ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 |...

17
ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА Истражувачки тим: Нена Минчев, ИПМР-Скопје Д-р Адријана Булевска Зариќ, ИПМР-Скопје и M&S Financial Consulting Д-р Раде Рајковчевски, ИПМР-Скопје Октомври, 2017 година СОСТОЈБАТА НА ДЕТСКАТА ТВ ПРОГРАМА

Transcript of ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 |...

Page 1: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И

НЕФОРМАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА

Истражувачки тим: Нена Минчев, ИПМР-Скопје Д-р Адријана Булевска Зариќ, ИПМР-Скопје и M&S Financial Consulting Д-р Раде Рајковчевски, ИПМР-Скопје

Октомври, 2017 година

СОСТОЈБАТА НА ДЕТСКАТА ТВ ПРОГРАМА

Page 2: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

1 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

АПСТРАКТ

ТВ програмите можат различно да влијаат врз детскиот развој. Иако телевизиските програми се забавни, тие несомнено стануваат дел од средината која влијае на растот и развојот на детето. Медиумите се еден од најважните елементи за социјализација на децата и младите, а детските емисии и серии кои се прикажуваат на медиумите имаат важен придонес во креативното и прогресивното размислување и развој кај децата.

Оттука се наметна потребата да се направи истражување и анализа на програмскиот дел за деца што го нудат ТВ медиумите, поконкретно на програмскиот дел кој се однесува на националните телевизии кои имаат висок степен на покриеност и следење од страна на граѓаните.

Истражувањето и анализите се дел од активностите на Проектот за формална и неформална едукација насловен како ТВ Серијал “Нена Шема и Роботко” за зајакнување на капацитетите на детските телевизиски програми во Македонија и за нивното влијание врз развојот на децата, што Здружението Институт за Проектен Менаџмент и Развој ИПМР-Скопје, го започна активно во текот на 2017 година. Проектот подразбира дефинирање активности, пристапи и методологии насочени кон подобрување и збогатување на детската телевизиска програма.

Анализата треба да даде појасна слика и одговори за тоа на кој начин и на кое ниво понудената програма има капацитет да го збогати знаењето на децата, навлегувајќи во едукативно-образовната и научната сфера, а земајќи ги предвид културолошките, социјални, општествени и информативни сфери и влијанија опфатени со програмите.

Истражувањето треба да понуди појана претстава за историјата и и традициите во креирањето на детските програми, да нивниот квалитет – во минатото и сега. Истражувањето, во еден дел, подразбира анализа на резултатите од одговорите на електронскиот прашалник. На прашалникот одговорија 171 испитаник, а прашањате беа наменети за сите телевизиски канали (домашни и странски) кои емитуваат детски програми.

Истражувањето беше спроведено врз основа на почитување на етичките правила и без нарушување на правата на детето.

Се надеваме дека со ова истражување и препораки дека ситуацијата ќе се подобри, бидејќи децата и младите се носители на иднината!

Page 3: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

2 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

ПРЕДГОВОР

Истражувањето за состојбата на застапеноста на детската програма на телевизиските медиуми е прво сериозно истражување на Здружението Институт за Проектен Менаџмент и Развој ИПМР-Скопје, кое ги опфаќа аспектите на образовниот процес, содржината, квалитетот, публиката на детските телевизиски програми во земјава.

Во истражувањето особена благодарност беше упатена до родителите, децата (кои индиректно преку ставовите на своите родители придонесоа за резултатите на истражувањето), психолози, просветни работници, неформални едукатори и новинари.

Во рамките на проектот, покрај истражувањата и анализите, еден од авторите беше дела од обуката во рамките на Еразмус+ програмата за образование и мобилност насловена како “The Power of Non Formal Education” која се реализира во Будимпешта (Унгарија) кон крајот на 2017 година. Тоа беше одлична можност да се тестира концептот на истражувањето, но и подобро да се дефинираат методите, пристапите (со прилагодувања), логистиката, подготовките и активностите што веќе доведуваат до завршна активност за поставување на проектот во однос на истражувањата. Исто така, размената на знаења и искуства со другите учесници придонесе за планирање на активности и цели во насока проектот ТВ Серијал “Нена Шема и Роботко” да се развие и во регионален проект, т.е. да се операционализира потребата за развивање на соодветен детски програм и во околните земји.

