Час 2 I Одд 04-09-2015 Поздравување – Hello Goodbye

2
План за час по англиски јазик Одделение прво одделение Наставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите) Наставна единица 2. Поздравување – Hello/Goodbye Датум 04.09.2015 Наставник Јасминка Дончевска Цели на часот Ученикот да може: да ги користи неформалните форми на поздравување и отпоздравување; да умее да се престави себе си; да ги разбира, разликува и да ги користи формите на глаголот To Be во сегашно време прво и второ лице еднина и лични заменки да репродуцира песничка. Фази на часот Активности Воведен дел (5 мин) Учениците седат во круг, наставникот ја пушта песната Hello Song која учениците треба да ја научат. Главен дел (25 мин) Наставникот со помош на постер ги запознава учениците со главните јунаци од книгата (Cookie the cat, Denzel the duck, Lulu the kangaroo). Потоа ја слушаат и ја учат песната Characters chant. Откако ќе ја научат песната, се враќаат на своите места и ги бојат трите јунаци од книгата. Работејќи во парови учениците се поздравуваат со другарчето до нив, и се преставуваат себе си. Завршен дел (10мин) На крајот на часот наставникот ја пушта песната Bye-bye song која учениците ја учат да ја пеат. Наставни средства и помагала прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл. Наставни методи и форми на работа метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа Корелација со други наставни со македонски јазик (значењето на зборовите) со ликовно образование (обојување на слика)

description

Час 2 I Одд 04-09-2015 Поздравување – Hello Goodbye

Transcript of Час 2 I Одд 04-09-2015 Поздравување – Hello Goodbye

План за час по англиски јазик

Одделение прво одделениеНаставна тема Тема бр.1- Me and the others (Јас и другите)Наставна единица 2. Поздравување – Hello/GoodbyeДатум 04.09.2015Наставник Јасминка ДончевскаЦели на часот Ученикот да може:

да ги користи неформалните форми на поздравување и отпоздравување;

да умее да се престави себе си; да ги разбира, разликува и да ги користи формите на глаголот To

Be во сегашно време прво и второ лице еднина и лични заменкида репродуцира песничка.

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Учениците седат во круг, наставникот ја пушта песната Hello Song која

учениците треба да ја научат.Главен дел (25 мин) Наставникот со помош на постер ги запознава учениците со главните

јунаци од книгата (Cookie the cat, Denzel the duck, Lulu the kangaroo).

Потоа ја слушаат и ја учат песната Characters chant.

Откако ќе ја научат песната, се враќаат на своите места и ги бојат трите јунаци од книгата.

Работејќи во парови учениците се поздравуваат со другарчето до нив, и се преставуваат себе си.

Завршен дел (10мин) На крајот на часот наставникот ја пушта песната Bye-bye song која учениците ја учат да ја пеат.

Наставни средства и помагала

прирачник за наставници, наставно ливче-боенка, боички, ножици, флеш карти, предмети во училницата и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, аудио-лингвален метод, тивка активност (silent way), фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значењето на зборовите)со ликовно образование (обојување на слика)со музичко образование (пеење песничка)

Додатна активност Игра –погоди го животното. Еден ученик излегува пред одделението и имитира некое животно, а останатите од одделението треба да го погодат животното. Доколку го знаат зборчето на англиски, тие го кажуваат истото на англиски јазик (на пр. dog, cat, kitten.). Откако ќе го погодат животното, друг ученик имитира животно.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот преку бележење во чек-листа, мотивираноста за учење на ученикот, учеството во активности, интересот за учење на ученикот , соработката со соучениците на ученикот и сл.

Очекуван исход Ученикот усвои нови зборчиња и учествуваше во раскажувањето на текстот преку мимики, повторување на клучните зборови и сл.

Рефлексија на часот Целите/исходите на часот беа постигнати и во трите одделенија. Учениците ги научија 3 песнички. Работејќи во парови научија да поздравуваат и отпоздравуваат, како и да се престават себе си. Сите ученици беа активни за време на активностите на часот, и добро се снајдоа во работата во парови и меѓусебно си помагаа едни на други.

Немаше промени во предвидените активности во текот на часот.

За време на часот тие беа набљудувани од страна на наставникот и преку нивните усни одговори беа формативно оценувани. Резултатите од формативното оценување се внесени во чек-листата според постигнатите резултати за секој ученик индивидуално.