ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

15
ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ ЗА РАЗВОЈ НА ФАБРИКА ЗА АКУМУЛАТОРИ VESNA-SAP ОД ПРОБИШТИП www.vesna-sap.com.mk

Transcript of ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Page 1: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ ЗА РАЗВОЈ

НА ФАБРИКА ЗА АКУМУЛАТОРИ VESNA-SAP ОД ПРОБИШТИП

www.vesna-sap.com.mk

Page 2: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Анализа на ситуацијата

Фабриката за акумулатори VESNA-SAP од Пробиштип располага со годишен капацитет од 1.500.000 стартер акумулатори наменети за лесни возила, камиони, автобуси, воени возила, земјоделска и градежна механизација. Фабриката за акумулатори располага со широка мрежа на услуги кои нудат брзо и квалитетно сервисирање.Досега нашата практика покажа дека најголемо производство е со производната програма за акумулатори со напон од 12 v и капацитет од 36Ah до 210Аh.Фабриката за крајните купувачи нуди добра цена , долг животен век, (просек 5 години) минимално одржување, модерна технологија за акумулатори прилагодливи за сите типови на возила, долг гаранциски период со минимални рекламации, распространета мрежа на сервисери и многу други поволности.

Стратегија формулација

Фабриката за акумулатори VESNA-SAP од Пробиштип има развоен информационен тим кој постојано ги следи веб страните со потреби за задоволување на одреден тип акумулатори со цел производството да се зголеми.Нашата цел е постојан раст и развој.

Стратегија на имплементација

Фабриката за акумулатори инвестираше во топилница за рециклирање на користени акумулатори овозможувајќи матрејал за потребите на металот олово со што го одржува чекорот со конкуренцијата на пазарот преку драстично високите цени на металот на светскиот пазар.

Мисија

Денес VESNA-SAP има водечка улога во продажбата на стартер акумулатори во Македонија и е успешен извозник во земјите од поранешна Југославија како и земјите од Европската унија.

Визија

Да бидеме уште поуспешни во подрачјето на развојот, продуктивноста и продажбата на батерии на пазарот на југоисточна Европа.Во услови на глобална економија , што може да учествува само ако се дадени услови во сопствена визија и управување.Главни карактеристики на VESNA-SAP Стартер акумулаторите се : квалитет и прифатливи цени за сите купувачи безбедост и трајност.

Анализа

Page 3: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Фабриката за акумулатори VESNA-SAP има висок заштитен знак за квалитет што е посебно важно за купувачите.Се произведуваат 26 видови SAP и 30 видови на Стартер батерии.Има преку 250 вработен соодветен кадар.Фабриката од 15 јануари 2007 година има сертификат за систем менаџмент за квалитет сертифициран од страна на Норвешката куќа на сертификати на DNV(тело за акредитација SINCERT од Италија).Компанијата успешно ја има поминато имплементацијата на ISO стандардот 9001 : 2000, кој е потврда за нормативот на системот за менаџмент. Претставници од тимот за менаџирање земаат учество на конференции на Стопанската комора на Македонија,Грција и други земји со цел презентирање на производите, пазарните можности и проширување на деловната соработка

Моментална ситуација

Фабриката за акумулатори има своја традиција за производство на квалитетни батерии за автомобили која започнува уште од 1976 година.Од нашите анализи и долгото искуство со SAP и стартер акумулатори просекот за век на траење на батериите е 5 години.Традицијата се продолжува со проширување на производството и дистрибуцијата на акумулатори од различни типови.

Техничка инфраструктура во фабриката на призводство

Уште со почетоцита на фабриката таа располага со застарена опрема меѓутоа последните години е започнато инвестирање во во модернизација на постоечката опрема со што се добива на квалитет,продуктивност и заштита на животната средина.Сега располага со нови и современи машини со што се добива на квалитет на акумулаторите на повисоко ниво а тоа придонесува и поголем пласман и конкуренција на пазарот.

Техничка информатичка структура во администрацијата

Целата администрација е поврзана со интернет и интранет.Системот е со WINDOWS околина од 70 станици со Windows XP оперативен систем.Со Windows Server 2003 и ISA Server 2004 мрежни печатари и скенери.Се користи SQL Server 2005 каде се чуваат податоците за архива,производство комерција,книговодство секоја календарска година во посебна база и се прави backup се чуват на медиуми. Поврзани се со LAN 100Mbps и WLAN 54Mbps екстерни со антени кои комуницираат на 700 m. Windows Server 2003 SBS со активен директориум од 30 лиценци заштитен со backup на state состојби и на податоци на бази на надворешен диск од 1TB.Потоа заштита од пожар, поплава, аларм за детекција на движење со видео надзор, хард дискови во опција mirroring со резервен идентичен диск.Дупли DNS и DHCP.Заштита со UPS уреди од 500VA-1500VA на осетливи места.-(Прилог 3)