Се надеваме дека ова истражување ќе им користи на сите професионалци кои директно или индиректно учествуваат или придонесуваат во создавањето на детскиот медиумски простор, тргнувајќи од самите телевизиски медиуми, новинари и едукатори па до обичните граѓани.

ИПМР- Скопје упатува голема благодарност до сите лица кои преку разговорите и јавната анкета придонесоа во оформувањето на содржината на истражувањето, како и до Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги чии анализи беа превземени и користени како секундарни извори.

Page 4: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

3 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

ВОВЕД

ТВ-програмите можат да влијаат позитивно и негативно на детскиот развој. Иако телевизиските програми се забавни, тие автоматски стануваат дел од средината која влијае на растот и развојот на детето.

Позитивното влијание на телевизиските програми

Квалитетните ТВ програми имаат добри ефекти врз децата. Всушност, телевизиските емисии за деца на некои канали како Discovery или National Geographic Channel можат да го зголемат знаењето на детето. Исто така, постојат и некои телевизиски програми кои им помагаат на децата да ја разберат важноста на соодветна исхрана, здравје и вежбање. Освен тоа, децата исто така учат многу работи кои се корисни во нивниот академски и иден живот. Тие исто така можат да гледаат натпревари и квизови кои го зголемуваат нивното општо знаење. Негативното влијание на телевизиските програми

Покрај позитивните ефекти, ТВ-програмите исто така може да имаат негативно влијание врз децата а се однесува врз однесувањето на детето.

Повеќето од децата гледаат цртани филмови, но и следат програми наменети за возрасни.

Често тие концепти се засноваат на криминал, насилства, убиства итн. што може да има многу лошо влијание врз развојот на децата. Тоа може да создаде вознемиреност во животот на детето и да го направи неговиот или нејзиниот живот стресен.

Областа на детскиот медиумски простор е прилично непозната кај нас. Нема релеватни истражувања кои покажуваат и укажуваат на ефектите врз развојот на децата.

Резултатите од ова истражување се основа за подобрување како и за осмислување на детскиот серијал, преку кој би се реализирале и подигнале стандардите и квалитетот на детскиот ТВ програм, на националните па и локалните телевизии.

При конципирањето на истражувањето за состојбата на детскиот телевизиски програм беа поставени неколку цели: да се даде приказ на моменталната состојба на прикажување на детски програм; да се направи анализа за детскиот програм во минатото и развојот; да се дознаат ставовите на родителите, децата, луѓето кои се вклучени во оваа проблематика; и

Page 5: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

4 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

да се утврди дали е и што е потребно да се направи за подобрување на состојбата и кои би биле преференците.

За да се одговори на овие цели, во рамките на ова истражување како методолошки постапки за собирање примарни податоци беа користени длабински разговори, онлајн анкета-прашалник, анализа на содржината на веб страниците на ТВ медиумите. Покрај тоа, беше направена и анализа на секундарни податоци добиени и превземени од Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Разговорите беа реализирани со новинари, просветни работници, неформални едукатори, психолози како и фокусна група на родители и деца.

Page 6: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

5 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

1. СОСТОЈБА НА ДЕТСКИОТ ПРОГРАМСКИ ДЕЛ

Национални Телевизии

Детски Програм (серии и емисии) Прикажување (со промени во распоред)

МРТ1

Голем Одмор пон-пет/ 10:30 Од А до Ш пон-пет/ 11:25

Пет + Фамилија (и со албанска верзија на МРТ2)

пон-пет/ 10:15 и 18:45 саб-нед/ 10:20

Дора Истражува пон-четв/ 11:30 и 19:05 саб-нед/ 07:10

Напред Диего! петок/ 11:20 Македонски Народни Приказни секој ден / 11:45

Си било еднаш пон-пет/ 10:15 Супер крила пон-пет/ 10:50 и

саб-нед/ 19:10 Детска драма не е празна слама секој ден/ 11:05

СИТЕЛ

Македонски Народни Приказни секој ден/ 11:50 Калимеро, Винкс, Гоуст Рокерс саб-нед/ 10:00-10:30

Пинкови Ѕвезди ?

