – умерена корелација, - од 0,70 до 0,90 – висока корелација, - од 0,90 до 1,00 – многу висока корелација.

Коефициентот на корелација според Пирсон се добива

spored следната формула:

∑∑

−∗−

−−=

22 )()(

))((

YYXX

YYXXr

ii

ii

r - Пирсонов коефициент на корелација, Σ – сума или збир, Хi – вредности од низата X за i = 1,2,3...N, Yi – вредности од низата Y за i = 1,2,3...N, N – број на парови резултати т.е. единици на испитување, X - аритметичка средина на низата Х, Y - аритметичка средина на низата Y.

Со користење на софтверскиот пакет за статистичка

обработка на податоците SPSS ги добив корелациите меѓу поединечните области на набљудување и истите се прикажани во следната табела:

Kорелација 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 1. Подготовка на наставаta со технологија

0,291 0,277 0,525 0,437 0,349 0,126 0,307

2. Корелација меѓу предмети 0,155 0,051 0,223 0,001 -0,155 0,277 3. Соработка меѓу ученициte 0,588 0,408 0,577 0,381 0,117 4. Ефективно користење на ИКТ 0,300 0,709 0,263 0,236 5. Исполнување на наставниte цели 0,412 0,160 0,283

Mimoza Anastasoska Jankulovska

136 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

6. Стекнување/развивање вештини 0,319 0,221 7. Активираност и мотивираност на учениците

0,098

8. Ширење на можностиte

Од табелата се гледа дека исказите 4 и 6 се со најголема т.е. висока позитивна корелација. Тоа значи дека Ефективното користење на ИКТ е високо поврзано со sтекнување/развивање на вештини. Исто така значајнo е да се спомнат умерените корелации (коефициентot на корелација околу 0,5) меѓу Подготовката на наставата со помош на технологијата и Ефективното користење на ИКТ (r = 0,525) и поврзаноста на cоработката меѓу учениците и eфективното користење на ИКТ (r = 0,588). Најмала корелација т.е. нема поврзаност, е меѓу исказите 2 и 6. Корелацијата меѓу разни предмети не е никако поврзана со cтекнувањето/развивањето вештини на тој час со интеграција на ИКТ во наставата. Од овие податоци важно е уште еднаш да се нагласи она што беше предвидено на почеток на истражувањето, а се појавува како резултат и во други истражувања – постои взаемна врска меѓу ефективното користење на информатичко - комуникациската технологија на наставните часови и стекнувањето или развивањето вештини од страна на учениците на тие часови. Ако се земат во вид огромните можности што ги нуди технологијата: разните софтвери, симулациски алатки, можности за комуникација со експерти од сите области, сигурно дека и стекнувањето и развивањето на веќе стекнатите можности ќе се акцентира со примена на новите технологии. Ефективното користење на ИКТ исто така влијае и врз подготовката на наставата. Подготовката ќе биде побрзa, полеснa и поквалитетнa со користење на компјутери што беше докажано и со добиените одговори на анкетата од ова истражување. Со овие корелации само се потврдува тоа влијание. Ефективното користење на ИКТ и соработката меѓу учениците се тесно взаемно поврзани што значи дека со користење на ИКТ во наставниот процес се поттикнува и

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 137

соработкаta меѓу учениците за да стигнат ефективно до саканата цел. Соработката може да биде меѓу учениците во исто одделение, меѓу разни одделение или меѓу групи од цел свет кои работат на иста тематика. Сето ова зависи од темата на која се работи и од избраниот начин на примена на можностите што ги нудат овие технологии. 4. Заклучни согледувања

Можностите што ги нуди информатичко-комуникациската технологија, капацитетите на компјутерите, поврзувањето преку Интернет или другите комуникациски уреди со сите делови од светот i огромните бази на податоци, овозможуваat брз пристап до многу информацииte, но прашањето е: dали знаеме како да се справиме со овој квантум на информации? Дали сме оспособени за критичко размислување, за ефективна примена на расположивите информатичко - комуникациски технологии за да стигнеме до саканата цел, или само ќе се удавиме во морето информации? „... Се давиме од информации, а жедни сме за знаење ...“ (John Naisbit) Цел на образованието на денешнината е да создаде утрешни граѓани кои ќе можат да ги користат можностите на технологиите, ќе пливаат низ морето информации и ќе знаат како сето тоа да го искористат за свои цели и за целите на организацијата во која работаат.

Овој труд со истражувањето [to го реализираше имаше цел да провери дали и какви се резултатите добиени од примената на ИКТ во наставата, што важат за македонски услови. Добиените резултати укажуваат дека на наставниците кои применуваат ИКТ за планирање и подготовка на наставниот процес во многу им е олеснета работата. Но, сепак постојат голем број наставници во македонскиот образовен систем кои се на почетокот на примена на ИКТ, па треба да вложуваат повеќе труд за да ги добијат саканите резултати. Во секој случај, можностите што се отвораат при примена на ИКТ многу

Mimoza Anastasoska Jankulovska

138 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

помагаат при планирањето и подготовката на наставиот процес, овозможувајки подготовката да се направи побрзо и поквалитетно. Со ова се олеснува работата на наставникот, подготовката е поквалитетно направена, а наставникот добива повеќе слободно време за дополнително сопствено усовршување. Можностите на новите технологии, исто така, овозможуваат голем вариетет на разни начини за остварување на образовните цели за што се свесни македонските наставници и тоа го кажаа во своите одговори во ова истражување. Примената на ИКТ во текот на наставниот час ја зголемува активноста на учениците, нивната мотивираност за учење и можностите за меѓусебна соработка. Ова се само некои од предностите на примената на ИКТ во подготовка на наставата и во тек на реализација на наставниот процес, кои се појавија како резултати од ова истражување. Сознанијата за овие предности треба да се стремиме да ги пренесеме и на останатите колеги наставници кои се podgotveni да применуваат нови технологии во подготовкаta и реализацијаta на наставата за да го подобриме квалитетот и на планирањето и на реализацијата на наставата во училиштата во Македонија, воопшто.