Page 4: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Организација

Организационата поставеност се состои од :-управител-комерцијална служба-финансиска служба-маркетинг служба -оделение за развој-оделение за контрола на работата(Прилог 1)

Процеси на производство

-погон за рециклирање на отпадни акумулатори-погон за мелење на олово за добивање на оловен оксид-погон за леење на решетки-погон за пастирање на решетки-оддел за зреење на пастираните плочи-погон доработка на пастирани плочи-погон монтажа-погон формација-магацин-дистрибуција(прилог 2 )

Сервисирање

Постои сервисна мрежа со 600 сервисери во западен балкан и се продаваат акумулатори во 4500 продавници.Сите рекламации се решаваат во гаранциски период добивајќи нормален процент на рекламирани акумулатори.Нашата предност е континуирано зголемување на купувачите на акумулатори и зголемување на продажбата.

Човечки ресурси

Организациона структура поставеност на вработените :

Електроенергетичар,Електроничар,Машинец-конструктивна, Технолог,Металург,Правник,Економист,Информатичар

Page 5: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

ПРИЛОГ 1

Page 6: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

ПРИЛОГ 2

Page 7: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

ПРИЛОГ 3

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ ВО Ф-КА ЗА АКУМУЛАТОРИ,,ВЕСНА-САП,,

Организационата поставеност на фабриката за акумулатори се состои од:

Управител Комерцијална служба Финансиска служба Маркетинг служба Тим за одржување на мрежното поврзување во фабриката Одделение за контрола на работата производство

Page 8: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

ЗАДАЧИ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ СЕКТОР

Управителот како главен носител и менаџер на целото производство треба да биде одлучен и одговорен во донесување и спроведување на одлуки, склучување на договори и следење на домашните и странските пазари.

Со правилните донесени одлуки се овозможи следното:

спојување на словенечката фирма за акумулатори со ф-ката САП од Пробиштип се овозможи производство на акумулатори со препознатлив знак,,Весна-Сап,, да се зголеми од 110.000 акумулатори во 2007 година на 285.000 во 2008 година.

Во ф-ката ,,Весна-Сап,,е отворен најмодерниот погон за рециклажа на стари акумулатори, каде се добива до 1000 тони поевтино олово, како профитабилна опција

Бидејќи во земјава се фрлат годишно 2000 тони стари акумулатори,од една страна, а високите цени на суровините и на репроматеријалите се сериозен проблем и причина за ваквиот обем на производство, со новиот погон ќе се добие потребната суровина од метал-олово, со што во наредните 2-3 годинишно производство ќе достигне и до 350.000 акумулатори.

Бидејќи ф-ката има огромен простор, се планира да се гради една поголема и позначајна производствена зона во која ќе се доведат и некои фирми од европските држави.

Фабрика за акумулатори Весна-САП има формирано стручни тимови за работа со работни задачи спрема потребите на организационата поставеност. Целта е секој тим професионално и одговорно да си ја врши својата работа.Секој тим има претпоставен кој е одговорен за координација и контрола на работните задачи .За да функционира фабриката мора да постои комуникација и соработка помеѓу тимовите. Бидејќи ф-ката за акумулатори е поставена на голема површина и постои голема оддалеченост помеѓу администрацијата и погоните за производство и магацините, е воспоставена интернет комуникација со цел да се добијат што побрзо информации како на пример, состојба на готови акумулатори во магацин,нарачка за производство на одреден тип на акумулатори и др.

Секоја стручна служба има свои задачи кои треба најсовесно и одговорно да ги извршува. Нивната ефикасност се следи преку изготвување на секојдневни извештаи составени од разни пресметки,анализи,податоци кои ќе бидат индикатори за евалуација . Врз основа на евалуацијата, може да се види во која насока се движи фабриката за акумулатори , односно дали има напредок во работата или е во загуба.