КАНАЛ 5 Македонски Народни Приказни секој ден/ 12:00

Некои Нови Клинци понеделник/ 21:00 ТЕЛМА Горе-Долу сабота/ 16:10 АЛФА нема /

АЛСАТ-М нема / 24 ВЕСТИ нема / ТВ НОВА Мини Вести пон-пет/ 12:00 и недела/

17:45 НАША ТВ Бушави Глави секој ден/ 07:40/ 16:30/

21:45 ТВ СОНЦЕ Детски Програм пон-пет/ 08:00 и саб-нед/

09:00

Page 7: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

6 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

Преку остварената анализа на програмскиот дел за деца што го нудат ТВ медиумите- националните телевизии, со акцент ставен на нив поради целосната покриеност и проследеност во државата, донесен е заклучок дека недостасува програма која ќе го збогати знаењето на децата, тргнувајќи од едукативно- образовната и научната сфера, до културолошките, социјални, општествени и информативни сфери.

Денес, генералната слика на ТВ програмот на телевизиите, за жал е составена од раните утрински часови до до доцна навечер со програма за возрасни (политика, вести, здравје и исхрана, синхронизирани странски серии на мајчин јазик, народна и забавна музика). Следат само половина час наменети за децата- со синхронизирани цртани на мајчин јазик или емиисии од едукативен карактер. Од овој аспект на анализа, децата се изложени на програми кои не нудат квалитетни особини за нивната возраст.

Како телевизиски медиум што отскокнува со квалитет и квантитет на детски програм е националниот сервис МРТ. Тие опфаќаат простор од утринските часови до пладне како и детскиот програм на продукцијата ОХО, “ПЕТ+ Фамилија” која го опфаќа и периодот попладне, што значи децата можат да следат програм во зависност и од училишните смени и од образовни емисии и серии со различен карактер.

Во однос на следење на детски ТВ програм на мајчин јазик на заедниците во Република Македонија, се обративме до Агенцијата за остварување на правата на заедниците, кои не проследија со нивна анализа на правото на употреба на јазикот преку медиумите, со што по Уставот на РМ им се гарантира правото слободно да го изразуваат, негуваат развиваат својот идентитет, преку содржини на своите мајчини јазици.

Генералната слика, воопшто во однос на секаква категорија на тв програм, наменет за сите гледачи, од анализите е само дека албанската заедница има најголем број на тв медиуми (во анализите, тие ги вклучуваат и локалните телевизии), за разлика од останатите заедници кои се соочуваат со сериозен недостаток на ТВ програми, посебно на детски ТВ програми.

Според податоците превземени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, кои се посветени на отстранување на бариерите кои ги спречуваат лицата со сетилна попреченост да пристапуваат до информации и да уживаат во аудиовизуелните услуги што се достапни за останатите корисници во општеството и кои ја сфаќаат комуникацијата како клучна за развојот на идентитетот, социјализирањето и вклучувањето на личноста во општеството, а пристапот до информации претставува клучен

Page 8: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

7 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

предуслов за учество и придонес кон заедницата, укажуваат на законските обрвски на јавниот сервис кој мора да ги предвиди.

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги предвидува обврски за јавниот радиодифузен сервис, Македонска радио телевизија да создава и емитува програми наменети за сите сегменти на општеството, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби.

МРТ1 ги емитува програмите како Дневник, Петтиот Ангел, Светот на тишината, Од наш агол, ТВ програми наменети за возрасна популација. Детски програмски дел не е опфатен.

Во однос на другите национални телевизии, ТВ 24 Вести ја емитуваа две сезони “Отворено” како општествено-политичка дебатна емисија со гости. Повторно детски програмски дел не е опфатен.

Ги споменуваме и информативните и дебатните програми кои се исполнуваат како обврска за време на избори.