Од сите добиени резултати очигледно е дека при примена на информатичко - комуникациските технологии во училиштата, било како помош при планирање и подготовка на наставата, било како алатка при реализирање на наставниот процес, се јавуваат многу позитивни промени во училиштата, како што се: мотивирани наставници за работа, голем број можности за остварување на образовните цели, повеќе иницијативи за усовршување, активни и мотивирани ученици, соработка меѓу учениците, трајни знаења и многу другo. На овој начин се зголемува квалитетот на образованието што училиштеto го нуди. Квантитетот не е единствено мерило за развој. Сè повеќе се бара квалитет како императив за развој во секоја сфера од работењето и живеењето. Па така, училиштата кои применуват информатичко комуникациски технологии нудат поголем квалитет и полесно и побрзо се развиваат. На тој начин тие ги

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 139

обучуваат своите ученици во тек со современите трендови во светот, имајќи го во вид концептот на доживотно учење и трајни знаења, што е цел на секое современо училиште.

Денешните ученици се идни граѓани, носители на развојот на македонското општество. Затоа треба правилно и целосно да ги подготвиме да знаат на соодветен начин целосно да ги искористат потенцијалите што ги нуди технологијата и на тој начин да бидат креативни граѓани на нашата иднина.

ЛИТЕРАТУРА

Странски извори

1. Bush, T. and Middlewood, D. (2005), Leading and Managing People

in Education, Sage Publications, London, England. 2. Evans, L. (1998), Staff Motivation, Morale and Job Satisfaction, Paul

Chapman Publishing, London. 3. Everard, K. and others, (2004), Effective School Management, Paul

Chapman Publishing, London, Great Britain. 4. Fullan, M. (1999), Change Forces: The Sequel, Falmer Press, London. 5. Gossen D., Anderson J. (1996), Stvaranje uvjeta za kvalitetne skole,

Alinea, Zagreb. 6. Green, B. (1996), Nove paradigme za stvaranje kvalitetnih skola,

Alinea, Zagreb, Hrvatska. 7. Kirkpatrick D., (2001) Who owns the curriculum? Victoria University,

Melbourne, Australia. 8. Koren, A., (2003), Globalisation and Knowledge Transfer: A Case

Study of Tuzla Canton Leaders` training. Proceedings of the 4th International Conference of the Faculty of Management Koper, University of Primorska – Knowledge Society Challenges to Management: Globalisation, Regionalism and EU Enlargement Process: 183-192.

9. Peil, I., (2000), Total Quality Management in the Saaremaa

Uhisgumnaasium, Ways towards Quality in Education, College of Management in Koper, Slovenia.

Mimoza Anastasoska Jankulovska

140 Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08

10. Reyes, G. (2001), Theory of Globalization: Fundamental Basis, University of Pittsburgh. (http://sincronia.cucsh.udg.mx/globaliz.htm)

11. Riches, C. (1994), Motivation, from Bush, T. and West-Burnham, J. The Principles of Educational Management, Harlow, Longman.

12. Zornada, M. (2005), E-learning and the Changing Face of Corporate

Training and Development, Managing Global Transitions, volume 3, number 1, Slovenia.

Македонски извори

13. Атанасоска, Т., Петрова Ѓорѓева, Е., (2006), Општа педагогија, Педагошки факултет, Битола.

14. Гушев, М. (2006), Препораки и заклучоци од Втората

меѓународна конференција Е-општество.мк 2006. 15. Комисија за информатичка технологија, (2005), Нацрт-

стратегија за развој на информатичкото општество, Влада на РМ, Македонија.

16. Маневска, В., (2003), Вовед во теоријата на веројатност и

математичла статистика, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Битола.

17. МОН на РМ, (2004), Национална програма за развој на

образованието во Република Македонија 2005-2015. 18. Попоски, К. (1998), Успешен наставник – самооценување и

оценување, Просветен работник, Скопје. 19. Петковски, К., (1998), Менаџмент во училиште, Просветен

работник, Скопје. 20. Смилевски, Ц., (2000), Предизвикот и мајсторството на

организациските промени, Детра центар, Скопје. 21. Смилевски, Ц. (2006) Методологија на истражување, Педагошки

факултет, Битола.

Интернет извори

22. Интернационално здружение за технологија во образованието – International Society for technology in Education ISTE, http://www.iste.org

Primena na IKT kako alatka vo nastavata po u~ili[tata vo R.Makedonija

Prilozi (Contributions) IV, 2007, 07-08 141

23. Jonassen D., Designing a Constructivist Learning Environment,

http://tiger.coe.missouri.edu/~jonassen/courses/CLE/ 24. Pulkkinen, J., (2003), The Paradigms of E-education,

http://herkules.oulu.fi/isbn9514272463/isbn9514272463.pdf, превземено ноември 2007.

25. http://www.oecd.org 26. http://www.glodstars.com/index.html 27. Wilson, R., (2002) E-education in the UK,

http://www.dei.inf.uc3m.es/ebecdl2002/papers/ruthWilson.pdf превземено ноември 2007.