Page 9: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Секоја служба е важна и треба да има пропишани работни задачи спрема кои треба одговорно и најпрофесионално да се придржува,на пример:

Задачите на управителот се Претставување на фирмата Раководење со стручните служби Донесување на одлуки Склучување на договори со фирми (за производство на одреден број на

акумулатори)Задачите на комерцијалната служба се

Фактурирање на порачките Фактурирање на набавките Набавка на репроматеријали, пластика,стари акумулатори ,машински делови ,олово

и др Продажба на акумулатори Месечен извештај за следење на продажбата

Задачи на финансиската служба да врши исплати на фактури да врши уплата на фактури да изготвува финансиски извештај,биланси и др. водење на ажурно книговодство пресметка на плати за вработените изготвување на план за краткорочни и долгорочни инвестиции

Задачи на маркетинг службата изготвување на рекламен материјал (нотеси, маици, пенкала) презентирање на својот произвот во медиумите(реклами) учество на семинари учество на саеми(презентирање на својот производ) изготвување изјави за јавноста следење на позитивни и негативни критики од јавноста

Задачи на тимот за одржување на мрежното поврзување во фабриката

внатрешно поврзување на главните сектори со компјутери во мрежа одржување на мрежа следење на мрежата и реагирање во случај на прекин на врска изготвување на веб страна ажурирање на податоците организирање обука за вработените

Page 10: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Задачи на одделение за контрола на работата контрола на изготвените секојдневни и месечни извештаи на сите служби извештај за производство на акумулатори за фирми извештај за производство на акумулатори за потрошувачите(граѓаните) извештај за месечната продажба на акумулатори во зимскиот и летен период годишен извештај за работата на фабриката

Доколку фабриката успешно работела, тогаш средствата ги вложува во нови машини, го проширува производството или инвестира во економично производство.Пример за тоа е инвестицијата на фабриката за изградба на топилница за рециклирање на стари употребувани акумулатори, овозможувајќи поефтин материјал за потребите од оловен метал со што се заштедуваат и по неколку стотини илјади евра.(пример е цената на оловото во 2005 година беше 500 долари а сега е 2230 долари).

ПРОИЗВОДСТВЕН ПРОЦЕС

Во фабриката за акумулатори најважен дел е погонот за производство кој се состои од неколку фази :

Погон за рециклирање на отпадни акумулатори(цел е добивање на рафинирано олово)

Кршење и сепарација Топење Рафинација Погон за мелење на олово за добивање на оловен оксид Погон за леење на решетки Погон за пастирање на решетки Оддел-кјуринг-за зреење на пастирани плочи Погон за доработка-одвојување на пастирани плочи Погон монтажа Погон формација Магацин Дистрибуција

МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕВо ф-ката за акумулатори постојат повеќе магацини за складирање на

Магацин за ситни делови Магацин за олово Магацин за сепаратори Магацин за стари акумулатори Магацин за готови акумулатори

Page 11: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Магацините се поврзани во мрежа и одговорниот е должен да праќа секојдневен извештај до комерцијалната служба и службата за контрола на работата. Работата на одговорниот за магацинот му е олеснета со специјалната програма МАГ за евиденција на картичките со материјалите во магацинот. Програмата нуди водење на неограничен број на магацини со употреба на повеќе параметри(ИД број, каталошки број, доставувач, адреса, локација, цена, состојба,се регулира влез и излез, бришење(сторнирање) на документи во магацинот и др.).Исто така олеснето е и пребарувањето на повеќе начини(по добавувач, дата, ИД, вид на документ и др).Може да се добие извештај на екранот или да се отпечати(збирно или по магацини), пописни листи, список на материјали, по количина и др.Со складираните материјали во магацините, комерцијалната служба и службата за контрола на работата можат да имат увид во секое време односно каква е состојбата за влез и излез на акумулатори, и каква е состојбата на репроматеријали(дали има доволно количество за производство или треба да се набави навреме за да нема застој во производството).Со складираните материјали во магацините, комерцијалната служба и службата за контрола на работата можат да имат увид во секое време односно каква е состојбата за влез и излез на акумулатори, и каква е состојбата на репроматеријали(дали има доволно количество за производство или треба да се набави навреме за да нема застој во производството).Според одредени податоци односно статистика поголема побарувачка и потрошувачка на акумулатори има во зимскиот дел од сезоната.Па со тоа и нарачката на олово и други суровини е поголема овој период.Нарачката на суровини и олово оди посебно односно во зависност од потребата се купува и одредената количини секако секогаш во поголеми количини од предвидените.Додека пак процесот на продавање може да се одвива на два начина.Првиот начин е по пат на тендер каде што една фирма која се занимава со транспорт врши нарачка на одреден број акумулатори додека пак другиот начин е со дистрибуирање на одредена количина по продажните центри низ Македонија.Овде количината зависи од самите центри на продажба односно од нивната потрошвачка.

Нарачка Произвотство

Page 12: ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Изработиле група 19 :

Велков Александар 1093

Стаменков Ненад 1078

Николов Благоја 10188

Шапкова Василија 10234

Никова Младенка 10230

Дарко Моневски 1083

Продажба

Кршење и сепарирањедаееее

Топење

Рафинација

Магацин

Леарница на решетки

Леарница на ситни делови

Монтажа на акомулатори

Контрола

Испорака