Page 9: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

8 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

2. АНКЕТА НА ЈАВНО МИСЛЕЊЕ

Истражување и анализа на одговорите од прашалникот

Во рамките на ова истражување беше реализирана и онлајн анкета- прашалник на која одговорија 171 испитаник. Прашањате беа наменети за сите телевизиски канали (домашни и странски) кои емитуваат детски програм.

Ова беа првите поставени прашања на анкета каде откривме, на наше огромно задоволство, дека 77% од родителите/ возрасните се вклучени во гледањето на детскиот програм, за да можат да дадат објективно мислење за квалитетот и какви промени, доколку ги има, се потребни и дека проследените содржини се разговарани со што се акцентира едукативниот, психолошкиот и комуникациски развој кај децата. Родителите и во разговорите, ги посочија факторите кои им се важни при изборот на телевизиски канал или програма за нивното дете што треба да ги следи. Скоро сите испитаници, сметаат дека соодветноста на програмата за возраста на детето им е многу важна. Дополнително, тие сметаат дека исто така е многу важно за нивното дете/ деца, ТВ каналите со програмата што тие ја прикажуваат, да биде проследена во вистинско време, соодветно за деца.

Page 10: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

9 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

Следните анализи, се надополнуваат на претходните и покажуваат како се одразува на нив времето поминато на следење на детски програми. 54.4% од испитаниците се изјаснија дека децата следат телевизиски програма 1-3 часа. Преку разговорите, сведен е заклучок дека деца на возраст од 0-4 години во просек, следат најмногу телевизиски програми до 2 часа (ги опфаќа тв каналите на кабелските оператори), на возраст од 5-12 години по просек од 1 час и 20 минути и на возраст од 13-17 години, 1 час. Во рамките на кој период од денот гледаат телевизија, се поставува прашањето и анализирањето за кое е вистинското време за следење на детски ТВ програми. Период од 09:00- 12:00 и периодот од 17:00-19:00 часот, како оптимален кој ги опфаќа двете училишни смени.

Од состојбата на медиумите и детскиот програмски дел претходно анализирана, само се потврдува по анализите од испитаниците, дека е потребна поголема застапеност (96.5%) на детскиот програм на националните телевизии. Следствено на квалитетот, на содржините на детските ТВ програми, генералната слика е негативна во однос на содржините кои се емитуваат на тв каналите. Следствено на ова прашање, во разговорите со родителите, од аспект на проследување на програмите, 55% се изјаснуваат за позитвно влијание на детсткиот програм а 45% за негативно. Како позитивни аспекти се набројуваат: иснпирацијата, истражувањата, дружењето, удел во развивањето на нивниот интелект, емпатија и воспитување, решавање на проблеми и различни начини на учење.

Негативните аспекти се: нема влијание врз она што го следат, нема едукацијата и воспитувањето што и одговара на соодветна возраст, во рамките на некои светски стандради, кон кои треба и нашата земја да се придржува; има содржини со насилство; дека домашните детски програми сведени на "убаво е да си помагаме и да споделуваме"и не одговараат на нивните дилеми, прашања и нејаснотии (недостасува авантура и тензија, еманципаторски пораки итн.); многу се поприсутни странските детски

Page 11: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

10 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

канали, па кај децата се губи индетитетот кон мајчиниот јазик и култура а оние малкуте кои ги има се чини како да се без концепт и без некаков посебен дидактички или едукативен карактер а во исто време да биде забавен и привлечен за младата публика.

Прашања- Каков тип на ТВ програми гледаат децата? (се однесува на секаков тип на ТВ програми)? Ве молиме наведете три најпопуларни детски програми кои што децата ги следат на телевизиите во Република Македонија?

На овие прашања, 73 испитаника одговорија дека децата гледаат анимирани цртани (со и без насилна содржина), 56 испитаника одговорија дека децата следат едукативни детски емисии и 42- детски серии. Од најпопуларните детски програми (и на домашните и на странските тв канали) ги издвоија: Пет+ Фамилија, Дора Истражува, Голем Одмор, Бушави Глави, Си беше еднаш, Калимеро, Супер Крила и странските канали- Da Vinci Learning, Nickelodion Jr., Baby TV, Cartoon Networks, Boomerang.

Прашање- Каков карактер треба да имаат детските програми за кои Вие сметате дека треба да бидат најзастапени на телевизиите?

50% одговорија дека треба да бидат застапени емисии/ серии од образовно- научен и натпреварувачки карактер а 50% одговорија дека треба да има детски програм наменет за деца од 0-4 години за стекнување на говорни и моторички вештини.

Во однос на програмите од образовно- научен и натпреварувачки карактер, како подкоментари беа извадени аспектите дека треба тие содржини да бидат со забавен, информативен и креативен карактер.

Page 12: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

11 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

3. ТВ МЕДИУМИ - АЛАТКА ЗА ФОРМАЛНА И НЕФОРМАЛНА ЕДУКАЦИЈА

Телевизијата е аудио-визуелен медиум толку раширен што воопшто не постои едно домаќинство без телевизор. Постојат бројни студии за испитување на влијанието на овој медиум и сите од нив покажаа дека дури и во културите каде компјутерите заземаат истакнато место, популарноста на телевизијата не се намалува.

Гледањето на телевизија е претежно дејност предадена дома, нешто што родителите го прифаќаат и одобруваат, независно од возраста на децата. Според истражувањето, децата обично гледаат телевизија со своите браќа и сестри, како и со своите пријатели и деца на иста возраст. Во такви ситуации, интеракцијата поврзана со содржината што се гледа е побогата и служи како извор на информации и знаење за бројни феномени што децата нормално ги гледаат на телевизија.

Медиумите се еден од најважните агенти на социјализација на децата и младите. Ниту еден од медиумите, ниту телевизијата не е инхерентно добар или лош агент на социјализација. Квалитетот на овој ефект зависи од понудените објекти. Важно е да се забележи дека телевизијата е многу присутен и моќен медиум и дека многу влијае врз перцепцијата на реалноста кај децата, вклучувајќи го и разбирањето на децата за појавите на кои се изложени.

Според превземената студија, спроведена во Соединетите Американски Држави (Фиш1, 2004, и според Лемиш, 2007 2и 20083) се анализира усогласеноста меѓу гледањето на одредени серии кои покажаа корист, соработка, емпатија и учество во креативната игра. Една од тие серии е "Соседство на г-дин Роџер" во која доминираат афирмативни вредности, презентирани на децата преку секојдневни ситуации во кои главниот лик ги споделува своите емотивни искуства.

Постојат неколку различни термини кои се користат за моделирање на учење, како еден од методите за учење (Бандура4, 1961): имитирање, гледање, набљудување- учење и

1 Fisch, S. (2004). Children’s learning from educational television: Sesame Street and beyond. Mahwah, NJ: Lawrence Erlbaum. 2 Lemish, D. (2007). Children and Television: A Global Perspective, Malden, MA: Blackwell Publishing. 3 Lemish, D. (2008). The mediated playground: Media in early childhood, in International handbook of children, media and culture, Sage. 4 Bandura, A. et Huston, A.C. (1961). Identification as a process of incidental learning, Journal of Abnormal and Social Psychology, 63 (2), pp.311-318.

Page 13: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

12 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

идентификација. Овие различни термини опишуваат уникатен метод на учење: учење преку набљудување на нешто ново (образец на однесување) прикажано од други кои можат, под соодветни услови, да се повторат и да се усвојат, што ќе доведе до ново учење. Истражувањата покажуваат дека веројатноста за прифаќање на однесувањето на моделот е поголема ако следните услови имаат се исполнети: а) Модели со висока фреквенција: поверојатно е да се прифати доминантниот модел на однесување, оној со кој децата често се среќаваат. Така, моделите на однесување кои се со поголема веројатност да бидат усвоени се оние прикажани во програми кои се повторуваат често, или програми кои имаат голем број на епизоди и сезони; б) Културно вграден модел: модели кои се во согласност со карактеристиките на моделите во култура каде што се изведуваат, ќе бидат усвоени побрзо; в) Постоење на социјална поддршка и наградување на одредени однесување модели: ако карактер во серијата нема никакви последици поради лош чин, дури и придобивки таквото однесување, поверојатно е дека децата ќе го имитираат сличното однесување; г) Проценка на лице кое учествува со модел за да добие некоја корист (награда, социјална прифаќање) ако прифати одреден модел на однесување; д) Мотивација на ученикот да усвои даден модел: децата сакаат да изгледаат или да бидат како и некои од ликовите од ТВ-програмата; ѓ) Социјална репутација (моќ, престиж) на лице кое покажува одредена шема на однесување: поверојатно е да се прифати однесувањето на човек кој е моќен, почитувана и истакната во одредена средина, отколку на пониско лице со социјален статус (затоа е важно ликовите што припаѓаат на маргинализираните групи да имаат статус на водечки, главни ликови, како и сите главните ликови да покажуваат позитивен став кон ликовите кои припаѓаат на маргинализираните групи); е) Блискоста кон модел на однесувањето до оној кој се усвојува по пол, возраст, социјален статус: веројатноста за блискоста особено ќе се зголеми од меѓугенерациска блискост, што е важно ликовите во детските програми се што е можно попрактични и генерациски поистоветени.

Page 14: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

13 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

4. ЗАКЛУЧОК и ПРЕПОРАКИ Во истражувачкиот период, забележано е дека јавниот сервис, МРТ во склоп на нивната програма наменета за деца и млади имале најмал процент на прикажување на анимирани филмови/цртани со синхронизација на мајчин јазик. Јавниот сервис најмногу инвестира со содржина за деца (серии и емисии на мајчин јазик) која се емитува во утрунски и поладневи блокови од по неколку часови, што на крајот дава задоволителен дел на детските програми во целост на нивната програма за емитување.

Постои поголем процент на странски содржини на останатите национални медиуми, а странското производство е и дел од детските програми на комерцијалните- кабелски радиодифузери.

Бидејќи странското производство преовладува од статистиката на содржината низ сите канали, овој факт го покренува прашањето за промовирање на домашната култура, јазик и вредности и само го потврдува недостаток на телевизиски содржини на мајчин јазик.

Но сепак некои и ги споменаа предностите на гледање на програмите на англиски јазик, како корисни во учењето на јазикот.

Националните медиуми нудат најмалку содржина за деца на возраст од 0-4 години. Најголем број програми се дизајнирани на возраст од 4-10 години, и на возраст од 11-14 години, истакнувајќи дека комерцијалните телевизии имаат многу ретка програма на децата од таа одредена возраст. Поголемиот дел од кабелските канали се прилагодени на возраста од 0-6 и 7-10.

Повеќето програми за емитување на деца немаат интерактивни елементи, ниту пак ги охрабруваат секое размислување или учество на гледачите на зададените теми.

Најслабата точка на детските ТВ-програми е, секако, образовниот потенцијал и ова е признаено и од децата, од родителите, од едукаторите, од просветните работници. Подрачјата за подобрување вклучуваат: разновидност на содржини, адекватноста на возраста на децата, квалитетот, важноста на образованието, соодветноста на социо-културен контекст, образовните пораки што ги прикажуваат. Другиот аспект на телевизиските детски програми е што тие не се доволно развиени, посебно инклузивноста телевизиските содржини. Се смета дека тв програмите не ги вклучуваат со целост разните социјално- маргинализирани групи (лица со интелектуална попреченост, етнички, расни и национални малцинства, лица кои доаѓаат од сиромашни семејства, луѓе кои живеат во

Page 15: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

14 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

руралните средини). Ова е сериозен наод, особено кога се разгледува потребата од создавање на инклузивна средина и во училиштата и во медиумите и во детската средина, за да се осигури дека членовите на општеството- маргинализираните групи не се дискриминирани. Дискриминацијата е присутна, т.е. ниту еден од ликовите во ТВ-програмата не е различен на кој било начин. Без присуство на другите и различните во средината на детето, невозможно е да се развие толеранција кон различноста, разбирање и почитување на различноста.

Од препораките ги издвојуваме: • Зголемување на продукцијата и емитувањтое на сопствената детска програма која

одговара на социо-културен контекст и децата кои растат во Македонија. Сопствена продукција која нуди различни содржини и жанровски опции кои индивидуалните програми можат да направат поинакви, овозможува интегриран пристап и разновидност на содржини.

• Зајакнување на едукативната улога на детските ТВ-програми. Испитаниците го споменаа условот да имаат повеќе натпреварувачки содржини, програми за патување и

• програми за наука, природа, животни, содржини за да им помогнат во учењето и образованието.

• Зголемување на инклузивноста во детските телевизиски програми. Програми за деца мора да ги опфаќаат "другите и различните", односно тие треба да вклучуваат различни карактери, и претставници на социјално маргинализираните групи, и во поддршката и во главните улоги. Децата треба да учествуваат во програмите како актери, истражувачи и гости.

• Зголемување на интерактивноста на детските ТВ-програми. Содржина произведена и емитувана за деца за чувствителноста на проблемите и проблемите на децата и да бидат релевантни за нив развој на децата во однос на нивниот образовен потенцијал. Важно е дека самите деца ги сметаат за релевантни. Ова може да се постигне со создавање програми кои ќе се справат со актуелните проблеми на децата, разговараат за тековните теми во врска со децата во Македонија и регионот и локалниот социолошки и културен контекст, во која децата ќе имаат можност да учествуваат и од нивните домови.

Page 16: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

15 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

• Емитува разновидни и богати детски програми. Сите ТВ станици треба да имаат програма за деца од барем делумно нивно сопствено производство и нудат повеќе разноврсна и повисок квалитет.

• Подобрување на одговорноста на радиодифузерите за квалитетот на детските програми емитува.

• Континуалност во едуцирањтое ги родителите за тоа како треба да ги следат и посредуваат содржините што ги имаат децата види на телевизија. Во многу домаќинства, сеуште ТВ е вклучен во текот на целиот ден, што укажува на тоа дека не постои одраз на распоредувањето на времето на детето или било кој свесен избор од програмите што треба да се гледаат.

• Да се зајакне контролата на насилството во ТВ-програмите. Посебно внимание треба да се посвети на насилство во ТВ-програми за кои се жалат родителите и децата. Ова ја нагласува важноста на горенаведената препорака за потребата од зголемена родителска грижа кога станува збор за содржината што нивната деца ги гледаат на телевизија, и барањето дека тие дејствуваат како "филтер" за заканувачката и несоодветната содржина. Уште поважно, треба да се направат систематски напори за видливо обележување на содржините што се не е соодветно за децата и да ги емитува во часови што нема да ги направи лесно достапни за децата, барем на помладите возрасти.

• Зајакнување на контролната улога на регулаторот. Регулаторното тело треба да побара построга почитување на подзаконските акти и поголема одговорност радиодифузери за содржината на програмата. Истакнувајќи ја важноста на оваа тема кога објавување на натпревари и во процесот на донесување одлуки за распределба на националните емитувачките фреквенции, не се користи доволно како механизам на влијание врз квалитетот на детските програми.

• Спроведување на истражувања за да се испитаат различните аспекти на феноменот на телевизијата и деца и родителската улога во гледањето телевизија на децата; медиумска писменост помеѓу децата и младите и начините за поттикнување на неговиот развој; улога на телевизија во рурални и урбани средини; анализа на пораките кои ги пренесува индивидуата децата и системот на вредности кои ги промовираат; анализа на главните ликови – модели презентирани на деца преку популарни ТВ-програми и слично.

Page 17: ТВ МЕДИУМИТЕ- ФОРМАЛНАТА И НЕФОРМАЛНАТА ... · 2018-01-16 · 1 | Page institute.pmd@gmail.com АПСТРАКТ. ТВ програмите можат

16 | P a g e www.ipmd-skopje.org

[email protected]

• Со истражувањето дојдовме до сознание дека во минатото во Македонија, нивото на детскиот прогрма бил на високо и квалитетно ниво. Со годините наместо да има напредување, за жал има назадување. Минатите детски емисии и серии имаа важен придонес во креативното и прогресивното размислување и развој кај децата.

Се надеваме дека со ова истражување и препораки дека ситуацијата ќе се подобри, бидејќи децата и младите се носители на иднината!